Судски Процеси |
intel |
Започна судскиот процес против Војо Михајловски
Интересна изјава на Шуклева:
Шуклева тврди дека еден килограм сирење чинел 590 денари, а Војо Михајловски и се јавил и и се заканил дека таа мора така да работи. Зографски пак, се правдаше пред да прифати да набавува роба од „Атлантик“, проверил и увидел дека сите центри во Македонија работеле на ист начин, нарачувале роба од фирми, а Фондот ја плаќал.
[url="http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=44483"]извор[/url]
На вестите од канал 5 беше кажано дека Војо и се заканувал со пакување во црна вреќа.
Баш да видам сега дали Трендафил и за ова ќе ја обвини власта односно тогашната опозиција и ДУИ.
|
intel |
Додека Љубе се борел други краделе,нели Слацк.Мора да се казнат.
Трендафил се утепа пцуејќи по сдсм кој за време на војната беше опозиција,а никако да ги спомне лоповите од ДПМНЕ кои дебело профитираа додека гинеа војници и полицајци.А ваму само лаете бранителите,бранителите(класично посипување со пепел).Прочитани сте како селски буквар, нели ти е јасно. |
angel |
Ако некој има мака во решавање на некаков судски предмет, негово слободно право и слободна волја е да извести
овде => http://skopje.usembassy.gov/
Добро е што има некој да не контролира што правиме и да не опомене. |
vancevtodor |
quote: quote:
--------------------------------------------------------------------------------
Originally posted by Strelec
Откако стана српски државјанин, за Драган Даравелски веќе ништо не се превзема.
--------------------------------------------------------------------------------
Такви се војводите од ех-Дпмне,се со двојни државјанства за тутањ.....ама раката на правдата е долга.
Abe Intelco,rakata na pravdata na Kiro ,Branko ,alijas JANACKOVIC...go imala Dalaverski,no go nagradila so 200.000 (so bukvi DVESTA ILJADI GERMANSKI MARKI),citaj:Makedonija Denes-cetvrtok -18 mart 1999g.
"Daravelski medju drugite svoi preokupacii,uredno prijavil i registriral menuvacnica "Juris"locirana vo negovoto kafule vo centarot na Kumanovo i ostvaril sorabotka so Narodna Banka na Republika Makedonija.Narodna banka sklucuva dogovori so menuvacnici,na koi im dava denari za intervencija na devizniot pazar,koi potoa i gi vracaat vo dogovoren period (sest dena )so dva odsto provizija.Se spomenuva deka Daravelski ostvaril sorabotka so eks-guvernerot Borko Stanoevski i vo tekot na 1995god., pri edna taakva intervencija Dragan Daravelski,kako predstavnik na menuvacnicata "Jurois" primil denari vo iznos od 200.000GM,no dosega tie pari ne gi vratil!!
Na 22juni 1995g bilo podneseno baranje za pokrenuvanje istrazna sudska postapka kaj sudijata pri Osnovniot sud vo Kumanovo ,Svetislav Trajkovski.
Vo narednite tri godini,cetiri pati e zakazan sudski proces,na koj Daravelski voopsto ne se pojavil,bidejki"ne bil pronajden za da mu bide vracena sudskata pokana"...
Pa Intelco posle ova gore napisano sledi prasanjeto cii vojvoda bil. Po se sigurno e potomok na tvojot omilen Babunski.
A orginalnata verzija za rakata na pravdata glasi "DOLGA E RAKATA NA VMRO-mozebi ke zadocni no ke DOSEGNE do sekoj PREDAVNIK" |
vancevtodor |
Intelco nagradno prasanje koj bese na vlast od 1994g-1998g.
A moze da odgovori i pocituvaniot Strelec.
p.s nagradata nema da se deli.Ke ima dve prvi nagradi do kolku ima tocen odgovor. |
Strelec |
Заврши претресот против Ламбе Арнаудов
Заврши претресот против екс директорите на ЕСМ Ламбе Арнаудов и Мирољуб Пандиловски и против директорот на приватната фирма „Блиф“ Владо Серафимов за фиктивниот катастарски премер на објектите на ЕСМ тежок еден милион евра.
Нивната одбрана во завршните зборови нагласи дека обвинетите кога е склучуван договорот не се познавале. Работите биле започнати на терен но новото раководство на ЕСМ ја раскинало соработката со „Блиф“. Одбраната тврди дека доказите не се докрај изведени и дека авансната фактура со која се платени парите ја одобрил директорот на секторот за инвестиции во ЕСМ.
