Корупциски и други афери | |
Strelec | МНР плаќа, функционер на СДСМ не враќа! Лазар Еленовски, претседател на Евроатлантскиот клуб на Македонија, за организирање на конференција во Охрид во 2003 година зел пари од амбасадата на САД во Скопје, а истите трошоци, за истиот настан, му ги платило и Министерството за надворешни работи. Тој пред година и пол добил грант или неповратни средства од американската амбасада за организирање конференција во Охрид за евроатлантските аспирации на Македонија. Со грантот му биле одобрени средства во висина од 14.800 американски долари. Со овие пари Еленовски се обврзал да ги плати сите трошоци за конференцијата, вклучувајќи ги хотелското сместување, превозот, исхраната, уредувањето на салата... Во исто време, за истите намени добива и заем од Министерството за надворешни работи, односно со заменик-министерот Фуад Хасановиќ. Од МНР потврдуваат дека тој до ден денешен нема уплатено ниту денар во Министерството. Со Еленовски не може да се контактира затоа што е недостапен. Лазар Еленовски, освен што е претседател на Евроатлантскиот клуб, е и член на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз и веќе неколку години е заменик-директор на ЈСП - Скопје. |
slasa | samo kaj nas ima korupcija ??? Vo kanada .Amerika i vo Evrropa e se cisto kako staklo ,, |
concrete | quote:Uste da kazese nekoj kolkavi pari od MNR i pod koi uslovi, bi bilo super , vaka nekoj moze da vikne: DEZINFORMACIJA !!!! |
Strelec | Кривична пријава за екс министерот Бедредин Ибраими Поранешниот министер за труд и социјални работи, Бедредин Ибраими, доби кривична пријава од МВР за проневера на околу 200 илјади евра, соопшти МВР. Ибраими, кој беше министер во Владата на Љубчо Георгиевски, е осомничен дека без согласност на Владата префрлил државни пари на сметка на градежното претпријатие „Гранит“. Парите биле наменети за изградба на станови за децата без родители постари од 18 години. „Гранит“ никогаш не ги изградил становите, а осомничениот Ибраими не презел ништо за да ги поврати парите, иако „Гранит“ бил обврзан да ги врати 200-те илјади евра, доколку не ги исполни обврските. Против Ибраими МВР поднесе пријава за кривично дело злоупотреба на службена должност. |
dejan | kolku pari ke treba za da ne odi vo zatvor? ili vo bardofci pa posle nekolku meseci sloboden deka ne e lud. |
concrete | quote:Ne brigaj , tie si imaat Svajcarski tapii deka se malku OFF!!! |
Strelec | ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН Чедо дал земја во Охрид, а зел дуќан среде Скопје Комисијата за денационализација во април 2002 година по итна постапка го уважила барањето за денационализација на пратеникот во Собранието на Македонија, Чедомир Краљевски и место одземеното градежно земјиште во Охрид (КП бр.15885 КО Охрид) му дала во сопственост деловен простор во центарот на Скопје. Вредноста на деловниот простор, што впрочем е наведено и во решението на комисијата, е десетпати поголема од вредноста на надоместокот што Краљевски требал да го добие за земјиштето во Охрид. Разликата, велат од Министерството за финансии Краљевски ја платил со обврзници. Сета трансакција е направена за три месеци и непосредно пред септемвриските парламентарни избори во 2002 година. Сега случајот е на второстепена постапка. Јавниот правобранител смета дека е оштетена државата и бара договорот со Краљевски да биде раскинат. Имено, на барање од пратеникот Чедомир Краљевски, Комисијата за денационализација со седиште во Охрид донела решение ДН бр. 17-672/1 со кое требало да му се врати сопственоста на една идеална половина од земјиште во Охрид вредна 985.920 денари. Едвај триесетина дена потоа комисијата повторно заседавала и одлучила за надомест на сето тоа да му се даде деловен простор со површина од 98,36 метри квадратни којшто се наоѓа во приземјето на зградата на улица "Васил Главинов" бр.3 во Скопје чија вредност била проценета на 8.630.492 денари. |
