Признавање на автокефалноста на МПЦ |
dejan |
neznam kade ova treba da odi, ama tuka mu e mesto, http://a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=44182 |
dejan |
hej kako go napraviv ovoi topik? :p |
dejan |
На МПЦ ќе и биде понудено двојно име
На најавената средба меѓу претставниците на Македонската и на Српската православна црква што деновиве треба да се случи во Скопје, нема да присуствува претставникот на вселенскиот патријарх - архиепископот на Албанската православна црква г. Анастасиј. Српската црква еднаш веќе го одби неговото посредништво, исто како што не беше воодушевена ниту од понуденото медијаторство на Руската црква преку калининградскиот митрополит г. Кирил, но сў уште не го коментира најновиот предлог на г. Вартоломеј, кој уследил по иницијативата на Синодот на МПЦ. Неизвесно е и дали евентуалното вклучување на албанскиот архиепископ г. Анастасиј, автоматски подразбира исклучување на Руската црква од сите натамошни разговори околу статусот и името на Македонската православна црква. Г. Анастасиј, неофицијално, би го дал својот придонес во решавањето на спорот, меѓутоа, дури во вториот или третиот дел од разговорите меѓу СПЦ и МПЦ, кој е планиран за јуни-јули.
Во отсуство на каква било официјална информација околу нашата црковна стратегија во претстојните прелиминарни разговори со српските митрополити - бачкиот г. Иринеј и црногорско-приморскиот г. Амфилохие, извесно е дека тие ќе дојдат во Скопје со конкретни предлози и барања. Наводно, МПЦ, по урнек на држава, подготвена е да го прифати предлогот за двојно име - Македонска православна црква за сите православни цркви освен за Грчката, која би можела да го користи името Охридска архиепископија-Скопје или, пак, некоја друго име. Ова, тврдат извори на "Утрински весник", е најизвесниот дел од разговорите и покрај фактот дека двојното име на МПЦ би го користел целиот грчки блок цркви, кој не е ниту мал, ниту занемарлив.
Заради обновувањето на дијалогот, сега ќе изостане најавеното расчинување на сите наши владици, што СПЦ го најавува од поодамна, а требаше да заврши пред редовниот мајскиот Собор во Белград, но затоа преговарачкиот двоец на СПЦ во Скопје ќе го донесе томосот за признавање на паралелната црква на расчинетиот владика Јован. Колку тој документ ќе значи во ситуација кога таканаречената православна охридска архиепископија во Република Македонија не е ни регистрирана и, што е уште поважно, ја нема посакуваната масовна наклонетост на овдешните верници, е посебно прашање, ама томосот бездруго ќе биде исползуван за меѓуцрковните надмудрувања.
Извесно е дека паралелно со томосот СПЦ ќе игра и на картата да го врати расчинетиот Јован во "старо друштво" и тоа сосе сите негови истомисленици. Дали во тоа и ќе успее, во многу нешта ќе зависи од нашиот тим за разговори кој го сочинуваат митрополитите г. Петар и г. Тимотеј, меѓутоа и од она што минатото лето на тајна средба го имаат договорено нашиот архиепископ г.г. Стефан и српскиот патријарх г. Павле. На врвот на СПЦ му е познато дека Јован во Македонија има малубројна паства, дека е таа далеку од нивните очекувања, па затоа е пореално да се залагаат за нивно враќање во МПЦ, што ќе подразбира и условувања со прифаќање на сите игумени и архимандрити што ја напуштија МПЦ, како и на двајца новоименувани епископи. Тоа, пак, може да се доведе во врска со упорното пролонгирање на изборот на нови епископи во МПЦ, кое архиепископот г.г. Стефан го најавува цела година, ама како да нема сила и да го реализира. Овој факт особено им оди во полза на заговорниците на идејата за "помирување" со Јован и неговата братија, кои би станале дел од нашиот Синод. |
трендафил |
Не би имал ништо против тоа Јован и неговите да се покајеа и да побараа прошка и да им биде простено. Но вака излегува дека тие бараат прошка од „нивната“ СПЦ, а треба да им прости нашата МПЦ.