Мирољуб Пандиловски тврдеше дека некој оваа фактура претходно ја сокрил, а во истрагата било направено писмо со кое наводно катастарскиот премер пред да започне добил негативно мислење. Убедени во невиноста на своите клиенти адвокатите на Арнаудов, Пандиловски и Серафимовски побараа ослободителни пресуди.
Обввинителството пак тврди дека еден милион евра се префрлени на сметката на „Блиф“ за фиктивно вршење на геодетски мерења. Наводно од ЕСМ била земена документација и истата била дигитализирана, но ниту елаборатите ниту компакт дисковите со премерот не биле употребливи.
Во петок судот ќе ја објави пресудата. Со овој предмет, но и со утрешната пресуда за нелегалната продажба на НИП Нова Македонија се затвораат два судски случаи на поранешни функционери кои Американците ги посочија дека премногу долго траат. По таквата констатација процесите експресно беа доведени до завршница.
|
Strelec |
4 години затвор за Тасев, Фетаи ослободен
Основниот суд Скопје 1 денеска го осуди на 4 години затвор Никола Тасев, поранешен директор и претседател на Управниот одбор на НИП „Нова Македонија“, во врска со случајот „приватизација на НИП-от и злоупотреба на службената положба“.
Поранешниот министер за економија Бесник Фетаи, кој беше обвинет за истото дело доби ослободителна пресуда.
Ослободителни пресуди беа донесени и за Душко Аврамски, заменик директор на Агенцијата за приватизација, како и за Зоран Стојановиќ и Гордана Николовска, управители на приватни фирми.
На 2 години затвор е осуден и Ѓорѓи Бошков, тогашен директор на маркетинг службата НИП „Нова Македонија“.
|
Jakov |
quote: Originally posted by Strelec
4 години затвор за Тасев, Фетаи ослободен
Основниот суд Скопје 1 денеска го осуди на 4 години затвор Никола Тасев, поранешен директор и претседател на Управниот одбор на НИП „Нова Македонија“, во врска со случајот „приватизација на НИП-от и злоупотреба на службената положба“.
Поранешниот министер за економија Бесник Фетаи, кој беше обвинет за истото дело доби ослободителна пресуда.
Ослободителни пресуди беа донесени и за Душко Аврамски, заменик директор на Агенцијата за приватизација, како и за Зоран Стојановиќ и Гордана Николовска, управители на приватни фирми.
На 2 години затвор е осуден и Ѓорѓи Бошков, тогашен директор на маркетинг службата НИП „Нова Македонија“.
Што то значи закон за Амнестија. [:(] |
Strelec |
Двајца осудени, а четворица ослободени
Поранешниот министер за економија, Бесник Фетаи, е ослободен од обвинението, како и некогашниот заменик на Агенцијата за приватизација, Душко Аврамски, сопственикот на „БНМ Зоран и други“, Зоран Стојановиќ и Гордана Кузмановска, директорката на „Зум промоушн“, фирма ќерка на словенечката „Југ сторитве“.
Тасев не беше присутен на изрекувањето на пресудата. Неговиот бранител најавува жалба.
„Не сум задоволен воопшто од пресудата. Во дадениот законски рок е поднесена жалба до Апелациониот суд, затоа што нема тука кривично дело“, изјави Саво Коцарев, адвокат на Никола Тасев.
Бесник Фетаи, иако задоволен, одбегна коментар за пресудата. Тоа го сторија и останатите на кои им се судеше.
„Доколку судот донесеше осудителна пресуда, ќе се створеше преседан и проблем во функционирањето на сите влади во РМ од причини што Бесник Фетаи беше само овластен како член на Владата на РМ да потпише договор, а не да распишува тендери“, рече Зоран Теофиловски, адвокат на Бесник Фетаи.
Никола Тасев и Ѓорѓи Бошков се осудени, затоа што 2 милиони евра владини пари наменети наместо за плата на вработените ги префрлиле на сметка на „Зум промоушн“, која пак купила акции од „Нова Македонија“ за словенечката „Југ сторитве“ да стане доминантен сопственик на НИП-от.
Со ваквата трансакција со умисла сториле злоупотреба на службената должност. Останатите 4-ца според судот се ослободуваат, бидејќи не сториле кривично дело.
Процесот за нелегалната продажба на НИП-от траеше 1 година.
|
Strelec |
Напаѓачите на Верушевски добија по една година затвор
Во гангстерска престрелка во скопско Тафталиџе, Александар Верушевски беше ранет во ногата, а за тоа се обвинети Оливер Петров, Никола Митровски и Александар Василевски-Нинџа, кој е во бегство.
