Граѓаните излез гледаат надвор од земјава |
OooOo |
Граѓаните излез од тешката состојба гледаат надвор од земјава
Иселенички и работни визи, работа на брод или како бебиситерки во странство. Многумина во овие огласи ја гледаат единствената шанса за подобар живот надвор од земјава.
Соочени со фактот дека секој четврт работоспособен граѓанин е без работа и дека за вработување се чека и по четири и пол години, државата би ја напуштиле без размислување.
„Би заминал и ќе одам, овде веќе нема ништо, нема никаква егзистенција. Не ми се допаѓаат условите кај нас, едноставно, нема услови за живеење. Јас сум без работа, мажот ми е без работа, е сега само што немаме шенген визи за да излеземе. Сум аплицирала, ме одбија“, изјавија дел од граѓаните.
Во агенциите, кои посредуваат за работа во странство, годишно се пријавуваат и до 17.000 луѓе. Од нив, поголемиот број се на возраст од 22 до 35 години.
„Од вкупното население кое бара работа, дури 63% настојуваат да најдат работа во странство. Најчесто, ние можеме да понудиме вработување во областа на угостителството, туризмот и услужните дејности“, рече Зоран Кочовски, Агенција за посредување при вработување Коузон.
„Вели, завршив факултет, постдипломски, сега морам негде да бидам чувар, портир или физички работник за некои 6-7.000 денари. Вториот дел од оваа трагедија, вели, кога ќе отидам, не сакам веќе ни на одмор на дојдам овде“, вели Драган Симоновски, посредник за визи.
Не сите нудат вистинска работа. Со понуда на лажни работни места поединци и агенции добро заработуваат. Полицијата од лани истражува три случаи, дали граѓаните биле измамени.
Но, ова не ги одвраќа луѓето, а Владата нема стратегија да ги задржи во земјава. Во Министерството за надворешни велат дека граѓаните заминуваат како економски емигранти, а потоа го повлекуваат и семејството. На пример, само во Италија лани заминале околу 5.000 наши граѓани.
Проценките на МНР се дека од Македонија се иселиле над 700.000 луѓе. Колку годишно емигрираат, никој не знае. Секторот за иселеништво во МНР и Агенцијата за иселеништво ниту соработуваат, ниту водат евиденција. |
Whitebaby |
quote: Originally posted by Sunshine
quote: Originally posted by Whitebaby
Da ne otvaram drug topic.
Mojot 2000 post i go posvetuvam na doktorot za imigracija - Sunshine. [;)]
Zhivela imigracija. [:D][8D]
Cac [:X]
Ushte vas dvajca da ve preselam za Kanada i kje se penzioniram [;)]
Ili nie ke ve preselime vo USA i posle penzionirajse. [;)] |
Whitebaby |
Da ne otvaram drug topic.
Mojot 2000 post i go posvetuvam na doktorot za imigracija - Sunshine. [;)]
Zhivela imigracija. [:D][8D] |
Sunshine |
quote: Originally posted by Whitebaby
Da ne otvaram drug topic.
Mojot 2000 post i go posvetuvam na doktorot za imigracija - Sunshine. [;)]
Zhivela imigracija. [:D][8D]
Cac [:X]
Ushte vas dvajca da ve preselam za Kanada i kje se penzioniram [;)] |
StormAngel |
Moj je zivot Svicarska![:D]
A za onie koi so baraat rabota u Germanija (ne se plaka mnogu, ama kolku da ne se sedi bez rabota)
www.jobdumping.de |
KoPiLe |
quote: Originally posted by OooOo
Граѓаните излез од тешката состојба гледаат надвор од земјава
od ubavoto nikoj ne bega neli ... |
OooOo |
Ne rekov nishto losho, samo prenesov napis. |
angel |
Junaci se onie sto ke ostanat vo vakva Makedonija ama od junastvo ne se zivee. |
KoPiLe |
quote: Originally posted by angel
Junaci se onie sto ke ostanat vo vakva Makedonija ama od junastvo ne se zivee.
