a-pin-dim |
По успешниот концерт во Штип, извонредните Д.Н.О. ја започнаа рекламната кампања која го најавува нивниот настап во Скопје. Како што веќе пишувавме, скопскиот концерт е закажан за четврток, 7. април во 21.30 часот, а ќе се случи во Младинскиот културен центар. Влезните билети, кои во претпродажба, ќе чинат 200 денари, и веќе се продаваат во: Југотон, Чув де чув, Рекорд Рекордс, Бастион и Тобако 1 и 2. Истите, на денот на концертот, на благајната во МКЦ ќе бидат за 50 денари поскапи. Патем, како специјален гостин на концертот ќе настапи Оливие Самоулиан.
Што се однесува, пак, до свирката на Проџект Жлуст, која требаше да се случи на 2. април во клубот Вега, заради преангажираноста на членовите на овој состав, истата е поместена, а новиот термин ќе биде соопштен дополнително.
|