Во својот исказ во судот Александар Верушевски на прашањата на судијата често одговарал со:
„Се’ се знае, се’ сум кажал, па земете сами прочитајте“. Тој сепак го посочи Оливер Петров како човек кој пукал во него со голем пиштол и го погодил.
На минатото рочиште второобвинетиот Митровски признал дека тој пукал во Верушевски, а повеќе сведоци потврдиле дека Верушевски прв почнал да пука со пиштол со буренце, кој по престрелката не е најден.
18-годишниот Верушевски денеска во своја одбрана пред судот, противниците и својот татко изјавил:
„Јас не носев железо, доколку имав пиштол, ќе имаше мртви“.
И покрај ваквите контрадикторни изјави и сведочења, двајцата обвинети Петров и Митровски беа осудени на по 1 година затвор за обид за убиство на Александар Верушевски.
Сега и официјално, жртвата Александар Верушевски го напушти судот со својот татко, висок функционер во Агенцијата за разузнавање.
Проблематичниот син на разузнавачот и досега бил на суд, но како обвинет за обид за убиство, за прегазен човек, но секогаш се извлекувал со пресуди за засилен родителски и социјален надзор.
Сите тоа го поврзуваа со позицијата на неговиот татко Зоран Верушевски, некогашен шеф на ДБК, а сега висок функционер во Агенцијата за разузнавање.
Последниот инцидент со помалиот Верушевски беше пред 2 недели. Тој заедно со еден другар претепа момче во скопската населба Аеродром.
|
Jakov |
quote: Originally posted by Strelec
Двајца осудени, а четворица ослободени
Поранешниот министер за економија, Бесник Фетаи, е ослободен од обвинението,
Nagradno prasanje,
Kako se vikase sudijata sto go vodese sudskiot spor protiv Besnik Fetai????
glavna nagrada......"home made cookies"[;)] |
Strelec |
2 години затвор за Ламбе Арнаудов
Казни затвор од по две години им се изречени денеска на поранешните директори на ЕСМ, Ламбе Арнаудов и Мирољуб Пандиловски и на скопскиот бизнисмен Владо Серафимов.
Сите тројца Основниот суд Скопје 1 ги прогласи за виновни за злоупотреба на службена должност и овластувања, а во врска со финансиски малверзации во ЕСМ.
Екс директор на ЕСМ Арнаудов, неговиот заменик Пандиловски и сопственикот на фирмата „Блиф“ Серафимовски, се обвинети за фиктивен катастарски премер на објекти на ЕСМ вреден еден милион евра.
Покрај затворска казна, судот на Арнаудов и Пандиловски им изрече и „забрана за вршење професија, дејност или должност во траење од четири години“.
Од осудените се плени имот во вид на патнички возила и 35% од вредноста на згради на „Водњанска“, а од правните лица „Инвестас“, „Естетика инжинеринг“ и „Сарис“ имот вреден околу 26 милиони денари.
|
Jakov |
quote: Originally posted by Strelec
2 години затвор за Ламбе Арнаудов
Казни затвор од по две години им се изречени денеска на поранешните директори на ЕСМ, Ламбе Арнаудов и Мирољуб Пандиловски и на скопскиот бизнисмен Владо Серафимов.
Сите тројца Основниот суд Скопје 1 ги прогласи за виновни за злоупотреба на службена должност и овластувања, а во врска со финансиски малверзации во ЕСМ.
Екс директор на ЕСМ Арнаудов, неговиот заменик Пандиловски и сопственикот на фирмата „Блиф“ Серафимовски, се обвинети за фиктивен катастарски премер на објекти на ЕСМ вреден еден милион евра.
Покрај затворска казна, судот на Арнаудов и Пандиловски им изрече и „забрана за вршење професија, дејност или должност во траење од четири години“.
Од осудените се плени имот во вид на патнички возила и 35% од вредноста на згради на „Водњанска“, а од правните лица „Инвестас“, „Естетика инжинеринг“ и „Сарис“ имот вреден околу 26 милиони денари.
Ljambe za 100 000 evra 2 godini zavor. Popovski od sdsm za 30 000 evra dve godini zatvor.Nema pravda?????[:)] |
Strelec |
Za Popovski ako... neka si polezhi vo zatvor... i mislam deka takvata kazna mu e 'po merka'!
