И ОНА се борела за Македонија
И ОНА се борела за Македонија
трендафил Според „Дневник“ Бучковски и Ахмети се договараат и борците на ОНА да добијат ист третман како бранителите на Македонија во војната во 2001 година.
dejan neznam na koi da veruvam strelec!:( се заслужни за новиот Устав во Македонија<-----toi veliu, covek da go prasa da se izjasni malku po dobro na toa sto saka da go rece, deka ne go razbiram? kako se zasluzhni?? i ako on nema da odgovori sto ti sakas da slusnes, odma kopac vo faca!
Great_Macedonian Quote Strelec: Ако сакаме да влеземе во ЕУ и во НАТО ќе мора да се однесуваме многу поинаку отколку што било во минатото... И да веруваш дека работите во Македонија конечно почнуваат да течат онака како што личи за една сериозна земја! --------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Totalno si vo Pravo Strelec, Videte vaka lujge. Konfliktot (ne vojnata zas nebese vojna) 2001 godina navistina ostavi mnogu rani na dvete strani, no ne bevne samo nie makedoncite tie sto napravije otstapki. UCK zagubi mnogu povejke 'vojnici' nego MVR i ARM, i na kraj (gledano od nivna perspektiva) i tie koaliciraa so onie koj gi ubija nivnite. Ne velam deka treba da im se prosti za ONA sto ONA go stori 2001 godina.. no vcerasniot neprijatel e denesniot prijatel. Francija i germanija i anglija oci si korneja i imaa daleku po grdi konflikti od nasiov, i na kraj pak se smirija. Treba i nie malce da gledame kon idninata. Dali trebase Axmeti i kompanija da odat vzatvor? DA, toa e nesomneno.. no Evropa i America resija tie da bidat nagradeni, i sega namesto samo da placime i cvikame treba da ja prifatime realnosta i da gledame kako moze toj sozivot mejgu makedoncite i albancite pak da se vrati.. treba da gledame makedonija da stane ekonomski jaka zemja, zasto edinstven nacin malecka zemja da bide pocituvana i svatena seriozno vo denesen svet e DA BIDE EKONOMSKI MNOGU SILNA. Quote Dejan: neznam na koi da veruvam strelec!:( ------------------------------------------------------- Dejan ne veruvaj vo nikogo, veruvaj samo vo sebe.
трендафил
quote:
Originally posted by Great_Macedonian
Ist tretman kako branitelite na makedonija da dobijat? Super, znaci togas konecno odat vzatvor!
Лошо се изразив. Се мисли само на привилегиите што нашите требаа да ги добијат, да ги добијат и Албанците. Тие веројатно ќе ги добијат веднаш, без чекање. П.С.: Чекам да излезе интернет изданието на „Дневник“, за да се види подетално за што станува збор, да не пречукувам од хартија.
Great_Macedonian pogolema privilegija od potpretsedatel na sobranie zasto si se borel protiv taa drzava, i ucevstvo vo vlasta plus ministerski fotelji.. i nemoze da se dobie!
lav Државата треба да плати (слободно...нели читај само на тие кои ги плаќаат сметките кон државата) и за бањско лекување на ранетите припадници на КАЧАЦИТЕ (читај на ОНА) а ова го кажал пратеникот-качак (подметнувач на бомби по професија ширум Македонија) Фазли Велиу на митигот во селото Матејче. пс Се прашувам подоцна да не побараат и некава масажа ...да им се направи и тоа беспалтно........затоа што не „ослободиле„ од редот и мирот кој дотогаш (привидно) владееја.......за времето на владаението на премудриот-ни Ќиро.
Great_Macedonian Ist tretman kako branitelite na makedonija da dobijat? Super, znaci togas konecno odat vzatvor!
