Има ли нешто сиво, или се’ е бело и црно? | |
Strelec | Има два поводи да го отворам овој топик. Прво, обраќањето на ОооОо кон lav, во однос на забелешката дека сеуште не се случило lav да пофали некој потег од власта, ниту да искритикува некој потег на опозицијата. Јас би дополнил дека тоа не е случај само со lav, туку уште со многу други овде на форумов. Има многу логика во заклучокот дека на таквите ниту еден став не би требало да им се земе за сериозен. Втор повод за отворање на топиков ми беше тоа што го прочитав во врска со потегот на Жарко Караџоски од редовите на ВМРО-Народна при обраќањето на претставниците на Меѓународниот монетарен фонд. Се работи за оваа вест: Буџетот за оваа година се изготви најтранспарентно, со детално образложена економска програма и пратениците имаа доволно време да ја разгледаат и усвојат. Така треба да се работи и понатаму. Вака претседателот на Собраниската комисија за финансирање и буџет Жарко Караџоски од редовите на ВМРО народна, на претставниците на Меѓународниот монетарен фонд им го објасни односот на власта кон ова парламентарно тело. Потег за поздравување и честитки од мене до пратеникот Жарко Караџоски. Прашање: Имаме ли сили и ние овде на форумов да ги следиме ваквите примери? Може ли да се очекува, на пример од еден Pana да упати пофални зборови за било кој потег од опозицијата? Лично јас се сомневам во таква можност! Може ли да се очекува, на пример од еден трендафил да ја пофали за нешто (било што) власта? Лично јас се сомневам во таква можност! А би ми било многу драго да ме демантираат! |
Strelec | quote:Ретко си заслужила...:) |
intel | quote:Нема големи шанси.Ќе ти кажам и зошто.Пана,Трендафил,Лав,Дивидер,Слацк,.....Ги познавам по форуми доста долго.Симпатизерите на опозицијата никогаш,не кажале еден добар збор за сегашната власт а ја утепаа фалејќи бившата односно сегашната опозиција.И тогаш кога сегашната опозиција сите ја критикуваа тие ја наоѓаа вината кас СДСМ.Ниту збор лошо за Вмро а со дрва и камења по Сдсм од како памтам.Објективност 0. Пана на пример никогаш не кажал арно за ВМРО,ама отварал теми и ја критикувал власта(СДСМ).На ваквите теми и постови како хиени му се нафрлаа гореспомнатите особено Лав со зборови дека се посипува со пепел,дека ете не ве бива време е за предвремени избори итн итн. Некои луѓе имаат предрасуди,а некои не. Пред малку на пример сакав да скокнам до една тема во општи муабети и замисли заклучена.Зошто?Дека насловот и е YU-носталгија најверојатно. Ризикувам да бидам разбран грешно но јас сум сигурен дека за да бидеме држава како што бевме до 90 ќе треба уште многу фурни леб да изедеме,а со опозиција како што ја имаме ќе кркаат и нашите деца од лебот и ќе слушаат прикаски од типот кога ние бевме Америка за Бугарите. |
AaaAa | quote:Askolsun:) |
AaaAa | quote:Za da zasluzish, treba da se potrudish..trudot na toa ne sum go trosela :) Fala na pazar... Druga bese poentata, ama ko po obicaj toj del "ne se" cita. Nejse, da ne ja menuvame temava:) |
kole | Mozis ti da go pofalis Hitler? Jas mu zabelezuvam sto prvo pocna od evreite... A Zarko kako sto i ti samiot rece im objasnuvase na pretstavnicite na MMF, taka da nema potreba valkaniot ves da se pokazuva na komsiite. |
concrete | Normalno e be deka ima po nesto sitno za falenje Strelec, ama toa e tolku sitno, da udaveni vo glupostite morski , ne se ni gleda,nitu zasluzuva dobar zbor. Bitno e nesto drugo: NEMA DOBRI NAMERI!!!!! Prvo kaj MZ, a posle kaj nejzinite dileri vo Makedonija koi gi menuva od vreme na vreme koga ke stanat dosadni i ke zabegaat. Ama gradientot e ist : rastvaranje na Makedonija na Makedoncite vo masa bez miris i bez vkus. Aj zamisli edna moznost: 1990 i nekoja, na onoj togas euforicen narod da mu ja raskazese denesnata stvarnost????? I namerata da gi vodis kon nea!!!!Sto mislis sto ke se slucese so raskazuvacite?????Bilo koj da bese:):):)!!! Vsusnost Strelec problemot ne e vekw crnoto ili beloto , tuku teskoto sivilo od koe veke nisto ne se gleda.....nitu so ILS oprema......:):):)!!!! Za somnevanjeto ic ne se somnevam:):):)!!!! |
AaaAa | Mozno no najcesto samo vestacki. Retki se lugjeto koi uspevaat svoite ubeduvanja koi najcesto se vo soodnos so nivnoto ego da potklenat pred niv i da aplaudiraat na neshto sprotivno na toa, vnatresniot bilans i balans im se krsi na takov nacin. Ne deka nema lugje koi poseduvaat poznavanja i iskreni analiticki sposobnosti, no tie lugje ne "drobat" 200 na saat, obicno rasudite si gi cuvaat sami za sebe i nemaat potreba da ubeduvaat drugi vo istoto, vprocem zoshto bi ubeduval, i uporno pritiskal za neshto sem da si dokazesh sam na sebe si? Sekoj obid da se prikaze deka rabotite ne se ni crni ni beli, no sekogash SIVI bez iskllucok, najcesto naiduva na postojano promenlivi etiketi-te si komunjar, te si izdaica, pa si albanofil, pa si ova pa si ona. Lugjeto obicno ne se prikloni kon raznolikost vo epiteti kon sebe, od toa i nemoznosta za promena na stav