Strelec | ЕЛЕНОВСКИ СЕ ТРУДИ, НО НЕ ЗНАЕ КАКО ДА ГО ЗАБОШОТИ СЛУЧАЈОТ Тенки докази за изгубената невиност Министерството за надворешни работи и Амбасадата на САД тврдат дека сум невин. Вака накусо може да се објасни реагирањето на Лазар Еленовски за информацијата на "Вечер" дека тој од две места зел пари за организирање на конференцијата во Охрид и од Амбасадата на САД и од Министерството за надворешни работи. "Вечер" објави и документи, договорите и фактурите за тоа колку Еленовски го чинело организрањето на конференцијата. Од двете институции беше потврдено дека Еленовски зел пари, а и од МНР ја добивме потврдата дека тој нема уплатено пари по основ на договорот со кој се обврзува да врати и уплати околу 11 илјади американски долари. Го побараваме Еленовски уште тогаш, само тој остана недостапен за весникот. Сега дури по пет дена се јави со писмена реакција каде не дава објаснување за целиот случај, туку се повикува на непостоечки деманти. [url="http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=8870"]Повеќе[/url] |
dejan | ПОЧНА КАСТРЕЊЕТО НА ДИСКРЕЦИОНИТЕ ПРАВА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА КАБИНЕТОТ НА БУЧКОВСКИ Првите 5 министри остануваат без "коруптивните искушенија" Според најавите, први за законски измени се министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерствата за финансии, за здравство и за одбрана, како и министерството за труд и социјална политик Наредните два месеци Владата има намера да ги изготви законските акти со кои ќе се намалат дискреционите права на министрите во 5 владини министерства. Според најавите, со ова прво кастрење ќе бидат опфатени министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерствата за финансии, за здравство и за одбрана, како и министерството за труд и социјална политика, а за да се делува во потенцијалните жаришта што им овозможувале на министрите да влегуваат во искушение за коруптивни зделки. Претставниците на овие министерства на наредните владини седници ќе треба да ги договорат измените на законските акти со Министерството за правда. На брифингот во Владата информираа дека за таа цел ќе се менуваат законот за тутун и законот за земјоделско земјиште, во делот на постапките за доделување на земјиштето кое сега е спорно, како и законите за ловство и сточарство, за ветеринарно здравство, или вкупно десетина закони што ќе му ги врзат рацете на министерот за земјоделие. Во труд и социјала ќе се работи на законот за користење на социјална заштита и изборот на комисиите за инвалиднини, во финансии - во законите за акцизна дозвола и за игри на среќа, каде министерот може сам да одлучува кому да му ја одзема дозволата. Ќе се разгледа и законот за царинска управа. Во министерството за одбрана под лупа се прегледите на регрутите, и комисиите кои ги вршат. Во здравството, пак, ќе се интервенира во одобрувањето патни и други трошоци за лекувањата во странство, во законот за здравствено осигурување, во начините на избор на комисии кои се контролен механизам на здравството. На министерот ќе му се оневозможи да дели унапредувања и специјализации за странски државјани по свое наоѓање, ќе се регулира и набавката на лекови и медицински помагала и комисиите кои одлучуваат, за да се спречат малверзации. Министерството за транспорт и врски иако е едно од најкорумпирачките, рекоа во Владата, е оставено за наредната фаза, која треба да заврши до крајот на септември. (Л.Ј.) |
Strelec | Притворен затворскиот воспитувач од Идризово МВР го привела затворскиот воспитувач во Идризово Владо Јанчевски за примање поткуп од затвореник, а истражниот судија утрово му одредил 30-дневен притвор. Според Министерството за правда воспитувачот бил уапсен откако вчера зел 50 евра од еден затвореник за да му потпише предлог за префрлање од затворениот во полуотворениот затворски дел во Идризово. Банкнотата од 50 евра била одбележана, а полицијата го уапсила воспитувачот веднаш откако ја зел. |
