Koj ima mp3 od pejackata Tuna. |
a-pin-dim |
posto sakam da gi slushnam nejzinite pesni ke molam koj ima da mi gi dade.
Blagodaram odnapred. |
DonVito |
Tuna Pejt Na Albanski I Makedonski ! Koi Pesni Gi Sakas Albanskite Ili Makedonskite? |
a-pin-dim |
quote: Originally posted by DonVito
Tuna Pejt Na Albanski I Makedonski ! Koi Pesni Gi Sakas Albanskite Ili Makedonskite?
Site more ... razbirash sto e toa site.
Ako pejet na albanski zosto da ne slusham jas.
Belkim taka neso ke naucam . |
ArIeS |
Dime pocna da uci albanski :) |
a-pin-dim |
quote: Originally posted by ArIeS
Dime pocna da uci albanski :)
qka bon. |
DonVito |
Gi molime Brakata Makedonci da ne pravat Albanski raboti. |
a-pin-dim |
quote: Originally posted by DonVito
Gi molime Brakata Makedonci da ne pravat Albanski raboti.
Ne kazuvaj mnogu davaj muzikata ako ja imas. |
DonVito |
ko ke bidam na rabota. oti na ovaj pc nemam nisto onaka samo sum sednat |
VeGaS |
quote: Originally posted by DonVito
Gi molime Brakata Makedonci da ne pravat Albanski raboti.
Ako pravevme nie Albanski raboti ke trebashe da vi ja zememe cela Albanija [^] |
wolf_pack |
DonVito, na mene ke pratesh nekoi pesni na e-mail, ja ne ke mozham da downlodiram od tie serveri.
koi se najpopularni ako mozhesh prvo da gi pushtish[8D]
Fala |
slasa |
nema vrska i albamnskite i makedonskite . |
a-pin-dim |
Алтуна Сејдиу
Туна има 17 години, живее во Скопје, каде и учи природна математика на Турскиот колеџ. Пее на албански јазик и има учествувано на повеќе фестивали во Приштина и во Скопје, со четири освоени награди. Се облекува спортски, успевајќи да се квалификува на финалната вечер на Плеј - потрага по ѕвезди со песната Кралица од Ерзана. Во врска со плановите за иднина, Туна вели: За мене најважно е да продолжам да се занимавам со музиката и таа да остане мојата омилена професија. Таа на финалето на манифестацијата - Плеј - потрага по ѕвезди, настапи со композицијата Најди ноќ, најди ден, најди време, на авторскиот двоец - Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) - Александар Принц (текст), за која е направено и ефектно видео-издание. На самото финале, песната на Туна доби една од две специјални награди, успешно градејќи го патот кон слушателите.
Во јуни 2003. година, Туна го промовираше својот деби албум, целасно отпеан на албански јазик, на кој се најде и препевот на големиот хит Најди ноќ, најди ден, најди време, во нова верзија како Пироман. Албумот содржи 10 песни, а во јавноста се појави како прво албумско издание на продукцијата М2. Според плановите македонската верзија на овој проект би требало да ја здогледа светлината на денот веќе наесен.
Дискографија:
Tuna (М2 продукција, 2003. )
|
VeGaS |
17 godiniiiii [8)]
wohooo [:D] |
DonVito |
ce vi gi sredam de pesnite ;) epten brzate |
wolf_pack |
dime is tuna's #1 fan already. Koj reche deka brza toj[?][:D] |
a-pin-dim |
Туна со втор албум
Четврток, 17.03.2005
Поп пејачката Туна Сејдиу ќе го промовира вториот албум на албански јазик в понеделник, во 18 часот, во хотелот "Александар палас".
Таа го нарече албумот "Нема веќе диктатура", по носечкиот сингл, со работен наслов "Хитлер". Спотот за "диктатура" го изработи Чедо Поповски, и ќе биде премиерно прикажан за гостите на промоцијата.
Второто цеде на Туна има 11 песни. Роберт Билбилов е автор на пет, три се на Дарко Димитров, една е од Александар Масевски, и по една од албанските композитори Адриан Кастрати и Адриан Хиља, автор на албанската песна преставник на годинешниот "Евросонг".