i gledanje. Promena na stav, mislenje, gledanje i prepoznavanje retko se gleda ko intelektualen napredok ili razvivanje, najcesto se gleda ko nestabilnost-edna mnogu golema zabluda no za zal realnost. I koga nekoj ke priznae neshto i ke rece bravo, ili da vo pravo si, najcesto go pravi zatoa shto toa se ocekuva od nego, ne zatoa shto stvarno taka misli. A politicarive se neshto drugo, doblesta im pripagja samo na onie koi sakale da bidat del od toa, a takvite se retki, obicno toa se zatoa shto "morale" bidejki toa im se videlo ko najdobar karierski cekor vo daden moment. I seto ova gore navedeno e poradi edna rabota, toa shto Makedonija e daleku od nivoto na razviena kultura vo koja grupnoto e pocituvano, naprotiv se ima vrateno na nazad. Zatoa napadite na zapadot ko individualen i premnogu laden vo soodnosot megju lugjeto, sekogash gi naogjam za smesni, posebno koga doagjaat od Makedonija, kade "eden za sebe, nikoj za site, site protiv site" e izgleda najnoviot slogan. Forumot e ventil da se izbijat licnite kompleksi za mnogu, raka na srce za isklucocite. |
concrete | quote:Da dodadese i : a site za nikade !!! ke bese epten kompletno. Pa moras da priznaes deka eden vakov forum e sepak poeftin od soodvetna medicinska pomos :):):) Inaku ne se slagam deka treba da se molci. Ako site molcat kaj bi bil sega svetot , neznam dali i kameni cekani bi smislil????? |
Strelec | АааАа, фала ти на конструктивниот приод кон ова прашање!:) |
AaaAa | quote:Strelec, jas sum ovde mnogu pred tebe, a neso neznam izgleda.De potseti me kade toa trebalo da primetam a nemam primeteno deka ima ziri komisija u vezi konstruktivni/ne konstruktivni priodi? Da si znam, da posvetam poise vreme, ne za drugo, retko ti ide fala da kazesh :) |
concrete | quote:More ova me natera da preprocitam dvapati, no sega mi e nekako uste pomaglovito grey.Verojatno mojata betonska logika.......batali... |
AaaAa | Ti velam jas se se sivo ti velish Ne :) |
beaver hunter | Za da "ednite" ocenat ili kazat ili priznaat na "drugite" i obratno, deka vo odredena situacija postapile pravilno, treba da se ima kriterium, na baza na koj toa ke se proiznese. Vo princip toj kriterium treba da bide prifaten i od ednite i drugite, odnosno da ne bide osporuvan nitu od ednite i drugite. Vo uslovi na usvoen, postaven kriterium, moze da se ocenuva koj kako go sproveduva, pochituva. A ako stanuva zbor za nemanje kriteriumi, togash.... se znae shto treba da se prevzeme. |
Homer MakeDonski | Сива песна Политичките партии во нашиот Парламент со карактер се на ергенски деликвент или Фалена да си ти позицијо и уште повеќе фалена да бидеш ти опозицијо добро сторена работа Немајќи сопствена идеологија од туѓи се водите во растурањето на Македонија професионално гордо , пратенички во спомен на минатото кога се умираше за пустава маченички Сивило по некој само интересот свој го наоѓа македонштината кога заоѓа |
concrete | Posle ova na Homera ..MRAK !!!!!!! |
protivpropaganda | Добро бре луѓе! Аман! Зарем ниеден од вас не успева да ја увиде и позитивната разлика и очигледниот напредок кој го има во Македонија од `90 год. Зарем толку се опколивте со црнилата што светлината неможете да ја видите? П.С. Освен Интел, кој е погрешно разбран[:D], друг никој не е со постојано живеалиште во Македонија. Сметам дека премногу им верувате на „нашите“ медиуми. |
Homer MakeDonski | Makedonskoto
jet belo i beljo kapce zemia prekriva
kojsto si iska Paspor
i Blgarski dobiva
popicista ili muhamedini
nas mora uvek neko necim da zaokupira
satanisti ilji demokrati ljuti
nema li nikoj na lager
Ke izmislime ke sozdademi kje uvezeme
Ovde jet belo i kapce belo do pola zemlja prekriva
beliloto svetlina ne otkriva
quote:izvini protivpropaganda, ama ne te razbiram ako napredokot e vo sozdavanjeto koloni na tie sto veruvaat vo nivnite prikaski cekapkajki vo kontenjerite ako napredokot e vo zgolemuvanjeto na stravot od toa sto kje ti go donesi utroto napredokot go potvrduvam |
Homer MakeDonski | ako napredokot e vo unistuvanjeto na stopanstvoto od strana na vlastite o Skople i takviot napredok go potvrduvam edinstveno nema napredok vo procesot na otkazuvanje od naseto ime |
n/a | quote:protivpropaganda, bitushanec ti e so postojano zhivuvanje v Gostivar, a na privremena rabota v Skopje [:D] |
