Семејни стебла пуштија корења |
OooOo |
Семејни стебла пуштија корења на Машинскиот факултет
Петнаесетина ќерки, синови и браќа на десетина професори од Машинскиот факултет работат како асистенти и доценти на факултетот, дознаваме од универзитетски извори. Таму работат стотина професори, асистенти и доценти, што значи дека една четвртина од нив се во роднинска врска.
Студентите тврдат дека најголем број синови и ќерки на професорите ги добиваат и стипендиите за постдипломски студии. Годинава таква стипендија добиле и синот и ќерката на професорот Славе Јакимовски, и покрај тоа што наградата му се доделува само на еден студент годишно.
- Стипендијата годинава ја добија двајца студенти, иако секоја година оди кај еден студент. Случајно тие беа син и ќерка на професор! Кога прашавме на факултетот, ни рекоа дека ова било исклучок, а од следната година бесплатните постдипломски студии повторно ќе ги добива еден студент. Не можеш да успееш на факултетот поради конкуренцијата од синови на професори - реагираат студенти од Машинскиот факултет.
Синот на професорот Драги Данев, Дарко, работи како асистент на факултетот. Таму работат и двајцата браќа Никола и Атанаско Тунески. Ќерката на професорот по механизациски машини и возила, Славе Јакимовски, Христина, на која и ги одобрија бесплатните постдипломски студии, работи на факултетот како асистентка. На Машинскиот факултет работи и синот на професорот Илија Камчевски, Антонио, како стручен соработник. Ќерката на професорката по кинематика и динамика Емилија Ветаџакоска, Искра, е асистентка на факултетот. Александар Костиќ, помлад асистент на Институтот за машински конструкции, му е син на професорот Звонимир Костиќ. Асистенти на факултетот се и двата сина на професорот Стојанчо Стојмановски. Синот на Иван Мицкоски, професор по кинематика и динамика, Христијан, работи како асистент на Институтот за механика. Асистенти на Институтот се и двајцата синови на професорот Гаврило Гаврилоски.
Деканот на Машинскиот факултет, Милан Ќосески, вели дека факултетот има јасен концепт за тоа како се примаат асистенти и како се доделуваат стипендии. Тој вели дека конкурсите се транспарентни, а за примање нови асистенти одлучува комисија избрана од наставно-научен совет на факултетот. Според ректорот на скопскиот универзитет, Ѓорѓи Мартиновски, овој проблем треба да се реши со зголемување на конкуренцијата.
- Не е прашање кој е, туку каков е. Во случајов нема конфликт на интереси, но има проблеми со етичката страна и со објективноста на критериумите. На конкурсите за асистенти обично се јавуваат по еден или двајца кандидати. Ако се зголеми конкуренцијата, полесно ќе биде да се одлучи кој кандидат е најквалитетен - вели Мартиновски.
Лидија Димова од Центарот за европско образование вели дека конфликтот на интереси во западните земји се решава со посебни правилници.
- На Запад професорите јавно се откажуваат да испитуваат студент со кој имаат роднинска или пријателска поврзаност. Ова прашање со прописи се регулира на сите странски универзитети. Од комисиите се исклучуваат членовите што се роднински поврзани со кандидатите за асистенти или стипендисти - вели Димова.
Токму поради конфликтот на интереси, Економскиот факултет во Скопје пред неколку години забрани на факултетот да се вработуваат синови или ќерки на професорите. |
beaver hunter |
kogo go biva.. go biva.... |
sapeski |
quote: Originally posted by beaver hunter
kogo go biva.. go biva....
За заврзлами? |
DonVito |
trebit da imas tatko vladika za da stanis pop |
beaver hunter |
quote: [i]Originally posted by OooOo[/i}
Не можеш да успееш на факултетот поради конкуренцијата од синови на професори - реагираат студенти од Машинскиот факултет.
- Не е прашање кој е, туку каков е. Во случајов нема конфликт на интереси, но има проблеми со етичката страна и со објективноста на критериумите. На конкурсите за асистенти обично се јавуваат по еден или двајца кандидати. Ако се зголеми конкуренцијата, полесно ќе биде да се одлучи кој кандидат е најквалитетен - вели Мартиновски.
