Македонија и состојбите во Косово
Македонија и состојбите во Косово
Strelec Дали ќе се покажат како точни стравувањата дека можат дапочнат немири во целиот регион кога против Харадинај ќе биде покренато обвинение? Хаг го обвини Харадинај - до крајот на март премиерот во Шевенинген Покренато е хашко обвинение за воени злосторства против косовскиот премиер Рамуш Харадинај, и тој до крајот на март ќе отпатува за Хаг. “Харадинај, до средината на март, ќе поднесе оставка на функцијата премиер и ќе му биде предадено обвинението, откако за тоа е постигната согласност меѓу САД и најразвиените членки на Европската унија“, изјави судија на УНМИК. Досега со обелоденувањето на обвинението се одолговлекувало поради можно насилство не само врз Србите, туку и врз припадници на УНМИК на Косово.
dejan mislam deka ke ima nemiri vo kosovo!! a na protiv albancite tamu treba da se pokazat deka ne se nekoj necivilizirani lugje, koj mozat i mirno da sedat, i ako nekoj premier od vo hag......ako ke napravat nemiri pak, im davat slika na zapadot kakov kosovoski albanski narod oni se.
трендафил Веројатно ќе се случи како во март минатата година, да настрадаат малцинствата на Косово. Не гледам зошто би се прелеало незадоволството на тамошните албанци врз нас и нашата власт. Кај нас нема да има нереди ни ако Хаг објави дека ќе го гони Љубе Бошковски. Барем не поголеми отколку за монтираното судење на Лавовите. Или ако се отпуштат повеќе стотици луѓе од државна работа. Во секој случај власта треба да е спремна и на нешто такво. Но дали е спремна? Ќе се потпре ли само на ДУИ како што ВМРО-ДПМНЕ беше на ДПА во почетокот на војната. Но и откако ВМРО се потпре на СДСМ работите не се одвиваа подобра. Напротив.
angel
quote:
Originally posted by Belomorec
scenarioto za promena na granicite na Balkanot kade glaven reziser e SAD.
Odsekogas velev deka najgolemoto buckalo na nemirite na balkanot se SAD.
Strelec Хаг покрена обвинение против Харадинај Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на денешната итна владина седница поднесе неотповиклива оставка. Веднаш по седницата Харадинај во изјавата за новинарите потврди дека утре ќе отпатува во Хаг, каде доброволно ќе му се предаде на Хашкиот трибунал. Харадинај прецизираше дека за обвинението од Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија бил информиран на редовната владина седница во Приштина, по која веднаш била свикана итна седница. Тој ги повика жителите на Косово „да го сочуваат мирот и да продолжат со остварувањето на стандардите, кои се предуслов за почеток на разговори за конечен статус, односно независно Косово“. На местото премиер Харадинај привремено ќе го заменува вицепремиерот Агим Саљихај од Демократскиот сојуз на Косово. Портпаролот на УНМИК, Ху Џијанг изјави дека УНМИК го подигна степенот на безбедност во западниот дел во Косово поради „тековна полициска акција“, во реонот на Пеќ. Но, таа не изнесе детали за полициската акција, само тоа дека на припадниците на ОН им е порачано да не се движат во западниот дел на Косово, каде се наоѓа и родното село - Глоѓане на Харадинај.
Belomorec 2001 godina isto taka ne trebase da se sluci no se sluci. Naskoro ke zapocne scenarioto za promena na granicite na Balkanot kade glaven reziser e SAD. Grckite odmoralista se podgotveni za makedonskite turisti.
трендафил
quote:
09.03.2005 Рамуш Харадинај, обвинет пред Хашкиот трибунал за злосторства на Косово, денеска околу 11 часот отпатува од Приштина во Хаг. Тој отпатува со авион на КФОР, од приштинскиот аеродром. Харадинај на аеродромот се појави во придружба на сопругата и на насобраните граѓани им порача: „До видување граѓани на Косово“. Неколку стотици Албанци, од кои најголемиот број од родниот крај на Харадинај, мирно го испратија во Хаг. Заедно со Харадинај во Хаг отпатуваа и Лахи Брахимај и министерот во оставка за труд и социјална политика Ахмет Исуфи, јавија косовските медиуми.