трендафил
Бучковски и Ахмети прават закон за ОНА
Премиерот Владо Бучковски и претседателот на ДУИ Али Ахмети со директни разговори ќе го утврдат статусот на поранешните борци на ОНА што беа ранети во конфликтот во 2001 година, изјави за "Дневник" Фазли Велиу, пратеник и претседател на Здружението на воени ветерани на ОНА. Според него, договорот што ќе го постигнат Бучковски и Ахмети во форма на предлог-закон лесно ќе добие виза во Владата и во Собранието. Велиу тврди дека Ахмети ќе инсистира борците на ОНА да имаат институционален третман каков што имаат и припадниците на безбедносните сили. "Дневник" дознава дека помеѓу двата изборни круга, водството на ДУИ разговарало со инвалидите од конфликтот во 2001 година и дека се подготвува целосна документација за околу 70 ранети припадници на поранешната ОНА. Средби во минатата недела се одржале во болницата во Куманово и во Медицинскиот центар во Тетово. На средбите присуствувале воените инвалиди, директорите на болниците и функционери на ДУИ. Проектот за институционализација на поранешните припадници на ОНА го водат вицепремиерот Муса Џафери, министерот за локална самоуправа Ризван Сулејмани, заменик-министрите за одбрана и за правда, Талат Џафери и Субхи Јакупи. Правна помош била побарана и од поранешниот министер за правда, а сега народен правобранител Иџет Мемети. ДУИ подготвува и предлог-закон со кој ќе се регулира статусот на повеќе од 100 семејства на загинати борци на поранешната ОНА. - Бараме државата да се однесува кон ранетите припадници на ОНА како кон воени ветерани. За борците чиј инвалидитет е повеќе од 50 отсто бараме пензии или социјална помош, за работоспособните приоритет при вработување на места за кои се способни, а за земјоделците - механизација или поволни кредити. Државата мора да го реши нивниот статус, бидејќи тие, како борци на ОНА, се заслужни за новиот Устав во Македонија - вели Велиу. Тој потврди дека се подготвува документација за околу 70 воени инвалиди, но рече дека ги има повеќе, бидејќи не се евидентирани вработените во приватниот сектор. Тие пополнуваат формулари во кои пишуваат за степенот на инвалидитет, кога и како биле ранети, на која бригада и припаѓале, кој им бил командант, каде се лекувале и каде се сега. Велиу вели дека на државата треба да плати за лекувањето и за рехабилитацијата на ранетите припадници на ОНА. - Ако не плати државата, ќе платат општините или, во краен случај, партијата. Не смееме да дозволиме нивниот револт да се насочи кон ДУИ и повторно да протестираат по улиците. Тоа важи и за семејствата на загинатите припадници на ОНА, за кои ќе бараме пензии, а за децата бесплатно образование - вели Велиу. [url="http://217.16.70.236/?pBroj=2726&stID=52443"]ДНЕВНИК[/url]
concrete Mislam deka , normalno ako ima pravda, ke ima edno PROCESCE kako ona na Peten vo Francija. Bucko i kompanija treba da smetaat deka tie ne ja zadolzile Makedonija kako Peten vo Prvata svetska vojna , a bogami i ne se stari po godini , taka da verojatno nema od tie pricini, kako Peten da go izbegnat , betonskoto zidce :):):)!!!!! Isto treba da se setat deka nivnite mentori za princip go imaat praviloto : nema vecni prijateli, nema vecni neprijateli, ima samo vecni interesi , zgoden nekoj princip , ama ne vazi vo Balkan Bavcata :):):)!!!!
трендафил
quote:
Originally posted by concrete
Mislam deka , normalno ako ima pravda, ke ima edno PROCESCE kako ona na Peten vo Francija. Bucko i kompanija treba da smetaat deka tie ne ja zadolzile Makedonija kako Peten vo Prvata svetska vojna , a bogami i ne se stari po godini , taka da verojatno nema od tie pricini, kako Peten da go izbegnat , betonskoto zidce :):):)!!!!! Isto treba da se setat deka nivnite mentori za princip go imaat praviloto : nema vecni prijateli, nema vecni neprijateli, ima samo vecni interesi , zgoden nekoj princip , ama ne vazi vo Balkan Bavcata :):):)!!!!
