Превирања во ВМРО-ДПМНЕ | |
Strelec | Ганка Самоиловска Цветанова поднесе оставка Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Ганка Самоиловска - Цветанова денеска поднесе неотповиклива оставка од партиската функција. „По долго размислување, од моја страна на претседателот Груевски му беа понудени две опции. Првата - надминувањена внатрепартиските недоразбирања и воспоставување соработка која ќе се базира на демократски принципи, со цел ВМРО-ДПМНЕ да избегне дополнителни потреси и конечно, како сериозен и вистински лидер на опозицијата, да се спротивстави на неспособноста на актуелната власт“ „Втората - оставка од функцијата потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, доколку претседателот Груевски оцени дека нема простор за надминување одредени недоразбирања што произлегоа како резултат на нашите различни ставови во однос на одредени стратешки прашања. Неколку дена по нашата првична средба, претседателот Груевски ми соопшти дека се одлучил за втората опција, односно прифаќање на понудената оставка“, се наведува во писмената оставка на Самоиловска - Цветанова. |
Jakov | Koga Ljubco i kompanija si otidoa od VMRO DPMNE edna od glavnite piricini ja naveduvaa Ganka S. Cvetanova. Mozebi izbornite rezultati na (VMRO DPMNE i NP) opozicijata i povlekuvanjeto na Ganka imaat vrska. Mozebi ke se otvori patoto za vrakanje na NP kon maticata, osobeno sto i nim im stanuva jasno deka so V.Janevska i so Ljubco vo senka, mozat da fatat 3% glasovi a so tolkav procent ne se doaga na vlast. Who knows! Ke vidime..."Ima neka tajan veza" ili e se samo koincidencija. Baska se suskase deka noviot gradonacalnik ke rabotel da gi smiri Gruevski i Georogievski.(Ova uslovno, dodeka Trifun ne im go svrti grbot na dvajcata i ne si se vrati kon svoeto jato...na levo). |
Strelec | quote:Такво враќање на НП кон матицата е возможно само доколку Љубчо Георгиевски може да прифати статус на член на партијата (и евентуално некое раководно место во партијата), но притоа и да му биде јасно дека последниот (главниот) збор во ВМРО-ДПМНЕ би го имал претседателот на партијата. Мислам дека е тоа голема кнедла за да ја голтне Љубчо Војвода. Тој сака да биде човек што ќе раководи и чии одлуки ќе бидат ’закон’ за сите. Тој во ВМРО ДПМНЕ би сакал или да биде претседател на партијата, или да има статус каков што има сега во ВМРО Народна. Само се излажал малку во сметките. Сепак Никола Груевски не е Весна Јаневска за да може да го прави тоа. Од тие причини, повеќе верувам дека јазот меѓу овие две партии понатаму уште повеќе ќе се продлабочува, отколку што би верувал дека може да дојде до спојување... Без оглед што членствата на двете партии (воглавно) ја посакуваат таа ре-фузија. |
Jakov | quote:So Lubco nisto ne se znae. Iako licno smetam deka treba da ostane samo eden obicen obicen clen na VMRO DPMNE. Toj funkcii doprva ne treba da bara i da dobiva. GO odraboti svoeto. Da e pameten da se vrati nazad i da ostavi Gruevski da ja vodi partijata ke napravi najdobro i za nego i za site drugi. Ustvari nesto slicno se slucuvase i vo HDZ koga pocinja Tudzman. Togas Sanader izleta od nikade pa so godini go sopkaa tie jastrebite vo partijata, ama gi izdrza i eve sega e premier. Mozebi i Gruevski ke uspee da odolee, samo ke mora i on da rascisti osobeno so tie sto igraat i so nego i so NP. A dobro koga sme kaj Ljubco i VMRO(ata) negovi. Ste primetilie koincidencija li e sto li. VO DPMNE glavna mu bese Dosta D. sega Vesna J. Srednovecni zeni so nekoj kilogram poveke?????[:D][:D][:D]A ganka na primer ic ne ja sakase.....ja rasturi i partijata zaradi nea.[:D][:D] |
