Пратениците конечно зад решетки!
Пратениците конечно зад решетки!
трендафил Висока бетонско-челична ограда околу зградата на Собранието е предвидено да се гради со проектот за реконструкција на надворешниот изглед на законодавниот дом, кој веќе ги поминал сите филтри на надлежните институции, дознаваме од архитекти што го виделе проектот. Генералниот секретар на Собранието потврди дека оградата е дел од идејното решение за реконструкција, но негира дека таа ќе биде подигната. Проектот пред околу еден месец добил одобрение од надлежните институции и неговата реализација треба да почне уште годинава, со обнова на фасадата и на двата споредни влеза во зградата. Наши информации укажуваат дека оградата би била подигната приближно на истото место каде што сега се поставува монтажната, заштитна ограда, би одела по должината на тротоарот на еднонасочната улица „Даме Груев“ и преку паркингот и паркот што Собранието го делат од зградите на министерството за надворешни работи и на Домот на АРМ. Во Собранието одбиваат да ја презентираат скицата со образложение дека „не можат да го покажуваат нацртот за кој се уште не се знаело дали ќе биде реализиран“. Дел од архитектите кои го виделе нацртот велат дека станува збор за недозволиво изменет изглед на зградата што, како културно-историски споменик, се наоѓа под посебна заштита на државата. - Бев шокиран кога го видов нацртот. Се е видоизменето, што е недозволиво кога станува збор за објект од такво значење. Освен што на дело е тотално непочитување на наследството, станува збор за буквална изолацијата на власта од народот. Па погледнете ги објектите на Парламентите во Белград, Софија, Атина, . . . Ниту еден од нив не е ограден - вели нашиот извор кој сакаше да остане анонимен. Генералниот секретар на Собранието Александар Новаковски потврди дека Заводот за заштита на спомениците на град Скопје неодамна ги одобрил сите проекти на Собранието, вклучувајќи го и тој за оградата. - Ние нема да го реализираме тоа, делумно поради се уште нерегулираните имотно-правни односи, делумно поради ограничениот Буџет. Со 22 милиони денари што ги имаме на располагање за годинава, ќе ја обновиме фасадата на зградата и два споредни влеза - службениот и тој од кај Домот на АРМ. Добивме одобрение и за продолжување на стреата на главниот влез, но тоа сега нема да биде реализирано - вели Новаковски. Проектот со кој била предвидена оградата, според него, бил изработен уште во 2002 година, но не бил одобрен од тогашната Влада. Како што дознаваме, проектот кој сега ги поминал филтрите на Градскиот завод за заштита на спомениците, на Министерството за транспорт и врски и на Управата за заштита на културното наследство, ги содржел истите карактеристики. И директорот на Градскиот завод Јани Антониев вчера потврди дека неодамна е дадено позитивно мислење на проектот во кој, меѓу другото, е предвидена изградба на ограда составена од бетонска цокла, врз која ќе биде поставена челична ограда. Тој одби да ни ја даде скицата со образложение дека документацијата веќе е испратена на одобрување во Управата за заштита на културното наследство. Во Управата, исто како и во ГП „Бетон“ кој по нарачка на Собранието го изработил проектот, велат дека тие не се овластени да ги даваат документите и дека нацртот може да го бараме само од сопственикот. Собранискиот архитект Биљана Ивановска, исто како и генералниот секретар на институцијата, повторно со неодреден одговор. - Не може да ви дадеме нешто за што не ни знаеме дели ќе биде реализирано-категорична е Ивановска. [url="http://www.vreme.com.mk/vest.aspx?id=23136"]Веста е од „Време“[/url]
dejan taka e vo belgrad, sofija i atina deka oni imale vreme da gradat takvi objekti, a nie nemavme.
Sande Bash kul. Ke se gradi bastiljata na americkata kolonija od juznoamericki tip, Republic of second Albania. [8D] Trazili ste, dobili ste, narode makedonski.
трендафил Едно време се зборуваше дека на галеријата ќе може и граѓаните да присуствуват на седниците на парламентот. Сега и низ дворот не ќе смееме да проаѓаме. Не знам дали постои сличен проект и за владата. Можеби пак се работи само за тоа пратениците и Претседателот, кој исто така е сместен во Собранието, да се навикнат на решетки.
concrete
quote:
Originally posted by Sande
Bash kul. Ke se gradi bastiljata na americkata kolonija od juznoamericki tip, Republic of second Albania. [8D] Trazili ste, dobili ste, narode makedonski.
Ama zamisli kakva prilika i Makedoncite da dobijat moznost za rusenje na Bastilja!!!!! Epten referenca!!!!!
Sande Treba mnogu pogolema dupacka da padne za da ima nekoj juris na bastilja, a prasanje e i togas dali ke se sluci. Ja znaeas starata prikazna za Makedonecot, Turcinot i kuburot.
concrete Ide nataka, ide nataka i mrtov konj ne puva , ama ponekogas otkacuva i toa dobro :):):)!!!
marko_polog Koj veli deka concrete ne e pozitiven :)
трендафил После Арачиново влеговме во Собранието, практично беше направен државен удар, но немаше кој јунак да седне во празната претседателска фотелја и во празното собрание. Што се однесува до Бастиља, мислам дека нејзин пандан кај нас би бил притворскиот дел од затворот во Шутка.