Nego za Lambe mislam deka mu e premalku toa... Da zhivee 4 godini kako pasha i da si obezbedi takov zhivot za ushte 44 godini i za seto toa samo 2 godini zatvor!?:(
p.s. Sepak mi se dopagja toa shto pochnaa da se chistat sluchaive!!!
Belkim kje izvlechat pouka site od toa!
|
OooOo |
Samo da vidime da ne gi pomiluvaat za nekoj mesec :) |
Strelec |
Ne veruvam...:) Mislam deka imame pozitiven tek na nastanite!
Eve ushte za eden sudski proces...
Карлито Бриганте донесен пред суд
Карлито Бриганте денеска беше донесен пред суд. Против него во Гостивар требаше да има 3 судења, но тие само започнаа и беа одложени за 12-ти мај.
Иако обвинетиот Бриганте првпат беше донесен пред судија, на судењата не дојде ниту еден од 10-мината оштетени и други 10 сведоци.
Денеска требаше да почне судењето против Бриганте за најденото оружје во неговата куќа и за пружањето силен отпор на специјалците кои го уапсија во Дебар на 6-ти февруари.
И ова судење беше одложено. Бриганте добил нови адвокати, кои не се запознаени со обвинението. „Јас немам еден адвокат, туку 5“, соопштуваше дебарчанец со име од гангстерски филм и ги наброи Самоил Филиповски, Ставре Џиков, Драган Гаџо, Нуман Лимани и Мевмет Муратовски.
Додека беше на пауза меѓу 2 судења, Бриганте на новинарите им објаснуваше дека тој не е виновен, дека не е криминалец и дека државата последниве 4 години сака да го убие.
Спротивно на Бриганте, чие оригинално име е Вулнет Макелара, мислеше полицијата. Му поднесе 18 кривични пријави, меѓу другото и за киднапирање на полицајци, поседување големо количество оружје и насилство.
Беа распишани 2 потерници по него, но Макелара се прекрсти во Бриганте и избега за Италија. По враќањето полицијата го уапси на скопскиот аеродром, но дебарскиот суд го осуди на 2 години и го ослободи од притвор.
Полицијата повторно го апсеше во февруари. По двочасовна престрелка во Дебар, тој се предаде на помногубројните специјалци. Оттогаш судските процеси против него се преселени во гостиварскиот суд, каде се одвиваат со големо полициско обезбедување.
|
angel |
Мммм, овде ќе има многу работа.
Ќе го пратам случајот од страна, најмалку затоа што сум сеирџија, туку затоа што како професионалец ме интересира дали правосудните органи ќе си ја завршат добро работата.[8)] |
Strelec |
За да нема обвинувања дека овој топик е само за криминалци од сегашната опозиција, се разбира дека и на оваа вест местото и’ е овде!
2 години и 6 месеци затвор за Љупчо Поповски
2 години и 6 месеци затвор доби поранешниот државен секретар за одбрана Љупчо Поповски. Тој е прогласен за виновен за примање мито од 45.000 евра во постапка за враќање на национализирано земјиште.
Осудениот Поповски денеска не се појави пред судот, а неговата адвокатка Светлана Савиќ немаше коментар за пресудата. Во казната е пресметан притвор на Поповски, додека судот пресуди 45.000 евра од митото да бидат префрлени на државна сметка.
Полицијата го уапси Поповски на 28-ми април минатата година со 15.000 евра, обележани пари што ги примил како мито.
|
dejan |
nemam protiv ova deka makedonec treba da odi vo zatvor za radi nesto sto e protiv zakonot, ama zosto ne ima nekoi sudski procesi za albancite koi ubivale vo 2001? samo sum cital za toi leka, a nisto drugo posle toa... |
Pana |
E toj Leka e od DPA za koj ovie od VMRO-DPMNE od Tetovo sakaat da glasaat. |
dejan |
od DPA e? jas sum zbunet....politika ne mi e mesto:p
mislev deka on e od DUI, pa toi e od tamu pa neznam kade! ahh |
Divider |
Дејан.
Лика Хазби-ДУИ кандидат за градоначалник на Тетово.
