Investiciji vo Makedonija
Investiciji vo Makedonija
dejan sve sto e za investitori vo makedonija, tuka! „Меркатор“ заинтересиран да гради хипермаркет во Скопје 12.03.2005 Словенечката трговска куќа „Меркатор“ го засилува притисокот за влез на македонскиот пазар. Претседателот на Управата на оваа фирма, Зоран Јанковиќ, денеска уште еднаш ја информирал владата, дека Меркатор ја сака локацијата спроти комплексот банки за свој трговски центар. Рекол дека веќе изработиле и проект за тоа. „Тоа е само наш прв објект, потоа би граделе по сите поголеми градови во Македонија и тоа би изнесувало годишно, односно петгодишна инвестиција би изнесувала 200 милиони евра. Објектот кој би бил направен би бил сличен како сите останати во Загреб, Белград, Сараево и Љубљана, би имал околу 500 вработени“, вели Зоран Јанковиќ. Јанковиќ вели дека ќе се промовирале пред се словенечки производи. Сепак, локацијата спроти комплексот банки, ќе се доделува преку тендер што му било предочено и на Јанковиќ. Тоа значи дека „Меркатор“ ќе може да гради таму само ако понуди најдобри услови на тендерот. За тој простор се интересира и грчки Веро, за според информации на А1, некои луѓе веќе ги купуваат одделните помали парцели на овој простор со цел, подоцна да ги препродaдат за поскапо кога таму ќе се гради новиот центар. Инаку, претседателот на „Меркатор“ во Скопје е дојден со неговиот ракометен клуб кој вечерва ќе игра во Скопје. Инаку, денеска во владата, работен ручек имаа и економските експерти и министри пред најавеното продолжување на преговорите со Светската банка и ММФ, веќе во април.
dejan http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=0&EditionID=383&ArticleID=16043 Делегација на словенечки “Меркатор“ повторно беше во Македонија Пред Бучковски најавени 500 нови вработувања Раководството на словенечкиот конзорциум “Меркатор“ е оптимистики расположено околу иницијатива да го купат земјиштето пред комплексот банки за изградба на деловен објект, во центарот на Скопје. Извршниот директор на оваа компанија, Зоран Јанковиќ завчера се сретна со македонскиот премиер Владо Бучковски, при што било разговарано за намерата на “Меркатор“. Јанковиќ во разговорите ја потврдил подготвеноста за инвестирање во изградба на хипермаркет “Меркатор Центар“ во Скопје, што е поздравено од страна на премиерот Бучковски. Со изградба на репрезентативен објект во Скопје, “Меркатор“ ќе инвестира околу 30 милиони евра на вкупна површина од околу 12.000 метри кврдратни. На тој начин една од најпознатите словенечки компани ќе го започне планираниот инвестиционен циклус од околу 200 милиони евра во следните пет години во Република Македонија, соопшти Кабинетот на премиерот Бучковски. На средбата во кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија е дискутирано за можностите за инвестирање во Скопје, а и за правната рамка со која ќе се изврши продажба по пат на тендер на атрактивни локалитети во земјата. Во оптимален временски период македонската Влада во детали ќе ги разгледа сите аспекти поврзани со имотно-правната состојба на локацијата кај НБМ и евентуалните проблеми, како предуслов за распишување тендер со кој ќе се продаде оваа локација како и други актрактивни локации за реализација на странски инвестиции. “Денеска го потврдивме нашиот интерес да дојдеме во Скопје. Позната е нашата желба да ја купиме локацијата кај комплексот банки. Премиерот ни потврди дека за тоа ќе биде распишан тендер за мошне кратко време и ќе видиме кој ќе биде поуспешен“, изјави по средбата Јанковиќ. На прашањето што ќе значи конкретно проектот и колку ќе чини, тој вели дека веќе имаат идеен проект направен за локацијата кај Народна банка. “Му го презентиравме и на премиерот Бучковски. Принципиелно, тоа е нашиот прв деловен објект, еден од таквите што би ги изградиле и во другите градови во Македонија. Инвестицијата ќе н#232; чини околу 200 милиони евра, а објектот ќе биде според стандардите на веќе изградените во Загреб, Белград и во другите градови на екс-југословенските простори“, соопшти Јанковиќ. Тој вели оти ќе им се даде предност на словенечките производи, но тоа не значи дека ќе бидат запоставени и македонските. Мерило ќе бидат квалитетот и прифатливата цена. Јанковиќ истакна дека ова не му е прва средба со државниот врв. Тој соработува и со македонските стопанственици, со кои одржува тесни врски. Тој информираше дека во хипермаркетот во Скопје планира вработување на 500 лица. Покрај тоа во вкупниот асортиман на производи се планира 60 проценти да бидат македонски производи, со акцент на земјоделските производи, што ќе преставува поттик за македонските земјоделци. Инаку “Меркатор“ повеќе од 10 години редовно купува македонски производи во вредност од два до четири милиони евра годишно. Е.Р.
