АРМ
АРМ
intel Одредени членови на форумов трвдеа дека оваа власт го распродала военото воздухпловство.Доказ дека тоа не е така: ПРЕЗЕНТИРАН НОВИОТ СИСТЕМ ЗА НОЌНО ЛЕТАЊЕ НА ХЕЛИКОПТЕРИТЕ МИ-24 И МИ-17 Скопје, 1 април (МИА) - Армијата на Република Македонија вечерва го презентираше новиот систем за ноќно летање, вграден во борбениот хеликоптер Ми-24 и во транспортниот Ми-17, кој овозможува дејствување на воздухопловите 24 часа. По Англија, Франција и Шпанија, Македонија е четвртата земја во Европа која ги модернизира хеликоптерите од руско производство со современа опрема што ја вгради фирмата "Елбит", меѓународниот конзорциум со седиште во Изрел. Со неа, хеликоптерите можат да летаат во потполна темнина, без ниту едно светло на трупот, перките, опашката или кабината, и да слетуваат на скоро непристапни терени, како носач на авиони, пустина или терен прекриен со снег. На воените полигони Петровец, Скопје и Орел, кај Свети Николе, вечерва пред министерот за одбрана, Јован Манасиевски и пред новинарите беа практично прикажани можностите и достигнувањата на системот наречен АНВИС/ХАД 24. Тој спаѓа во делот на авиониката, односно посебен софтвер за навигација. Потполковник Владимир Лазаров, командант на Воените воздухопловни сили, во текот на презентацијата на техничките податоци на новиот систем за ноќно летање, создаден од инженерите на "Елбит", рече дека ова е само прва фаза од осовременувањето на хеликоптерите. Според него, новата опрема ќе овозможи влегување во заедничкиот систем на идентификација со НАТО, односно ги исполнува стандардите на Алијансата. Таа овозможува и сателитска навигација. "Военото воздухопловство се одлучи за модернизација, бидејќи само на тој начин може да се продолжи векот на траење на хеликоптерите, се додека државата на обезбеди поголем буџет за набавка на нови. Во моментов, цената на еден хеликоптер се движи од 20 до 50 милиони долари, а за опремување на четири авиони со новиот систем потрошени се два милиона долари", рече Лазаров. Ми-24 и Ми-17 служат и за борбени дејствија, но и за поддршка на сили на земја, заштита на конвои, спасувачки мисии, гаснење на пожари, бидејќи сега можат да летаат и во најсложени метеоролошки услови, дење и ноќе. Она што е новина е користењето за ноќно летање е дисплејот, односно посебно екранче кое се наоѓа на очилата за ноќно летање, кои пак се вградени во шлемот на пилотот. Така, тој веднаш ги добива сите податоци поврзани со работата на хеликоптерот, брзината и правецот на летање или работата на моторот. На овој начин е овозможена едноставна и прецизна навигација во ноќни услови, избегнување на влез во облаци и намалување на уморот на пилотот. Целиот проект за опремување на Ми-24 и Ми-17 бил спроведен за девет месеци. Министерот Манасиевски, по завршувањето на пробните летови со овие два хеликоптера, рече дека е потполно задоволен од она што го видел и оти е оправдана модернизацијата на воздухопловите. "До крајот на 2007 година ќе се опремат уште шест други хеликоптери со уште посовремена опрема за ласерско наведување и одбрана од проектили. Така, НАТО стандардите, според кои во нашата Армија се декларирани 10 хеликоптери, ќе бидат исполнети, а ние ќе ја подигнеме борбената готовност", оцени Манасиевски. За искуството на Македонија со новата израелска опрема, што ја има користено и американската војска, досега покажале интерес повеќе европски држави кои во својата воена опрема имаат воздухоплови од источно европско производство. сн/зш/22:09/миа/МТнет/
NARCIS` Perenje pari e ova,da staat nekoj denar u dzeb.
Ceki
quote:
По Англија, Франција и Шпанија, Македонија е четвртата земја во Европа која ги модернизира хеликоптерите од руско производство со современа опрема што ја вгради фирмата "Елбит", меѓународниот конзорциум со седиште во Изрел.
