Уапсени македонски илегални имигранти во САД
Уапсени македонски илегални имигранти во САД
melpomena Висконсин Уапсени македонски илегални имигранти во САД ВаШингтон - Вкупно 20 странски илегални имигранти, меѓу кои и еден или повеќе македонски државјани, се уапсени во американската сојузна држава Висконсин. Бројката на уапсени македонски државјани и нивниот идентитет не се соопштени, а сознанија засега нема ниту македонската полиција. Имиграциската служба на Висконсин соопшти дека странските имигранти се уапсени на различни локации во голема операција што траеле од средината на март до минатиот петок. Покрај македонски, уапсени се и имигранти од Конго, Доминиканска Република, Ел Салвадор, Гватемала, Индија, Брегот на Слоновата Коска, Либан, Мали, Мексико, Никарагва, Нигерија, Перу и Полска. Дел од уапсените имаат криминално досие за шверц на дрога или вооружени грабежи, додека другите се лишени од слобода поради непочитување на имиграциските закони. Ниту еден од уапсените странски имигранти не е осомничен за тероризам. Имигрантите ќе бидат задржани во притвор до нивното протерување од САД. (Макфакс)