Перваја черква вв Славјанов
Перваја черква вв Славјанов
Homer MakeDonski Претпоставувам дека cabrini би можел да биде поконкретен за тоа кој и кога ја ѕида првата црква кај *Словените Или и било кој друг запознаен со ова ?
cabrini Navistina ne mi e poznata taa informacija, no bi bilo interesno da cueme ako znae nekoj.
Homer MakeDonski можеби меѓу првите http://217.16.70.236/?pBroj=2716&stID=51690 СЕНЗАЦИЈА ВО СЕЛО СТЕНЧЕ, ГОСТИВАРСКО Откриена најстарата епископија во Полог Најстарата позната ранохристијанска епископија во земјава и досега најстарата позната ранохристијанска црква во Полог е сензационалното откритие и се наоѓа на археолошкиот локалитет Градиште, кај селото Стенче, оддалечено 12 километри од Гостивар, вели археологот и професор Виктор Лилчиќ, раководител на Институтот за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Најсигурна потврда за тоа се трите ранохристијански крстилници крај црковниот комплекс од истиот период - крајот на 4 и почетокот на 5 век. - На ниедно друго место во Македонија не постојат три посебни крстилници, изградени за еден ранохристијански црковен комплекс. Вообичаено било да има една крстилница, која со текот на времето била проширувана или ремоделирана на истото место. И покрај тоа што во Стенче нема монументален ранохристијански објект како во Скупи, Стоби, Хераклеја и во Лихнид, откритието во доцноантичкиот град кај Стенче е редок научен феномен - вели Лилчиќ. Ранохристијанската епископија од Стенче била сместена во највисокиот дел од античкиот град, кој бил изграден на врвот од ридот Градиште. Неговата егзистенција, вели Лилчиќ, се должела на мошне живата патна комуникација со јужните делови на Полог. Црковниот комплекс се состои од неколку простории, а најголем е наосот - местото каде што стоеле верниците. Во црквата, археолозите откриле мала конструкција на внатрешна крстилница. Втората крстилница е сосема кружна и во неа се слегува преку две скалила. - Третата крстилница е најголема и веројатно најмлада. Таа била оформена врз доцноантичкиот градски ѕид. Веројатно била изградена поради зголемената потреба од покрстување во регионот. Претходните две помали крстилници не можеле да ги задоволат потребите од покрстувањето - вели Лилчиќ. Дното на крстилницата (писцина) имало крстовидна основа. Кандидатите за покрстување до неа слегувале по високи скалила од северната страна, со симболиката на северното сатанско студенило на грешниот живот и, по примањето на Светиот Дух, излегувале како новородени, по исто така високите скалила кон источната страна на раѓањето на Сонцето. Ѕидовите на крстилницата однатре биле премачкани со црвен малтер. - На две места била украсена со врежани типични јустинијановски крстови со проширени краеви. За жал, тие се зачувани само во долните краци, бидејќи горните делови од ѕидовите со текот на времето биле урнати - објаснува Лилчиќ. Според Стојан Костадиновски, виш кустос во Тетовскиот музеј, гратчето било силно утврдено место во доцната антика. Имало услови за урбан живот - објекти за живеење, за религиозни потреби и цистерна за вода. Објектите што биле на акрополата биле заштитени со ѕидишта, а под нив имало уште една населба. - Покрај градот минувал стариот рударски пат наречен Стамбол-џаде, кој водел од Охрид преку Скопје до Истанбул. Од тврдината жителите го контролирале патот. Ова е еден од ретките локалитети на кој пронаоѓаме многу движни наоди - монети, фрагменти од керамика, ножеви и друго - вели Костадиновски. Тој работел на првото археолошко ископување на локалитетот во 1983 година. Ископувањата продолжиле пред пет години, а потоа преклани. Министерството за култура ги одобри и годинашните истражувања на локалитетот. Археолозите ќе го истражуваат просторот меѓу најголемата крстилница и црквата. Според Лилчиќ, со оглед на откриените населби микрорегионални средишта од доцната антика, во регионот на Полог постоеле најмалку 11 матични ранохристијански црковни центри и тоа кај селата Рогле, Орашје, Јегуновце, Лешок, Белоиште, (ц)ипковица, Палчиште, Градец, Равен, Стенче и во Горни Челопек.