Командант Даут Реџепи - Лека-ДПА-осомничен за убиство и киднапирање! |
трендафил |
За Шуклева пишував дека непотребно беше држена во притвор половина година. За Војо дека додека крадеше имаше повеќе лекови одколку сега кога не се краде. Истрагата против него за разлика од Раштански Лозја (ако ги исклучиме максимално дозволените притвори кои треба да се применуваат многу ретко) беше коректна. Тој не се бореше против злосторниците од ДУИ па не гледам посебна причина да бидам можеби и пристрасен кон него. Имам доверба во судството, посебно во највисокиот наш суд, Европскиот суд за човекови права во Стразбург.
|
трендафил |
quote: Originally posted by Pana
E toj Leka e od DPA za koj ovie od VMRO-DPMNE od Tetovo sakaat da glasaat.
quote: Originally posted by dejan
od DPA e? jas sum zbunet....politika ne mi e mesto:p
mislev deka on e od DUI, pa toi e od tamu pa neznam kade! ahh
Лека не е кандидат за градоначалник на Тетово. Во вториот круг се пласирани воениот злосторник Хазби Лика од ДУИ и Веби Беџети од ДПА.
Лека е во ДПА. Таму поминал кога видел дека наредбодавачите на киднапирањето на цивилите Македонци, раководството на УЧК (односно сега ДУИ) целата вина сакаат да ја префрлат врз него. Се зборува дека Македонците тој ги предал живи и здрави во Шипковица и дека за тоа има докази. И дека тоа е една од главните причини зошто не го апсат. За да не се дојде до Али Ахмети.
|
Strelec |
quote: Originally posted by трендафил
Лека не е кандидат за градоначалник на Тетово. Во вториот круг се пласирани...
Маестрален демант!:)
|
dejan |
aaa ok!
sum go rekol ova mnogu pati, dobar moment vo makedonija, ali ahmeti da go 'snema' ili da se napravi nekoi skandal so vrska so on, i da bide on kriv, pa vo zatvor 20godini, ili negde vo stranstvo! |
Pana |
quote: За Војо дека додека крадеше имаше повеќе лекови одколку сега кога не се краде.
Taka vikase i vojvodata Ljubco:"koga bese VMRO kradese ama imase za site".Maestralno! |
Ceki |
quote: Originally posted by Pana
quote: За Војо дека додека крадеше имаше повеќе лекови одколку сега кога не се краде.
Taka vikase i vojvodata Ljubco:"koga bese VMRO kradese ama imase za site".Maestralno!
To e nesto sto narodot zborvi i za Tito. Koga bese Tito na vlast, mnogu kradese, ama i nesto davase. To e mit, nisto drugo. Ako dojt nekoj poslab od crvenko utre na vlast, istoto ke go velat i za crvenko( barem negovite).
Prost narod, nisto drugo. |
Strelec |
quote: Originally posted by SLaCk
...na plostad vas ke ve sudime...
Браво бе Slack!:)))
Плоштади, Киргистани, бунтови!?
|
angel |
quote: Originally posted by трендафил
Имам доверба во судството, посебно во највисокиот наш суд, Европскиот суд за човекови права во Стразбург.
Мислиш овде=> www.mhc.org.mk
И јас порано имав доверба во судовите. Кога се работи за разводи, издршки, владение, долгови и друго судовите не се пристрасни, но кога како странки се јавуваат политички и економски моќнци судовите почнуваат да работат по други принципи.
Мала исправка=> Наш највисок редовен национален суд е Врховниот суд.
Европскиот суд за човекови права работи по барање само ако е повредено признаено со Конвенција и протоколи човеково право од страна на државен орган. Барањата се поднесуваат против Р.Македонија.
На пример: Ако не им се овозможи судење во разумен рок.
Мегународните судови за заштита на човекови права не навлегуваат во расправање дали некој украл или не. Тоа е фактичка состојба која ја решаваат домашните судови кои ги применуваат домашните закони.
Меѓународните судови за заштита на човековите права расправа дали е повредно човеково право од страна на државен орган. Ако најде дека е повредено државата на оштетениот му плаќа штета.
Ќе кажам пример кој на некого може да му се чини апсурден: Доколу обвинет не биде суден во разумен рок и се утврди намерно оддолговлекување на кривичната постапка кое не е по негова вина, таквиот обвинет може да добие убава исплата на штета на име оштета на човеково право-судење во разумен рок. |
Pana |
I kosarkarot Pece Naumovski ke odgovara za krazba na 2 tona cigari.