Еден од командантите на агресорите врз Македонија во 2001, шеф на Али Ахмети, замина за Хаг. Да се надеваме дека набрзо и „нашиов“ ќе одговара за злосторствата. Зошто податокот дека Харадинај како командант нареди агресија врз нашата земја од страна на КЗК? Тоа беше најочигледно во битката кај Радуша. Еве го остатокот од неговата биографија:
quote:
Рамуш Харадинај, кој неформално важи за еден од поекспонираните членови на косовската мафија, е роден на 3 јули 1968 година во селото Глоѓане, кај Дечани на Косово. Дипломирал на Правниот факултет во Приштина. Воениот рок го отслужил во 1986 година во Југословенската народна армија во Пирот и Димитровград. По демонстрациите на косовските Албанци во 1989 емигрирал во Швајцарија, каде е регрутиран во Народното движење на Косово, од кое се создаде Ослободителната војска на Косово (УЧК). Во Швајцарија учел кунг-фу и воени вештини. Во Албанија 1996 година завршил терористичка обука и учествувал во создавањето на терористичките бази во градовите Кукс и Тропоја. На Косово често доаѓал илегално, а трајно се вратил во средината на 1997, кога заедно со браќата Даут и Шкељзен организирал терористички напади на полицијата ширум Косово. Во април следната година станал еден од регионалните команданти на УЧК. На негова иницијатива во Глоѓане е формирана специјалната единица на УЧК „Црни орли“, на која и се припишува одговорноста за мачењата и убивањето на повеќе десетици српски цивили, чии тела се пронајдени во Радоњичкото езеро и по селските бунари во општина Дечани. Властите во Белград го обвинија Харадинај дека е одговорен за многу злосторства над Србите во тој дел на Косово и за него распишаа потерница. Обвинет е масовно убиство на Србите на подрачјето на Глоѓане, каде во летото 1998 година на земјоделска плантажа се пронајдени повеќе од 20 лешеви. По официјалното распуштање и демилитаризација на УЧК на почетокот на 2000 е формиран Косовскиот заштитен корпус (КЗК), во кој Харадинај бил заменик командант на Агим Чеку. Од сите должности се повлече на 11 април таа година и најави формирање на партија. Новата партија со име Алијанса за иднината на Косово (АБК), чиј лидер е Харадинај, е формирана на 29 април 2000 како коалиција на четири партии: Парламентарната партија на Косово, Националното движење за ослободување на Косово (НПОК), Народното движење на Косово (НПК), Партијата за национално единство на Албанците, позната како УНИКОМБ, која истапи од коалицијата на 3 март 2002. Харадинај со уште триесетина припадници на КЗК на почетокот на јули 2000 го нападна семејството Мусај од околината на Дечани, по што, „тешко ранет“ е префрлен во Германија, а набрзо по неговото враќање, убиен е еден член на семејството Мусај. Конфликтот настана бидејќи на Харадинај му се закануваше обвинувања од еден член на семејството, кој требаше да биде сведок на УНМИК. Во август 2002 меѓународниот обвинител на Косово подигна обвинение против Харадинај поради оружен напад на албанското семејство во 2000-та, но никогаш не беше осуден. Лидерот на Алијансата се сомничи за воени злосторства сторени над Србите и другото неалбанско населени за време на оружените судири на Косово. Харадинај говори француски и англиски јазик. Оженет е со новинарката Анита Мучај со која има ќерка, а од претходниот брак има син.
quote:
[img]http://media.a1.com.mk/media/vesti/ramus-haradinaj.jpg[/img]
Вчера воениот другар на Харадинај (политички другар на нашата власт) Али Ахмети бил да се види со него пред заминувањето за Хаг. Дали го испратил на аеродромот или се плашел да не го стават и него во авионот во моментов нашите медиуми не кажуваат.
dejan реакции по заминувањето на рамуш харадинаЈ стигна во хаг Македонија жали повеќе од Косово Средношколците-Албанци од дебарската гимназија "Здравко Чочковски" вчера одржаа едночасовен протест во знак на поддршка на доскорешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, кој замина во Хаг. Протестот почна во дворот на гимназијата, продолжи по улиците низ Дебар, учениците продефилираа низ центарот и потоа се вратија на настава. Ним низ градот им се придружија и поголем број млади. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, завчера пред тетовци рече дека Рамуш Харадинај, со заминувањето во Хаг, ги запечатил независноста и целосната слобода на Косово. Без помпи и фанфари, без масовни демонстрации, Косово се прости од поранешниот премиерот Рамуш Харадинај, за помалку од 24 часа откако тој го прими обвинението.
Strelec
quote:
Originally posted by dejan
...Косово се прости од поранешниот премиерот Рамуш Харадинај, за помалку од 24 часа...
Абе зошто вакви реакции... Човекот е обвинет, а не е осуден! Можеби ќе се врати без казна и повторно ќе биде премиер!? Чудна работа... Овие што се простиле од него КАКО ДА ЗНААТ ДЕКА Е ВИНОВЕН и дека нема да им се врати!?