трендафил | Едно од решенијата е да си заминат и Љубчо и Никола и на нивно место да дојде некој трет. За волја на вистината Љубчо си замина од ВМРО-ДПМНЕ и формира партија откако Груевски со неповикувањето на бојкот дозволи Претседател на РМ да стане Црвенковски со релативно малку украдени гласови. Истото право, бојкот, (несвојствено за власт туку за опозиција), власта го искористи на најбезобразен можен начин на референдумот. Иначе ВМРО-НП освои окулу половина од гласовите освоени од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ова на листите за советници. Во моментов е подобро партиите да останат поделени. За да не се случи концентрациона влада за промена на химната, знамето... Вака едното ќе се плаши од другото ВМРО. Колку што важи дека НП не може без ДПМНЕ, толку важи и обратното. Мора да дојде до компромис, што всушност и се случи во вториот круг за градоначалници и ќе се случува во советите на општините кај што без следбениците на Георгиевски здружената опозиција не може да има превласт над ДУИ и СДСМ. Всушност раскол се случува и во Рамките на СДСМ, само таму пленот (парите) е поголем, па опасноста да се изгуби и лутите ривали ги држи заедно. |
Strelec | Со две работи од Јаков ептен се согласувам!:) 1. Да се врати Љубчо во ВМРО ДПМНЕ како обичен член (и патем да си ја свитка опашката), би и’ направил голема услуга на опозицијата во Македонија. 2. Уште од првичното појавување на Весна Јаневска во јавноста, прво што ми падна на памет дека е тоа Кралица Доста Втора!:))) |
Strelec | трендафил, секоја реченица ти е многу проѕирна!:))) |
Jakov | quote:Ni treba uste eden istomislenik i ke mozeme oficijalno da obznanime deka toa nee koincidencija nego e tendencija kaj Ljubco. Dobro vtorava "princeza" e daleku od prvata vo sekoj pogled od intelektualen do kariera, ideologija ama bitno zad dvete stoi Ljubco. |
трендафил | Постои уште една добра работа од поделеноста на ВМРО. Љубчо Георгиевски е најнапаѓаниот политичар во Македонија (неколку новинари имаат изградено кариера на негов грб), веројатно затоа што некои работи ги кажува пред да станат, а изведбата е на СДСМ, кој тоа го прави лошо. Да почнам со самостојноста, да завршам со поделбата. Повеќе ќе напишам за последново. СДСМ одстапи (не направи размена) многу поголема територија и многу повеќе Македонци. И на само една четвртина Македонци (на референдумот) тоа и пречеше. Против теоретската размена застанаа сите што немаат ништо против реалната поделба. (Зошто на пример МВР не интервенираше вчера кога ДУИ со рафали ја прославуваше победата во Мала Речица ако нема поделба. И тоа сега кога командирот на полицијата го избрал министерот. Што ќе биде од утре кога ќе го бира локалната самоуправа на чело со воениот злосторник Хазби Лика кој е градоначалник на Тетово). Во секој случај поделбата во ВМРО е работа на самите негови членови. Од тоа може да има полза граѓанското здружение формирано од Трифун Костовски пред референдумот доколку прерасне во партија. Тоа всушност е застапено и во власта преку својот член Минчо Јорданов кој е вице премиер. Тешко на Македонија ако нејзината судбина зависи од еден (Георгиевски) или двојца (плус Груевски). |
трендафил | quote:Дали си напишал секоја или никоја е потполно се`едно кога треба да се одговори. Зошто треба речениците да ми бидат непроѕирни? Не ми е јасно зошто симпатизери на власта се загрижени од слабоста на опозицијата. Јас напротив, мислам дека со излегувањето на Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ гласачите што оправдано или затоа што веруваат во медиумската хајка што против него се води веќе 15 години полесно гласаа за таа партија. Сепак сметам дека тоа е интерен проблем на двете партии. Мене лично ме интересира падот на СДСМ (најлоштото во Македонија) повеќе отколку кој ќе го направи тоа. |