Сепак, христијански е да биде простено. Доколку каењто е искрено.
|
dejan |
da hristijanski e sve toa i da se prosti, ama bas deka nasa religija e hristijanska treba da se slozhi! i SPC treba da prekina so ova sve! nemozam da gi razbiram....ACCEPT YOUR MOTHER CHURCH! |
трендафил |
И јас не можам да ја разберам СПЦ. Посебно не сега, откако живееме во две различни држави. Не можев да ги разберам зошто во СФРЈ доколку сакаа една православна црква во државата таа не ја нарекоа ЈПЦ. (Мислам до 1974 кога Југославија стана конфедерација иако ние во Македонија не бевме или не сакавме да бидеме свесни на тоа дека си вративме дел од државноста предадена на федерацијата во 1945-та година). Како е можно некој што верува во Бога правото што си го дал на себе да не им го дава на другите (во случајов, една држава - една црква)?
|
vancevtodor |
Eve go soopstenieto na Vraniskovski
(едитирано од администратор - Соопштенињто од расколникот Вранишковски можеби ќе најде место на друг форум, но не и на овој.)
|
Great_Macedonian |
koj ke se obide da go smeni imeto na makedonskata pravoslavna crkva ke bide najgolemiot predavnik na makedonizmot!! |
Misirkov |
makedonizam = nauka za makedonski jazik i literatura.
verojatno mislese "makedonshtinata". ;)
Dali ne se raboti za proben balon?
Sepak, ako nekoj ja chepne crkvata, legitino pravo e na sekoj Makedonec da "prevzeme merki" da go "naplati" takviot poteg.
|
dejan |
kako sto citav , ke i bide ponudeno ima MakedonskaPC za site drugi crkvi, a samo za grcka ke se vika Ohridska Skopje, taka nesto? |
Great_Macedonian |
Za grckata crkva ke se vikame makedonska pravoslavna crkva neka puknat grcite.
Misirkov, makedonshtinata i makedonizmot e edno isto. Mozebi gresam no koga rekov makedonizam mislev vo smisla kako sto amerikanizam, marxizam... makedonizam znaci makedonstina! isto e |
dejan |
oni si ja lupat glavata koga ke pomislat Makedonska pravoslavna crkva, ili koga ke pomislat samo Macedonia za nas. ako ke pomislat skopje, ili vardarska skopje taka nesto togas ok im e. |
vancevtodor |
Ne bev vo moznost da odgoram vednas.Soopstenieto na Vraniskovski go postirav bez moj komentar so namera da ne nametnuvam svoe mislenje.Administratorot koj go izbrisal tekstot ,se nadevam ne go procital do kraj.Zatoa sega go postiram soopstenieto na Srpskata Prvoslavna Crkva od septevri 2004g.(od togas do denes nema novo soopstenie vrzano za pregovorite so MPC). No sega ke komentiram:Vo soopstenieto jasno stoi koi so kogo ke pregovara.Vraniskovski samo toa go potvrduva ,a toa e slednoto NEMA PREGOVORI POMEDJU MPC I SPC tuku....poarno citajte sami, da ne bidam obvinet za dezinformacii, go postiram delot na soopstenieto na SPC vrzan za pregovorite.
САОПШТЕЊЕ ЗА ЈАВНОСТ
СВЕТОГ АРХИЈЕРЕЈСКОГ САБОРА
СРПСКЕ ПРАВОСЛАВНЕ ЦРКВЕ
У Патријаршијском двору у Београду, од 6. до 8. септембра 2004. године, одржано је, под председништвом Његове Светости Патријарха српског Г. Павла, друго овогодишње редовно заседање Светог Архијерејског Сабора Српске Православне Цркве, уз учешће већине архијерејa из земље и иностранства....
Сабор је дужну пажњу посветио и положају аутономне Охридске Архиепископије, као и даљим напорима за коначно превазилажење црквеног раскола у Републици Македонији. У циљу потпуног регулисања живота и рада Охридске Архиепископије, Сабор је одлучио да се припреми званични Томос о аутономији. Сабор је такође констатовао да Охридска Архиепископија, као аутономна Црква, има право канонског суђења онима који остану упорни у расколу, али је изразио и своју молитвену жељу да уместо даљих таквих суђења у круговима носилаца раскола превлада црквена свест и одговорност, како би раскол постао болна прошлост, а пуно благодатно јединство наша заједничка будућност. Тога ради, Сабор поново, по ко зна који пут, са љубављу позива све православне вернике у Републици Македонији на црквено јединство у крилу древне и славне Охридске Архиепископије, како не би били потпуно и коначно изопштени из заједнице Православне Цркве, тог нужног предуслова духовног живота и спасења, у нади да ће се, заједно са својом паством, и остали тамошњи црквени архипастири и пастири вратити канонском поретку васељенске Цркве, а самим тим евхаристијској заједници и светом јединству.
