Santrac, proglasen za nov selektor |
a-pin-dim |
Станојковиќ ќе му биде помошник на Сантрач?
Постои голема веројатност, ако на утрешнта седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Слободан Сантрач биде назначен за селектор, негов прв помошник да му биде досегашната "десна рака" на Канатларовски, тренерот на Вардар, Вујадин Станојковиќ.
- Би ми било голема чест да работам со Сантрач, а истовремено за мене тоа би претставувало и голем предизвик. Јас и предходно кажав дека подготвен сум да работам во интерес на македонскиот фудбал. Добро ги познавам репрезентативците и во секое време сум тука на новиот селектор да му помогнам во работата со репрезентацијата - вели Станојковиќ.
Комисијата за избор на селектор при ФФМ синоќа требаше на Слободан Сантрач да му соопшти дали ќе застане на чело на нашата фудбалска репрезентација.
- Таков е договорот, вечер да ми се јават и да ми соопштат за кого се одлучиле. Ако ја добијам довербата веднаш ќе треба да се засукаат ракавите бидејќи нема многу време до натпреварот со Романија. Прво што ќе направам при моето доаѓање во Скопје е да разговарам со Канатларовски и со неговиот стручен штаб. Постои шанса некој од нив и понатаму да соработува со мене - вчера околу пладне изјави Сантрач.
Ако биде назначен за селектор, тренерот од Србија и Црна Гора веќе в глава го има планот за подготовки за средбата со Романците.
- Јас од принцип на репрезентативните подготовки повикувам 20 репрезентативци. Така ќе биде и сега. Најверојатно првиот собир ќе биде на 23 март. Предходно ќе го разгледам здравствениот билтен во репрезентацијата, а ќе разговарам и со секој репрезентативец поединично, да видиме колку се тие подготвени да одговорат на моите задачи. Сепак, ајде да почекаме што ќе се случи вечерва, што се вели, да не кобиме - рече популарниот "Сани".
Според распоредот, натпреварот со Романија е на 30 март во Скопје. (Т. З.)
***
Според Комисијата: Сантрач фаворит
Според Комисијата за избор на селектор при ФФМ Слободан Сантрач е прв кандидат пред утрешната седница на Управниот одбор. Негов конкурент за селекторската фотеља ќе биде само Бошко Ѓуровски. Поради неможноста да ја води нашата селекција во квалификацискиот дуел со Романија од трката отпадна Златко Крмпотиќ, а поради обврски кон БФС не е земена в предвид ниту кандидатурата на Петар Младенов.
|
јузер |
Дозволено му е до крај на квалификации да експериментира, ама затоа за следните квалификации (европско) да ни тргне веќе еднаш (ако ништо друго, бар како на грците со Ото Рехагел [8D])! |
a-pin-dim |
Во трката за селектор Сантрач и Ѓуровски
[img]http://www.ffm.com.mk/Images/uploaded/g_santrac.jpg[/img]
На денешниот состанок на Комисијата за избор на селектор на фудбалската репрезентација на Македонија беа разгледани условите на четворицата кандидати и нивните програми и притоа списокот беше скусен на само две имиња, Бошко Ѓуровски и Слободан Сантрач кој на седницата на УО в петок ќе биде истакнат како прв кандидат.
Поради неможноста да ја води нашата селекција во квалификацискиот дуел со Романија од трката отпадна Златко Крмпотиќ кој има обврски во СиЦг, додека поради обврски кон БФС не е земена предвид ниту кандидатурата на Петар Младенов. |
orko |
Santrach! |
StormAngel |
Santrac e noviot selektor oficijalno.
Aj neka ni e so sreka.[;)] |
darkjesus |
vo najmala raka toa! |
a-pin-dim |
Сантрач селектор на нашата фудбалска репрезентација
Членот на Управниот одбор Масар Омерагиќ побарал одговорност на портпаролот Зоран Николовски. Откако претседателот Хаџи - Ристески одбил да се гласа за доверба на портпаролот, Омерагиќ ја напуштил седницата
[img]http://www.vest.com.mk/images/{9BC4F4BA-57AA-43BE-A42A-1E12906D50C4}_santrac-2.jpg[/img]
Тренерот од Србија и Црна Гора Слободан Сантрач вчера од страна на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е наименуван за нов селектор на нашата фудбалска репрезентација. За него гласаа 12 од 13-те присутни членови на УО. Против беше само Шеат Реџепи.
Инаку, Слободан Сантрач со 218 голови е најдобар стрелец на првенствата во поранешната СФРЈ. Тренерската кариера ја започна како фудбалски учител на младите категории на ФК Земун. Тој ја водеше југословенската репрезентација на Светското првненство во Франција, 1998 година. Тогаш Југославија во осминафиналето беше елиминарана од Холандија. Сантрач беше селектор и на Саудиска Арабија кога играше против Македонија (1:1), а еден период работеше и во Кина, во Шанду, каде е и прогласен за тренер на годината. Во сезоната 2002/03 е тренер на Ал Арабија од Катар. Сантрач заедно со Иван Топлак ја изготви програмата за развој на фудбалот во Словенија, а моментало работи како тренерски ментор на УЕФА.
