Македонски Албанец е осуден на 18 години затвор |
Ceki |
Македонски Албанец е осуден на 18 години затвор за изживување врз литванска малолетничка
Шабан Мака, 24-годишен дебарчанец, бил осуден на 18 години затвор без право на помилување, поради киднапирање, изживување и присилување на проституција на едно петнаесетгодишно литванско девојче, завчера во Шефилд, Англија.
Официјално МВР не располага со податоци активностите на Мака во Македонија.
- Немаме информации за него. Да избегал од Македонија поради некои кривични дела, сигурно ќе имаше меѓународна потерница по него - вели Горан Павловски, портпарол на МВР.
Според полициски извори, Мака, како малолетник, бил вмешан во трговија со Албанки од Албанија. Изворите наведуваат дека дебарски макроа му давале само да ги чува девојките во скривалишта и да им носи храна и затоа од полицијата не бил сметан за некаков криминалец. Според британските медиуми, Мака ја напуштил Македонија во 2002 година и илегално влегол во Британија.
Педофилот од Дебар, според англиските медиуми, се сметал за шеф на шефилдските бордели. Тој бил осуден заедно со косовецот Илир Бајрами (25), кој добил 15 години затвор и Џеваир Пиша од Албанија, осуден на 7 години затвор. Против Мака се воделе уште два судски процеса за убиства извршени во Шкотска и во Албанија.
Шефилдскиот судија Роџер Кин бил крајно огорчен од она што го слушнал во судницата, пишува локалниот весник „Шефилд денес“. Тој, го осудил Мака со зборовите: „Ти си навистина изопачен, нечувствителен, неморален и мизерен човек. Твојата жртва имала само 15 години. Патувала дури од Литванија, полна со надеж за подобра иднина, но била многу наивна и ранлива. Поради тебе таа е уништена и нема пријатели“.
По судењето судијата Кин за медиумите додал: „Од овој случај во мене одекнува ехото на деновите на ропство, кога разбрав дека ова недолжно девојче било постојано силувано и препродавано од еден човек на друг“.
„Шефилд денес“ ги пренесува огорченоста и предупредувањето што Кин го кажал по судењето. Судијата посочил дека една четвртина од трговијата со луѓе во Британија се одвивала во Шефилд и дека 120.000 жени од Источна Европа секоја година се жртви на илегалната трговија, а дека речиси целиот бизнис го водат Албанци од Македонија, Косово и од Албанија.
Судот утврдил дека Литванката слетала на аеродромот „Хитроу“ во Лондон ланското лето. Таа се јавила на еден оглас во британските медиуми во кој стоело дека се бара келнерка за во ресторан со потекло од Источна Европа.
Но, само што се симнала од леталото, Мака ја пикнал во автомобил и и го зел пасошот. Со него бил и Бајрами, како и Албанката Лина Јунел, која судот ја ослободил од обвинението.
Девојчето раскажувало како цели три месеци била носена од град во град и постојано силувана од Мака и од Бајрами. Мака им ја давал и на своите тројца браќа, кои исто така неколкупати ја силувале. Девојчето најголемите ужаси ги доживеало од Албанецот Пиша. Тој ја силувал по шестпати дневно. Пиша ја купил Литванката од Мака, а кога се задоволил од неа, му ја вратил.
Една септемвриски ноќ, девојчето успеало да избега во шефилдската полициска станица. Откако била лекувана и сведочела во судот, таа била вратена во Литванија.
http://www.vreme.com.mk/vest.aspx?id=22550
[:(!]
Ova e nesto najgadno so "covek" mojt da napravi. Gi mrazam vakvi luge poveke od bilo so. |
dejan |
sik!
da bese vo makedonija, nekolku meseci zatvor, pa vo bardofci, pa sloboden. |
Divider |
Па пратеник или вицепремиер или амбасадор!! |
SLaCk |
Zatoa makedonski pasosh go pregleduvaat so isti metodi kako iranski pasosh.Jas mislam deka edinstven pameten poteg e dvojazicni pasosi.Ke si znaat sega na zapad koj ima dvojazicen pasos neka go proveruvaat nie ne pravime problemi so ednojazicnite:). |
concrete |
quote: Originally posted by SLaCk
Zatoa makedonski pasosh go pregleduvaat so isti metodi kako iranski pasosh.Jas mislam deka edinstven pameten poteg e dvojazicni pasosi.Ke si znaat sega na zapad koj ima dvojazicen pasos neka go proveruvaat nie ne pravime problemi so ednojazicnite:).
SLaCk sto tebe ti znaci: Crematogaster opuntiae, Ephebomyrmex pima,
za tebe i za mene se samo mravki i toa epten isti.
A za takvi se tretiraat nositelite na kakov sakas makedonski pasos na site mesta kade go zemaat vo race za kontrola!!!!! |
SLaCk |
Epa koga bev pomal isti mi bea mravkite.Ama posle primetiv deka ima edni crvenikavi i shtipat,a drugite se crni i nisto ne pravat samo si se shetaat.E od togas na ednite vnimavam na drugite ne. |
Strelec |
quote: Originally posted by SLaCk
...primetiv deka ima edni crvenikavi i shtipat...
А имаше ли и жолто лавче на нив насликано?:)
|
SLaCk |
na mravki Lavce???Nema shansi, ruzha mozhe imale na (едитирано од администратор) ama treba pod mikroskop da gi stavam i sigurno ke se potvrdat moite pretpostavki.Provereno! |
Strelec |
quote: Originally posted by SLaCk
na mravki Lavce???
Да бе... Мравките не се аптеки!:)
|
concrete |
quote: Originally posted by Strelec
quote: Originally posted by SLaCk
na mravki Lavce???
Да бе... Мравките не се аптеки!:)
[img]http://us.f3.yahoofs.com/users/41f3b481z65155036/mail/__sr_/26ce.jpg?phrIWPCBeHsYnVB_[/img] |
KoPiLe |
razlikata e toa shto ENGLAND e zemja vo koja vladee zakonot.. |