Јас сум повеќе за стар чинар и ново јаже отколку за ѕидче. Може и некоја од новите канделабри на Пенов, доколку можат да издржат тежина на човек. Што се однесува до законот што се спрема, ќе излезе дека треба да и бидеме благодарни на актуелната власт за великодушноста, што од него нема да бидат исфрлени бранителите, или по новата формулација тие што се бореле против промените на Рамковниот Устав. Или нема да бидат исфрлени во оваа етапа, бидејќи ние како народ во етапи проголтуваме и многу големи залаци.
dejan mi se povrakja!!!! NEZNAM sto da kazam!! mi se gadi! u p* m*!!! sega sosema druga slika sum dobil za vlado buckovski! jas pomisliv deka on ke napravi nesto dobro za makedonija, barem nesto.....a sega!! nemozam da VERUVAM!!!! toa ONA e PROBLEMOT vo Makedonija! ako ne bile oni, nie bi bevme na dobar pat! SVE dobivat albancite vo Makedonija, SVE! i na kraj, pak ne se zadovolni!! ima li LOGIKA vo ova sve?!! sega tie koi ni ja ebale zemjata pret 4 godini ke bidat prekraseni kako MAKEDONSKI PATRIOTI!! tie ne civilizirani lugje koi crkvi unistuvale i lugje ubivale ke dobiat nesto ovakvo?? a toi buckovski! zosto im dava ova? OP Ahmeti saka nesto drugo, i on kako kutrenci ODMA!
Ceki Dejan, vakov uspeh posakuvas ti za Makedonija?
quote:
Se' drugo shto chitash, ne e tochno i e plod na sozdadena panika zaradi mozhniot uspeh na ovaa vlast!
Veruvas vo ova?
dejan neznam sto da kazam!! za zhal makedonija e izvrtena zemja! neznam sto da napisam tuka! Makedonija e zemja, zemja na site Makedonci vo svetov, i ako ne e cela Makedonija, prv dom e na site Makedonci, i tie Makedonci koi nemozat da se vratat nazat vo Egejska Makedonija, Makedonija im e majcinska zemja, zemja koja se maci, kako i so vekovi se maci....prv dom na site Makedonci vo svetot, dom na Makedonci koi se ftora ili treta generacija vo nekoja zemja, i ako ne bile nikogas vo Makedonija, Makedonija im e majcinska zemja. Treba SITE Makedonci vo svetot da se vratat nazat, i duri togas Makedonija ke ni bide vecna zemja, i duri togas Makedonija ke bide podobra zemja i ke ima nadezh!! [:(]
Ceki Pa i da ne se vratime nie sega odma odma, poso ako se vratime site, samo novi ekonomski i socialni problemi ke se pojavat. Barem tie so ostanaja neka se svesni so pravat. Neka ne im se pustat touku na sdsm i uck. Dejan, i na forumov ima mnogu so se od nadvor, a pisuvaat gluposti, zato podobro tie da si ostanat tamu kade so se. Mislam deka ne i se potrebni vo ovoj moment na Makedonija novi sdsmovci i uckovci od stranstvo.
dejan pa sto ke pravis? nie makedonci sme slab narod, ne sme narod koi se bori, poveke makedonci se takvi baram jas mislam. moze i sega ahmeti ke gi bara novite helikopteri za poklen na tie od ONA. nisto ne me iznenaduva od ovaa vlada, a posebno posle izborite!! grrr
Ceki Ti i jas sega ne mojme nisto da naprajme, ne se grizi poradi to. I da se vratime sega vo ovoj moment. Ko ke ni dojt na nas mladite vremeto, togas da se sramime, ako ne storime barem nesto.
intel
quote:
Originally posted by трендафил
quote:
Originally posted by Great_Macedonian
Ist tretman kako branitelite na makedonija da dobijat? Super, znaci togas konecno odat vzatvor!
Лошо се изразив. Се мисли само на привилегиите што нашите требаа да ги добијат, да ги добијат и Албанците. Тие веројатно ќе ги добијат веднаш, без чекање. П.С.: Чекам да излезе интернет изданието на „Дневник“, за да се види подетално за што станува збор, да не пречукувам од хартија.
