Од толку лаги на народот му светна! |
OooOo |
Од толку лаги на народот му светна!
Владата е фатена во нов грев со продажбата на „Електростопанство на Македонија“. Ин флагранте. Вторпат. Се обиде да ја скрие препораката од Светската банка датирана со 3 февруари, годинава, во која монетарците им порачуваат на нашите власти да не ги приватизираат хидроелектричните централи, а термоелектричните централи и дистрибутивната мрежа да се продаваат одвоено и на повеќе заинтересирани компании. „Време“ дојде до тој важен документ и објави делови од него во вчерашниот број. Целта на Светската банка е да не се создаде нов монопол во македонскиот електроенергетски систем. За важноста на таа порака од најмоќната светска финансиска институција зборува дополнителното барање таа да биде консултирана за сите идни постапки на Владата во врска со приватизацијата на ЕСМ.
Светската банка мора да не им верува на нашите властодршци штом инсистира да биде информирана за постапките на Владата.
Првпат Владата се обиде да ја излаже јавноста на 22 февруари, кога министерот за економија Фатмир Бесими пред главните уредници на повеќе наши медиуми изјави дека за брзата приватизација на ЕСМ биле „притиснати од Европската Унија“. Набргу нашиот весник откри дека Европската комисија само сугерирала ЕСМ да се реструктурира, а не и да се приватизира.
Таквото мајсторско просејување на информациите битни за откривање на вистината за продажбата на ЕСМ во вистинољубивиот свет се нарекува - лага. Тогаш кога на нашата влада не и веруваат меѓународни организации, како да им веруваме ние? Со кои аргументи треба да се увериме дека тие и мислат добро на земјава?
Деновиве е во оптек и трета лага поврзана со приватизацијата на ЕСМ. Решена набрзина да продаде 51 отсто од електростопанството, а притисната од критиките на стручната јавност, владини членови и членови на Комисијата јавно ретерираат од акцискиот план за приватизација на ЕСМ и тврдат дека Владата никогаш не изјавила оти сака да ги продаде хидроелектричните централи, како обновлив и чист енергетски извор, туку дека тоа во јавноста било погрешно протолкувано. Ако е така, со која математика продавачите ќе извадат 51 отсто од капиталот на електростопанството, колку што најавуваат, особено што МЕПСО треба да остане во државна сопственост.
Згора на се, власта тврди дека обезбедила максимална транспарентност во приватизацискиот процес на последната „златна кокошка“. Сигурно е само дека таквата нејзина ароганција им оди во прилог на оние што најавија акција за собирање 150 илјади референдумски потписи. Па што, и тие се дел од народот. |
Strelec |
Подобро да се продаде ЕСМ ,отколку да се обезвреднува
Браво за “Чуму“. Емисијата на А1 за приватизацијата на ЕСМ пред два дена, конечно барем малку ги расветли состојбите околу ЕСМ. Конечно пошироката македонска јавност беше подетално информирана што се продава и што останува во државна сопственост, а што се издава под концесија, и зошто.
Се чини дека шпекулациите конечно ќе стивнат.
Беа повикани експерти кои се за и против приватизацијата и кои, повеќе или помалку, аргументирано ги бранеа своите ставови.
Општ е впечатокот дека приватизацијата на ЕСМ сепак е крајно неопходна и дури и задолжителна, пред се поради лошото менаџирање на компанијата од страна на државата и од страна на менаџери кои постојано ги менува и ги назначува политичката елита.
Факт е дека и сега и во минатото, сведоци сме на неверојатни финансиски дубиози поврзани со една од најголемите државни компании во Македонија. Присатни се големи нејаснотии околу набавките, начинот на избор на најповолни понудувачи и реализацијата на инвестиционите проекти. Така на пример, крајната цена на ХЕ Козјак беше дури за 50 милиони САД долари повисока од планираната и неколку години се доцнеше со изградбата. “Богатата“ ЕСМ воопшто не води сметка каде и по која цена ги објавува своите огласи вредни неколку стотини илјади Евра годишно и за тоа дали објавувањето е по цена дури двојно повисока. Неверојатно звучи и фактот дека ЕСМ губи 15-20 милиони Евра годишно поради кражба на електрична енергија, која во некои региони изнесува 32-55% па дури и до 71%.
Рекорди за Гинис, нема што.
Ситуацијата со ненаплатени сметки е уште подраматична.
И сето тоа во ситуација кога актуелниот менаџмент на ЕСМ тврди дека компанијата работи одлично и дека состојбата со наплатата е драстично подобрена, па дури и дека наплатата е меѓу највисоките во регинот! Неверојатно е како една емисија со јавна дебата на компетентни стручњаци може да допринесе кон подоброто согледување на вистината.
