a-pin-dim |
Потврдена единицата на Мечкаровски
30.3.2005
Стручниот совет во полн состав почна со работа во 10.00 часот, а заврши во 13.00 часот.
Анализита извршени во претходните кола беше оценета како солидна, со исклучок на натпреварот од ова коло помеѓу Работнички К. и Вардар.
Предмет беше гледање на целата снимка, судењето на судијата Мечкаровски и извештајот од контролорот.
По пракса, Македонски спорт секој пат за нашата работа дава соопштенија за кои ние како Стручен совет не сме имале можност да се произнесеме, а тие со своите написи ја разбрануваат спортската јавност со невистини и лаги, па оттука Стручниот совет смета да после секоја наша завршена работа извештајот се поднесе до портпаролот на ФФМ, кој понатака истиот ќе го стави на интернет страницата на федерацијата и тоа е конечен и валиден извештај.
Оцената на контролорот Алаџајков Васил од Скопје на Главниот судија Мечкаровски која е недоволен (1,0) Комисијата ја потврдува и тоа затоа што Главниот судија не ги применуваше правилно дисциплинските мерки и тоа:
- Во 9 минута по очигледно удирање на играчот со број 10 на Работнички К. кон играчот на Вардар со број 3 на средина на игралиштето, ударот се случи надвор од теренот кога и топката беше надвор од игра. Судијата мораше да додели црвен картон, а играта да ја продолжи со уфрлување за гостинската екипа. Тука се прави и техничка грешка и се дозволува директен удар за екипата на Вардар.
- За останатите два моменти кои се наведуваат во контролата и тоа во 67 минута и 82 минута, Стручната комисија смета дека овие два прекршоци спаѓаат во доменот на слободно судиско уверување и во двата случаи Главниот судија беше многу блиску до местото на настанот.
Стручниот совет му предлага на Судискиот одбор да ја разгледа изјавата од контролорот Алаџајков Васил дадена на 22.03.2005 година (вторник) на дневниот весник Македонски спорт дадена пред состанокот на Комисијата за стручни прашања и истата не е демантирана од него до ден денес.
По Правилникот за судии и судење на ФФМ, на контролорите и судиите им се забранува давање изјави на медиумите, пишани и електронски.Како што се наведе на почетокот од анализата, останатите оцени во целост се потврдуваат и судењето се окарактеризира како солидно.
ПРВА МФЛ - 22 КОЛО - 20 / 03 / 2005 година
СЛОГА Ј. - БЕЛАСИЦА Г.Ц. 1 : 2 (1 : 0)
Главен судија:Караколев Никола - Штип - 3,5
1 асистент: Камчев Ване - Штип 3,5
2 асистент: Ангелов Сашко - Кочани 3,5
4 судија: Иванов Сашо - Штип - 2,5
КОНТРОЛОР: Димовски Петар - Битола
ШКЕНДИЈА 79 - МАЏАРИ С. 1 : 0 (0 : 0)
Главен судија: Маркоски Марјан - Охрид - 3,5
1 асистент: Тикоски Тоде - Струга - 3,5
2 асистент: Негриески Кирил - Струга - 3,5
4 судија: Сеља Илир - Струга - 3,5
КОНТРОЛОР: Врангалов Ташо - Кавадарци
БАШКИМИ - ЦЕМЕНТАРНИЦА 55 1 : 0 (1 : 0)
Главен судија: Смоквоски Борка - Прилеп - 3,5
1 асистент: Илиоски Петре - Прилеп - 3,5
2 асистент: Димоски Љупчо - Прилеп - 3,5
4 судија: Димески Жарко - Прилеп - 3,5
КОНТРОЛОР: Мојсоски Љупчо - Струга
РАБОТНИЧКИ К. - ВАРДАР 0 : 0 (0 : 0)
Главен судија: Мечкаровски Димитар - Скопје - 1,0
1 асистент: Кировски Марјан - Скопје - 3,0
2 асистент: Стојановски Тони - Скопје - 3,5
4 судија: Цветковски Игор - Скопје - 3,0
КОНТРОЛОР: Алаџајков Васил - Скопје
ПОБЕДА - БРЕГАЛНИЦА К. 5 : 2 (2 : 0)
Главен судија: Ставрев Александар - Скопје - 3,0
1 асистент: Николов Трајче - Скопје - 3,0
2 асистент: Бојанинов Зоран - Скопје -3,0
4 судија: Кипријановски Владимир-Скопје - 3,0
КОНТРОЛОР: Стојчевски Миле - Скопје
НАПРЕДОК - СИЛЕКС 0 : 5 (0 : 0)
Главен судија: Бартон Јосип - Тетово - 3,5
1 асистент: Ѓорѓиевски Небојша - Тетово - 3,0
2 асистент: Цветаноски Зоран - Кичево - 3,5
4 судија: Љатифи Насуф - Тетово - 3,5
КОНТРОЛОР: Хаџипази Алилерџан - Гостивар |