Ти викам јас ти само copy-paste правиш,а ти се лутиш. Доста препишуваш од литературата на ДПМНЕ кажи некој твој став или размислување.
quote:
mi se povrakja!!!! NEZNAM sto da kazam!! mi se gadi! u p* m*!!! sega sosema druga slika sum dobil za vlado buckovski! jas pomisliv deka on ke napravi nesto dobro za makedonija, barem nesto.....a sega!! nemozam da VERUVAM!!!! toa ONA e PROBLEMOT vo Makedonija! ako ne bile oni, nie bi bevme na dobar pat!
Дејан,може ли да те прашам дали секогаш се зафркаваш или после секој пост менуваш мислење. 100 пати беше за пенов на пример и 100 пати за костовски[:D]
Strelec
quote:
Originally posted by intel
Дејан,може ли да те прашам дали секогаш се зафркаваш или после секој пост менуваш мислење. 100 пати беше за пенов на пример и 100 пати за костовски[:D]
Истото и јас сакав да го прашам!:) Мислел дека е Бучковски добар, ама после постот од трендафил, вели дека му се повраќа!:))) Утре ќе прочита во весник текст со наслов ’Бучковски тврди дека никогаш нема да ги изедначи македонските бранители со борците на ОНА’ и повторно ќе почне да му верува на Бучковски!:)))
OooOo Mozhda na dejan mu se povrakja samo posle odredeni izjavi ;)
Great_Macedonian Kutri Dejan, kasno svatil deka nema makedonski polticar koj bi zastanal zad makedonskite interesi. Dejan, da bee Buckovski toku dobar, nemase da ima potreba so helicopter da go evakuiret od zapaleniot stab na "svetata sdsm na intel".
Ceki
quote:
Утре ќе прочита во весник текст со наслов ’Бучковски тврди дека никогаш нема да ги изедначи македонските бранители со борците на ОНА’
Mislam deka e to veke napraveno, i to bez zakon. I daj prestanete veke so toj cinizam i podjebavanje. I mene mi se povraka koga citam nekoj raboti, ali so da pram. Seir, seir i seir po site politicki topici. Mislev ovde e mesto za politika i normalni diskusii. Ili e se veke kazano, pa sega samo se vrtime vo krug? Dejan ednostavno ne im veruvaj na vakvi lagi: "Se' drugo shto chitash, ne e tochno i e plod na sozdadena panika zaradi mozhniot uspeh na ovaa vlast!" Za vladata bese uspeh teritorijalnata podelba i neuspespesniot referendum. Pa sega samiot ti logicno oceni so e "celta" na ova vlada i kouku ke platime za nivniot "uspeh" ...
Homer MakeDonski
quote:
Originally posted by трендафил
Според „Дневник“ Бучковски и Ахмети се договараат и борците на ОНА да добијат ист третман како бранителите на Македонија во војната во 2001 година.
konecno i tie odat vo zatvor ,a potoa i Hag isto ko i branitelite :-))
Homer MakeDonski e koj mi e kriv sto ne docitav topikot do kraj
Strelec
quote:
Originally posted by Ceki
...cinizam i podjebavanje.
ceki, бирај зборови во иднина кога ќе сакаш да кажеш нешто!
dejan abre sto da vi kazam! po los sum od vremeto:p a toa so penov, nekoviot 1995-2005 video mi go svrti pametot ok!:)))))
dejan sto e ova? neli oni ja branele makedonija?? i taka ke iskoci za edna godina, prvo vo bardofci pa pak nadvor Хасан Клаиќи осуден на 10 години за случајот Сопот МИА 06.04.2005 Основниот Суд во Куманово денеска му одреди 10-годишна затворска казна на Хасан Клаиќи, обвинет за тероризам - загрозување на уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија во врска со случајот „Сопот“. Клаиќи беше обвинет за поставување противтенковска мина, заедно со уште 10 лица на 4 март 2003 година на месноста „Божја дупка“ на патот Сушево-Сопот. Во експлозијата животот го загубија три лица, меѓу кои и двајца војници на полскиот контингент во НАТО. По стореното дело тој беше во бегство и по претходно распишна потерница беше фатен во јануари 2005 на унгарската граница и вратен во земјава. Одбраната на Клаиќи незадоволна од донесената пресуда, најави дека ќе поднесе жалба до Апелацискиот суд во Скопје. За случајот Сопот по 14 години затворска казна добија Сулејман Сулејмани и Самет Љутвији, а поради недостиг на докази беше ослободен Архан Бајрами.