- Ми претставува голема чест што ќе работам со македонската фудбалска репрезентација. Истовремено ова е и обврска да се оправда довербата што ми ја даде врвот на ФФМ. Ќе ми треба подршка од целокупната македонска фудбалска јавност. Ќе се обидам да го вратам угледот на македонскиот репрезентативен фудбал кој по двата последни неуспешни резултати од Андора беше разнишан. Според мојот стил, ќе играме офанзивно а истовремено ќе се трудиме да не примиме гол - изјави новиот селектор.
Инаку на оваа седница на Управниот одбор имало доста искри. Така, членот на УО Масар Омерагиќ побарал одговорност на портпаролот Зоран Николовски и гласање за негова смена. Во тоа тој имал подршка и од неговиот колега од одборот Ставре Николоски. Откако претседателот Хаџи - Ристески одбил да се гласа за доверба на портпаролот Омерагиќ ја напуштил седницата па се вратил, по што имало вербален дуел помеѓу него и првиот човек на ФФМ . Наводно паднале тешко зборови околу тоа кој кого ќе смени, по што се замешал и потпретседателот Реџеп Беџети. На крајот точка за гласање за доверба на портпаролот Николовски е оставена за нередната седница на Управниот одбор. |
a-pin-dim |
Промоцијата со Сантрач во х.Александар Палас
Прес конференцијата на која ќе биде претставен новиот селектор , Слободан Сантрач, кој треба да дебитира на клупата на македонската фудбалска репрезентација на средбата со Романија на 30.Март,ќе се одржи в сабота(12.03) во х.Александар Палас со почеток во 11ч. Се очекува на средбата со новинарите Сантрач да го обелодени и стручниот штаб. |
a-pin-dim |
Јовчев и Бајевски нови имиња
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Слободан Сантрач денеска соопшти две нови имиња за квалификацискиот натпревар со Романија што ќе се одигра на Градскиот стадион во Скопје на 30-ти Март со почеток во 20ч. На местото на голманот на Работнички К. Орде Георгиевски е повикан чуварот на мрежата на Шкендија 79 Гого Јовчев , додека напаѓачот Стојков ќе го замени фудбалерот на унгарски Ференцварош Александар Бајевски. Собирот на репрезентативците е утре во 12ч. во х. Карпош.
Во 12.30ч. селекторот Сантрач ќе одржи прес конференција со новинарите. |
a-pin-dim |
Сантрач го одржа првиот тренинг
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Слободан Сантрач денеска ја изврши првата прозивка пред квалификацискиот дуел за СП 2006 со селекцијата на Романија закажан за 30-ти Март на Градскиот стадион во Скопје. На прозивката беа присутни сите повикани фудбалери со исклучок на Влатко Гроздановски кој доаѓа в четврток. Попладнево репрезентативците го одржаа и првиот тренинг од кој поради обврските кон својот клуб беа ослободени фудбалерите на Работнички К. кои утре во Кратово го играат куп натпреварот со Силекс. |
a-pin-dim |
Контролен натпревар: Сениорите поуспешни
[img]http://www.ffm.com.mk/Images/uploaded/g_IMG_4628.jpg[/img]
МАКЕДОНИЈА (А)-МАКЕДОНИЈА (21) 2-0
ГРАДСКИ СТАДИОН: Гледачи 1000
Судија: Ставрев
Стрелци: Крстев 63.,Седлоски 70м.
МАКЕДОНИЈА (А): Јовчев, Р.Попов, Седлоски, Новевски, Грнчаров, Гроздановски, Вандеир, Игнатов, Чадиковски, Бајевски, Кралевски.
Играа уште: Пачовски, Божиновски, Васовски, Петров, А.Митревски, М.Крстев, Мазнов, Јанчевски. Селектро: Слободан Сантрач.
МАКЕДОНИЈА (21): Тофиловски, Маркоски, Лазаревски, Глигоров, Шиков, Г.Попов, Бајрами, Маневски, Стојков, Кировски, Ивановски. Играа уште:Маџовски, Шалевски,Тодоровски, Неџипи, Османи, Савиќ, Илијоски, Стојановски, Тричковски, Селими, Митрев. Селектор: Мирсад Јонуз.
[img]http://www.ffm.com.mk/Images/uploaded/TN_mladi_stari.jpg[/img]
Натпреварот се играше по скратено време од 2 пати по 35 мин.
Поради мала повреда во А-тимот не настапи Горан Пандев, но според лекарскиот извештај тој ќе биде подготвен за дуелот со Романија. |
Boriz |
Ke bidi "golemoto" utre (streda). Ako ne, neka se krija Santrac. (kladov 1000 Sek za Makedonija) |
silijeski |
redno e da pokaze Makedonija deka ima kvalitetni fudbaleri,pa makar i so stranski trener. |
a-pin-dim |
Prognozirat deka ke bilo 3 - 1.
Pa ke vidime dali taka ke ispadne. |
StormAngel |
Vazno e da se pobedi, ama so Romanija e tesko.
Barem obraz da socuvavme, ne ke bese loso.[;)] |