protivpropaganda | Хомер, Немој погрешно да ме разбереш. Од кога не си бил во Македонија? Ако е толку лоша состојбата самите инстинктивни однесувања на човекот веќе ќе изреагираа и ќе беше навистина лошо. Малку се претерува во искажување на лошотилакот кај нас. Де факто има негативни трендови, може да биде и подобро ама едно да е јасно, а тоа е што, историски гледано, никогаш не било повозможно македонец да се збогати. Со ваков менталитет толку бидејки власта е одлика на народот, за жал. Имаме изрека која ја имаме заборавено, а е толку силна: Ако мечката игра во дворот на соседот оди помогни му да ја избрка бидејки твојот двор е следен на ред. Оваа изрека укажува на потребата за општествената кохезија и соработката меѓу поединците во општеството заради сигурност, успех и просперитет. Некако не се практикува, нели? Зошто пак, од друга страна, не ја заборавивме онаа штетната: Да му умре козата на комшијата. Да не е можеби затоа што некој не сака да ја заборавиме. Воедно треба да знаеш дека ние македонците сме многу агресивен народ. Повеќе сме склони кон изразување на својата скриена агресивност отколку отворената и свртени сме кон самите себеси или кон своите. Пренасочувањето на таа агресивност кон реалните проблеми и нивното решавање е можно ама за тоа се потребни... Веќе имам многу редено за ова. Имај на ум дека кај нас постои политичко-економска олигархија која по секоја цена сака да остане на тие високи општествени позиции. Не трпи конкуренција и гледа на секаков начин појавата на конкуренцијата да е под нејзина контрола. Исто така постои и елитистичка и централизирана демократија. Сепак таа е олигархија во ова општество и нема да дозволи ова општество да го снема бидејки нема да биде олигархија во друго. И покрај се`, сепак има каков таков задоволителен живот. Ако има проблем тогаш тој проблем треба да се бара во амбициите на поединците во општеството. Забелешка: Не носам розови наочари да знаеш. Ниту сум некој нежен темперамент кој може да ја види и светлата страна на пеколот. Работите си стојат вака како што се. Ако се сака подобро треба да се работи на тоа од индивидуално до општествено ниво од самите поединци, а не да се чека од село колбаси. Патем не можат сите да бидат богати или среќни истовремено. На сите не може да им е погодено, истотака. Всушност, ако е толку лошо з`ш не се борат за поарно, нели? П.С. Добри ти се песните, чоече.[;)] |
Homer MakeDonski | з`ш ? и с`м се опитујем може не се борат за поарно ,за да не биде утре полошо кој да се бори ? решено е македончето да се сели од дома и да биде Македонец на некое друго место .Барем привремено во почетокот. Но ,секако за на век надвор од Македонија Сите не можат да се сити и облечени и нека бидат голи тие што очекуваат колбаси, а со прст не мрднуваат свињите да ги наранат и немора да се ниту патриоти ,никој не очекува во ниту едно општество сите да се патриоти ама можат да си останат во народното .Барем толку се може . Вака нус-последиците на недостатокот ја замаглуваат причината за нивната појава и ја прават причина по самата себеси . Олигархизмот, е уште едно име за историскиот принцип на поткупување на најбогатите и највидните поединци во опшеството преку кои се трасираат на правците на дејствување на туѓите инфлуенци во дадената средина . Кога првенците се стават под нечија капа ,интелектуализмот се задоволува со коски и контролираноста на моралот сведен во инстинкт на мешенцето ,нема потреба од додајни трошоци. Народ со отепан морал не е народ ами народна маса и тоа повеке маса отколку народ . ш`о да праиме во таквите прилики ?Прилики на политички олигархеизам ? Да ја пееме интернационалата разбирливо.Барем почетниот стих ... Напред студентаријо Од сонцето се сокриј сонце да те грее Од луѓето оттргни се меѓу нив ако сакаш да останеш Лишувај се од слободата ш`о побргу да те стигне Вовлечи се во кафез, одробувај го своето Оти своите треба да ги бараш права Не заработувај за да учиш Учи за да работиш . Остави ја љубовта која тоа не е , вистинската нека ти замени патењето. Зошто тага и чуство на немоќ ? За матните и темни води на животот развиј го своето бело едро и низ нив плови весело и ведро И напред студентаријо читај,читај и само читај и од тебе да излезе некој орган. Поарно е да излезе отколку да го *чуваш во гаќите ... белешка *чуваш не е националност п.с сум ги читал пишаното за редено од твоја страна и маргинален е дијапазонот на несогласување поздрав |
AaaAa | quote:Zgreska, na sekoj eden dokument koj go populnuvam, mesto na postojano zivealiste mene mi e Makedonija [:)] A za pozitivnata razlika, od obid okjoravev--za smetanjeto no comment. |
protivpropaganda | Хомер,
Понизно стојам пред силата на твојот пишан збор!!!
quote:БРАВО!!! |
protivpropaganda | quote:Навистина? Ај да се најдеме и да се скараме, пуздер да се напраиме, онака face to face, преку едно кафенце. Шо велиш? quote:Retki se lugjeto koi uspevaat svoite ubeduvanja koi najcesto se vo soodnos so nivnoto ego da potklenat pred niv i da aplaudiraat na neshto sprotivno na toa, vnatresniot bilans i balans im se krsi na takov nacin. Зарем толку се опколивте со црнилата што светлината неможете да ја видите? Бидејки си во Македонија. Обиди се уште еднаш, ама овој пат селективно, а не генерално. Прво разгледај ги продавниците, потоа начинот на облекување, возилата, посетеноста и бројноста на кафаните, новите градби и тн. Потоа обиди се да се сетиш како беше порано. Направи го обидот. Ќе увидиш и самата. Барем направи мала дупка во тие црнила кои те имаат зафатено. Проблеми постојат, простаклук за извоз и курназлак до гуша. Обиди се да им видиш зад маските кои ги ставаат. Без однапред фиксирани идеи за тоа како се` изгледа, ОК? И запамети дека секоја птица со свое јато (треба да) лета. Не може да очекуваш, ниту да осудуваш секого затоа што не е интелектуално поткован или емотивно зрел. Те бива за аналитика ама на колективно ниво. Овој пат направи обид да ја простудираш основната компонента на колективното и види дали има дисонанта помеѓу нив и колкава е. quote:[^][;)] |