A nie izgubivme vojna protiv kromanjoncite vo 2001[:(]
dejan toa e epten ZHALNO ceki! deka koga covek ke cita ovakvi stvari.....krivo mu e, 'zosto ne pobedivme vo 2001? zosto ne gi oteravme NLA u p* m*?' ova e interesno.....ova ne priblizuva kon NATO i bi trebalo po brzo da vlezeme be!!
Strelec Презентација на реформите во македонската одбрана Презентација на прогресот на реформите во одбраната на МАкедонија денеска треба да се одржи пред Командната група на Врховната команда на сојузничките сили за Европа (SHAPE) ВО Брисел и ешалонот на Националните воени претставници на земјите членки на НАТО. Македонија е првата земја во историјата на Партнерството за мир, која пред SHAPE и ешалонот на националните воени претставници на земјите членки на НАТО ќе го презентира прогресот на патот кон членство во Алијансата.
concrete
quote:
Originally posted by Strelec
Презентација на реформите во македонската одбрана Презентација на прогресот на реформите во одбраната на МАкедонија денеска треба да се одржи пред Командната група на Врховната команда на сојузничките сили за Европа (SHAPE) ВО Брисел и ешалонот на Националните воени претставници на земјите членки на НАТО. Македонија е првата земја во историјата на Партнерството за мир, која пред SHAPE и ешалонот на националните воени претставници на земјите членки на НАТО ќе го презентира прогресот на патот кон членство во Алијансата.
Strelec , definitivno zaklucuvam deka imas zavrseno nekoj od brzite "vecerni" kursevi za propaganda :):):)!!! Prva zemja vo istorijata na Partnerstvo za mir, koja pred SHAPE ( uste da kazes sto e toa na nas prostive ovde) i eshalonot ( veseloto drustvo!!!) na nacionalni voeni predstavnici na zemjite clenki na NATO ke go prezentira progresot na patot kon clenstvoto vo Alijansata.... dobar si nema sto.....isto kako koga za vremeto na Penov se namnozija mobilni telefoni (ili nesto drugo bese) PA SEKOGAS IMA PRV PAT , ako ne si znael......toa ne e informacija KAZI KOGA KE BIDEME VNATRE , nekoj bez takvi KELEPUR SOFTI veke i zaboravija koga stanaa Natovci!!!!
dejan Makedonija e prvata zemja vo toa!! dali tie znaes sto znaci da bides PRV concrete?:p
трендафил Џабе ќе летаат хеликоптерите и по мрак ако не носат оружје, како што тоа го правеа во 2001 година со одлука на министерот за одбрана. И не знам дали ги спремаме хеликоптерите за ослободување на Македонија или за да помогнеме во окупацијата на некоја странска земја во полза на трета држава.
dejan sto sakas da kazes so toa trendafil?
lav
quote:
Originally posted by dejan
toa e epten ZHALNO ceki! deka koga covek ke cita ovakvi stvari.....krivo mu e, 'zosto ne pobedivme vo 2001? zosto ne gi oteravme NLA u p* m*?'ova e interesno.....ova ne priblizuva kon NATO i bi trebalo po brzo da vlezeme be!!
Не ги победивме (тогаш) само затоа што „тие„(кромањонците-де) најверојатно си имаа одпорано„инсталирано„ КРТ(ОВИ) , во некои од клучните институции на Државата на Македонците. пс Друг и поинаков (разбирлив за секого) одговор никако не можам да најдам , за да ја оправдам сегашната (а можеби и идната) состојба во нашата (дали е сеуште наша?) држава.
Strelec трендафил и lav... а да кажевте што мислите за новите хеликоптери (Ми-24 и Ми-17) и за презентацијата пред Командната група на Врховната команда на сојузничките сили за Европа (SHAPE) во Брисел?:) Или не ви се прави муабет за тоа?:)
intel Гала Концерт на оркестрите на АРМ и НАТО Оркестрите на АРМ и на Здружената команда Југ, на силите на НАТО, вечерва во Домот на Армијата во Скопје ќе одржат заеднички концерт. Гала - концертот е во рамки на одбележувањето на 56 годишнината од формирањето на Северноатланската алијанса и програмата Недела на НАТО во Македонија“. Оркестарот на Здружените сили Југ од Неопол со изведба на повеќе класични дела ќе се претстават и утре на плоштадот Македонија во Скопје, а ќе одржи и добротворни концерти во Центарот за рехабилитација во Скопје-север и во детското СОС село во населба Ченто.