lav Originally posted by dejan
mi se povrakja!!!! NEZNAM sto da kazam!! mi se gadi! u p* m*!!! Нема што тука да се кажува , неопходно ти е само соодветно кесе за повраќање и ништо повеќеsega sosema druga slika sum dobil za vlado buckovski! jas pomisliv deka on ke napravi nesto dobro za makedonija, barem nesto.....a sega!! nemozam da VERUVAM!!!! toa ONA e PROBLEMOT vo Makedonija! ako ne bile oni, nie bi bevme na dobar pat! Во случајов по се изгледа ќе мора да веруваш во нештоSVE dobivat albancite vo Makedonija, SVE! i na kraj, pak ne se zadovolni!! ima li LOGIKA vo ova sve?!! Има тука некаква логика ...не да ја нема ...ама кој ни е крив што ете ние простосмртните не ја „разбираме„ ??? sega tie koi ni ja ebale zemjata pret 4 godini ke bidat prekraseni kako MAKEDONSKI PATRIOTI!! tie ne civilizirani lugje koi crkvi unistuvale i lugje ubivale ke dobiat nesto ovakvo?? Па не е за бадијала нашата земја наречена и Земја на Чудесија НИКАДЕ ДОСЕГА НЕВИДЕНИ , разбира се ...нели?a toi buckovski! zosto im dava ova? OP Ahmeti saka nesto drugo, i on kako kutrenci ODMA! Тој качак што си сака тоа и јавно си го кажува ....ама ние не го „разбираме„ него оти зборува на странски јазик.....се додека некој како споменатиот од тебе , не ни го (по)каже неговото барање исполнето на дело и видливо за сечие око
Strelec
quote:
Originally posted by dejan
sto e ova? neli oni ja branele makedonija?? i taka ke iskoci za edna godina, prvo vo bardofci pa pak nadvor
dejan, ниту ’Бардовци’ ќе се случи, ниту ’надвор’ ќе се случи... Ако сакаме да влеземе во ЕУ и во НАТО ќе мора да се однесуваме многу поинаку отколку што било во минатото... И да веруваш дека работите во Македонија конечно почнуваат да течат онака како што личи за една сериозна земја!
OooOo ДУИ ГО ДЕМАНТИРАШЕ СВОЈОТ ПРАТЕНИК ВЕЛИУ За борците на ОНА ќе се решава без закон Груба дезинформација и невистина е тоа дека се подготвувал закон за ОНА, велат од кабинетот на Бучковски Проблемите што ги имаат поранешните борци на ОНА ќе ги решаваме, но не со закон. За тоа не се разговарало во Владата, ниту во нашата партија. Не сме ни размислувале за такво нешто, рече вчера Ермира Мехмети, портпаролка на ДУИ, по изјавата на пратеникот од партијата Фазли Велиу дека премиерот Владо Бучковски и партискиот лидер Али Ахмети ќе се договараат за закон за статусот на воените ветерани од ОНА. Тврдењата на Велиу ги демантираа и од кабинетот на Бучковски. Мехмети вели дека засега не знаат како ќе го решат проблемите на поранешните борци. Тие бараат пензии или социјална помош за инвалидите, вработување за работоспособните и помош од механизација или поволни кредити за земјоделците. Пратеникот на ДУИ, Велиу, кој е и претседател на Здружението на воени ветерани на ОНА, за "Дневник" изјави дека Ахмети ќе побара од Бучковски поранешните борци на ОНА да добијат институционален третман каков што имаат припадниците на безбедносните сили. - Државата мора да го реши нивниот статус, бидејќи тие, како борци на ОНА, се заслужни за новиот Устав во Македонија - рече Велиу. Во демантот од кабинетот на премиерот се вели дека Бучковски со никого не разговарал за т.