Strelec | protivpropaganda, ако ми смениш уште еднаш текст ќе те обесам на плоштад! |
dada Sani | Ne oti rekov nesto mnogu vazno, ama i moeto postche go snema[:(!] Strelec, jas castam jaze[:D][:D] |
AaaAa | quote:Da navistina--Mesto na POSTOJANO Zivealiste znaci mesto kade shto vo sekoj daden moment, bezuslovno mozesh da zivees, ostanatite mesta se mesta na PRIVREMENI zivealista. Toa shto ti ne vnimavash na upotreba na dadeni zborovi, neznaci deka treba da se duvash uste pomalku deka nekoj ne smee da se nasali.:-))) Mene, adresata doma vo Makedonija mi e mesto na POSTOJANO Zivealiste, se ostanato e Privremeno ili Temporary residency. Sakav da se nasalam, poso znaev deka odma ke skoknesh:))) A za karanje i raspravanje toa ni u snu, uz kafe nikogash ne se raspravam, neblagodarna rabota pred takov pijalok:) Za ostatokot podocna, raboten den pocna ovde :) |
protivpropaganda | quote:[:D][:D][:D][}:)][:D][:D][:D] Ај добро, скокнав како што претпоставуваше. Всушност самата докажа дека не си присутна во Македонија и немаш осет за суштинската атмосфера тука и дека сите твои информации се од медиумите или од рекла-казала. Нејсе, тоа што планирав да го кажам, го кажав. Тие што прочитаа нека си ја мислат, ако имаат потреба да размислат, нели? Зарем толку ќе те болеше да признаеш дека сепак не ослепе барајки ги позитивните работи во Македонија бидејки не си се ни обидела, односно географската дислокација од твоето постојано место на живеење не ти дозволува детална и прецизна анализа. quote:Исто така би требало да знаеш дека кај нас, во Македонија, доколку не се согласуваш со аргументите на соговорникот и ги браниш сопствените аргументи дека тоа не значи ништо друго освен дека се караш со соговорникот. Се сеќаваш на ова или толку многу си надвор од Македонија што веќе заборави? The clue со кој требаше да го забележиш ова беше понудата за кафенце/ лаф муабет. Зошто не го виде белото/сивото (greyscale), a го очекуваше само црното? Како луѓе сме предиспонирани да ги гледаме работите околу нас според претходни искуства и често правиме ментални кратенки во мисловниот ни процес. Да не влегувам во начините со кои се манипулира со ова. Никаде и никогаш не е црно или бело. Јинг, џоа јанг финта е воа, човеци. ЕЕЕЕЕЈЈЈ[:D] П.С. Сеуште важи поканата за кафенце. |
n/a | quote:Strelec ne sme vo 1947 g. koga kvazi-komunizmot take vladeese i vistinskite komunisti i borci za RM bea odneseni na Goli Otok ili ubieni pri iscenirani begstva, a doneseni srbomanski spioncinja cii prodolzetok e najnovata vlast[:(!] Tuzi ga ptotivpropaganda, ne ga ubivaj (tetoski malu) [:D] |
protivpropaganda | quote:Битуш, Е убаво ми мислиш. Срам да ти е. Да ме тужи, а? Парите да ми ги земи? А бе ееееееј, пари се тоа. Јас живеам во Македонија, морееее! Од кај да ги најдам? За бесење не требаат пари, плус ќе ми направи бесплатна реклама. Човекот сака да ме беси на плоштад. Знаеш ли што значи тоа во рекламен аспект? А ти го тераш да ме тужи, бреееееј! |
protivpropaganda | quote:Срцуш, БРАВОООООО!!! Конечно. А велиш дека си ослепела барајки го светлото во нашето општество. Не си море чупе. Ти само повремено премногу се концентрираш на црнилата. Патем камо аргументи против потребата за еднакви услови во општеството.? |
protivpropaganda | quote:Срцуш, Кажав што имав да кажам. „Свака част“ за осетот ама „рука“ на срце, златна, сепак немаш поим, но не само ти, за суштинската атмосфера ама затоа кај тебе се наѕира доза на арогантност која те заслепува. Нејсе. Имам само да ти кажам: Retki se lugjeto koi uspevaat svoite ubeduvanja koi najcesto se vo soodnos so nivnoto ego da potklenat pred niv i da aplaudiraat na neshto sprotivno na toa, vnatresniot bilans i balans im se krsi na takov nacin. Едно бистро момиче го има ова кажано. Проблемот кај неа е тоа што често не верува во тоа што самата си го кажува. Никогаш во Македонија не биле продавниците пополни, а што е најчудно стоката се троши од „бедните“ граѓани!!![:0] Никогаш во Македонија не се градело повеќе, а становите однапред да се купени!!![:0] Никогаш во Македонија не се возеле толку многу нови возила!!![:0] Никогаш во Македонија немало толку кафеани воедно и секогаш полни!!![:0] Никогаш во Македонија... Ехехееееј шо црнила ќе да беа!!! Се` саде црнила, ебаго!!![V][:D] Има само една, меѓу другите, работи која е зла. Никогаш во Македонија, македонецот не вршел пропаганда врз своите заради негово продолжено експлоатирање на сопствениот народ. |
