Локални избори 2005, одзив и тек на гласање |
Strelec |
ПОЧНА ГЛАСАЊЕТО НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ
Во Република Македонија денеска се одржуваат локални избори на кои 1.711.293 граѓани запишани во Единствениот избирачки список имаат можност да се изјаснат за 379 кандидати за градоначалници и за 446 листи на советници во 84 општини плус градот Скопје.
Вкупно 2.976 избирачки места ќе бидат отворени од 7 до 19 часот.
|
gisot |
Заборави да додадеш “Во живо од Скопје - Миле Паника за вашата телевизија!“ [:D]
Малку да ја релаксирам изборнава паника,зашто само прашање на време е кога ке почне со истите дрн-дрн муабети во смисол “Пенов-Трифун 20:1“ , “Трифун го дроби Пенов“ , “остануваме закон“,“конечно го попија“ [:D] |
intel |
Ајде бе,им ѕиркате на гласачите или ги скенирате кутиите од далеку:))))) |
Strelec |
Излезност над седум насто до 10,00 часот
„На ниво на државата, излезноста на граѓаните до 10,00 часот изнесува 7,71 процент. На ниво на Скопје, излезноста е 7,07 насто“, изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски.
|
Strelec |
Гласањето прекинато на четири избирачки места
Портпаролот на ДИК Зоран Таневски изјави дека поради физички пресметки меѓу членови на изборните комисии и заплашувања, гласањето било прекинато на избирачките места во тетовското село Долна Лешница, гостиварското село Трново, скопското село Моране, како и на избирачко место во училиштето „Климент Охридски“ во скопската населба Бутел.
„На три од вкупно четирите избирачки места, гласањето повеќе нема да продолжи, а се прават напори да се обнови гласањето во училиштето „Климент Охридски“, изјави Таневски.
Според сознанија од теренот, пресметките во изборните комисии на избирачките места во скопското село Моране и тетовското село Долна Лешница биле меѓу претставници на Демократската унија за интеграции (ДУИ) и Демократската партија на Албанците (ДПА).
Проблеми има и на избирачкото место број 1836 во село Свидовица. Жителите велат дека никој од 264 избирачи нема да гласа. Тие ги бојкотираат изборите поради неасфалтираниот пат во должина од 2 км. Избирачкото место било отворено со асистенција на полицијата, а бил сменет и избирачкиот одбор од селото, а на негово место бил поставен нов од соседното село Куклиш.
|
dejan |
http://a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=44045
Во Битола изборите минуваат мирно но со слаб одзив на гласачите. Од општинската изборна комисија добиените податоци во 10 часот беа 5,6% изборност на 49 обработени изборачки места од вкупно 152 поради слабата комуникација со избирачките одбори. Затоа членовите на изборната комисија се упатија на терен и најсвежи резултати ќе соопштат после 15 часот. Според неофицијални извори до 12 часот излегле 12,6%.
Од МОСТ велат дека до сега не се забележани неправилности. Претседателот на Општинската изборна комисија Љубе Стојановски сите 152 избирачки места се отворено во 7.00 часот и изборите засега се одвиваат непречено.
Околу 25% од вкупно запишаните 47.053 граѓани со право на глас излегле на избирачките места и гласањето на сите од нив се одвива без проблеми. Засега единствено не се гласа на избирачкото место број 1836 во село Свидовица.
|
dejan |
;пресметките во изборните комисии во на избирачките места во скопското село Моране и тетовското село Долна Лешница биле меѓу претставници на Демократската унија за интеграции (ДУИ) и Демократската партија на Албанците (ДПА).' nisto cudno. |
Strelec |
Во Скопје до 13 часот излегле 25,07 проценти од гласачите
Граѓанската асоцијација МОСТ на прес конференција соопшти дека според ПВТ-програмата на одѕивот на гласачите на денешните локални избори на територијата на Град Скопје до 13 часот изнесува 25,07 проценти.
Изутрината не било отворено гласачкото место во село Ехловец, општина Другово - Кичевско, затоа што има големи навеви од снег високи повеќе од еден метар и, како што рече портпаролот на ДИК Зоран Таневски, не постојат физички услови да се отвори гласачкото место.
Според податоците на Младинскиот Форум ОКО најголем одзив на гласачи е евидентиран во Гевгелија до 12 часот таму излегле 25,8% од гласачите. Во Новаци е евидентиран 25,7% излезеност на граѓаните, во Берово 24,8%.
