Велигденски пост
Велигденски пост
трендафил Од денес почнува всушност велигденскиот пост. Оваа седмица, до Прочка веќе не се јаде месо. Дозволени се млеко и производи од млеко и јајца. Тоа е дозволено и во среда и петок. Од следниот понеделник, од понеделник до петок се пости строго, без масло (зејтин). Масло и вино е дозволено во сабота и недела и на поголеми празници. Риба се јаде само на Благовештение, 7ми април по нов календар и Цветници (една недела пред Велигден).
Strelec Дали освен мене има некој друг член на форумов што ги ’тера’ цели предвелигденски пости?
cabrini Denes e Todorova sabota, neka ni e za mogu godini. Se nadevam deka ima i drugi forumashi koi gi teraat celi posti.
The`bItCh
quote:
Originally posted by Strelec
Дали освен мене има некој друг член на форумов што ги ’тера’ цели предвелигденски пости?
jas se trudam da te sledam[:D]
трендафил
quote:
Originally posted by Strelec
Дали освен мене има некој друг член на форумов што ги ’тера’ цели предвелигденски пости?
Се трудам да го направам тоа. Во некои денови, посебно кога сум на пат правам „прекршок“ бидејќи е тешко да се најде јадење без масло. За жал во последно време често го прекршувам духовниот пост, односно помислувам лошо за некого. Но што да правам кога резултатите од изборите почнаа да се објавуваат во време на Велигденскиот пост, и во пост го киднапираа и однесоа во Хаг Јохан Тарчуловски. Се молам и се надевам дека Господ ќе ми прости. Се молам и за тие што им помислувам лошо, пред се` Господ памет да им даде, па да им прости.
Homer MakeDonski
quote:
..помислувам лошо за некого. Но што да правам кога резултатите од изборите почнаа да се објавуваат во време на Велигденскиот пост..
Значи ли тоа дека земското е над духовното а изборните денови само се изговорот ? за жал јас не започнав да постам на време , па за утешение си ја имам дека не она што влегува во човечката уста погани душата ,ами излезеното од неа
cabrini Zemskoto nemoze i nesmee da bide nad duhovnoto, nemoze nishto da bide nad ona shto e Bozjo pa duri ni vo najgolemite maki. Nashiot Gospod Isus Hristos ne povikuva na post i molitva, nacini na koi mozeme da se borime protiv zloto na ovoj svet. Za uteshenie nemoze da se imaat zborovite od Noviot Zavet, koi gi naveduvate pocituvan HomerMakedonski, zatoa shto se izvadeni od kontekst i ne se odnesuvaat na toa deka postot e nepotreben i nezadolzitelen.
cabrini Kolku ni e potesko i kolku povekje sme izlozeni na maki i iskusenija, tolku povekje e postot popotreben, imajki vo predvid deka Crkvata duri i vo denovi koga ne se posti moze da nalozi post, a toa se denovi na nevolji, iskusenija itn. Zatoa obremeneti so teskotiite od ovoj svet, so post bi mozele da si pomogneme, ne samo sebesi tuku i na drugite nashi brakja i sestri.
Homer MakeDonski cabrini potpolno ste vo pravo , treba da se posti, a moeto e nikakov izgovor