KoPiLe | Strelec ...losh primer si zemal ...Zarko Karadzoski so svojata izjava ..da dade nekoj drug izjava shto drzi mesto za primer oki ...na zarko sakaa kujkata da mu ja zapalat tuka vo prilep koga premina od maticnata partija vo taa shto e sega...a inace kako i da e mora da e crno i belo ..ili e da ili e ne ..ili e crno ili e belo ..nema neznam nemozam mozebi ..ako e edno neshto kako shto treba togash taka e i nema mrdanje..ako ne e togash ne e ...ako ne se znaj kako shto treba i ako se ostavi prostor za shekulacii koi shto mediumite go iskoristuvaat za da si gi prodadat vesnicite i da mu se gleda televizijata ...togash vladee sivilo i nezadovolstvo ..samo shto shteta e shto toa sivili prerasnuva vo crnilo..pa koga ke prerasne skroz vo crno ke vidish deka navistina nema sivo..nego e ili belo ili crno..[;)](ili mozi da go spominish istiot pratenik ama od druga gledna tocka ...beshe za beloto sega e za crnoto ...ili obratno ..beshe za crnoto sega e za beloto...beshe so edna partija sega e protiv istata...) |
AaaAa | quote:Am ti samo skokash u princip. Ako momentalno sum nadvor neznaci deka neam oset za sustinskata atmosfera. Mnogu pretpostavuvash i generalizirash. 2/3 od poslednite 2 godini jas bev vo Makedonija, iam mnogu povekje oset od mnogu drugi shto se vo Makedonija, posto i ko ne sum, ne sum u Pehcevo ili u Gjorce zatvorena u krugot mil na istomislenici. Ali so ti raspraam tebe ustvari. |
gAZDATA | Sivo e :) |
concrete | quote:Da i se poveke lizga kon crno!!! I toa ne ona crno od crno-belo , tuku epten crno-CRNOOOOO!!!! |
Strelec | gAZDATA, не го слушај concrete... За него не постои белата боја! Таков му е табиетот!:) |
concrete | Strelec , navistina se nadevam deka na leto ke ni se presecat traektoriite, pa ke vidis deka gresis za mojot tabiet ,ama ajde da se nadevame.....:):)!!! |
slasa | quote:evo jas vi se pridruzuvam |
AaaAa | quote:Arogantnost? Arogantnost e da sudish za nekoj a nishto da ne znaesh za nego, i ne samo arogantnost toa e slepilo zlaten. Ama ajde, imash kafeani i prodavnici polni, otamu vidicite se otvoreni prema horizontot, a moive zaslepeni od ovde. Ego? Heh aplauz i za tebe i za bistroto momce,(ni pomalku nego MOMCE) :) Majka mi nema snaga za tolkava arogantnost. |
AaaAa | quote:Sramota e ova shto go kazuvash-vo rok od 6 meseci kolku shto bev vo stip minatata godina se otvorija 3 novi prodavnici od stilot na Vero, se zatvorija vo rok od mesec dena. Se otvoril sega Tinex, gazdite se spremaat da go zatvorat, zatoa shto e prazen. Nikogash vo Makedonija lugjeto ne kupuva tolku kafe na "mera," zatoa shto nemozat da si go priustat ona vo paketki koe e 20 denari poskapo. Nikogash vo Makedonija predhodno ne se kupuvalo kaskaval i meso vo po 200 grama. Nikogash vo Makedonija nemalo lugje od na selo so burinjata mleko koe go prodavaat niz grad (ne pasterizirano i ne provereno) zatoa shto go sitkaat za 10 den., litar. Nikogash vo Makedonija lugjeto ne idele vo mesara samo na praznik. Nikogash vo Makedonija vo prodavnicite za meso ne falelo svezo meso, i ne se cekalo 3 dena za da se donese zatoa shto na mesarite ne im se isplakja da go naracuvaat pred vreme bidejki ne se trosi. Da, nikogash vo Makedonija nemalo stranski vocen jogurt ko shto ima sega, megjutoa niukogash vo Makedonija istiot ne go kupuval istiot nikoj drug sem novo pecenite clenovi na makedonskata oligarhija, i mockovcite kako mene koga ke se vratat od zapad. 60 denari 30 grama jogurt na drugite tesko deka im fakja oko, zatoa jas na dva pati letovo kupiv jogurt so istecen rok. quote:Pak ke recam sramota. Kupeni od kogo? Od makedoncite koi si gi prodadoa onie vo tetovo? Od Albancite koi se vratija od Germanija? Od Karolina Goceva i Tose proeski? Od radmila Sekerinska? Ili mozebi kupeni za bagatelna cena nekogash socijalnite stanovi, cii predhodni ziteli nemozea da si gi zadrzat zatoa shto ne im bese dozvoleno da gi kupat, a gi kupija partiski potrckovci za nikakvi pari. Ili zborish za novite gradbi na vodno mozebi? Ili zborish za se pogolemiot broj bezdomnici vo Makedonija? quote:Pak ke kazam od kogo? I kakvi vozila doneseni od kade, po koja cena i po koj sverc? Koj vozi novi vozila? Mozebi socijalniot rabotnik od Fas 11 oktomvri? Ili sinot na Verushevski? quote:I ova go smetash za pozitivno? Znak za apatijata na opstestvoto. Da polni se sekogash kafanive i kaficive, so 14-15 godisni deca koi pominuvaat 5 saati so edna kisela voda. Zboruvash za Kaficite cii gazdi pocnaa da ne dozvoluvaat da sednesh ako ne piesh, bidejki profitot im e nula a guzvava e nepodlosliva. Ili zboruvash za skopskite kafani polni so novive clenovi na oligarhijava, ili drzavnite veleposlanici ili taka narecenite diplomati koi ja polnat idadija? Si zborel so nekoj gazda na kafana da ti kaze profitot koj im e u sporedba so pred 5-6-7 godini. se somnevam, bidejki mene drugo mi kazuvaat. Se polnat, bidejki nemaat lugjevo shto drugo da pravat, da nemaat pari na odmor da idat, ili na skijanje na mavrovo? Ne imaat za edna sopska uz edna rakija i 5 saati za