Најмал е процентот на гласачите во Дебар каде што до пладне само 7% од граѓаните излегле на гласање. А во Гостивар до 10 часот ОКО констатирал излегување на само 1,7% од гласачите.
|
Strelec |
- Во Ѓорче Петров е евидентирано агитирање и пуштање на флаери со компромитирачка содржина.
- Скршени се 3 гласачки кутии во Бутел.
- Во село Црниште активисти полнеле гласачки кутии.
- Во општина Кисела Вода имало поткуп врз ромска популација, им било делено брашно и други производи.
Абе КАТАСТРОФА!?
|
Strelec |
ВАНДАЛИЗАМ, ПУКАЊЕ, МЕЃУСЕБНИ ТЕПАЧКИ ВО ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ
Вандализам, пукање, меѓусебни тепачки во општината Шуто Оризари пред гласачките места во училиштето браќа Рамиз и Хамид.
Доколку не се прекине процесот на гласање толпата од жителите во Шуто Оризари се закани дека ќе ги искршат гласачките кутиии.
|
Strelec |
Tепачка помеѓу активисти на политички партии во Тетово
Околу 13 часот во ОУ „Братство Мигени“ во Тетово дошло до расправија која прераснала во тепачка помеѓу активисти на политички партии. Веднаш интервенирала полициската патрола која постојано е присутна во дворот на училиштето. Ги раздвоила групите и ги отстранила од училиштето.
Од полицијата и информацијата дека дошло до прекин на гласањето во селото Орашје, општина Јагуновце во траење од 1 час. И тука со интервенција на полицијата биле отстранети неслужбените лица од училиштето.
|
Strelec |
ДИК: ОДЅИВОТ НА ГЛАСАЧИТЕ ДО 15:00 ЧАСОТ 33,11 ОТСТО
Заклучно со 15:00 часот на ниво на државата гласале 33,11 отсто од избирачите. Најмал бил одѕивот на гласачите во Дебар 3,85 насто, а најголем во Чучар-Сандево 66,62 насто.
Во Скопје од 432.207 запишани избирачи гласале 28,42 проценти.
Портпаролот на ДИК информира дека гласањето е прекинато на три избирачки места, во село Ехловец, во селото Желино и општина Гостивар.
Прес-конференција на граѓанската асоцијација МОСТ:
"Регистрирани се инциденти на неколку гласачки места, кршење на избирачки кутии, прекини на гласање, агитирање и растурање пропаганден материјал, како и користење на упатства за гласање само на албански јазик".
|
Sande |
Kakva crna evropa se nadevate deka ke vidime so toa pleme?? |
Strelec |
Од теренот пристигаат информации за проблеми во изборниот процес.
- Во селото Трново Гостиварско непознати лица се обиделе да гласаат за други.
- Во Бањица Гостиварско лице се прошетало низ селото со калашњиков, таму тече гласањето.
- Прекинато е гласањето во Долна Лешница, Желино.
- Проблеми има и во Моране, Шуто Оризари, Сарај, Кондово, Бојане и некои други населени места.
|
Strelec |
За власта изборите се демократски, за опозицијата, „чудни“
Власта и опозицијата вечерва излегоа со првични реакции за локалните избори што денеска се спроведоа во Македонија, варирајќи во оценките за текот на гласањето од „демократско“ до „нерегуларно“ и „чудно“.
“СДСМ и коалицијата се задоволни од спроведените избори кои беа слободни, фер и демократски“, изјави портпаролот на СДСМ Борис Кондарко во првичната оценка за локалните избори.
Кондарко рече дека се регистрирани помали нарушувања на изборниот процес, но, оти тие по обем не влијаеле на изборната постапка.
Шефот на изборниот штаб на здружената опозиција Силвана Бонева од ВМРО - ДПМНЕ, рече дека нивните набљудувачи забележале „притисоци, закани и други нерегуларности на избирачките места“.
Како пример, Бонева наведе неправилности во скопското училиште Тефеуз, каде вооружени лица со калашњикови влегле на гласачките места, не дозволувајќи никому да влезе и да излезе од таму.
Ѓорѓи Трендафилов од ВМРО- Народна, забележа за преголемо полициско присуство во близина на избирачките места, додавајќи дека неговата партија забележала „чудни настани“ за време на гласањето.
Од изборниот штаб на независниот канадидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски главно се задоволни од спроведените избори, но регистрирале и одредени изборни нерегуларности на неколку избирачки места во градот.
|