silijeski |
Претседателот на Косово Ибрахим Ругова преживеа денеска обид за атентат, откако беше активирана експлозивна направа додека неговата колона возила минувала низ центарот на Приштина.До експлозијата, како што пренесува Макфакс, дошло во близина на зградата на косовската влада, во 08.20 часот по локално време, при што автомобилот на Ругова е оштетен. Претседателот на Косово веднаш по експлозијата бил префрлен во друго возило, по што бил оддалечен од местото на експлозијата.Претставничката за печат на полицијата Сабрие Камбери изјави дека едно лице било полесно повредено во експлозијата од парче стакло.Направата експлодирала додека претседателот на Косово одел на состанок со високиот претставник на Европската унија за безбедност и надворешна политика Хавиер Солана.„Фала му на господа што повторно преживеав. За несреќа, се уште има елементи кои сакаат да го дестабилизираат Косово“, изјави Ругова.Минатата година од автомобил во движење беше фрлена рачна бомба врз резиденцијата на Ругова. Бомбата експлодираше во градината, но никој не беше уапсен во врска со тој настан.
Еден полицаец изјави за агенцијата Асошејтед Прес дека, судејќи по се, експлозивната направа била активирана со далечински управувач.
Излозите на околните продавници се искршени, а бомбата, според првите сознанија, се наоѓала во метална улична канта за отпадоци.
|