Inaku covekot e pratenik od redovite na VMRO-DPMNE! |
SLaCk |
Alal da vi e uste malce ke ja stignete vlasta vo Narodna Republika Makedonija vo periodot 1945-1951 po brojot na apsenja i procesi. |
Pana |
quote: Alal da vi e
Blagodaram.Ke prodolzime so nesmalena zestina da gi apsime i drugite apasi od VMRO-DPMNE! |
SLaCk |
Epa kratko vi e vremeto pobrzajte, uste malce pa na plostad vas ke ve sudime za predavstvo. |
Pana |
quote: kratko
Kratko ama slatko.Do posleden apas u Idrizovo. |
intel |
quote: Originally posted by SLaCk
Epa kratko vi e vremeto pobrzajte, uste malce pa na plostad vas ke ve sudime za predavstvo.
Овој ме потсеќа на Дијабола од “РАНЕ“,пак глуми усташа.
Значи ако дојде најдемократската партија-ДПМНЕ на власт ќе суди на плоштад.Тоа ли се реформи во судство бе Слацк?
Ај објасни како ќе судите. |
OooOo |
Gledam reformite vo sudstvovo so ovaa vlada mnogu brzo se reformiraat ;)) |
SLaCk |
A ne vikas bravo na pana koj prv provocira deka ke gi ispoapsele "site apashi od VMRO".Ama aj i ti si zagrizen za demokratija kako Buckovski za Ljube Boskovski.Inaku informiraj se da vidis sto se slucuva vo Kirgistan pa posle komentiraj. |
Strelec |
quote: Originally posted by SLaCk
A ne vikas bravo na pana koj prv provocira deka ke gi ispoapsele "site apashi od VMRO".
Pana навистина имаше намера да провоцира (и успеа), меѓутоа секој нормален човек ќе се согласи дека сите апаши од ВМРО навистина треба да бидат испоапсани... Што има тука чудно? И не само од ВМРО (без оглед што се во најголем број), туку баш сите апаши!
|
SLaCk |
Strelec toa e tvoe mislenje.Jas mislam deka najgolemite apasi se vo SDSM i porano a i sega, i nivnata vina ne se protega samo za zemanje mito tuku i za montiranje procesi,politicki dogovori na steta na Makedonija i tn. |
Strelec |
Нова финансиска афера во Министерството за одбрана
Воената полиција открила финансиска проневера вредна повеќе десетици илјади евра во Министерството за одбрана.
За проневера се осомничени еден потполковник и еден благајник од финансискиот сектор Г-7 на АРМ. Офицерот е осомничен дека ги потпишувал налозите за префрлање на армиските пари на други сметки, а благајникот ги извршувал налозите, велат нашите извори.
За расчистување на случајот вчера попладне воената полиција добила и налог за претрес на канцеларијата на осомничените, потпишана од истражен судија на Основниот суд Скопје 1.
Според налогот, воените полицајци требало да ја претресат канцеларијата и да ги проверат документите за спорните финансиски трансакции.
Двајцата осомничени биле задржани во канцелариите, но воената полиција не можела да ги спроведе докрај истражните распрашувања на офицерот и благајникот, поради интервенција на висок функционер од Министерството за одбрана, кој на полицајците им наредил привремено да ги пуштат осомничените.
Целиот случај се истражува.
|
Strelec |
Ја прими ли судството пораката од САД со црната листа?
Тргнува ли македонското судство конечно во вистинскиот правец? Дали судството ја прими пораката со објавувањето на американската листа на судски случаи на корупција на високи функционери?
По две и пол години талкање на обвинението по судските лавиринти, започна процесот против Војо Михајловски, обвинет дека со зделките што тој ги правел го оштетил Фондот за здравство за над 3 милиони и 600.000 евра. За помалку од една недела, веќе е закажано и второто рочиште за овој некогашен функционер.
Тука е и примерот со катастарот, откако една година предметот отспа во Апелациониот суд. Експресно, одлуката беше донесена со само две рочишта. Потврдени пресудите за Ѓорговски, Арсовски и Тодосов. Не се виновни. Нивната директорка Тања Митровска заработи една година затвор за вилата Водно.
Македонските судии по најавите за листата реагираа нервозно, ја напаѓаа А1 за објавувањето, при тоа не нудејќи концепт како да се извлечат од состојбата во која се наоѓаат. Коментираа дека Америка се меша во внатрешните работи на Македонија. Сепак, потегот на Американците јавно го поддржа и Европа.
Во македонско судство сеуште престои многу работа. Дел од судиите уште на најавата за објавување на американската листа, самокритично коментираа дека одредени судски предмети на функционери предолго траат. Неспорно е дека не се гледа крајот на судските процеси против Бесник Фетаи за НИП-от, на Ламбе Арнаудов, Методија Смиленски и екс гувернерот Љубе Трпески. Откако стана српски државјанин, за Драган Даравелски веќе ништо не се превзема.
|
intel |
quote: Originally posted by Strelec
Откако стана српски државјанин, за Драган Даравелски веќе ништо не се превзема.
