Убиен Македонец - бизнисмен |
OooOo |
Убиен Македонец - бизнисмен
На македонските гробишта во Мелбурн завчера беше погребан Ванчо Андреевски, бизнисмен, кој бил убиен по расправија во локален паб. Убиството го извршил австралиски државјанин, кој потоа сам се пријавил во полиција.
Мотивот за убиството се уште не е познат. Но, пријатели на скопјанецот Андреевски (46) и очевидци на настанот тврдат дека причината била банална и никој од нив не помислил дека за таква работа може некој да убие човек. Сепак, не кажуваат за што точно се расправале Андреевски и Австралиецот, кој го удрил Андреевски со метална шипка во главата во моментот кога тој сакал да замине од локалот. Андреевски починал на самото место. Македонските иселеници главно не знаат за убиството, а тие што знаат одбиваат да зборуваат за тоа. Чудно е и зошто тамошната јавност многу малку се интересирала за случајот.
Австралиската полиција во интерес на истрагата се уште не го соопштува идентитетот на убиецот.
Скопјанецот Ванчо Андреевски остави три малолетни ќерки. Во Австралија отишол пред повеќе од 25 години. (Н.М.) |
Thunder from down under |
cudna rabota , jas nitu od poznati imam slushnato , ni vo vesnik makedonski imaat neshto spomnato ni pak na radioto nashe |
mafisKumA |
veruvatno ova nese slucilo zbog nisto
there has to be more to this than meets the eye
|
Boriz |
quote: Originally posted by mafisKumA
veruvatno ova nese slucilo zbog nisto
there has to be more to this than meets the eye
Bez ogan, cad ne bidva |
slasa |
mora< da e grk |
dejan |
moze nisto ne ni bidnalo so covekot....koj znae! |