Jakov | quote:Da bese Trifun figura vo Makedonija, ke izlezese na pretsedatelski izbori i ke pobedese. Ili ke zemese i ke formirase zdruzenie koe ke go vodese on i ke go organizirase akko partija a ne Gordana Siljanovska da mu go vodi. Da e marka politicar ke dobiese vcera 140000 glasovi, a on dobi pomalku nego vo I krug sto imase. Podelbata vo VMRO nego ne mu vrsi rabota. Za odenje treba da si odat navistina dobar del kadri na VMRO,ama bas deka trebad a si odi Gruevski nemi se veruva. Koj togas ke ja voi partijata, Zarko Karadzoski, ili gga Jankulovska. BTW, Hazbi Lika i kompanija se sozdadoa koga vo Makedonija, stapot go drzese Ljubco. Ama tie mesto da gi poparat od tepanje kupuvaa hilikopteri za 5 pati poveke pari, a pastetite sto gi svercuvaa za vojskata bea so pominat rok.Plus i togas po Tetovo i Gostivar imase serifi samo sto bea od DPA a ovie se od DUI. Isto "s*****" drugo pakovanje. |
Strelec | Off topic: Сакам да му оддадам едно јавно признание на Јаков. Вистинско освежување е на форумов. Иако во МНОООГУ работи имаме различни ставови, ги респектирам сите оние што знаат за секоја политичка опција да изнесат И ДОБРИ И ЛОШИ работи... Бидејќи не постои политичка опција само со добри или само со лоши особини. Навистина објективен пристап (иако со субјективни ставови)... Таквите членови се вистинска реткост на форумов! |
Jakov | quote:Ova da bese u kafana ke znacese castenje pivo taka. [:D][:D][:D] Uste nekoj da mi objasni kako da citiram vo ednen post poveke pati po edna recenica posto pojma nemam, nemozam da se snajdam.[:D] |
OooOo | Jakov, prochitaj go ovoj pasus [url="http://forums.vmacedonia.com/faq.asp#format"]tuka[/url] (delot za 'quote') i kje ti stane jasno. |
concrete | quote:Tret imate!!!! Neznam koja e pricinata za toa, mozebi obicna koincidencija, mozebi Vesna go podseka na vreminjata koga bese vo sigurnata zakrila na Dosta , mozebi.... ne sum kompetenten za takvi spekulacii, vo princip sekogas zlobnite prikazni za politicarite , kako za ubavite zeni se darasticno mnogu daleku od vistinata. |
intel | quote:Еве четврт.Него финтата му е да биде најубава фаца во врвот на партијата.Знае ли некој што работи Весна.Јас слушнав дека бањала мртовци во болница. quote:Браво за Ганка.Му покажа на Груевски што значи да се биде "МАЖ" и да не се коалицира со сончогледи. Женскава сепак излезе дека била во право.Требаше ДПМНЕ да си истакне свој кандидат. Вчерашниот прес на Трифун беше без опозиционите лидери.Човекот си е самостален кандидат нели? подржан од опозицијата која никој не ја терал да заземе таков став ќе бидат следните најави од кабинетот на Скопскиот градоначалник. |
Strelec | Дали мислите дека е можно формирање на нова партија ЖПМ (Женска Партија на Македонија) предводена од Лилјана Поповска и Ганка Самоиловска Цветанова?:) |
Jakov | quote:Tesko osobeno bez blagoslov na gga Savka Todorovska. Neznam kolku si zapoznat so NGO issue vo Makedonija. Ona ja vodi SOZM(Sojuz na Zeni na Makedonija) ne proaga nisto bez nea. Ke treba da dade ona "approval" [:D][:D] Ideava e interesna. Znaejki go nasiot menatlitet za mesec dena ke ima poveke maski clenovi od zeni.[:)] |
NARCIS` | se otkaci komunjarkava od partijata |
Strelec | quote:Narcis, zoshto dosega nikogash ne si napishal deka e komunjarka? Ili nokjeska stana komunjarka?:) |
Jakov | quote:Do koga site sto se otkacile od VMRO ke im lepat etiketi deka se komunjari. Aj togas i na Ljubco zalepete mu ja. "Dobro e sto se otkaci negovata banda- zasto i oni se komunjari" Malku nema logika se da se etiketira taka ama aj...plus Ganka ne se otkaci samo dade ostavka na potpretsedatelsko mesto....uste ke bide clen na IO na VMRO DPMNE. |