Лидија Димова од Центарот за европско образование вели дека конфликтот на интереси во западните земји се решава со посебни правилници.
- На Запад професорите јавно се откажуваат да испитуваат студент со кој имаат роднинска или пријателска поврзаност. Ова прашање со прописи се регулира на сите странски универзитети. Од комисиите се исклучуваат членовите што се роднински поврзани со кандидатите за асистенти или стипендисти - вели Димова.
Токму поради конфликтот на интереси, Економскиот факултет во Скопје пред неколку години забрани на факултетот да се вработуваат синови или ќерки на професорите.
tuka e problemot...
imanje ili nemanje kriteriumi,
kakvi se tie kriteriumi...
vo sluchaj da se ima kriteriumi, kako se pochituvaat...
i toj problem ne e od vchera....
tie isti asistenti, sorabotnici.... do pred nekoja godina tie tamu bile studenti.... |
dada Sani |
Ke se izredat uste nekolku generacii od ovie semejstva, dodeka da pocne da se praktikuva redot koj DOPRVA treba da se vospostavi. Najlosata rabota vo seto toa e sto narodot pocnuva da se naviknuva na tie "semejni koreni" i se nadevam deka nema da otide do tamu da toa stane Normalno. Muabetite od tipot na "Pa mnogu jasno deka kerka mu/sin mu ke bide asistent na fak. kade sto toj e profesor. Taka odi toa..." se sekojdnevie. Ona sto treba da bide JASNO e deka TOA NE ODI TAKA.
Bas bi sakala da znam sto misli propaganda vo vrska so ova....
|
melpomena |
Семеен академски
Факултетите во земјава вријат од татковци, мајки, синови, ќерки, внуки и снаи поставени на исти катедри и институти. Впрочем, како и многу семејни фирми. Само што во случајов не станува збор за колонијална продавница, туку за државни просветни институции, финансирани од буџетот.
Речиси и нема пример за факултет во земјава каде што не работат син или ќерка на некој професор. Тука нема ништо спорно ако навистина кадрите се квалитетни и го заслужиле своето место како асистенти. Но кога ќе се согледа масовноста на оваа појава, не може да не се запрашаме - навистина ли токму синовите и ќерките на професорите се најквалитетните кандидати за одредена функција или тие случаи имаат заднина?
Како пример за второво, Државниот просветен инспекторат е затрупан од жалби на кандидатите што не можат да станат асистенти поради непотизам во постапките за вработување. Уште еден пример се и самите студенти, кои велат дека асистентските места на факултетите се однапред резервирани за нечии синови или ќерки. Дури и самите професори признаваат дека е тешко да се одбие син на колега. Впрочем, како може да го одбиеш кога еден ден и ти самиот може да се најдеш во ситуација да бараш работа за својот син? Услуга за услуга - таков е нашиот менталитет. Примери за непотизам на факултетите има многу... толку многу што е потешко да се најде пример кога син на професор бил одбиен за асистентско место.
Јавноста нема ништо против да се вработуваат компетентни кадри од типот „не е важно кој е, туку каков е“. Бидејќи децата на професорите растеле во таа средина и црпеле од знаењето на своите родители. За жал, во случајов испадна дека такви не се многу на број. Во нашиот случај имаме примери кога татковците работат во комисиите што ја оценуваат работата, знаењето и проектите на нивните синови, кои случајно се кандидираат за асистенти. Имаме примери на однапред завршени конкурси и загарантирани места. Тоа не смее да се толерира. Ако постои барем малку совест кај оние професори што треба да бидат пример за младите генерации, не смеат да си дозволат таков резил. А оние што биле неправедно одбиени, наместо да молчат, треба јавно да кажат и да се жалат за заткулисните случувања во професорските кабинети.