Такви се војводите од ех-Дпмне,се со двојни државјанства за тутањ...[8D]..ама раката на правдата е долга. |
dalila |
quote: Originally posted by intel
Такви се војводите од ех-Дпмне,се со двојни државјанства за тутањ...[8D]..ама раката на правдата е долга.
quote: Originally posted by slasa- March 07 2005 : 06:44:54
Крсто Шутиновски, кандидат на СДСМ за градоначалник на скопската општина Аеродром од СДСМ, се меѓу десетиците функционери од власта и од опозицијата што поднесоа барања за бугарско државјанство и побараа да останат анонимни, тврдат во Здружението на Бугарите во Македонија.[/quote]
a ovie za kaj se spremaat?[:D][:D][:D]
za tutanj ili za na more,letovo[;)] |
Strelec |
quote: Originally posted by dalila
...тврдат во Здружението на Бугарите во Македонија.
Аууу, кој тврдел!?:))) Тоа се’ објаснува!:)
Патем, ако е тој еден од десетмината, кои се останатите девет?:)
Фактот што не се обелоденуваат тие имиња, многу нешто кажува !:)))
|
трендафил |
quote: Originally posted by intel
Додека Љубе се борел други краделе,нели Слацк.Мора да се казнат.
Трендафил се утепа пцуејќи по сдсм кој за време на војната беше опозиција,а никако да ги спомне лоповите од ДПМНЕ кои дебело профитираа додека гинеа војници и полицајци.А ваму само лаете бранителите,бранителите(класично посипување со пепел).Прочитани сте како селски буквар, нели ти е јасно.
Не сум пцуел никого на форумов. СДСМ во војната не беше во опозиција. Од мај 2001 беше позиција. Да потсетам и дека пред проширувањето на владата за Охрид се патуваше преку Кичево, а Куманово имаше вода. Треба ли сега да кажам дека за тоа беа виновни новите министри!? Дали сметаш дека на власт е само таа партија што го дава премиерот, за да мислиш дека моментално ДУИ не е на власт.
Никогаш не сум рекол дека во време кога премиерот беше од ВМРО-ДПМНЕ не се крадело. Само потсетував дека тогаш се водеше војна (со сите трошоци што ги носи), се исплаќаше К-15 на државните службеници, надворешниот долг беше намален, немаше помалку лекови отколку сега, се вработуваше во државни служби, а не се отпушташе, се градеше (Милениумски Крст, Плаошник, Дојранско Езеро, автопатишта...), се обновуваа историјски објекти (Самоилова тврдина, Амфитеатарот во Охрид...) и да не набројувам. И се крадело. Некој тврди дека сето тоа е направено од 300те милиони долари за Телекомот, но заборава дека сега сме позадолжени за 500 милиона долари отколку кога Бранко и Ахмети дојдоа на власт. Сега наводно не се краде. Треба покрај тие 500 милиона задолжување кон странство уште да се продаде ЕСМ, за последно полнење на џебовите на чесните од сегашната власт.
|
SirAndReW |
quote: Originally posted by Strelec
Ја прими ли судството пораката од САД со црната листа?
Vo toa i e problemot .. site se meshat vo sudstvoto : Valdata , lokalni moknici, stranci .Se dodeka sudstvoto ne pocne da raboti kako nezavisnen organ nikogas nema da ptkrene od ovaa linija kade shto e denes. |
Strelec |
СЛУЧАЈОТ СО КРИМИНАЛНАТА ПРОДАЖБА НА НИП "НОВА МАКЕДОНИЈА" ПРЕД СУДСКА РАЗРЕШНИЦА
Ѓорчев и Мемети го “вадат” Фетаи
Поранешниот министер за земјоделство во владата на Љупчо Георгиевски, Марјан Ѓорчев, на главниот претрес што во Основниот суд Скопје 1 се води против Никола Тасев, Ѓорѓи Бошков, Душко Аврамски, Бесник Фетаи, Зоран Стојановиќ и Гордана Кузмановска-Николовска за случајот со криминалната продажба на НИП "Нова Македонија" изјави дека средствата кои Владата ги одобрила, потврди Ѓорчев, биле строго наменски, за плати. Но, истите наместо на жиро-сметката на НИП-от, која била блокирана, биле префрлени на друга сметка. Дали парите биле наменски потрошени на Ѓорчев не му беше познато.