marko_polog | 15 godini pominava i nikako da pomine taa bolka za komunizmot. Na prvata sednica na novoto Sobranie, koj predlozi Nezavisnost? Ljubco Vojvoda :) |
lav | quote:Јас пак како да слушнав некаде (разбира се не од тебе) дека и ти си сакал да те избања ...и тоа лично таа ???. |
трендафил | quote:Мислам дека е поминато револуционерното време и појавата на лидери преку ноќ. Лидерот треба да биде менаџер кој ќе си ја одработи работата. Груевски е добар во финансиите, но лош политичар. Не треба да си замине од партијата, туку од лидерското место. Кој би дошол на негово место не можам да одлучам јас, туку членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Јас ќе одлучам дали е прифатливо такво ВМРО за јас да му го дадам гласот на изборите. Во Македонија „државотворната“ партија како најбогата по присвојувањето на порано општествениот капитал врши таква пропаганда, што поголемиот дел од граѓаните се во фаза на шизофренија и не разликуваат што е добро, а што лошо. Како најдобри им се продаваат политичари кои се лоши и тоа народот го доведува во состојба на апатија, односно дека нема излез. 15 години ни се продава приказната дека СДСМ е единствената партија што заслужува да дојде на власт (без разлика и дали тоа е во коалиција со терористи), а дека единствена опозиција е ВМРО. И Трифун не излезе од таа шема, односно доби со подршка на ВМРО. Појавата на две големи ВМРО-а веќе збунува. На кој начин ќе се однесува пропагандата кон двете. Во моментов сметаат дека Љубчо е доволно оцрнет за навек, па внимание му обрнуваат само на Груевски. Затоа и една нормална работа, оставка на некој од раководството доби толкав публицитет. Што се однесува до формирање на женска партија, јас сум против секое подвојување, па и против партии на етничка, полова, сексуална или било каква слична основа. Победата на Трифун во Скопје е значајна за психолошко ослободување на гласачите. Значајно би било да се здружи позицијата со опозицијата за одстранување на најлошиот наш политичар Бранко Црвенковски што има сплетено моќна мрежа тешка за реформирање во сите институции. Тоа тешко може да го изведе во разумен рок ниту СДСМ сам, ниту опозицијата сама. Таа мрежа всушност и ја влече Македонија кон дното. Трифун Костовски е човек што може да се појави на чело на една таква коалиција која би работела на револуционерна транзиција која би се случила со падот на Црвенковски затоа што е прифатлив за гласачите од двете страни. Сигурно постојат и други луѓе, но не се експонирани во јавноста од страв за себе и своето семејство. Како ќе се бори за мене човек што се плаши за себе. Трифун е економски независен, па му беше полесно да се впушти во политичка борба. Има и свој авион, за разлика од Борис Трајковски. Да одговорам и нешто во врска со ОНА. Таа не се создаде во Македонија туку на Косово. Да потсетам дека штабот им беше во Призрен. Информацијата дека хеликоптерите се платени пет пати поскапо сигурно ти е од некој политички, а не од финансијски извор. Зборувам за првите хеликоптери. Не за тие што беа набавени кога Бучковски беше министер за одбрана. Нема потреба таа влада да се прогласува за финансиски волшебник, односно со спарување на податоци излегува дека плаќала пет пати поголема цена за се` што купувала, не ја задолжила државата земајќи кредити, а исплаќаше и К15 на државните службеници. Ако некој ги спомне 300-те милиони долари од Телекомот, веднаш парирам со 500-те милиони долари зголемен надворешен долг на оваа власт (кумулативно за трите премиери), а можам да набројам и повеќе работи направени пред 15 септември. Неспорно е дека финансијските резултати на владата на Георгиевски беа многу подобри споредувајќи ги со сегашните, иако таа работеше во многу полош амбиент, пред се` поради војните северно и на север од Македонија. Се согласувам дека треба подобро. Но за тоа треба да се смени нешто во главата на секој Македонец. Не треба демократија да практикуваме само на изборите, туку континуирано. Да протестираме кога е згазено правото на секој Македонец, за да ни се придружи и тој ако ни биде потребно. |
