Strelec |
Сопственикот на Мајкрософт Бил Гејтс со 46.5 милијарди долари повторно е најбогатиот човек во светот. На традиционалната ранг листа на американското списание „Форбс“ и годинава на второ место е инвеститорот Ворен Буфет, со околу 44 милијарди долари.
На трето место е индиецот Лакшми Митал, кој инвестираше во Скопската железарница и кој на листата на „Форбс“ направи скок од 59 места. Богатството на Митал „кралот на челикот“ се проценува на околу 25 милијарди долари, што е за 7 милијарди долари повеќе од лани.
Најголем скок на листата, од цели 500 места, забележаа сопствениците на интернет пребарувачот „Гугл“, Сергеј Брин и Лери Пејџ. Лани тие имаа по една, а годинава по 7,2 милијарди долари.
Спoред уредништвото на Форбс годинава е рекордна како по бројот на доларски милијардери, така и според порастот на нивниот имот. Годинава на листата има 691 доларски милијардери, лани 587, а нивниот имот од 300 милијарди се покачил на 2,2 билиони долари.
На листата на десет најбогати во светот се и Карлос Слим Хелу, од Мексико, магнат во областа на телекомуникациите, саудискиот принц Алвалид бин Талал Алсауд, основачот на Икеа швеѓанецот Ингвар Кампрад, Пол Ален од Мајкрософт, Карл Албрехт, од Германија сопственик на синџир супермаркети, Лоренс Елисон сопственик на софтверската фирма Оракл и Робсон Волтон од Вал - Март.
Од истото семејство Волтон се и двете најбогати жени на светот, сестрите Алис и Хелен, кои со по 18 милијарди долари го делат 12 и 13 место.
На листата најбогати во светот годинава има 27 магнати од Русија. Нивниот вкупен имот се проценува на повеќе од 90 милијарди долари. Најбогат е Роман Абрамович,кој е сопственик на и фудбалскиот клуб Челзи.
Имотот на сопственикот на руската нафтена компанија Јукос Михаил Ходорковски, кој е во обвинет за даночни измами и се наоѓа во притвор, од 15 се намали на 2,2 милијарди долари.
p.s. Од македонските бизнисмени, единствен на овој список е македонскиот иселеник ОооОо, инаку сопственик на најголем број деловнички акции во SnapSolutions Company Incorporation!
|