Podolu ke go postiram povtorno soopstenieto na Vraniskovski vo celost.
Заради правилно известување, соопштуваме дека ниту една Црква, па ниту српската, во Р. Македонија не може да извршува никаква свештенотајна, или пак да преговара со расколниците без согласност на единствената канонска јерархија, а тоа е Православната Охридска Архиепископија. На Соборот на Српската Православна Црква во Септември 2004г. беше донесена одлука Син. бр.1742/зап. 1152 од 07 Септември 2004г, а по согласност на Православната Охридска Архиепископија да се направи уште еден разговор со расколниците во кој покрај канонската Црква на територијата на Р. Македонија ќе учествува и Српската Православна Црква. Со писмо бр. 3101 од 31 декември 2004г., беше побарано Православната Охридска Архиепископија да делегира свој претставник за разговорите, а со одлука бр. 08 од 17 Јануари 2005г., Светиот Архијерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија го ополномошти Неговото Преосвештенство, Епископот бачки г. Иринеј да ја застапува Охридската Архиепископија во разговорите со расколниците. Како претставник на српскиот Патријарх определен е Митрополитот црногорско - приморски г. Амфилохиј.
Така, изјавите од поедини „великодостојници” на расколничката МПЦ дека немало да разговараат со Православната Охгридска Архиепископија се налик на оние кога велеа дека нема да разговараат со Српската Православна Црква сè додека таа не ги повлече одлуките за поставување на Егзарх во Р. Македонија и за хиротонија на уште двајца Епископи. На очиглед е на сите дека или ја лажеа јавноста, или себеси се лажеа. Еве сега прифатија разговор, без да бидат повлечени тие одлуки. Во секој случај, не им е првпат сосем грубо и невешто да лажат и да манипулираат со јавноста.Како што тоа го прави секој лош студент кога бара одлагање на испитот, така дојде расколничкиот митрополит Тимотеј во Белград, на неколку денови пред Соборот во Септември, да бара одлагање на издавањето на Томосот за автономија на Православната Охридска Архиепископија, со ветувања дека ќе се согласат на сè што беше потпишано со Нишкиот документ. Последните негови изјави кои се идентични со оние на расколничкиот митрополит Петар повторно се во контекст на манипулација со јавноста. И двајцата велат дека не отстапувале од автокефалијата и од името на МПЦ. Па тогаш зошто бараат разговори кога од сите Православни Цркви го добија истиот одговор, дека никој нема волја да им го признае разбојничкиот чин на самопрогласување на автокефалија? Во контекст на нивната незрелост треба да се толкува и нивното одење на аудиенција кај Вселенскиот Патријарх г. Вартоломеј, само на неколку дена пред разговорите. Од него веќе неколку пати го имаат слушнато истиот одговор кој ќе го слушнат и овој пат, дека Вселенската Патријаршија не е надлежна за решавање на нивниот спор.
Меѓутоа, ако некој мисли дека расколничките главатари се наивни, грдно се излажал. Тие од ваквата матна ситуација најмногу профитираат. Жално е што ги прават наивни новинарите, кои немајќи поим од еклисиологијата и канонското право им поверуваа дека проблемот бил политички. И наместо да истражуваат како „достојно” живеат расколничите „епископи” кои според нивната вера и живот не заслужуваат ниту во припратата на храмот да влезат, а не рамноправно да сослужуваат со останатите Епископи на Православната Црква, тие (новинарите), влегувајќи во нивна заштита ги направија дека се светители.
Тоа е веројатно и најголемата заблуда која средствата за информирање ја шират во јавноста, поддржувајќи луѓе со сомнителни морални квалитети, но за голема среќа, јавноста, познавајќи ги своите „пастири”, во тоа не им верува. Таквата ситуација и тоа како и#61455; одговара и на власта во Р. Македонија, зашто со таков снижен критериум на моралот кој го диригира токму Црквата, таа (власта) добро плива. Ако средината во која живееме нема издигнато морален и совесен човек чиј збор и дело ќе бидат за пример, каков што треба да биде да речеме еден Архиепископ, тогаш тоа ќе го исползуваат луѓето од власта, да господарат со народот, а не да му служат. Но, за тоа највиновни се токму новинарите кои сите неранимајковци ги прогласија за светители.
