AaaAa |
Za Strelec i ostali neobavesteni Yu nostalgicari, ili tako misleci kanadjani[:D]
http://www.mmm.com.mk/Sliki/balkanskiplagijat.jpg
понеделник, 7. март 2005.
Давор Јордановски со Балкански плагијат на концерт посветен на Бијело дугме
Давор Јордановски, нашинец кој со својата работа успева да се наметне и на канадскиот музички пазар, деновиве е најмногу ангажиран со подготовките на концертот на составот во кој членува, а кој е наречен мошне интересно – Балкански плагијат. Станува збор за tribute-бенд, во кој членуваат музичарите од екс-ЈУ просторите, а кои во својот репертоар го имаат минат труд на легендарните групи кои твореа на просторот од Вардар до Триглав. Така, по проектот Tribute to EKV, Балкански плагијат и втората сезона продолжува да настапува песните од Бијело дугме, на општа радост на сите нивни фанови кои живеат во Канада.
Имено, концертот насловен Кад би био Бијело дугме 2 (заради тоа што веќе втора сезона Плагијатот настапува со оваа програма), во Торонто, во клубот The Reverb е закажан за 19. март, а влезните билети по цена од 15 долари можат да се купат на повеќе пунктови во Торонто, како и во градовите Kitchener и Хамилтон, со напомена дека заради голем интерес стартуваше и on-line продажбата, како и резервации на билети по телефон.
Освен тоа, Јордановски, кој е извонреден клавијатурист, заедно со бендот во кој членува, пред две недели настапи како предгрупа на Здравко Чолиќ во дискотеката The Docks, каде присуствуваа над 3.000 фанови на Здравко, а наредната сабота истата формација ќе го отвори концертот на Хари Мата Хари, кој ќе се одржи во Opera House во Торонто. |