Јасно е дека лошата наплата и големите загуби на електрична енергија драстично ќе ја смалат цената на ЕСМ. Дури и “набилданите“ декемвриски сметки за потрошена електрична енергија кои во јануари им беа дистрибуирани на домаќинствата и кои предизвикаа редици од незадоволни граѓани на шалтерите на ЕСМ, нема да можат да ја поправат ситуацијата.
Јасно е дека лошото менаџирање е главната причина за продажбата на ЕСМ. Јасно е дека е потребно и подетално чешлање на сите набавки кои биле вршени во изминатите години за да се види како биле трошени парите на граѓаните на Македонија.
Не е јасно само дали и кога менаџментот на ЕСМ ќе понесе барем морална одговорност за крајно лошото работење.
За споредба само, во други држави како што се: Грција, Чешка, Франција и други, државата е одличен сопственик на електростопанствата.
Кај нас очигледно тоа е неможно.
Затоа, подобро е да се продаде ЕСМ, па дури и за пониска цена, одошто и понатака да се обезвреднува.
Јавноста очекува транспарентен процес на продажба на ЕСМ и уште потранспаретно трошење на парите од ЕСМ пред се за проекти кои ќе го подобрат нивото на живеење на граѓаните кои со свои пари директоно учествувале во изградбата на ЕСМ.
Н.М.
|
beaver hunter |
ako gazdite bi gi prodavale svoite fabriki, bidejki menadzerite ne si ja rabotat svojata rabota, kade bi bil krajot...
|
n/a |
Samo REVOLUCIJA za ovaa drzava!!! |
achtung_panzer |
quote: Originally posted by Vardarec
Samo REVOLUCIJA za ovaa drzava!!!
Dosta be vishe reprizi, vekje e videno toa...[:o)] Pushti na vtora majstore, mozhe ima neshto...
Shto bi bila celta na "revolucionernata" kampanja? Koi toa novi i neiskompromitirani strukturi bi go prezele "revolucionernoto" zname? I shto so inertnite narodni masi shto mozhe sekoj prdezh da gi telekomanduva po mobiljka (SMS za vreme na izboren molk)? Tie neli bi trebalo da ja izvedat "revolucijata"...
Achtung... |
OooOo |
Се засилува впечатокот дека ЕСМ се продава на слепо
Се засилува впечатокот во јавноста дека владата решила да го продаде ЕСМ на слепо без доволно издржани и јавно објаснети причини. Вака се толкува пробивањето на прво место на продажбата на ЕСМ на листата на најматни настани што во обидот да ја засили борбата против корупцијата ја организира Транспарентност во соработка со 14 највлијателни медиуми во Македонија.
Во анкета нетранспарентната продажба на ЕСМ ги победи другите матни настани- скандалозниот избор на песна за Евровизија, набавките на МРТВ без тендер, трансформацијата на железници и отпуштањето на 755 работници, шверцот со цигари и перењето пари на релација Бугарија - Македонија. Зошто е продажбата на ЕСМ спорна?
„Владата ќе мора да ги понуди одговорите на тие прашања, зошто се продава ЕСМ, по која цена ќе се продаде, кој дел ќе се продаде, колкави пари се очекуваат , каде ќе се искористат тие пари и на крајот кој се ефектите што ќе се постигнат од таа продажба. Кога тие прашања ќе имаат одговори во јавноста мислам дека многу полесно ќе се донесе одлука дали, како, кога и за колку пари да се приватизира ЕСМ“, вели Зоран Јачев Транспарентност Македонија. |
beaver hunter |
brza kuchka, slepi kuchinja ragja. |
concrete |
Go zamoliv Strelec , da proveri dali hidrocentralite vo Quйbec se privatni , ama toj od Penov vo ocite ne gi gleda narodnite interesi!!!!
Da se privatiziraat vodenite resursi , toa moze samo nekoj nemerliv izrod makedonski ili nekoj koj realizira golemoalbanska kauza!!!!!! |
gisot |
[url="http://vreme.com.mk/vest.aspx?id=21710"]Директорите се осигурија со по 200.000 евра испратнина во случај на отказ[/url]
Еве една од причините за продажбата на ЕСМ. Сосема јасно е, со оглед на фактот кој ги поставува директорите на нивните функции во ЕСМ, во чии (партиски) раце ќе завршат парите од продажбата и евентуалната смена на раководните функционери.
|
OooOo |
quote: Originally posted by gisot
Директорите се осигурија со по 200.000 евра испратнина во случај на отказ[/url]
200.000 samo? Pa dobro, ne bile mnogu lakomi. Postojat i polakomi od niv :)
Vcherasheno vreme donesuva ...
Хидроелектричните централи не се за продажба!