lav | quote:Како прилог кон кажаното ќе ја naдополнам информацијата за работата на поранешниот мимистер за одбрана на Македонија односно неговата заложба за своевремено направената набавка (за 20-сетина години однапред) на резервни делови за сега веќе (од него) стопените „стари„ тенкови Т-55 во износ од околу 40 милиони $ или Евра - не сум (во моментов) сигурен. |
Strelec | quote:А јас пак како да слушнав дека ти ќе си одел малку на пауза... и тоа лично ти!!! |
Jakov | quote:Vistinskata sila na Gruevski kako lider na najgolemata opoziciona partija vo MKD, ke se vidi slednata godina na izborite. Sega seuste e vo faza na stabilizacija. Licno smetam deka odredeni potezi ne mu se voopsto na mesto, ama ako se razmisli malku podlaboko imaat svoja zadnina i opravduvanje.Pred lokalnive izbori glavnata dilema kaj VMRO DPMNE, bese dali vo Skopje da se odi so partiski kandidat ili so Trifun. Gruevski kalkulirase do posleden moment. Odlukata za mene licno ne bese vo red i kako sto kaza Trendafil, jas mojot stav go kazav kako i toj na izborite. Od druga strana odlukata deluva promisleno, zasto sega Gruevski ima argument da kaze Opozicijata pobedi vo SKopje. Ako se izlezese so partiski kandidat, vo igra bea T.SLavevski i Gruevski licno, mislam deka rezultatot ke bese vo korist na NP pa duri potoa na SDSM i LDP. Slavevski nemase da osvoi ni 1/3 glasovi od onie na Trifun, Gruevski ke osvoese poveke ama vo II so kontingentot od Cair, Saraj i Kondovo, Penov ke bese vkupen pobednik. Znaci sepak postapi OK. Ponatamu, Gruevski vo momentov e edinstven opozicionen lider(ne smetajki go G. Marjanovik) koj raboti na zdruzuvanje na opozicijata za pobeda nad SDSM 2006. Iskreno mislam deka NP toa ne go pravi a i ne go posakuva. Gorgievski vo momentov se odnesuva kako maliot "Smigol" od "Gospodar na PRstenite" zaljuben e vo DPMNE i nemoze da se pomiri sto veke ne e negova. Kako da se prifati ednen premolcen dogovor megu nego i SDSM za promena na zakonot za Pratenici so koj preku nok stanaa najgolema parlamentarna opoziciona grupa. Oni pobaraa a SDSM im pomogna. Ako se iskreni vo svoite nameri da go soborat SDSM, netrebase da prifatat pomos od niv. Ne zaradi drugo nego da pokazea deka se sepak na strana na opozicijata. Slobodno mozea da igraat kako neformalna grupa vo Sobranie, da izlezat na izbori i da se vidi silata. Da se strpat do 2006 i ako se navistina erbap neka pobedat. Okolu Trifun inegovata kako sto e kazan pogore "револуционерна транзиција ". Revolucionerno samoto po sebe po definicija podrazbira nesto sto se menuva brzo i dramaticno, promena vo sustinata i sodrzinata na rabotite i odnosite. Zarem nekoj kaj Trifun moze da vidi revolucioneren duh. Finansiska nezavisnost ima, filantropijata ne mu e dalecna ama deka ke moze da povlece nakakva revolucionerna promena...daleku od pamet. Ne zaradi drugo, ajde da pretpostavime deka mozebi i e taka, deka ima kapacitet toj licno. Da gi vidime lugeto zad nego po proglasuvanjeto na pobedata. 1. Darko Markovik----covek koj posle Slobodan Casule ima najmnogu partiski kniski vo RM. Mislam deka nema kniski samo od albanskite partii i partiite na drugite malcinstva vo MKD. 2. Nikolovski Fufo---Pretsedatel na sovetoto na grad Skopje, koj ke ostane zapameten po urivanjeto na zgradata kaj Zel. Stanica i po toa sto gi asfaltira..povtoruvam ASFALTIRA..trotoarite na centralnata ulica vo Makedonija.Kandidat na ednata pa na drugata opcija. Vecen lozer vo Skopje. I toa gubese dva pati po red od Risto Penov. 3. Se mislam dali da prodolzam ili da ne go opteretuvam tekstot, ako treba ke pisam pokasno uste nekoj ako se razbira ima interes za muabet okolu "revolucinernata skupina" na Trifun. |