Покрај Ѓорчев, изјава за тоа што се се случувало со НИП-от во својство на сведок даде и ексминистерот за правда, а сега правобранител, Иџет Мемети. Мемети не се сеќаваше во детали на продажбата наведувајќи дека за тоа постојат стенограми, записници и одлуки во Владата.
Со сведочењето на Ѓорчев и Мемети, доказната постапка заврши, а во вторник застапникот на обвинението кој шестмината ги товари дека злоупотребувајќи ја службената положба при продажбата на НИП-от на словенечкиот конзорциум "Југ сторитве" се стекнале со имотна корист од над два милиони евра, и одбраната ќе ги дадат звршните зборови.
|
Justinijan |
quote: Трендафил се утепа пцуејќи по сдсм кој за време на војната беше опозиција,а никако да ги спомне лоповите од ДПМНЕ кои дебело профитираа додека гинеа војници и полицајци.А ваму само лаете бранителите,бранителите(класично посипување со пепел).Прочитани сте како селски буквар, нели ти е јасно.
... лоповите од ДПМНЕ. Некој го спомна Далавера и српското му државјанство - откаде ДПМНЕ-овец па србоман?
Историјата на светот не започнува во 1998. Далавера е во високиот лоповски бизнис од 1992, во времето кога ексклузивна контрола врз тој бизнис ја има СДСМ. Со други зборови, надпартиски лопов. Односно, поинаку кажано, едни и исти лопови се во срцето и на двете партии.
Инсталирањето на дел од кастата “недопирливи“ лопови во врвот на ДПМНЕ започнува по Кичевскиот конгрес во 1995. Резултат од грижливо подготвуваната и внимателно спроведена операција? - она што за Македонците беше свето, борбата на ВМРО, откако е изедначено со надпартиските лопови од ДПМНЕ, сега е предмет на потсмев, мајтап и срам. Да го цитирам Пана: “ни се мијам, ни се бричам, на ВМРОвец да личам“.
Штетата што ја создаде Љубче со неговиот надпартиски клан на екс-СДСМовски лопови е огромна. Но, тоа не значи дека со тоа што е “наместен“ Љубче, македонскиот патриотизам е дефинитивно заклан, и дека секој истап од патриотски, или ако сакаш, македонски националистички позиции, може автоматски да се етикетира како “приврзаност кон лоповите од ДПМНЕ“.
Книгата има повеќе од една страница. Отоворена е за читање, до крај - за оние што сакаат ад читаат, разбира се.
|
Strelec |
quote: Originally posted by SirAndReW
quote: Originally posted by Strelec
Ја прими ли судството пораката од САД со црната листа?
Vo toa i e problemot .. site se meshat vo sudstvoto : Valdata , lokalni moknici, stranci .Se dodeka sudstvoto ne pocne da raboti kako nezavisnen organ nikogas nema da ptkrene od ovaa linija kade shto e denes.
Па пораката од САД со црната листа токму таа намера ја имаше!:) Да испровоцира да се преземат чекори за независно судство... И како што гледаш, има од тоа ефект!:)
Предлог за уставни промени
Државен судски совет како замена на Републичкиот судски совет
Владата на Република Македонија до македонскиот Парламент го достави предлогот за пристапување кон измена на Уставот, а кои се однесува на зголемување на ефикасноста на судството.
Според оваа иницијатива, која е во согласност со Стратегијата за реформи во правосудниот систем, предвидува за прекршочните предмети (во сообраќајот и во даночното и надворешно-трговско работење) покрај судовите да одлучуваат и други надлежни органи утврдени со закон.
Покрај воведувањето на Државен судски совет како замена на Републичкиот судски совет се предлага наместо "неограничен мандат" првиот избор за судијата да биде со ограничено траење.
|
intel |
[img]http://www.kanal5.com.mk/imgVesti/georgievski-gruevski.jpg[/img]
ЉУПЧО ГЕОРГИЕВСКИ И НИКОЛА ГРУЕВСКИ НЕ СЕ ПОЈАВИЈА НА СУДЕЊЕТО НА БЕСНИК ФЕТАИ ЗА НИП-НОВА МАКЕДОНИЈА
Јавното правобранителство побара оштета за државата во вредност од 2 милиони и 300 илјади евра, пари кои Владата ги префрлила за плати а завршиле за купување на акции.
[url="http://www.kanal5.com.mk/rubrika.asp?id=5583&rubrika=Македонија&idR=1"]Повеќе[/url]
|