Владата да не ги приватизира хидроелектричните централи, а термоелектричните централи и дистрибутивната мрежа на „Електростопанство на Македонија“ да се продаваат одвоено и на повеќе заинтересирани компании, сугерира Светската банка во писмо до Фатмир Бесими, министерот за економија, и до Никола Поповски, министерот за финансии. Писмото до кое дојде „Време“ стасало и до членови на владината комисија за приватизација на ЕСМ. Банката бара да биде консултирана за сите понатамошни постапки на Владата во врска со приватизацијата на најголемата домашна компанија. Од Владата вчера немаа коментар.
[url="http://vreme.com.mk/vest.aspx?id=21651"]povekje[/url]
Злосторство е да се продаде ЕСМ
Владата ќе го направи најголемото злосторство кон македонскиот народ ако го продаде „Електростопанство на Македонија“, категоричен е Златко Димчовски, професор по атомска физика и наш светски познат и докажан научник и бизнисмен. Со продажбата на управувачкиот пакет акции, државата практично на послужавник му ги дава сите обновливи природни ресурси на еден странски газда, вели тој.
[url="http://vreme.com.mk/vest.aspx?id=21652"]povekje[/url] |
dejan |
ke go stavam ova tuka.
Реакции по најавата за стимулации за повторно вработување на отпуштените работници Позитивен шок и за газдите и за синдикалците!
Веста дека работодавците, кои ќе вработат луѓе прогласени за технолошки вишок од некоја фирма, ќе добијат од Агенцијата за вработување финансиска поддршка од 20 плати одекна како гром од ведро небо. Изненадени се и работодавците, но и синдикалците.
“Ова е пријатно изненадување за нас, министерот Јакимовски умее да ја шокира јавноста, некогаш и позитивно,“ изјави претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Димитар Стојановски, кој инаку е директор на “Трикотажа Пелистер“ од Битола.
“Прво мислев да не е некој памфлет или сатира, бидејќи не можев да поверувам во информацијата што ја прочитав во еден од битолските весници дека министерот Јакимовски изјавил во Агенцијата за вработување дека државата финансиски ќе ги зајакне со 20 плати сите фирми, кои ќе вработат лица кои се технолошки вишок, “вели Стојановски и додава дека с#232; додека овој предлог на Министерството за труд и социјала не биде донесен во соодветна форма како одлука или уредба на Владата или како измени во Законот за вработување и осигурување за време на невработеност, работодавачите не можат и официјално да се произнесат. Вакво мислење има ССМ.
“Ваквиот потег на Владата е за поздравување, но за оваа информација првпат сум запознат од медиумите. Министерот Јакимовски никогаш овој предлог не го поставил јавно на преговарачка маса со нас и работодавците. За ова првпат слушаме и треба да добиеме официјална потврда за да можеме и дадеме официјален одговор“ вели Пеце Груевски, портпарол на ССМ.
Ваквиот потег на Министерството за труд и социјална политика доаѓа во вистинскиот момент кога се отпуштаат голем број работници од државни фирми: “Македонски железници“, “МРТВ“, од “Водостопанство,“ најавени се отпуштања и од “Македонска пошта“, од “ЕСМ“, како и од многу државни институции, кои наскоро ќе престанат да постојат, како на пример: Агенцијата за приватизација. Доколку овој предлог се внесе во Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, државата со една мерка ќе има две придобивки. Прво, ќе го стимулира вработувањето на овие лица кои многу тешко може да најдат повторно работа, а второ на државата повеќе и се исплатува да даде 20 плати на работодавците, само да ги намали сопствените трошоци што ќе ги има доколку лицата кои добиле отказ како технолошки вишок останат на грбот на државата, односно примаат паричен надомест од Агенцијата за вработување. Треба да се има на ум дека станува збор за лица кои се над 45-тата година од животот и кои можеби никогаш нема да најдат ново, легално вработување.
А, доколку станува збор за лица кои имаат над 57 години старост, според Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, доколку се жени имаат законско право со стекувањето на право на старосна пензија да примаат од Бирото за вработување паричен надомест, а доколку се мажи треба да имаат над 59 години за да можат да користат парична помош од државата до нивното пензионирање.
“Ова е само една од можните мерки за стимулирање на работодавачите да вработат лица кои се прогласени за технолошки вишок, но, тука треба да се има предвид старосната граница, која ја дозволува работното место, како и потребните квалификации што треба да ги поседуваат овие работници“, вели претседателот на Организацијата на работодавачите Стојановски.
Ова е од причина, што не е битно само да се земат 20 плати, а да вработиш лица кои и не ти се потребни, па тука работодавачите се прашуваат, колку е тоа економски исплатливо?