angel | Македонското судство е најкорумпирано. Невладината Транспарентност Македонија дошла до овој заклучок со сумирање на 652-те поплаки на граѓаните во четирите центри за информации. Најголем број од нив, 164 биле замерки за работата на судството, 98 пријави биле поднесени за приватизацијата, најчесто за загрозување на акционерските права, 32 поплаки се однесувале на обвинителството, а 29 пријави биле за проблемите при обезбедување дозвола. „Во Скопје тоа се Основен суд 1 и 2, Основен суд Велес, Комисијата за денационализација Скопје, Основен суд Штип, Основно јавно обвинителство Штип, работата на адвокатите во Штип, катастарот, Подрачната единица на Министерството за транспорт и врски Штип, инспекциските органи во Кавадарци, приватизациите на фирмите во Кавадарци, Основен суд Тетово“, вели Оливера Тевчева Транспарентност Македонија. Транспарентност Македонија, преку центрите досега помогнала во разрешување на десет случаи пријавено од граѓаните. За проблемите во судството велат, презеле активности, а по конечните пресуди најавуваат дека ќе ги објават имињата на судиите штo ги чувале предметите во фиоките, и барале мито од граѓаните. |
OooOo | ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ ЗА ТРУД заМЕШАН ВО МЕЃУДРЖАВЕН СКАНДАЛ Самка продавал бугарска сол како тузланска Фабриката за сол од Тузла ќе ја тужи фирмата "Униус ИС." од Тетово чиј сопственик е заменик-министерот за труд и социјала Самка Ибраимовски зашто неовластено пакувала и продавала бугарска сол во амбалажа и со етикета на познатата фабрика за сол од Тузла. - Викендов се вратив од Скопје. Утврдивме дека во некои мувлосани магацини во Тетово, кои неовластено ги поседува фирмата "Униус ИС", се пакува бугарска сол во наша амбалажа. Веднаш зедовме мостри и во нашите лаборатории утврдивме дека таа не е произведена во Тузла и дека станува збор за сол увезена од Бугарија. Исто така, лесно можеме да докажеме дека не станува збор ниту за наша амбалажа, зашто од пред три години и амбалажата е заштитена со посебни суви жигови - изјави вчера за "Дневник" Мирсад Налиќ, комерцијален директор на Фабриката за сол од Тузла. Тој најави дека се уште ја утврдуваат висината на штетата што и била причинета на неговата фабрика, но појасни дека обесштетувањето нема да биде пониско од еден милион евра. Лажната тузланска сол се продавала и на Косово и во Србија. - Без оглед што сопственикот на "Униус ИС" е заменик-министер за труд, ние нема лесно да се откажеме од обесштетувањето - вели Налиќ и најави дека наскоро повторно ќе дојде во Скопје. Тврдењата на Налиќ ги потврди и вчерашното присилно извршување на судска одлука за дел од имотот на Ибраимовски. - Пронајдовме илјадници пакети полни со празна амбалажа за сол со тузлански етикети. Пронајдени се и неколку полни кутии, кои полицијата веднаш ги заплени и ги прати на анализа - вели Сашо Мазневски, директорот на "Интермаркет", со чиј имот до минатата недела управуваше фирмата на Ибраимовски. Заменик-министерот Самка Ибраимовски вчера одржа прес-конференција, на која ги демантираше тврдењата на Мазневски. - Ние легално произведуваме амбалажа за Фабриката за сол од Тузла, но никогаш не сме пакувале сол под лажно име - тврди тој. Заменик-министерот има оправдување и за иселувањето. Тој смета дека иселувањето на неговата фирма од просториите на "Интермаркет" било нелегално, иако е потврдено со пресуда на Врховниот суд. |
angel | Наводно ова било намештаљка. Ќе се расветли дали е така. |
Strelec | Скандал во министерството за Економија Од парите наменети за изградба на лабораторијата за стандардизација, министерот Бесими пренасочил 1 милион и 300 илјади евра за манифестацијата ’Сонце на годината’. Државата лани одвои 2 милиони евра за изградба на лабораторија во која македонските компании ќе добиваат сертификати за да непречено ги извезуваат нивните произвди во странство. Таа требаше да почне со работа уште во ноември мината година, но досега три пати е пролонгиран рокот. И додека Министерството за економија чека и не презема ништо за да ја дозигради лабораторијата за стандардизација сметката ја плаќаат Македонските експортери. За да можат да извазуваат во странство тие сертификатот за квалитет го вадат во лаборатории во други земји за што плаќаат многу пари. |