Junaci bile tie shto se borele nekogash mnogu porano za nie deneska da imame parce zemja shto se vika Makedonija ...ama garant i tie nemislele deka situacijata ke dojdi onakva kakva shto e deneska ..[;)] |
angel |
Ajde Kire smisli nesto konstrustivno sto da pravime?
Da ja zduvneme, ili da ostaneme, da smenime vlada, ama nikoj ne ne slusa do izbori.
A da pocekame da se stopat glecerite za da dojde moreto do nas moze podobro ke bide zosto tesko e da se zivee vo drzava bez more. [;)] |
Great_Macedonian |
Zalno... me sokira toa 5000 lani zaminale italija?? mnogu... barem italija se, ke si odat makedonija koga dusa ke im posaka.. i jas da bev italija nemase da me maci tolkava nostalgija.
Slusam deka strumickite sela se ispraznuvale posto site begale italija.. isto taka slusam deka Debar 'umira'.
Najverojatno ke ja snajde makedonija "holandskata" i druga sudbina. Svojot narod ti bega za podobra egzistencija, posle deset petnaeset godini situacijata ke bide dobra, no ke nema rabotna sila i na mesto na svojte iselenici drzavata ke mora da doseli crnci i azijci. |
sapeski |
quote: Originally posted by Great_Macedonian
Najverojatno ke ja snajde makedonija "holandskata" i druga sudbina.
Трескаш глупости. Која холандска судбина? Глуп емигрант не оди во Македонија да работи а камоли за години ко шо викаш ти. Холандија беше преплавена од емигранти за подобро, а не одеа во вукојебина каква што е Македонија. |
RaGeAnGeL |
quote: Originally posted by Great_Macedonian
Zalno... me sokira toa 5000 lani zaminale italija?? mnogu... barem italija se, ke si odat makedonija koga dusa ke im posaka.. i jas da bev italija nemase da me maci tolkava nostalgija.
Slusam deka strumickite sela se ispraznuvale posto site begale italija.. isto taka slusam deka Debar 'umira'.
Najverojatno ke ja snajde makedonija "holandskata" i druga sudbina. Svojot narod ti bega za podobra egzistencija, posle deset petnaeset godini situacijata ke bide dobra, no ke nema rabotna sila i na mesto na svojte iselenici drzavata ke mora da doseli crnci i azijci.
zasho bash ovie gi spomna???rasista si bre a??A?? |
DJ_SHEMA |
quote: Originally posted by sapeski
quote: Originally posted by Great_Macedonian
Najverojatno ke ja snajde makedonija "holandskata" i druga sudbina.
Трескаш глупости. Која холандска судбина? Глуп емигрант не оди во Македонија да работи а камоли за години ко шо викаш ти. Холандија беше преплавена од емигранти за подобро, а не одеа во вукојебина каква што е Македонија.
I makedonija e zapad za nekoi. Za 10 godini kje imame indijci, pakistanci, filipinci kaj nas, a mozda i marsovci :). |
OooOo |
quote: Originally posted by DJ_SHEMA
.. kje imame indijci, pakistanci,
Ma jok .. vakvite kaj rashtanski gi kinat odma ;) |
sapeski |
quote: Originally posted by DJ_SHEMA
I makedonija e zapad za nekoi. Za 10 godini kje imame indijci, pakistanci, filipinci kaj nas, a mozda i marsovci :).
Појке вервам дека Западниот дел за брзо ќе биде запад во права смисла према Источниот дел на Македонија. Како DDR.[:)] |
Great_Macedonian |
RageAngel nesum rasista, niv gi spomnav zas niv gi nema vo MK.
Sapeski, pred nekolku decenii 15% od holanganite se iselija od svojata zemja... denes na nivno mesta holandija imat 15% crnci, azijci, akistanci,indijci istocno evropjani.... sega me razbiras?