Освен за судбината на работниците кои се прогласуваат за технолошки вишок, не можеме, а да не се прашаме што ќе биде со оние лица кои ја загубиле работата поради банкрот и ликвидација на фирмата, дали и за нив државата ќе им префрли пари на работодавците за да ги мотивира да ги вработат овие луѓе?
“Работодавачите ова прашање го поставија пред неколку месеци на седницата на Економско-социјалниот совет и рековме дека не може Владата да очекува од нас да ги задржиме или примиме луѓето на работа, без никаков стимул и надомест од државата“ рече Стојановски, кој вели дека овој потег на Владата, за кој верува дека ќе добие законска форма е само една од мерките за повторно вработување на отпуштените работници, но не и единствена. Според него најважно е да се намалат давачките кон државата за пензиско и здравствено осигурување и на персоналецот, и тоа за секоја година работен стаж на новопримените лица да се намалуваат за 10 проценти, с#232; додека не го постигнеме оптималниот лимит, давачките кон државата за секој вработен да изнесуваат 35 насто од неговата бруто плата. Ова решение е многу поисплатливо од законот што го воведе Владата пред неколку години, кога работодавците за секои нови вработувања беа ослободени од секакви давачки кон државата. Зошто? Од едноставна причина што и трите социјални партнери: државата, работодавачите и работниците ќе имаат ќар.
“Јас сум сепак за вработување на определено време, чиј минимален рок би бил 3 месеци со можно пролонгирање на 6 месеци, затоа што само така работниците ќе се издвојат од (не)работниците, а оние кои сакаат да работат ќе имаат уште посилен мотив да се докажуваат на работното место“, смета претседателот на Организацијата на работодавачите, Димитар Стојановски.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=0&EditionID=375&ArticleID=15745 |
трендафил |
Не е виновна владата што ги спомнува ЕУ, НАТО или општо меѓународната заедница. Таа само сака да и пројде нешто и го зборува тоа што народот сака да го слушне. Во моментов изгледа толку сакаме да побегнеме од Македонија, што во неможност сите да отидеме затоа што таму не не примаат, сакаме барем да бидеме под нивна управа. И затоа партиите ни го продаваат тоа што сакаме да го купиме. Всушност се` се базира на религијата. За да одиш во рајот треба да бидеш добар, да не се спротивставуваш на власта, да патиш. И за да одиш во комунизмот треба да се жртвуваш во социјализмот. Е сега треба да молчиш и да трпиш за да стасаш до новиот рај (комунизам), ЕУ и НАТО. А што сега со тоа што лошите одат во пеколот. Значи ли тоа дека политичките лидери ќе не однесат до ЕУ, а тие нема да отидат таму. Не е ли поверојатно сите да останеме заедно, во пеколот.
|
concrete |
quote: Originally posted by Vardarec
Samo REVOLUCIJA za ovaa drzava!!!
KAKVA????
Gi imase i ovaa drzava i naokolu vo poveke varijanti , pa nisto:):):)
I rozovi i kadifeni i portokalovi.....se ziva utka!!!!
A panzer so toa negoviot Tiger , nigde go nema, r'gosuva nekade okolu Orel ili veke go stopile vo nekoja zelezara !!!!! |
Snake Bite |
ESM nokogash ne moze da se obezvredni!!!
Vrednosta na ESM e sekogash ista,duri moze da se kaze deka raste,bidejki postojano se obnovuva so ponovi postrojki,vozen park,stolbovi,kablovi,novi trafostanici...
Najeftiniot betonski stolb e 14000 denarinn,izbrojte gi samo.
eden pozemen 10 kilovolten kabel metro e 1000 denari,a ima i mnogu poskapi koristeno.Da se prodade bakarot i aluminiumot od celo ESM kako star metal,ke se dobie poveke od 400 000 000evra.
ESM vredi poveke od 2 miljardi evra toa e sigurno.
Za shto poprvo ke se iskoristat tie 400 milioni,a kade se 2 milijardi,koja finansiska injekcija ke bide za nas taa suma.
Timot sto vrsheshe procenka na ESM beshe vekje potkupen od tie shto sakaa da go kupat ESM.
Sveckata banka veli podobro e celo da se prodade zaradi poorganizirana rabota na firmata,sega koga mediumite i narodot pretisnaa malce,..."ja opomenuva vladata da ne gi prodava hidro i termo centralite..."
Plus koga ke dojde privaten (od tipot kako cesite) od 8000 vraboteni ke gi dovede na 800 vraboteni?!?!?!Koja socijala ke nastane togash?...ushte 7200 semejstva na ulica,poskapa struja za 3 pati,investicii vo ESM nikakvi samo sanacii i kajmak lapanje,a na drzavata i nam...veke videno |