трендафил Не е убаво кога на ден на избори доаѓа во посета странски инвеститор. Во секој случај видовме многу вакви инвеститори. Не знам само како Македонија ќе го реши проблемот со недовербата што државата ја има во словенечките банки. Да потсетам на парите што словенечкиот државјанин од наше потркло ги уплати за купување на рудникот Злетово кои на нашата влада веќе подолго време и се сомнителни (индиректно ја обвинуваме Словенија за перење пари), но иако не го има докажано тоа, го поништи тендерот и ќе објави нов. Како да го докажала случајот, што е далеку од вистината.
dejan neli ova e dobro? Странци вложуваат 500.000 евра дневно во акции Брокерите вчера на берзата направија промет од 87,2 милиони денари, класично тргување обврзници и акции, што е рекорд од почетокот на годинава досега. Од секторот за тргување при Македонската берза за хартии од вредност ја потврдија информацијата и соопштија дека вкупниот промет со акции и обврзници, вклучително и блок-трансакциите, бил 97,5 милиони денари. И вчера најтргувани беа акциите на „Алкалоид“ со вкупен промет од 12,4 милиони денари (и 3.900 денари за акција), „Стопанска банка Битола“ со промет од 11 милиони денари (4.000 денари за акција) и „Комерцијална банка“ со пазар од 9 милиони денари (8.900 денари за акција). Брокерите велат дека берзата доживеа рекорден промет година откако словенечки и хрватски клиенти решиле да купуваат акции и обврзници на нашиот пазар за хартии од вредност. Според нив, во последниве дваесетина дена на тргување преку берза во земјава влегле околу 10 милиони евра од странство, портфолио инвестиции, што не се случило досега во историјата на берзанското тргување во земјава. Брокерите велат дека странците дале голем поттик и за домашните инвеститори што се почесто решаваат своите пари да ги вложат во акции наместо во банкарски депозити. http://www.vreme.com.mk/vest.aspx?id=22435
n/a
quote:
Originally posted by dejan
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=0&EditionID=383&ArticleID=16043 Делегација на словенечки “Меркатор“ повторно беше во Македонија Пред Бучковски најавени 500 нови вработувања Раководството на словенечкиот конзорциум “Меркатор“ е оптимистики расположено околу иницијатива да го купат земјиштето пред комплексот банки за изградба на деловен објект, во центарот на Скопје. Извршниот директор на оваа компанија, Зоран Јанковиќ завчера се сретна со македонскиот премиер Владо Бучковски, при што било разговарано за намерата на “Меркатор“. Јанковиќ во разговорите ја потврдил подготвеноста за инвестирање во изградба на хипермаркет “Меркатор Центар“ во Скопје, што е поздравено од страна на премиерот Бучковски. Со изградба на репрезентативен објект во Скопје, “Меркатор“ ќе инвестира околу 30 милиони евра на вкупна површина од околу 12.000 метри кврдратни. На тој начин една од најпознатите словенечки компани ќе го започне планираниот инвестиционен циклус од околу 200 милиони евра во следните пет години во Република Македонија, соопшти Кабинетот на премиерот Бучковски. На средбата во кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија е дискутирано за можностите за инвестирање во Скопје, а и за правната рамка со која ќе се изврши продажба по пат на тендер на атрактивни локалитети во земјата. Во оптимален временски период македонската Влада во детали ќе ги разгледа сите аспекти поврзани со имотно-правната состојба на локацијата кај НБМ и евентуалните проблеми, како предуслов за распишување тендер со кој