Divider | quote:I mene, toa mislam deka treba da bide prioritet za sekoj cesen makedonec!! Padot na SDSM!! |
трендафил | За жал Македонија во моментов е во слична ситуација како Германија во триесетите години на минатиот век. Поразена во војна, сиромашна, понижена (знаме, име, Устав...). Во такви услови не се гласа нормално. Во Германија дошол на власт Хитлер. Што ќе биде во Македонија??? Кај нас менувањето на партии не мора да значи нешто лошо. На пример не гледам доколку некој се приклучел кон СДСМ затоа што му се допаѓало дека партијата ЌЕ вработи од секое семејство по еден, ЌЕ намали даноци, не ЌЕ коалицира со терористи, а потоа од тоа ЌЕ не се реализира ништо, што е негативно во тоа истиот да ја напушти партијата. Што се однесува до правото да се задржи пратеничкиот мандат и ако се напушти партијата, се работи за право што го гарантира Уставот, а не за нешто дадено од власта. Зошто власта долго го успоруваше спроведувањето на Уставот треба да одговори самата. Очекував повеќе дискусија окулу предлогот за коалиција на власта и опозицијата за рушење на столбот на тоталитаризмот во Македонија. Ќе го повторам: Значајно би било да се здружи позицијата со опозицијата за одстранување на најлошиот наш политичар Бранко Црвенковски што има сплетено моќна мрежа тешка за реформирање во сите институции. Тоа тешко може да го изведе во разумен рок ниту СДСМ сам, ниту опозицијата сама. Таа мрежа всушност и ја влече Македонија кон дното. |
Strelec | quote:Ќе ти досадувам и ќе ти вршам притисок се’ додека не дадеш коментар и за Алија Шакиќ, кој е еден од оние што последниве месец-два не се одвојува од Трифун Костовски!:) |
Jakov | quote:Alija Sakik i ostanatoto veselo drustvo okolu Trifun ama i okolu Gruevski sakav da go komentiram pokasno, vo svetlo na ostavkata na Ganka i ke go storam toa. |
Strelec | Кога сме кај превирањата во ВМРО ДПМНЕ, сакам да кажам нешто што не сум го кажал досега на форумов. Никола Груевски и одметничката Ганка Самоиловска Цветанова се едни од ретките светли точки во најголемата опозициона партија во Македонија. И покрај многуте грешки, мислам дека во двајцата сепак има многу потенцијал и штета е за партијата што дојде до ова несогласување. А превирања допрва очекувам во ВМРО ДПМНЕ и тоа од две причини: Прво, заради тоа што Груевски го нема авторитетот што го имаше например Љубчо Војвода. Не е Никола човек што може со тупаница да удри на маса и поради тоа при секоја ситуација кога ќе се имаат различни ставови во партијата, ќе се јавува отворено незадоволство кај оние чиј став не бил земен во предвид. Второ (и уште позначајно), многу проблеми ќе се јават при избор на кадри во постизборниов период. За директорските места во школите, здравствените домови, библиотеки и други установи, ќе се јават апетити кај многумина. Ќе има многу ситуации кога за едно исто место ќе атакуваат членови од ВМРО ДПМНЕ (нели му дадоа поддршка на Трифун), членови од ВМРО-Народна (и тие имаат право да бараат, бидејќи му дадоа поддршка на Трифун), а тука ќе бидат и луѓе блиски (или блиски на блиските) од самиот Трифун Костовски. И ете ситуација за кавги, плукање, вадење ’прљав веш’ и по некој нокаут (како вчера случајот во Кисела Вода). |