gubenje. quote:Da protivpropaganda NIkogash, nikogash vo Makedonija nemalo tolkava razlika pomegju visoka i niska klasa. Nikogas vo Makedonija nemalo tolku malku lugje koi i pripagjaat na srednata klasa. Nikogash vo Makedonija nemalo tolku stecajni rabotnici. Nikogash vo Makedonija nemalo tolku studenti koi se otkazuvaat od studii zatoa shto nemozat da si priustat 50 evra stan vo Skopje ili 100 denari karta do Skopje. Nikogash vo Makedonija nemalo tolku nemastija...nikogash. Nemastija megju narodot ne gospodata koi setaat niz GTC, i Bunjakovec. Tuku bivsite rabotnici na Makedonka, Astibo, Fas 11 oktomvri, medicinskite lica, rabotnicite. A da, ima za decata na novopecenite biznismeni, za kriminalcite za onie so mercedesite, i vocen jogurt ima za niv. Jas neznam vo koja drzava ti ziveesh, drzava koja povrsno mozebi odi napred, drzava vo koja drugarite moi ko ke se vratam me vikaat na rakija doma, zatoa shto za razlika od predhodno denes nemozat da si priustat ni 50 denari kafe. Za taa Makedonija jas zboram, ama jas ziveam na selo u stip, a tamu nema bunjakovec i GTC. quote:EH DA!!!! |
protivpropaganda | quote:Don`t bet your anything on what you said. You are not as complex and isolated as you would like to think.[:(!] Ако е толку лошо како што напиша з`ш си седат мирни човеците, ле? З`ш не си бараат поарно? З`ш не бараат фер услови во општеството? Туку ги бараат привилегиите на чуваниот добиток!!! Велиш село во Штип, а? Е па, ај да го споредиме со села во битолско, гевгелиско, радовишко, струмичко... Там` дека лујџето работат за живот, а не чекаат од град колбаси. Нешто многу поголеми куќишта ми имаат изградено од `90 наваму. Море што трактори нови, машала. Ех да, тие порано кој имаа врски во откупот на гигантите наши во тоа време имаа додека другите гладуваа. Сега ги нема гигантите, ги нема врските. Сега ако не си мрзлив и сам си го пласираш своето производство ќе добиеш профит вреден за трудот. Ако бараш друг да ти ја заврши работата... Немој да ми плачеш за луѓе кои биле и се навикнати на малку работа, а голем ќар, што ништо друго не прават освен што плачат за некое дамнешно, само за нив, минато. НАМЕСТО ДА СИ ГЛЕДААТ КОЛКУ ОНИ ИМААТ само гледаат колку има другиот!!! YOU BLEEDINGHEART LIBЕRAL. Треба да го жалиш, односно да му помогнеш на тој што се обидува да излезе од воспоставената шема ама бидува спречен од разно разни работи, не мрзливци и плачковци кои чекаат со уста отворена јадење од небо да им падне, а плачат кога нема да им падне. Мои роднини, за врме на соц. беа во голема немаштија. Сега глава не можат да кренат од работа, а за имотност да не збориме. Имам пријател кој го напушти градскиот начин на живеење, каде што беше „голтар“, а сега е побајаги имотен, добра плата дава и вложува во други земјоделски и сточарски гранки. Да не ти кажам колку сакан човек е во својата нова околина. Еден друг пријател кој немаше за што куче да го касни. Отпуштен како технолошки вишок го искористи своето знаење да заработи во производството на амбалажа. Друг, исто така пријател му ја печати таа амбалажа за да се добие комплетен и поконкурентен производ. Иста ситуација со друг кој сега произведува фолии за потребите на нашето земјоделство. Ај да не ги редам многу се. Тие не седнаа да плачат и не легнаа да умираат бидејки никој не им дава да јадат. Имаат проблеми, ДА. Ама не може ништо да ги спречи да ги пребродат. НЕ МИ ЗБОРИ ЖИФ ТИ СЕ` ЗА „ТЕШКАТА“ СУДБИНА НА СИРОМАШТИЈАТА, БАРЕМ НЕ ЗА НАШАТА „СИРОМАШТИЈА“. Едноставно бидејки не мрднува со прст за да си ја подобри состојбата, а влечат надолу секој кој има желба нешто добро да направи за себе. |
intel | quote:Треба да знаеш,треба да можеш. |
protivpropaganda | quote:Intel, Ами како!!! Сега, рака на срце, има проблеми и тоа не мали ама може да се пребродат ако се сака. Да не ја редиме околу бирократизираноста и други неекономски елементи кои го загорчуваат животот на секој кој сака нешто да започне. Основниот проблем е во тоа што ретки се тие луѓе кои бараат сериозни реформи во економскиот дел на нашето општество. Патем тие на позиции на одлучување некако не се волни тие малку закони за подобрување на економската состојба да ги спроведат онака за да се овозможат, што е можно, пофер услови за сите во општеството наше. Наместо тоа скратуваат на државниот интервенционизам, а останатото си стои. Исто толку е штетно заглавувањето во црнилата колку што е штетно и да се гледа само во светлината. Велат на компјутерскиот монитор сивата боја била најпогодна за очите.[:D][8D][V] |
intel | quote:Што знам,јас никако да ја забележам.Мене ми е се некакао плавожолто накај црвеноцрно на зелена основа.[8D] |
protivpropaganda | quote:Ауч!!![xx(] |
Strelec | quote:Ова треба да значи дека СДСМ и ВМРО ДПМНЕ бијат битка на фудбалски терен, а?:))) |