н. закон за ОНА, ниту некој покренал иницијатива за такво нешто. "Груба дезинформација и невистина е наводното подготвување на закон за ОНА", пишува во демантот од кабинетот на премиерот. Како што објавивме, водството на ДУИ помеѓу двата изборни круга се среќавало со воените инвалиди од конфликтот во 2001 година и дека се подготвува целосна документација за околу 70 ранети припадници на ОНА. Директорот на Медицинскиот центар во Тетово, Љутви Зулбеари, ни потврди дека таму веќе двапати имало такви средби. На средбите присуствувале воените инвалиди и челници на ДУИ. Проектот за институционализација на поранешните припадници на ОНА, според нашите извори, го водат вицепремиерот Муса Џафери, министерот за локална самоуправа Ризван Сулејмани, заменик-министрите за одбрана и правда Талат Џафери и Субхи Јакупи, а правна помош била побарана и од поранешниот министер за правда, а сега народен правобранител Иџет Мемети.
Strelec
quote:
Originally posted by трендафил
Премиерот Владо Бучковски и претседателот на ДУИ Али Ахмети со директни разговори ќе го утврдат статусот на поранешните борци на ОНА... Договорот во форма на предлог-закон лесно ќе добие виза во Владата и во Собранието.
quote:
Originally posted by dejan
mi se povrakja!!!! NEZNAM sto da kazam!! mi se gadi! u p* m*!!!
quote:
Originally posted by OooOo
Груба дезинформација и невистина е тоа дека се подготвувал закон за ОНА, велат од кабинетот на Бучковски... Не сме ни размислувале за такво нешто, рече вчера Ермира Мехмети, портпаролка на ДУИ.
dejan, не ме слушаш кога ќе ти речам никогаш да не им веруваш на оние кои што за едните пишуваат САМО добро, а за другите САМО лошо!?
Justinijan
quote:
да не им веруваш
... ама и да веруваш, барем по малку ако не многу. За противпропаганда нема никаква тајна ни противречност во противречните информации што се нудат, често од еден ист извор. Постапката е рутинска - иницијално пуштање на пробни балони со цел да се испита нивото на спротивставеност во групата која е цел за обработување. Реакциите ќе бидат употребени за градење на понатамошна стратегија за тоа кои и какви мерки ќе бидат потребни за да се изврши операцијата до крај. Од првата најава за албанска Струга и првите гневни демонстрации, па до рамнодушното “ајде, нека им биде“ поминаа повеќе месеци, повеќе планирани лаги и ситематско опивање на “целната група“ со најразновидни анестетици. Во создавањето бесчувствителност и апатија подеднаква заслуга имаат и власта и опозицијата, но секако, најважниот анестетик, пред сите останати, беше - да се стави сета надеж во референдумот на Петров. Наравоучението е: не берете гајле, БУЧКОВСКИ нема да почне уште утре да им исплаќа пензија на УЧК. Ќе протече доста вода додека “групата што е цел на обработка“ не биде забрлавена до таа мерка што ќе го прифати и ова речиси со рамнодушност. Но исто така, не треба да се биде и песимист. Целта ќе биде остварена. Секој ден сме се поблизу до неа![}:)]
KoPiLe do kolku se donesi vakov zakon i slicen na nego spored mene bi bilo omalovazuvanje na site tie koi shto zedoja oruzje vo race stavija uniformi i zaminaa da ja branat Republika Makedonija...eden takov imam i vo familijata vo sluzba vo koja morashe da go napravi toa(sakal ili ne)...izgleda deka nekoj od vlasta ima zaglaveno ne edna pogovorka ...ako nemozish da go pobedish neprijatelot togash pridruzimu se...zalosno na koi funkcii se takvite lujge..[;)]
dejan ekonomski jaka zemja makedonija da stane bi bilo dobro! makedonija naj dobro da napravi nekolku investicii vo zemjite okulu nas....mala zemja e....ako vladata ke zeme primer od nekoi severni-zapadni zemji vo evropa....koi se so mal broj lugje a i mnogu bogati, makedonija ke stane naj bogata zemja vo Makedonija....da bide kako edna svajcarija....ama ne vo toi pogled kade nema nacionalna kultura.