ќе се продаде оваа локација како и други актрактивни локации за реализација на странски инвестиции. “Денеска го потврдивме нашиот интерес да дојдеме во Скопје. Позната е нашата желба да ја купиме локацијата кај комплексот банки. Премиерот ни потврди дека за тоа ќе биде распишан тендер за мошне кратко време и ќе видиме кој ќе биде поуспешен“, изјави по средбата Јанковиќ. На прашањето што ќе значи конкретно проектот и колку ќе чини, тој вели дека веќе имаат идеен проект направен за локацијата кај Народна банка. “Му го презентиравме и на премиерот Бучковски. Принципиелно, тоа е нашиот прв деловен објект, еден од таквите што би ги изградиле и во другите градови во Македонија. Инвестицијата ќе н#232; чини околу 200 милиони евра, а објектот ќе биде според стандардите на веќе изградените во Загреб, Белград и во другите градови на екс-југословенските простори“, соопшти Јанковиќ. Тој вели оти ќе им се даде предност на словенечките производи, но тоа не значи дека ќе бидат запоставени и македонските. Мерило ќе бидат квалитетот и прифатливата цена. Јанковиќ истакна дека ова не му е прва средба со државниот врв. Тој соработува и со македонските стопанственици, со кои одржува тесни врски. Тој информираше дека во хипермаркетот во Скопје планира вработување на 500 лица. Покрај тоа во вкупниот асортиман на производи се планира 60 проценти да бидат македонски производи, со акцент на земјоделските производи, што ќе преставува поттик за македонските земјоделци. Инаку “Меркатор“ повеќе од 10 години редовно купува македонски производи во вредност од два до четири милиони евра годишно. Е.Р.
Toa so Merkator e politicka propaganda da SDSM demek eve nekoj investira vo RM oti sme na dnoto na investicii vo Evropa. Samo od ovoj gaf so Merkator se gleda kolku ekonomski se neuki nasive od Vladava na celo so drzalnikot. Merkator doaga vo RM da prodava na Makedoncite slovenski proizvodi, so sto vo gubitok ke bidat MAKEDONSKITE PROIZVODITELI NA STOKI ZA SIROKA POTROSUVACKA, a so toa ke ostanat bez rabota i malkute vraboteni Makedonci vo Industrijata. Od druga strana pak, slovencite ke si rabotat, ke si ja razvivaat industrijata, a nie telinja zaedno so srbite ke gi finansirame slovencite namesto nasata industrija. Stetata e uste pogolema, so toa sto Merkator ke gi unisti i makedonskite trgovci koi ne ke bidat konkurentni vo odnos so Merkator, pa taka imame dvojna steta. Zatoa velam deka nasava Vlada ekonomski e nepismena (se gleda po ekonomskava situacija vo RM od koga se tia na vlast) i treba da naoga investitori kako Tasev koi ke ja razvivaat industrijata vo RM, ke vrabotuvaat mnogu rabotnici, ke izvezuvaat i ke ostvaruvaat devizen prihod!
Great_Macedonian Quote Trendafil: Не е убаво кога на ден на избори доаѓа во посета странски инвеститор. Во секој случај видовме многу вакви инвеститори. Не знам само како Македонија ќе го реши проблемот со недовербата што државата ја има во словенечките банки. Да потсетам на парите што словенечкиот државјанин од наше потркло ги уплати за купување на рудникот Злетово кои на нашата влада веќе подолго време и се сомнителни (индиректно ја обвинуваме Словенија за перење пари), но иако не го има докажано тоа, го поништи тендерот и ќе објави нов. Како да го докажала случајот, што е далеку од вистината. -------------------------------------------------------------------------------------------- Trendafil.. sudot vo kocani zavcera mu go vrati CACA na Tasev.
Great_Macedonian Ustvari, Zletovo dan bese?!