AaaAa | Ne Strelec, ova treba da znaci deka nekoj nema sram. Nekoj so ic ne e aroganten, i shto ne e slep, ednostavno si fura zaklucoci so generalna konstatacija deka nit pomalku nit povekje nego seljacite od Stip se mrzelivi i zatoa ne gi biva. Gospodata po skopje i kancelariite se otepaa od rabota, privatnjacive parce praat, a seljacive u Stip i nim slicnite niz Makedonija si sedat i cekaat od nebo da im padne. Ne be protivpropaganda, seljacite od stip rmbaat po privatni fabriki za 6000 denari, prekuvremeno, bez penzisko ili zdravstveno osiguruvanje zatoa shto nema drzava koja ke gi zastiti, a od druga strana ne cekaat nikoj nishto da ne im dade pa r'mbaat kolku da prehranat familija. Seljacite od stip se vratija na selo da zneat, da na svoi 40 godini izgledaat ko da imaat 70 ispeceni od sonce bez kapka odmor za da posle tvoite milenici im ja unistat zetvata so uvoz, a ti jadesh patlidzani po 20 denari. Isto taka i seljacite od Strumica, cii gospoda so niviata pot gradat palati niz strumca. Seljacite od stip i strumica i veles, i saramzalino, i resen i sve ostalo r'mbaat ko skotovi, i r'mbale 40 godini po fabrikite ko skotovi za shto? za da ne 60 godini pred penzija nekoj gi otpusti, a novopeceno nekoe da mi prostish im rece vie ne umeete i neznaete kako!? mrzlivi ste!? Upseaa be da, saka gradski gospoda uspeaa, upseaa lugje koj za vreme komunizmot lezea po zatvori po germanii, ima takvi u stip kolku sakash, uspeaa onie koi imaa od kaj da lapnat za da otvorat neshto svoe za vreme tranzicijata...umee i znae 10% od naselenieto, ostatokot e mrzliv! I jas sum posle arogantna koga mrcam za makedonija, epa ok be protivpropaganda, ok, zanikade sme posto sme eden MRZLIV narod koj ceka da mu padne od nebo, znaci ne e ni zapad kriv, ne e nikoj kriv, samo ti sakaj, i raboti i mleko ke ti potece. Sakaat da, sakaat site rabotnici vo stip na koi se izivuvaat novite kopiljaci, sakaat site lugje so diplomi fakultetski koi denes cistat kukji i kopaat dvorovi za da si go prehranat semejstvoto. Ubavo za tvojata familija i prijateli, ama takvi ke pretpostavam cesni rabotnici koi uspeale se mnogu malku, ti makedonija ne si ja videl. Pak ke kazam ne e Makedonija u Bunjakovec. Otidi na pazar vo strumica, stip, resen kaj sakash na pazaren den, i vidi gi seljacite koi cekaat kolbasi da im padnat kako prespivaat na pazar a so drtavite im ficinja utre denta idat drug grad za da prehranat semejstvo. Posto jas nema od kade da vidam, idi ti vidi. Tie istite seljaci na vremeto imaa ubav selski zivot na selo, ama nekoj im go cenese trudot, bea pobitni od poltronite po kancelarii. A ne se krevaat na bunt, znaesh zashto? Zatoa shto dzabe im e toa, na toa se gleda ko "VLecat se so niv, nadolu." Zatoa ko ke se krenat da go blokiraat patot veles stip policija gi sprecuva posto 20 godisniot "gospodin" so landroverot od stip nemoze da pomine. Ti be svesen si deka lugje koi rabotat 60 sati nedelno vo fabrika nemozat da si priustat 20 denari da im se porapvi zab? Ti toa go smetash za kolbasi? Epa askolsun be protivpropaganda, ama izvini, iako jas imam, i iako i moeto semejstvo ima, jas nemozam da se cukam u gradi i da recam epa moive znaat , a seljacanava mrzliva neka umre ako saka. Ne za seljacanava placam , placam za lugjeto koi se OKAPUVAAT OD RABOTA --OKAPUVAAT a nekoj gi narekuva mrzlivi. Za tie placam, a tie se povekje od pola Makedonija. Uzivaj si ti, jas na temava nema shto pojke da kazam, i daj boze da si u pravo, samo mrza da e, ke procvetame kaj i da e, posto znam deka ne sme nie mrzliv narod, a toa i sam si go kazal. |
KoPiLe | quote:premnogu energija si vlozila da mu objasnish na nekoj na koj shto nemozish kolku i da sakash da mu go smenish mislenjeto ...batali[;)]toj malce shto gleda barem so ednoto oko i shto razmisluva so del od mozokot ja gleda situacijata onakava kakva shto e prisutna(kako shto si kazala ti) za razlika od drugi..all best and stay cool[;)] |
protivpropaganda | Срцуш,
За секоја критика си, да знаеш!!!
Што за тебе значи ова:
Патем тие на позиции на одлучување некако не се волни тие малку закони за подобрување на економската состојба да ги спроведат онака за да се овозможат, што е можно, пофер услови за сите во општеството наше. Наместо тоа скратуваат на државниот интервенционизам, а останатото си стои.
Читаш и сфаќаш селективно.
Настроена си кон нешто да мразиш, а не си видела дека скоро низ сите наши „караници“ за истото пишуваме ама на различен начин. Не ме обвинувај мене за твоето слепило.
Патем, селата кои ги спомнав прифатија да соработуваат меѓусебе и да си ги финализираат производите. Сега прават профит од нивниот труд. Селата во штипско и одредени други места не само што не прифатија туку и не исмејуваа верувајки им само на своите авторитети, на истите оние 20 годишњаци со лендровери.
Додека ти само плачеш по нив јас (не само јас) се обидов да им помогнам.
Патем, успешните, односно тие кои ги прифатија „новите“ начини на работа, пропаднаа кога почнаа да им веруваат на тие 20 годишњаци кои ги спомнуваш. Самите си се виновни.
Во Ресен нема пробив на пазарна економија бидејки... Ај да не ја лафам!!!