Justinijan
quote:
Francija i germanija i anglija oci si korneja i imaa daleku po grdi konflikti od nasiov, i na kraj pak se smirija.
Точно. Но, соедна мала забелешка. Мирот не го градеа Петен и Гебелс, туку некој друг. И уште една мала забелешка: мирот започна да се гради откако на Петен и Геринг им беше пресудено според заслугите. Просперитетот и економскиот напредок може да постои само ако постојат определени морални норми кои се почитуваат во општеството. Америка се обидува да изгради пријателски односи со муслиманите, но не на тој начин што Буш и Бин Ладен да си подадат рака, да заборават на она што било. Или пак да му понудат на Бин Ладен министерско место![:D]
Jakov Francija i germanija i anglija oci si korneja i imaa daleku po grdi konflikti od nasiov, i na kraj pak se smirija. Treba i nie malce da gledame kon idninata. Na Mojsej mu trebale 40 godinida gi donese Evreite od Egipet vo Izrael preku Sinajskata pustina. A rastojanieto ne e voopsto golemo pa ni za tie bibliski vreminja. Ama ne slucajno bilo toa taka. Trebalo da im se smeni mislenjeto, mentaliteto na lugeto, da go zaboravat vremeto na ropstvoto za da mozat da ziveat slobodno vo novata zemja. Istoto vazi i za drzavite vo Evropa a i podaleku verojatno. Istoto morame da go pomineme i nie. Nemozes da gradis normalni odnosi na sozitelstvo so onie koi ja vodele vojnata(kako ida ja narekuvame, konflik ili poinaku). Ke pominat definitivno nekolku generacii dodeka se nadmine toa. Ete dobar primer deka nekoi raboti ne se zaboravaat e bivsa YU i Bosna...45 godini kao glumea bratstvo i edinstvo pa vo 1993 se toa se urna za nekolku dena i viovme sto stana...Na Balkanov kolektivnoto pametenje e dolgo i tesko.
Strelec
quote:
Originally posted by Justinijan
Америка се обидува да изгради пријателски односи со муслиманите, но не на тој начин што Буш и Бин Ладен да си подадат рака, да заборават на она што било. Или пак да му понудат на Бин Ладен министерско место![:D]
Америка се обидува...!:))) Ама знаеш ли кога ќе успее? Дури тогаш кога Буш и Бин Ладен навистина ќе си подадат рака!:)
Ceki A jas naivno mislev, deka se Muslimanite vo Amerika protiv Bin Laden i teroristite ... Hmm, na so mi lici ova?
