Што ли тоа сакал да каже .........? |
lav |
Што сакал да каже ВОЛКОТ во многу познатата басна за Волкот и Јагнето .....кога нели „пиеле„ вода истовремено на една иста река?
Мислам дека секому е познато оти Волкот бил на самиот ИЗВОР на РЕКАТА , а пак Јагнето било многу подоле по течението на реката.
И Јагнето ....нели било „обвинето„ од Волкот ДЕКА МУ ЈА „МАТЕЛО„ ВОДАТА која тој (Волкот) ја пиел.
пс
Во еден денешен весник ја видов статијаваа која ме подсети на погорната басна и сега се прашувам:
Протест пред Владата поради изборната измама
Лидерите на опозициските партии утре пред Владата ќе организираат масовен протест бидејќи сметаат дека државните органи во првиот круг од изборите му ја одзеле победата на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски.
Тие вчера се договорија со Костовски на ваков начин да изразат револт од изборните измами на власта и непочитувањето на волјата на граѓаните.
- Не е страшно што владејачката гарнитура, на чело со премиерот и лидер на СДСМ Владо Бучковски, ни ја украде победата во првиот круг од изборите, туку е страшно што се загрозени нашите заложби да бидеме дел од ЕУ и НАТО. Станавме заробеници на теснопартиските интереси на група луѓе подготвени да ги жртвуваат државните интереси за да останат на власт. Повикувам да престане со тргување на гласовите на Албанците и на Ромите оти тоа го нарушува нивното достоинство - изјави Костовски на вчерашната прес-конференција.
Тој ги повика граѓаните в недела масовно да гласаат за кандидатите за градоначалници на опозицијата.
Опозициските лидери и Костовски решија да ги поддржат барањата на дел од албанските политички партии за поништување на првиот круг од гласањето, зашто сметаат дека е направен фалсификат. Тие апелираа ОБСЕ и Советот на Европа да го зајакнат присуството на избирачките места, а Владата ја предупредија дека нема да дозволат легализација на изборниот фалсификат. (М.Ј.)
Кој е тука ВОЛКОТ ?
Кој е тука Јагнето................мислам во басната ....нели ? |
Divider |
Апсолутно се сложувам со тебе и твојата констатација!
Но, за оние на кои не им е јасно, да реплицирам со пучна приказна:
Кога го прашале еден македонец со дупнато и истечено око, кој му го истекол? Македонецот одговорил:
-Брат ми!
Притоа, оној кој го поставил прашањето заклучил:
-Затоа ли е толку длабока дупката!
Моралот на приказната е дека оние кои ни се прават најголемите „душегрижници“ имено кутрите волци, ни се и најголемите душмани, нам на суровите јагниња!
Бидејќи се нешто чинат за нас, а нам ни е се полошо!
|
intel |
quote: Originally posted by lav
Кој е тука ВОЛКОТ ?
Кој е тука Јагнето................мислам во басната ....нели ?
Јагнето во прикаската е бело,убаво нежно.
Ова во твојата верзија е црно,шуто,старо и штроено. |
Divider |
Разбира се Лаве, мошне поучна приказна.
А и повеќе од јасно екој е кутриот волк, а кој суровото јагне! |
lav |
quote: Originally posted by Divider
Разбира се Лаве, мошне поучна приказна.
А и повеќе од јасно екој е кутриот волк, а кој суровото јагне!
А и (МОЖЕБИ) повеќе од (НЕ)-јасно е кој е кутриот волк, а кој суровото јагне , разбира се НЕ за сите .нели?
|