Веронаука
Веронаука
трендафил Тој што не ја воведе во првиот мандат, а ја укина во вториот, Бранко Црвенковски, сега изгледа повторно ќе ја воведува веронауката во училиштата. Изгледа, како им почна со самостојноста на државата во 1990, на него и неговите, им требаат неколку години да го разберат тоа што веднаш им е јасно на Љубчо Георгиевски и неговите.
quote:
Верските заедници се договорија со претседателот Бранко Црвенковски да формираат заеднички одбор, кој ќе ги внесе теолошките факултети и средните богословски училишта во образовниот систем. На тој начин и веронауката ќе влезе во осмолетките. [url="http://217.16.70.236/?pBroj=2696&stID=50015"]Види повеќе[/url]
fio Ги прават истите грешки за кои го караа Љупчо цело време. Веронаука, Хашим Тачи, ЕСМ итн..
Divider А бе ја велам, ама никој не слуша.
трендафил По Црвенковски вчера и Бучковски на средбата со Светиот Синод на МПЦ покрај другото зборуваше и за веронауката, како и интегрирањето на теолошките средни училишта и факултет во институциите на системот. Факултетот треба да стане дел од универзитетот Кирил и Методиј. СДСМ барем во овој поглед се откажува од атеистичкиот, да не кажам комуњарски пристап и ќе почне да ги применува европските принципи. Веројатно, како и многу пати кога се во прашање државотворците се работи за глумење, но сепак ќе има резултат. Посакуваното членство во ЕУ (или можеби само пристапот кон европските пари) сепак ја тера власта некои работи да ги прави нормално. Под нормално подразбирам вообичаено за опкружувањето. Колку што ми е познато, кога се работи за Европа, веронаука нема само во Албанија и Македонија. И после некој ќе каже дека во Македонија нема проалбански врховисти. А што се тие што во се` ги копираат албанците, без разлика дали се работи за веронаука или бојкот на референдумот. Дали ова е епизода или ментално откачување на државотворците од старата матрица, ќе покаже времето.
трендафил За да се реши проблемот со веронауката непристрасно, треба сите фанатици да се исклучат од процесот на одлучување. Без разлика дали се работи за верски фанатици, фанатици атеисти или секуларни фанатици, односно тие што не дозволуваат да се размислува различно. Еден од можните компромиси (најдемократски) е веронауката да биде факултативна, каква што беше пред да дојде на власт оваа коалиција, односно кој сака да ја посетува да ја посетува, но и тој што не ја сака да не им забранува да ја учат тие што сакаат. За жал власта не покажа никаква толеранција кон верниците. А за тоа дали веронауката ќе обединува или разединува, зависи од начинот на кој таа ќе се спроведува.