Great_Macedonian Originally posted by Justinijan Америка се обидува да изгради пријателски односи со муслиманите, но не на тој начин што Буш и Бин Ладен да си подадат рака, да заборават на она што било. Или пак да му понудат на Бин Ладен министерско место! ------------------------------------------------------------------------------------------------ Neznam kolku si zapoznaen so faktite no da ti kazam deka Familijata Bin Laden (brakata i bratucedite na Osama) se BEST FRIENDS so George W Bush i Amerikanskata vlada. Taa familija im nosi ulje na amerikancite.. sto mislis ti dali e vo red toa sto na denot na 9/11 teroristickiot akt, najbliskite rodnine na Osama, site so prezime Bin Laden bea pomognati od amerikancite da ja napustat amerika privremeno.. site znaeja deka bratot bracedot nivni e vinoven za 9/11.. namesto da gi zemat na soslusuvanje tie im dadoa zaloznistvo. Plus, dali znaete deka Osama bin laden im bese sojuznik na amerikancite .. tie mu dadoa oruzje da se bori so rusite pred 20-25 godini... tie amerikanski vlasti mu dadoa podrzska na Sadam husein, finansiska, vo oruzje.. ama bas sekakva pomos, samo za da se borit protiv iran... pa posle sadam ne sakase na amerikancite da im dade ulje pa OPA! vednas sadam stana neprijatelot. Mislite na amerika im bese gajle sto sadam ubivase nevini civili?.. takvi raboti i slucaj na diktaturi ima vo kolku sto ti dusa saka zemji niz afrika, zas tamu amerika ne objavit vojna? ...zas tamu nemat ulje. Amerikancite se raka za raka so lujgeto koj go sponzoriraat mejgunarodniot terorizam.. tie lujge se vlastite vo saudiska arabia. Hrmm... zas america ne ja napadne saudiska arabija.. mislam dovolna pricina bi imale vo toa sto tie ja sponzoriraat al-kaeda. Pa nemozat i ne smejat.. zasto imet biznis zdelki so niv. Nee samo makedonija zemja kade sto neprijatelite, vsusnost se "prijateli" samo za licni svoj interesi.. kako ona lujbov mejgu sdsm i uck.
dejan Учките не одат на суд за да се спаси Охридскиот договор Диана Младеновска Во Министерството за правда се уште не стасал ниту еден од предметите за злосторство против човештвото што во 2001 година ги сториле припадници на ОНА, а за кои од Меѓународниот кривичен суд во Хаг најавија дека ќе му ги предадат на македонското правосудство. Портпаролката на Министерството, Мирјана Илиева, вчера информира дека штом ќе стасаат, предметите ќе бидат проследени до надлежните. Поради тоа, беспредметни се барањата на роднините на 12 киднапирани Македонци за судење на функционерите на ДУИ Хазби Лика и Даут Реџепи, кои ги сметаат за организатори на киднапирањето. Тоа важи и за случаите со липковската брана, со малтретираните работници од ГП „Маврово“ и за Вејце. Иако Хашкото обвинителство се откажало од гонење на нарачателите и на сторителите на овие злосторства, тоа формално се уште не ги вратило предметите во Македонија за да бидат процесуирани. Од друга страна, ДУИ, во чии редови се можните сторители, веќе почна да се брани со тезата дека тие се опфатени со Законот за амнестија. - Воените злосторства не потпаѓаат под општата амнестија. Во принцип, постои можност за процесуирање на случаите. Но, ако Европа сакаше да има процес против нив, ќе поведеше таму кај што му е местото. Тоа се воени злосторства и требаше да се судат во Хаг - вели професорот по кривично право Ѓорѓи Марјановиќ. Тој предвидува дека нема да им се суди ниту во Македонија. - Ако нивните водачи се прогласат за воени злосторници се урива основата на охридскиот договор. Значи, ништо од судењето, особено по навестувањата дека Ахмети, водачот на убијците, ќе стане член на Владата. Кога се случило некој член на Владата да одговара? Тие и го ставаат таму за да биде побезбеден. Апсолутно сум убеден дека ниту еден од овие случаи нема да биде процесуриан. Ако, сепак, тоа се случи, тогаш ќе има протести и блокади на патиштата, па ќе мора да ги пуштиме - вели Марјановиќ. Рокот за покренување обвиненија пред Меѓународниот суд во Хаг заврши на крајот од минатата година. Многумина прогнозираа дека, заради рамнотежа, паралелно со обвинението против поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, ќе биде обвинет и некој од водството на поранешната ОНА. Тоа не случи. Трибуналот во Хаг досега се држеше за принципот на реципроцитет кога стануваше збор за конфликтите на просторот на поранешната СФРЈ. Иако нема законски пречки, злосторствата на ОНА да бидат процесуирани во земјава, упатените велат дека минимални се шансите тоа се случи се додека на власт е коалицијата на СДСМ и на ДУИ. Такви дела, тврдат експерти, не застаруваат.