Можеби ваквиот „дискретен непотизам“ навистина не е незаконски, но од етички аспект е крајно некоректен. Смешна е ситуацијата одредени авторитетни професори да се обидуваат да го турнат своето дете на работа кај својот колега. Смешно е тие да им го земаат местото на оние што навистина го заслужиле и се труделе за него. Секоја чест на исклучоците. Но за жал, исклучоците не зборуваат за реалноста.
www.vreme.com.mk
|
dalila |
quote: Originally posted by OooOo
Семејни стебла пуштија корења на Машинскиот факултет
Петнаесетина ќерки, синови и браќа на десетина професори од Машинскиот факултет работат како асистенти и доценти на факултетот, дознаваме од универзитетски извори. Таму работат стотина професори, асистенти и доценти, што значи дека една четвртина од нив се во роднинска врска.
Oddamna e taka i taka ke bide i ponatamu,ocigledno.
quote: Originally posted by OooOoЌерката на професорката по кинематика и динамика Емилија Ветаџакоска, Искра, е асистентка на факултетот.
I Vetadzokovska bese naciva kjerka,sega ne mi teknuva civa.
|
angel |
Затоа ќе нема квалитет во кадрите, кули ќе паѓаат, пациенти ќе умираат.... |
melpomena |
Професорите си ги згрижија снаите и зетовците
Мери Јордановска
Една третина од вработените на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје се во роднински врски. Од извори на факултетот дознаваме дека таму има вкупно сто вработени, а триесетина од нив се ќерки, синови, снаи и внуци на некои од професорите. На факултетот, според нашите извори, непотизам има од вработувањата на „Студентски прашања“, преку сметководителите, па до асистентите и професорите.
Така, ќерката на деканот на Ветеринарниот факултет, Јосиф Тосевски, Милица, е економистка во сметководството на факултетот. Ќерката на сметководителот Зоран Тевчев, Валентина Константиновиќ, пак, му е техничка секретарка на деканот Тосевски. На факултетот работат и синот и ќерката на професорот по репродукција, Ѓорѓи Мицковски, Љупчо и Наташа. Иван Краљевски, зет на другиот професор по репродукција, Никола Поповски, ги одржува компјутерите на факултетот, а истовремено држи вежби и испити по информатика.
Ќерката на професорот по внатрешни болести на преживни животни, Дино Чрчев, Радмила, е помлад истражувач во истото одделение кај нејзиниот татко. Лаборант во институтот кај нејзиниот татко е Александра Бошњаковска. На факултетот работат и ќерката и синот на професорот Методија Додовски, Александар и Катерина. Сопругата на асистентот по хигиена и технологија на млеко, Павле Секуловски, Сања, е сметководителка на факултетот. Слична е ситуацијата и со доцентот Владимир Петров, кој го наследил предметот физиологија, кој претходно го држел неговиот татко Кирил, кој заминал во пензија.
Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина, Јосиф Тосевски, вчера не беше расположен да разговара за непотизмот на факултетот.
- Немав сознанија дека толкав голем број синови, ќерки и зетови на професорите работат на факултетот, но сета документација за прием на нови кадри и е достапна за јавноста, таа е регуларно спроведена и можете да дојдете да ја видите - рече Тосевски.
Од Министерството за образование сметаат дека ректорот на скопскиот универзитет треба да им укаже на сите декани на факултетите кон проблемот на непотизам да пристапат со поголема морална одговорност.
- Ректорот на скопскиот универзитет треба да им укаже на сите декани да имаат поголема етичност при вработувањата и со поголема морална одговорност да пристапат кон проблемот со непотизмот. Ако факултетите увидат дека постои проблем со непотизам, за тоа треба да разговараат на наставно-научниот совет, кој ја избира рецензионата комисија за прием на нови кадри - велат од Министерството.
Таму велат дека Државниот просветен инспекторат може да реагира само ако е повредена постапката за избор, односно ако не се земени предвид трудовите на сите кандидати или ако некој има повисок просек од примениот асистент. Со тоа, велат од Министерството, конкурсот мора да се поништи.
Слаѓана Тасева, член на Државната комисија за спречување на корупцијата, вели дека државата мора да ги заостри критериумите за прием на нови кадри. Освен тоа, смета Тасева, мора да се воведат внатрешна и надворешна евалуација на факултетите што ќе ја проверуваат работата на новопримените асистенти и лаборанти.
www.vreme.com.mk |