А ти копиле, немаш право да збориш како што го има Срцушот бидејки таа се има потрудено барем нешто и да научи и продолжува да учи. Чест е да се расправа со неа, со тебе е само губење на време. |
AaaAa | Jas i ti mislime isto? jas i ti za istoto pisuvame? Da, jas od ko ke napisam :) celosniot tvoj argument bese baziran na "mrza" ako ne celiot bar 90%, ti toa za mislenje go racunash? Te molam ne go izednacuvaj moevo mislenje i rasuduvanje so tvoevo, nareci me slepa, arogantna, so sakash nareci me, samo probaj da ne se mestish u ista kada so mene, poso do sea so mislenjata ni do plockite ne sme stasale zaedno ne do neso drugo. Jas sum slepa, i treba da ucam ama jas i ti Isto NE mislime. POsto ti na kraj mi vadish eden paragraf i edna recenica za 20 godisnjaci kako pecat soglasnosti Awoa - epa sorry, Jas sum slepa, ama ko tebe ne mislam, poso jas i za inat koristam dinja. Bidi mi dobar |
protivpropaganda | quote:Срцуш, Јас напишав дека за исто пишуваме, а не дека исто мислиме. Имет разлика, чупеее. На памет не ми има дојдено со тебе во када да влезам. Најверојатно тоа и ќе да е твојот проблем. Проблем што не можеш да најдеш некој со тебе во када да влезе. Велат дека агресивноста кај човекот е обратно пропорционален со зачестеноста на неговите интимни контакти, да не зборам и за нивниот интензитет. Нека ти е жив инаетот и со здравје да си ја јадеш дињата. Не би ми било интересно ако се согласуваш со мене, а твојата тесна дефиниција за тоа што го напишав не ти служи на чест бидејки не е само мрзата таа која не им дозволува да си ја подобрат ситуацијата. Ај во твојот следен пост аргументирано укажи зошто не се потребни еднакви услови во Македонија, наместо да ми плачеш како навредена примадона затоа што ми се допадна твојот начин на именување на одредена групација во нашето општество. |
AaaAa | Nekoj si brise postovi, samo neznam koj. Protivpropro, po obicaj posle 5tiot post od ko ke se izgubish pukash Frojdovski demagogiji, kolku ocekuvano:)ama uzasno ne intrigantno. Go zaboravi umnoto momce samo ovoj pat. |
concrete | Da rezimirame : snegot e bel (obicno), antraxot e crn (skoro sekogas) maglata e SIVA ( vo 2569 nijansi)!!!! A ako kadata vi e mala da vi preporacam a hot tub , plus Jacuzzi ??? [img]http://www.growhere.com/nordic1/images/p_accessories.jpg[/img] :):):)!!! Normalno ..prazna i bez koktelite i peskirite !!! |
AaaAa | Ko ke razmislish ako pisuvanje ne e rezultat na mislenje(sem ako nekoj ti diktira-sto i ako e slucaj pro ne bi go priznal, iako na momenti izgleda taka)i sledstveno ne smee da se povrze, togash i vozdusni baloncija u voda ne mora da bidat rezultat na vodni pumpi, pro pro moze da si prai gargara :) Zaklucok-ne treba dzakuzi, vo Makedonija ima se, samo ako se znae i umee. [:)] |
AaaAa | Ili ti si zbunet, ili dodeka se razbudish nasabajle da idesh na rabota i odgovorish, se ti se mesa. Aj vrati se i procitaj se od pocetok, a jas ke ti uramam brk, posto ova samo za na slika e :) pozdrav od dalecnite horizonti |
Strelec | go smestija protivpropaganda vo foodprocesor!:))) |
zlotty_co_380 | "Има ли нешто сиво, или се’ е бело и црно?" A zosto "crvenata boja ne e pozelena od kafeavata" ? |
AaaAa | quote:Aj izbrisi si go sea postot pak[:)] |
Strelec | quote:Ubila si pogresnog coveka!:) Ne sum izbrisal jas post! |
AaaAa | Ne pukam jas ic da ne se sekirash. A da "ne sum jas izbrisal post' e mnogu logicno, i mnogu objasnuva:) Ic ne se ni somnevam... :) |
Strelec | AaaAa, признај дека и дома (уште како мала) секогаш си го имала последниот збор!:) |
AaaAa | Zarem ikogash se imash somnevano vo toa? Normalno, sem ako samar ne se racuna za zbor :))))) lol |
protivpropaganda | quote:Срцуш, Ма јок, не сум збунет само провоцирам троа.[:D] Патем камо аргументи против потребата за еднакви услови во општеството? |
AaaAa | quote:Citaj treta recenica od trinaeseti po red post od pozadi na napred-- :) mecka se krie u rupa ama od vreme na vreme trga ruvo-taka i ti-a taka i nekoi od nas, so pogolema doza na licen respekt [:)] |
KoPiLe | quote:ti si nikoj i nishto za da mi kazish dali mozam jas da zboruvam t.e da pishuvam ...toa ne ni beshe napishano za tebe ...i ti imam kazano ...ako neshto ti smeta vo toa jas shto imam napishano ignoriraj go ...od toa shto go znam jas i go ucam jas si znam dali imam korist ili ne ..ti si najmalku toj shto treba da kazi ..ustvari ich ne si ..i ne si go gubi vremeto so vakvi kako mene ti imam kazano stavi tamu ignore i ne me citaj i krckaj si ...so tebe ne e gubenje vreme ...ti si prajhs sam "sakam kazam neznam recam" |
protivpropaganda | quote:Срцуш, Важи!!! Патем камо аргументи против потребата за еднакви услови во општеството? |
AaaAa | Samo decata i mentalno neosposobenite ne se razbiraat so zbor :) Odbi bre! |
protivpropaganda | quote:Срцуш, И јас на тебе исто за да бидеме на чисто!!! Патем камо аргументи против потребата за еднакви услови во општеството? |
OooOo | Ima sivo i tuka .. [img]http://soccerstuffnmore.com/uploads/images/N-78b.jpg[/img] |
gAZDATA | A be petka drustvo ste za kavga, ama nekako ne mozam da ve sledam. Topikot e crno-belo a vamu cudni muabeti za mrza i koj sto rekol. Dajte VMRO-SDSM, pa nekoj erotski situacii so bliski rodnini od zenski pol, pa ja tebe vaka sestra ti... :) Sala na strana naslovot e nekako premnogu opst, a nie ke si ja po obicaj zloupotrebime slobodata. Kaj nas e crno e fer e da e barem sivo i mislam deka sivoto nudi nekoj konstruktiven dialog kako da postigneme blazensvo-belo. Kako li mozat ovie japancite non stop da se smeskaat? Nie glupi li sme da sedneme i da se dogovorime kako da ja opravime, a kolku sme pomalku bi trebalo da e epten lesno? |