dejan |
bravo bravo!
НАШИТЕ ВО СВЕТОТ - УШТЕ ЕДНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ЕЛЕНА МИСИРКОВА - ЛОЗА
Македонската пијанистка австриска гордост
Познатата македонска пијанистка која Австрија ја стави на поштенска марка и со нејзиното име крсти еден од авионите на "Дајмонд еркрафт", во мај ќе одржи соло концерт на големата прослава на 50- годишнината на авс
Елена Мисиркова-Лоза е единствениот уметник, избран од австриската влада да настапи по повод прославата на 50 години од потпишувањето на државниот договор, кога Австрија по Втората светска војна, беше "поделена" од Русија, Франција, Англија и Америка. Тогаш беше потпишан т.н. "државен договор" по што Австрија се здоби со независност, односно се воспостави "Втората република".
Настанот ќе се случи во дворецот "Белведере" во Виена на 15 мај оваа година. Австриската државна телевизија и радио ОРФ-2, директно, од 8 до 19 часот ќе ја пренесуваат прославата и целата манифестација, на која Елена Мисиркова ќе одржи околу 20- минутен соло концерт. Како што самата ни изјави, на програмата со сигурност ќе биде современ австриски композитор. Се очекува преносот да го следат над 100 000 гледачи. На овој важен настан за современа Европа е најавено присуството на министрите за надворешни работи на Франција, Англија и Америка, како и на претседателот на Русија Путин.
Ова е уште едно големо признание за Мисиркова-Лоза, која и досега, во повеќе пригоди, во Виена концертира практично како официјален уметник на австриската влада.
Ангажираното и квалитетно присуство на македонската пијанистка во Австрија изминативе години го обезбеди и нејзиното ексклузивно право за застапување на светски познати фирми за производство на концертни клавири. Така, пред две години презентирајќи ја компанијата "Безендорф", Лоза беше дел од голем настан во "Авијатикум", музеј на источна Виена, каде што се отвори можност за поврзување на технологијата и музиката. Беа презентирани најновите модели на авионите од "Дајмонд Еркрафт", компанија во која голем број акции поседува и комјутерскиот магнат Бил Гејтс, при што и еден од моделите го носеше името "Елена Мисиркова-Лоза". На оваа презентација каде што пред угледен бизнис круг се промовираа и новите модели на "Масарати" , настапот на Мисиркова беше најавен како "исклучителна можност да се слушне оваа прекрасна пијанистка, родена во Скопје, Македонија, дипломирала во Москва, со настапи во Америка, Шведска, Русија, Украина, Италија".
Уште една ретка придружна појава во кариерата на Мисиркова е поштенската марка што е издадена во Австрија, откако од пред две години пијанистката стана ексклузивен промотор на концертни клавири од светски познатата италијанска фирма "Фацероли". Оттогаш наваму Елена Мисиркова настапува исклучиво на клавири од оваа компанија, што во некои пригоди се носат директно од Италија.
|