fio |
Повеќе од 200 куќи од улицата Радушка во стариот дел на населбата Ѓорче Петров се без фекална канализација иако им била ветена пред повеќе од 20 години. Поради отсуство на канализациска мрежа ѓорчепетровци од "Радушка" користат септички јами. Тие се жалат дека чекајќи да се исполни ветувањето за изградба на фекална мрежа дворовите и населбата почнале да им мирисаат чудно.
- Немаме држава. Во 21 век во центарот на еден град кој сака да биде европска метропола, ние користиме септички јами, кои сами ги копавме во дворовите. Тоа е навистина срамно за сите нас. Живееме со потенцијални извори на зараза, а иако многу од нас имаат бавчи, не можат да садат оти земјата е загадена. Ги празниме јамите еднаш месечно, но и покрај тоа овој дел од населбата мириса на измет. Со парите што им ги даваме на дивите вшмукачи досега сами ќе ја направевме канализацијата, но верувавме во намерите на општината - се жали еден жител од Ѓорче Петров.
итн итн итн
Шемсије, под итно назад за да инвестираш во твоето маало! |