По промоцијата, Туна ја очекуваат настапи низ Швајцарија, па промотивна турнеја во Македонија и Косово. Следи подготовка на македонскиот албум
Doznavam za noviot albun na Tuna. |
a-pin-dim |
Туна против диктатура
Синглот и видео спотот "Нема веќе диктатура" ќе го најави вториот албум на Алтуна Сејди-Туна. Песната што ја изработија Роберт Билбилов и Авни Ќаили беше најавена со работен наслов "Хитлер".
Синглот и видео спотот "Нема веќе диктатура" ќе го најави вториот албум на Алтуна Сејди-Туна. Песната што ја изработија Роберт Билбилов и Авни Ќаили беше најавена со работен наслов "Хитлер".
- На почеток сакавме песната да се вика "Хитлер", зашто момчето за кое што пејам го споредуваме со Хитлер", вели Туна. Спотот за "Диктатура" веќе се снима во продукција на Чедо Поповски. Туна ја вежба кореографијата со студиото "Ребис".
На албумот на албански јазик ќе има песни од Дарко Димитров, Роберт Билбилов, една од Александар Масевски и од неколку познати композитори од Албанија. Откако ќе се промовира цедето, следниот месец, Туна ќе размислува за песните што ќе се најдат на македонскиот албум. В сабота, младата поп пејачка има настап во дискотека во Цирих, а во април и се закажани серија настапи низ Америка.
|
a-pin-dim |
Туна го промовираше второто CD на албански
Синоќа во хотелот Александар Палас, својот втор албум на албански јазик го промовираше некогашната ексклузивка на М2 продукција – Алтуна Сејдиу – Туна. Албумот со наслов Нема веќе диктатура го носи и ударниот сингл, работно насловен Хитлер, за кој е снимен и видео-спот, кој премиерно им беше прикажан на присутните. Патем, по уводниот збор на албански и на македонски јазик, иако, како што рече водителката на програмата говорот на музиката не треба да се преведува, Туна испеа неколку песни од албумот, и секако, ги освои симпатиите на многубројните гости
[img]http://www.mmm.com.mk/Sliki/tunanova2.jpg[/img]
Инаку, на промоцијата беа присутни еден куп познати фаци, како од македонската, така и од албанската естрада, нејзини пријатели, и секако медиуми. Сепак, она што успеавме да забележиме е дека Туна особено ја израдува доаѓањето на екипата на М2 продукција (Иво, Дарко, Александра и Тања), кои на својата некогашна соработничка и подарија прекрасен бел букет...
|
a-pin-dim |
Алтуна Сеiди – Туна
Кариерата ја продолжувам сама
[img]http://www.mmm.com.mk/Sliki/tunasejdiu9.jpg[/img]
Ненадејно и без претходни најави, Туна и М2 продукција ја прекинаа соработката. Оваа вест ги изненади сите, бидејќи тие секогаш велеа дека работат на обострано задоволство. Соработката е прекината кога, според Туна, дошол моментот кога таа решила дека е доволно зрела да продолжи сама. Во иднина таа ќе им се посвети на студиите по англиски јазик на Штуловиот универзитет, но нема да ја заборави и музиката.
Многу неочекувано ја прекинавте соработката со М2. Дали претходно се појави незадоволство?
Моето заминување од М2 не би го формулирала како незадоволство. Едноставно, сметав дека е созреан моментот својата кариера да ја продолжам сама, на што наидов на разбирање кај Иво и кај Дарко. Договорот е раскинат на најпријателски начин, без никаква помпа. И понатаму останувам отворена за соработка со Дарко Димитров, како композитор, бидејќи и пред да станам ексклузивец на М2, одлично соработувавме. Со крупни чекори продолжувам да си ја градам кариерата онака као што сметам дека е најдобро за мене.
Дали сите ексклузивци на М2 ги добиваат истиот третман и внимание?
Секогаш во животот, во која било ситуација, постои некој што смета дека е оштетен за нешто, дека можел повеќе, подобро... Така е и во музиката. Генерално, јас сум задоволна од досегашната соработка со М2. Е, сега одговорот: можеше повеќе и подобро, секогаш и за секого постои. Планиравме да го издадеме и вториот мој албум на албански јазик, кој е веќе почнат. Но, и тој ќе се доврши. За тоа дали сите ексклузивци имаат подеднаков третман во М2, треба секој да говори од своето име. Јас своето си го кажав!
