Bedno pa i za "sluzbeni greski"
Bedno pa i za "sluzbeni greski"
AaaAa Scena od "Razgovor so Spinoza" - vo praksa vo Kumanovo--sakame evropa no 400 god unazad, iako vo Kumanovo ne vladee cuma [V] АКЦИЈА НА КУМАНОВСКИТЕ ВЛАСТИ Распишан тендер за убивање кучиња Локалните власти во Куманово во минатата недела објавиле тендер за убивање кучиња-скитници, дознава "Дневник". Според условите на конкурсот, кучињата треба да се убиваат со малокалибарски пушки. Екипи на фирмата што ќе ја добие "работата" ќе одат во акција во периодот од полноќ до раните утрински часови. Според условите на тендерот, треба да користат сопствени возила и сами да наоѓаат начини како и каде да ги закопуваат мршите. Во конкурсот е предвидено акцијата да трае од шест месеци до една година, во зависност од тоа колкав е бројот на кучињата-скитници во градот. "Ловците" ќе добиваат по 500 денари за убиено куче. Тендерот трае до утре. Градоначалникот на Куманово, Слободан Ковачевски, вели дека одредбата "убивање на кучињата-скитници" е грешка на неговите служби кога го подготвувале конкурсот. Тој тврди дека условите и акцијата ќе се сменат кога конкурсот ќе заврши и кога ќе се приберат понудите. - Бидејќи имаме многу конкурси, не се сеќавам како е точно дефинирана одредбата во овој конкурс. Ако е така, ќе го смениме по неговото завршување. Претпоставувам дека тоа е грешка на моите служби. Нема да дозволам да се убиваат кучињата. Љубител сум на кучиња. Најверојатно скитниците ќе се згрижуваат во ветеринарна станица. Разговараме таму да се постават кафези - вели Ковачевски. Кумановци велат дека не е новина во градот кучињата-скитници да се убиваат и тврдат оти тоа се прави веќе пет години. - Екипи на "Чистота и зеленило" возат низ градот обично по полноќ и пукаат во кучињата преку прозорец. Мршите ги оставаат. Утредента други ги собираат и ги фрлаат на градската депонија - сведочат граѓани. Вработени во претпријатието вчера не сакаа да прецизираат како тече хајката, но потврдија дека тоа е практика во градот. Стручњаци велат дека нема законски одредби што ги заштитуваат скитниците. Тие велат дека државата не се занимава со нив и оти проблемот го решава секоја општина одделно, зашто кучињата-скитници се третираат како комунален отпад. Во прифатилиштето за кучиња-скитници "Хунде азил" во Скопје велат дека прв пат слушаат за такво нешто и бурно реагираа на иницијативата на локалните власти од Куманово. Тие се заканија дека ќе ги информираат сите амбасади во земјава и сите Здруженија за заштита на животни во Европа ако не се повлече конкурсот. - Според кривичниот закон, не смее да се мачат животни, дури ни во кланица. Според Законот за јавна безбедност, не смеат да се шетаат со пушки и да пукаат во населено место. Најпосле, во градот, а и во државава нема место каде што би се закопувале мршите. Телата не смеат да се фрлаат на депонија - вели Владимир Петков, раководител на "Хунде азил". Здруженија за заштита на животни во Куманово молчат. Поранешни активисти велат дека не сакаат да зборуваат за тоа, бидејќи "таквите организации згаснале одамна и оти немаат став за убивањето на кучињата-скитниците во Куманово".
DonVito sepak ubavo koga ne ubivat luge [:)]
achtung_panzer
quote:
Originally posted by DonVito
sepak ubavo koga ne ubivat luge [:)]
[:D][:D][:D] Neli,a? Cela srekja! Zamisli "sluzhbena" greshka: vo definicijata "kuchinja-skitnici" sluchajno se ispushta "kuchinja" i crtichkata, pa ostanuva samo "skitnici"... ajmo tandzhare na gotovs, na kogo mu skisnalo od prosjaci i skitnici eve mu shansa... praaaaaassss!!!! [xx(][xx(][:o)]
dada Sani Najprvo treba da se obezbedat prostorii kade i kako ke se cuvaat kucinjata bezdomnici, a moze da se odredi i period od nekolku meseci i ako vo toj vremenski period nikoj ne se prijavi da go zeme kuceto i da se grizi za nego-da se ubivaat bezbolno. Strogo da se odredi nacinot i vremeto na "sobiranje" na kucinjata, pa duri togas da se objavi tender i precizno da se "formuliraat" site detali. Tocno e deka bezdomnite kucinja se problem, ama toa ne mora da znaci deka treba da se bara brzo i neefektivno resenie. Ama na koj mu doslo da sedne i da razmisluva....na odgovornite sluzbi sigurno NE. Bedno...