Jakov | http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=45369 Samka, Elenovski i tie drugite barem ukrale pari...a ovie.....ako nivnite se aferi i kriminal sto e pravat ovie i slicni na niv.....I uuste sudot im go priznal falsifikatot. Spijat li tie luge mirno doma????Imaat li tie deca???? |
angel | Страшно [V]. ПРОКЛЕТИ ДА СЕ! [:(!] |
beaver hunter | Verushevski junior povtorno vo akcija. Po nekakva sluchajnost, sluchajno vo racete mu se nashol pishtol, kojshto sluchajno puknal vo sluchajni posetiteli vo eden skopski kafich.Tie sluchajni posetiteli vo kafichot sluchajno se zamerile so prijatelite na gorespomentatiot. Dali po nekoja sluchajnost, povtorno sluchanjno kje mu se progleda niz prsti? |
concrete | quote:A da zemes da si ja preprocitas ZIVOTINSKA FARMA, epten e aktuelna za da moze covek da ja svati Makedonija denes!!!! |
beaver hunter | quote:Blagodaram za preporakite, toa za zhal e vekje videno i prochitano od mene. Istata kniga preporachaj iim ja na novite ludje (dechki). |
Strelec | ПРИТВОРЕН СТЕЧАЕН УПРАВНИК ПОРАДИ ЗЕМАЊЕ МИТО За запирање стечај барал 3000 евра Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство во Куманово поднесе кривична пријава против педесет и тригодишниот скопјанец Тихомир Павловски за, како што се наведува, сторено кривично дело примање поткуп. Според МВР, пријавениот Павловски кој бил на функцијата стечаен управник на ППТУ "Ханза", фирма од Куманово, сопственост на семејството Дамјановски, на 13 април, по претходен телефонски договор дошол во просториите на " Ханза". Во разговор со Томе Дамјановски, еден од сопствениците и оснивачи на фирмата чија дејност е продажба на керамички плочки, но и на спортска обложувалница "Центар", двете во Куманово, Павловски образложил дека најповолно решение за "Ханза" ќе биде запирање на стечајната постапка. За такво нешто од сопственикот побарал 15.000 денари на име на судски трошоци и 3000 евра како противуслуга за запирањето на стечајот. Потоа се се одвивало според договорот. Тихомир Павловски поднел предлог, а стечајниот судски совет при Основниот суд Куманово на 18 април донел решение за запирање на стечајната постапка во "Ханза". Два дена потоа на 20 април, Павловски отишол во службените простории на фирмата, го предал документот и си ги побарал бараните 3000 евра. Откако сопствникот му ги дал парите, во канцеларијата влегле тројца полициски инспектори. Тие по налог на Истражен судија му извршиле претрес на Павловски, во чиј џеб впрочем и ги пронашле парите. |
ABC | Moe mislenje e deka najmnogu korupcija ima vo vladata,pa posle nea se site drugi institucii! Narodot rekol deka ribata se "smrduva" od kaj glavata.Zaboravil da kaze deka -korupcijata zapocnuva vo vladata! |
трендафил | quote:Нормално е најповеќе случаи за пријавено сомневање во корупција да има кај што има незадоволна страна. На пример во судот ако една од странките потплатила за да добие незаконски, другата, која изгубила иако е во право го гони случајот до крај. Многу потешко се гони корупцијата кај што има само две страни, а и двете имаат полза од поткупот. На пример на царина ако некој „заштеди“ 10.000 евра при увозот, а плати 2.000 евра поткуп на цариникот, задоволни се двете страни и нема кој да пријави. Или ако некој плати 1.000 денари па не добие пријава за саобраќаен прекршок со голема казна и одземање на дозвола. Не може да се суди колкава е корупцијата по гранки само врз основа на пријавите. |
Strelec | off topic: Mu go chestitam prviot post na трендафил vo koj shto go nema spomnato zborot 'SDSM'!:) |
concrete | [quote]Originally posted by трендафил
[quote]Originally posted by angel Македонското судство е најкорумпирано. Невладината Транспарентност Македонија дошла до овој заклучок со сумирање на 652-те поплаки на граѓаните во четирите центри за информации. DRZI VODA , ama nekade denovive sretnav tekst za korumpiranosta vo EU....spored toa sto go procitav Makedonija moze voda da im nosi... ako dobro se sekavam Grcija bese vo vodeckata grupa:carina, sudstvo, policija, vladini sluzbi.... I TIE NAS KE NI KAZAT ..A???? NEMA BRE PRAVDA!!!! |