Пропагирање
Пропагирање
fio На овој топик прочитав 2 поста од Противпропаганда и ОооОо каде првиот предлага да нема пропагирање во корист на политички партии и кандидати, особено за време на избори, а ОооОо (кој е администратор) се сложува со тоа. Е сеа, дали тоа се рачуна како правило кое треба да се почитува или кој го тркала ОооОо? (ова го прашувам бидејќи забележав повеќе членови кои пропагираат одредени опции, а на кои им се приклучив и јас бидејќи страсно ја следам модата, па си реков дека она е некоја нова мода на форумов).
n/a
quote:
Originally posted by fio
На [url="http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=8649"] овој топик [/url] прочитав 2 поста од Противпропаганда и ОооОо каде првиот предлага да нема пропагирање во корист на политички партии и кандидати, особено за време на избори, а ОооОо (кој е администратор) се сложува со тоа. Е сеа, дали тоа се рачуна како правило кое треба да се почитува или кој го тркала ОооОо? (ова го прашувам бидејќи забележав повеќе членови кои пропагираат одредени опции, а на кои им се приклучив и јас бидејќи страсно ја следам модата, па си реков дека она е некоја нова мода на форумов).
fio, Доколку се сложат админите ќе има бришење на пропагирачки текстови какви досега немало. За жал иако ти ја следиш „модата“ има многу поголеми помодари од тебе, воедно еден од админите е директен учесник во модава небаре живее во Скопје. Залудил човекот по опцијата-човек иако е дијаспора и неговиот интерес за доброто на Македонија би требало да биде погенерален и суштински. Исто така забележувам дека се создала тенденција да се смета форумов како лична арена за себедокажување и решавање на други емотивни пречки во развојот. Додека ајварот беше активен јас од страна го читав форумов и многу ме бендисваше. Се префрлив тука поради нивото кое го имаше. Сега за жал наликува на ајварот. Прчвара на неколку поединци. Ринг во кој заблудени -овци си лечат емотивни проблеми од неизвршени амбиции. Викендов, бидејки с`г сум модератор, ќе размислам дали строго ќе се држам до правилата на демократијата, оној дел кој не дозволува тероризирање на останатите со искажан (запишан збор во случајов) став, намера или желба. Од понеделник или че ја онадуем мамката им или че ги оста`ам да се глупираат понатаќе. Однапред да ти кажам дека претендирам појче кон онадуење отколку кон попустливост.
Strelec protivpropaganda, кУјзнае на кого мислеше кога квалификуваше некого со ’директен учесник’!? Но, кој и да бил, дозволи ми да те прекорам за оваа изјава за тој човек: “...иако е дијаспора и неговиот интерес за доброто на Македонија би требало да биде погенерален и суштински“!? Многу си умен, па не мислам дека треба да ти давам образложенија каде ти е тука грешката. Едноставно знам дека ако уште еднаш или два пати го прочиташ тоа, самиот ќе се согласиш дека си сторил грешка. Нејсе... Убеден сум дека кај тебе има квалитети за да бидеш модератор, а од мене само еден совет во оваа прилика: НЕМОЈ како модератор да судиш и да се грижиш за стилот на пишување од членовите на форумов (и уште помалку за нивните идеи), се’ додека некој не прекрши некое правило на форумов. Самото пропагирање на некоја политичка опција НЕ е прекршување на ниту едно правило. Кога станувавме членови на овој форум, сите имавме прилика да ги прочитаме тие правила, а секако дека и сега можеш да ги прочиташ! А ако забележиш прекршување на некое правило, можеш (и пожелно е) да бидеш ригорозен... Дури и да побараш од администраторите за некој да биде испратен ’на пауза’. Со таков пристап, твојата улога како модератор ќе биде од голема полза за форумов. Патем, ти стојам на располагање и за било каква друга помош. И јас, а секако и останатите администратори.
fio Пак ти со паузите. Не ли приметуваш дека ти си единствен кој постојано некого испраќа на пауза. Како сето тоа не се случуваше додека ти не беше администратор. Зарем луѓето одеднаш се променија толку драстично? Инаку се сложувам со забелешките на противпропаганда во целост, посебно во делот кој се однесува на тебе.
Strelec
quote:
Originally posted by fio
...кој постојано некого испраќа на пауза. Како сето тоа не се случуваше додека ти не беше администратор.
Ти се избришала меморијата тебе дете... Сети се дека кога јас не бев администратор, ти беше секој втор ден на пауза праќан!:) Повеќе банови имаш ’попиено’ ти сам, отколку сите други илјада членови на форумов заедно!
fio Да де, конфликтот со Борис, но јас бев изолиран случај, но очигледно си го заборавил тоа :-) А откога се појави ти, изолираните случаи станаа секојдневие
OooOo Treba pogolemiot del od Administratorite da se slozhat. Jas samo si go kazhav moeto mislenje :) Opciite i ponatka se seushte otvoreni.
ozonce Jas ke gi mrazam site koi propagiraat za nekoja politichka partija! Posle otkako ke si gi smenat potpisite ke vidam kakvo mislenje ke ostavat!
n/a Единствено нешто што може да му се забележи на Стрелчо е тоа што веќе го спомнав. Спремен сум сето тоа да го образложам на друга тема, се подразбира доколку има интерес за тоа. Патем, немојте да заборавите дека правото на говор не подразбира тероризирање на останатите во практикувањето на тоа право. Правила не постојат за да се држи некој под јарем. Тие постојат за да има ред. Е се`а, постојат и варијанти на воа кажаново ама тоа се исклучоци од правилото кои лесно се забележуваат и решаваат доколу не постојат тенденциозности во нивното дефинирање, нали?
BorisVM Celta e da se podobri nivoto na diskusija na forumov. Zatoa ima moderatori i administratori i ima eden forum koj ne e pod nichiv nadzor, seir. Shto se odnesuva do privremeni banovi, posle nekolku predupreduvanja ako ne ja biva, ce mora i toa da se primeni, ama naglasokot e na privremeni ne na trajni.
bliznak sejte sea, fio diplomira kritika, a ostanatite si nemale rabota i... ko dzaolot isto.