Веќе изјави дека не ти е важно на кој јазик пееш, туку најважно е публиката да те прифати. Македонската публика одлично те прифати и со две испеани песни на македонски. Сметаш ли дека овој дел од публиката заслужи од тебе да добие албум на македонски јазик?
И самото мое појавување на аудицијата на М2 за мене лично беше еден вид моја презентација пред македонската публика. Точно е тоа дека песните требаше да бидат препеани и на македонски јазик, но тоа не се случи од објективни причини. Многу ми е жал што испадна така, но тоа е тоа.
[img]http://www.mmm.com.mk/sliki/tunasejdiu7.jpg[/img]
Остануваш сама или друга продукција ќе застане зад тебе? Кои се плановите за во иднина?
Сега - засега продолжувам сама со истите луѓе со кои и досега успешно соработував. Тука се композиторите Роберт Билбилов и Дарко Димитров и неколку еминентни имиња од Косово, текстописецот Авни Ќехили...
Секогаш велеше дека твоите родители најмногу те поддржуваат во твојата работа. Доби ли од нив поддршка за заминувањето од М2?
Поддршката од моите најблиски, родителите и од братот постоеше од самиот почеток, а и ќе продолжи. Тие за мене се сигурен столб, на кој можам секогаш да се потпрам.
Постојано беше ангажирана на настапи надвор од нашата земја. Какви ти се плановите за во иднина. Ќе патуваш ли често?
Настапував во Данска, Швајцарија, Германија, Косово, Албанија... и таму секогаш си поминував прекрасно. На 22. октомври ќе настапам на Турската државна телевизија, на која ќе гостувам по покана на нашиот амбасадор во Турција. Во емисијата ќе се презентира Македонија, а јас ќе настапам со неколку нумери. Ова за мене е голема чест, но и можност да се претставам пред 70-милионски народ.
Пред да станеш дел од М2 настапуваше на повеќе фестивали. Дали сега ќе им се вратиш на фестивалите и колку се тие предизвик за тебе?
Фестивалите отсекогаш биле предизвик за мене. Се уште не сум учествувала на фестивал, а да не освојам награда. Малку сум заситена од сето тоа, зашто на некои од нив го достигнав максимумот, како што е случајот со Нота-фест 2003. година. Освоив пет награди, што не се случило во историјата на овој фестивал. Сепак, најголем предизвик за мене би било учество на Евросонг, како најголема музичка манифестација.
Од оваа година си студентка на Штуловиот универзитет во Тетово. Како ќе успееш да ги усогласиш пеењето и факултетот?
Последниве пет месеци по моето матурирање во американската гимназија Нова, имав навистина слободно време за да се одморам и да се подготвам за почетокот на студиите по англиски јазик на Штуловиот универзитет. Слободното време и понатаму го минувам со моето семејство и со сите мои другарки и другари. Сакам да возам ролерки, да одам на кафе со пријателите и, се разбира, да слушам добра музика. Време ќе мора да најдам за сите работи што ги сакам во животот.
Наоѓаш ли време за љубовта?
Вљубена сум во песната, вљубена сум во Клајд, мојот мил англиски булдог, а вљубена во некоја личност конкретно - не! Постои симпатија за која можеби ќе ви кажам во некоја друга пригода!
|
a-pin-dim |
Da se pofalam, denes slushnav nekolku pesni od Tuna.
Ali tija pesni eptem ubavi se ( isto kako pejackata ). |
DJ_SHEMA |
Dime
Kje treba da se sechesh za ovaa. |
wolf_pack |
mozhda e veke sechen[:D] |
bliznak |
quote: Originally posted by DJ_SHEMA
Dime
Kje treba da se sechesh za ovaa.
Ti si LOOD.. [:D]
Ama so Dime ne mojs.. [;)] |
noaNoa |
Dime si najde li pesni? Imam edna pesna od Tuna, pesnata se vika 12 meseci... |