Do pred deset godini Budimpesta i Praga beja samo so Belci (i po nekoj guptin)... denes slusam tamu malo po nekolku iljadi kinezi i afrikanci. Istoto ke ne snajde i nas. |
dejan |
toa e zhalno e loso!! celi sela vo strumica da se iseluvat!! :((((( glupa vlasta!! |
igorinski |
Kako del od eden proekt na koj rabotese bratmi vo edna nevladina organiacija spored izvestaite koi interno gi dobivaat od stranskite iselenicki agencii, 2004 godina pobarale bilo kakov islenicki status vo bilo koja zmeja od svetot ni povekje ni pomalku tuku 24500 gragjani od koi 13000 visoko strucen kadar okolu 120 magistri i nekolku doktori na nauki adrugite se prosecno obrazuvani ... Starsno |
dejan |
a kolku od niv se albanci? moze 100, slab narod sme. |
igorinski |
Gladas, toa sum zaboravil da prasaam, no imajki vo predvide deka albancite vo sustina se samo pomosnici-bageristi (toa mu ide onamu kaj so ne moze bagerot oni so lopata), veroajtno se golem del od tie so prsecno obrazovanie...
quote: Originally posted by dejan
a kolku od niv se albanci? moze 100, slab narod sme.
|
Great_Macedonian |
Dejan prasaj nekoj vo debar kolku albanci begaat od makedonija ke vidis. Pola debar e ispraznat. |
dejan |
da ama debar ne e golem grad....albancite vo tetovo i gostivar ne mrdat, kako sto znam. |
Great_Macedonian |
Taka ti se cini. Albancite emigriraat povejke duri i od makedoncite, no razlikata e vo toa sto albancite zarabotenoto go investiraat vo svojot roden kraj, a makedoncite se iseluvaat zasekogas. |
dejan |
A1
Пат во неповрат - Македонската печалбарска приказна
Пат во неповрат, ваква е печалбарската приказна на Македонците кои живеат во градот Бафало, Северна Америка. Ги има од сите краишта на Македонија, но овде илјадници километри од таму повторно ги врзува стариот крај.
Зборно место им е црквата Свети Кирил и Методиј, каде секоја недела има литургија.
„Ова е наш религиозен и културен регионален центар. Тука се собираме за свадби, игранки, погреби и друго“, вели Џорџ Михајлидис претседател на македонската црква во Бафало.
Овие Македонци со американски дијалект велат дека тагуваат по родниот крај, дека најтешка од се е носталгијата, но и дека токму тука, а не во Татковината го нашле своето место под сонцето.
„Чекав да направам 2.000 долари и да си одам назад, но тоа не било така“, вели Методија Тасевки.
Во Бафало живеат 200 македонски семејства, во потрага по подобар живот дошле во Америка и останале тука. За враќање дома не ни помислуваат.
„Цел живот сме тука, може да одиме да се прошетаме, но не и да се вратиме“, вели Фана Фотева.
Кога ќе погледнам 14 години наназад вели Тони Наумовски од преспанско Лева Река, не течеше секогаш мед и млеко. Тој вели дека почетокот бил многу многу тежок.
„Почетокот беше многу многу тежок, тоа нека биде порака за сите наши да не си мислат дека се е добро во Америка“, вели Тони Наумовски.
Но сега со гордост раскажува за неговото македонско кафуле и продавница, каде ќе можат да се најдат македонски производи, меѓу кои секако и турското кафе. За својот животен пат зборува и Марк Мицковски. И во Америка се случуваат економски потреси па и тој се најде меѓу двете илјади луѓе кои неодамна беа отпуштени од општинската администрација
„Буџетот на општината беше преку билион долари, во оваа држава многу работници бевме во дефицит“, вели Марк Мицковски.
Одвреме навреме на посета кај Македонците во Бафало доаѓа и по некој политичар од Македонија. Но велат дека никогаш неможат да ја заборават добродушноста и непосредниоста на загинатиот претседател Трајковски.
По долги години минати во Америка од родниот крај останала македонската трпеза, зимница, неизбежниот ајвар, а скоро во секоја македонска куќа во Америка за добредојде наместо со виски се наздравува со домашната ракија и вино.
|