dejan |
dali e ovaka vo drugi EU zemji??
ЕУ предлага поделба на Словенија на три региони
31.03.2005
Поделба на Словенија на 3 статистички региони, со што се зголемуваат нејзините шанси за добивање европски средства за рамномерен регионален развој, предложи синоќа претседателот на Одборот на региони на Европската унија (ЕУ) Питер Штрауб.
Словенија е традиционално поделена на 12 историски покраини, но поради уставните ограничувања, досега не извела реорганизација со што овие покраини ќе се признаат како статистички региони, а помалку развиените делови од државата би имале право на средства од Фондовите за европска кохезија и солидарност.
Со оглед на тоа што се уште се смета за еден регион, на Словенија и се заканува опасност да не ги добие споменатите средства.
„Од аспект на финансиските средства, поделбата на три региони би била оптимална, бидејќи двата региони би имале право на средствата на Унијата што би овозможило рамномерен и одржлив регионален развој на целата држава“, истакна Штрауб на средбата со претставниците на словенечкиот Парламент и на Министерството за надворешни работи.
Оценка на европските претставници е дека централниот дел на Словенија, заедно со Љубљана, како најразвиен дел од државата, не би имал право на европски средства за регионален развој.
|