На крај, истакнуваме дека во евентуалните разговори коишто треба да се случат со расколниците на крајот од Март годинава ќе учествува и Православната Охридска Архиепископија со свој ополномоштеник. Разговорите ќе бидат во функција на пристапување на расколнииците кон Православната Охридска Архиепископија која е единствена канонска Црква на територијата на Р. Македонија. Нема да биде прифатено никакво решение коешто би отстапувало од еклисиолошкиот и канонски поредок на Православната Црква, а со тоа неможе да биде прифатен никаков друг статус за Црквата во Р. Македонија од оној кој е веќе прифатен од Православната Црква како канонски. Така, канонски неоснован би бил некаков статус којшто го заговараат расколниците, а кој би бил наречен „самостојност”. Таков термин канонското право не познава, а во случајов е крајно неупатно разговарање за употреба на тој термин, од причина, што знаејќи ја неодоговорноста на расколничките епископи на МПЦ, тие би толкувале дека терминот самостојност би значел исто што и автокефалија. Како што е познато, автокефалија во моментов никој не е спремен да им признае. Прво, затоа што никој нема намера да легализира еден црковен пуч на самопрогласување на автокефалија, а второ, што можеби е прво, сите веќе знаат дека расколниците вакви какви што се не се зрели ниту за автономија, а камо ли за автокефалија.
Единственото решение коешто е возможно е да се покајат, да признаат пред сите Цркви и пред народот дека направиле грешка со тоа што направиле раскол, а Црквата е мајка со широко срце, веројатно ќе им прости и ќе ги прими.
Se nadevam deka ADMINISTRATOROT saka da ja zastiti MAKEDONSKATA PRVOSLAVNA CRKVA pa nema da go izbrise pogore postiranoto.
Ovaa go pisuvam da ne ni se sluci povtorno FYROM.
Ako ednas se vkluci VRANISKOVSKI vo PREGOVORI ke bide LEGITIMIRAN,a po toa:sled nekoja godina koga ke se zaprasame zosto go nema imeto MAKEDONSKA PRVAVOSLANA CRKVA, nekoj ke ni kaze pa STEFAN BESE IZBRAN VO VREME NA VMRO. |
slasa |
vie neste normalni zosto da bide dvojno ime na MPC ?
MPC e Makedonska Pravoslavna Crkva i nisto drugo .. Sto treba na srbite gazot da im go lizeme neka idat u PM , nikakov predlog ne treba da se prifajka |
melpomena |
Brat mi se javi pred nekolku chasa, slushashe intervju na Vranishkovski na srpskoto radio vo Chicago. Mnogu sum prijatno iznenadena zoshto vo emisijata se javuvale samo Makedonci i Vranishkovski bil mnogu kritikuvan. Znachi Makedoncite ne se tolku "zaspani" kolku shto mislime, samo im treba vistinski lider[^] |
concrete |
E, melpomena im treba , ama toj e uste vo nekoj jajnik koj uste ne se rodil, a ona drugoto se samo slobodni atomi !!!!!! |
OooOo |
Средба меѓу владиците на МПЦ и СПЦ
Во Синодот на МПЦ денеска се одржала долгонајавуваната средба меѓу владиците на Македонската и Српската црква. Во Скопје пристигнале владиката Амфилохие и Иринеј Бачки, кои разговарале со владиците Тимотеј и Петар.
Што точно е разговарано, никој не сака да соопшти. Владиката Тимотеј за А1 рече дека средбата била неофицијална и изминала во братска љубов, одбивајќи при тоа да соопшти конкретни детали.
Дознаваме дека двајцата српски владици по само неколку часа минати во Синодот на МПЦ си заминале. Неофицијално, на денешниот разговор немало отстапки ниту од една страна.
Додека Србите нудат автономија и се закануваат со признавање на црквата на Јован Вранишковски, македонската страна не отстапува од својот автокефален статус. |
OooOo |
Во Белград средба МПЦ-СПЦ
Во просториите на Српската патријаршија во Белград, денеска е одржана средба меѓу поглаварите на Српската и на Македонската православна црква, српскиот патријарх г.г. Павле и архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан, соопшти Синодот на МПЦ.
На средбата, одржана по писмената покана од српскиот патријарх, се разговарало за изнаоѓање патишта и начини за надминување на недоразбирањето меѓу двете цркви, преку дијалог.
Разговорите поминаа во духот на евангелската љубов и меѓусебното почитување. И двајцата поглавари изразија надеж за решавање на повеќедеценискиот спор, стои во соопштението од Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква. |