dejan |
sto napravile lugjeto za ova da im napravat??
Насилство во дебарските села Џепиште и Отишево
Миомир Серафиновиќ
06.04.2005
Скршената врата и траговите од крвта пред куќата на семејството Џаферовски во дебарското село Џепиште се единствените докази за синоќешниот оружен упад на нивниот имот.
Членовите на семејството се вознемирени, од најмалите - децата, кои не биле на училиште, до најстарите. Сите тие во 1 часот по полноќ, разбудени од сон, гледале како 5-мина бандити, кои сакале да ги ограбат, брутално го претепале најстариот Насуф и малтретирале една од жените.
Стариот Насуф Џаферовски, кој е во болница, вели дека напаѓачите носеле еден автомат без муниција и пиштол, со кој пукнале два пати.
„Ме удри во гради и јас паднав на земја, ама кога идеше да ме тепа, јас му ја пуштив ногата и го паднав со десната нога. Овие двајца ги немаше, тој прво што ме удри, уште беше на земја. Имаа автомати, а едниот имаше бел пиштол“, изјави Насуф Џаферовски.
По неуспешниот обид, 5-мината вооружени се качиле над патот и сакале да го ограбат семејството Џемовски. Но, таткото Џемо ги надмудрил, како ловџија го извадил својот карабин и испукал неколку куршуми кон разбојниците. Тие се уплашиле и избегале.
И во семејството Џемовски беа преплашени, мажите се одмараа по непреспиената ноќ.
Дење спиеме, ноќе чуваме стража. Така велат жителите на Џепиште. Тие се прашуваат зошто од нивното село е повлечена полициската станица, која беше тука за да ги штити токму од вакви настани.
Жителите на Џепиште и на соседното Отишево сега и официјално ќе бараат да се врати назад полициската станица.
За еден месец, ова е втор сличен грабеж. Тогаш била ограбена куќата на учителот од Отишево, Расим Бајрамовски, а неговата сопруга била претепана.
Селаните се закануваат со блокади на патот Струга-Дебар, за да се реши нивниот безбедносен проблем. Полицијата истражува и претпоставува дека разбојниците се од Албанија и бргу успеваат да избегаат таму, бидејќи границата е блиска, веднаш на планинскиот срт, над двете села, кои преживеале разбојнички напади.
|