трендафил | quote:Дали мислиш дека истото ќе се случи во Кавадарци на пример, кај што СДСМ му даде подршка на независниот Панче Минов. Во единиците на локална самоуправа не одлучува градоначалникот сам, туку вежен е и советот. Разликата меѓу власта и опозицијата е во тоа што во опозицијата има две големи партии (не исто големи), а во власта една. Друго е се` исто. Јас лично очекувам распад на левицата (според општо прифатеното мислење иако според мене СДСМ е десна партија). Со секоја реформа во државата што допринесува до поголема транспарентност и демократизација, станува помала потребата за членство во СДСМ. Посебно доколку се случи (што е многу веројатно) да ги изгубат следните парламентарни избори. Распадот на левицата некои го сметаат за опасна работа. До скоро и јас мислев така. Но кога подобро ќе размислам, левицата (СДСМ тогаш се викаше СКМ) еднаш се распадна во 1990 година. Резултатот од тој распад беше самостојна Република Македонија. Дали е потребен уште еден распад на левицата за да стане Македонија држава со сите нишани. |
Strelec | quote:Секако дека е можно да се случи... Зошто власта би била имуна на тоа? Макар што претпоставувам дека во место како Кавадарци (каде што треба да се поделат 5-10 места) сето тоа многу побезболно ќе помине, за разлика од Скопје каде што стотици и стотици места треба да се потполнат... Инаку, ти ми поставуваш прашање за Кавадарци, а избегна да кажеш дали се согласуваш со мене дека се можни такви проблеми во Скопје!:) quote:Ти повеќе посакуваш отколку што очекуваш... А очекуваниот распад на левицата во Македонија трае веќе деценија и пол. Имај трендафилчо на ум дека евентуалното губење на парламентарните избори од страна на левицата не значи и нејзин распад. Ти текнува ли дека левицата доживеа дебакл во 1998 година и ги загуби тогаш парламентарните избори, но консолидацијата сепак дојде многу брзо. Спротивно на тоа, сегашнава опозиција наместо да се грижи за сопствената консолидација, мислите повеќе им се насочени кон тој посакуван ’распад на левицата’... Што е многу голема грешка!? |
Jakov | quote:Ovde ke dodadam uste eden citat od ostavkata na Ganka..... quote:„Втората - оставка од функцијата потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, доколку претседателот Груевски оцени дека нема простор за надминување одредени недоразбирања што произлегоа како резултат на нашите различни ставови во однос на одредени стратешки прашања. Na tv ovoj del bese prenesen i protolkuvan kako ideoloski razliki. Deka vo nasive partii ima nekoja silna ideologija, pa deka se ragaat i ideoloski razliki neveruvam. Ama sepak,ovoj del od komentarot na Samuilovksa Cvetanova mislam deka e vo korelacija so veseloto drustvo okolu Gruevski. VO nedelata koga izleze na press Nikola, levo od nego stoese Alija Sakik, desno Bajarm Berat. Zad Gruevski bese T. SLavevski, zad nego Vlatko Gjorcev. Vtor od desno N. Klusev...a tuka bese zad nego odma pretstavnikot na turskata partija ne znam koj e i do nego "goropadniot" Dragisa Miletik....edna od expoziturite na bivsiot srpski rezim vo MKD. Pretstavnik od LP nemase, a P.Trajanov stoese zad Alija Sakik. Neznam kako ja zamisluvaat koalicijata "Za podobra Makedonija" vo VMRO, ama mislam deka ne e ok redosledot. Porsta pricina za Sakik se vodese sudski proces. Berat nosi so sebe 55 do 70 glasovi. Miletik neznam dali i tolku.... Sto e tuka MNE(Makedonsko nacionalno edinstvo).??? Razbiram koalicija, razbiram partnerski odnos, ama sepak mislam deka Ganka vo svojata poraka nesto vo ovaa nasoka navestuvase. Suludo e ako Gruevski misli deka so toa sto ke se prikazuva kako lider koj obedinil se sto e zastapeno vo ustavot na RM i ramkoven dogovor(bez albancite) deka ke sobere poeni.Nekoj ke rece deka se toa sateliti....jas bi rekol trabanti. isto e ama ne e isto neli..kazuva mnogu poveke.U maalo gi vikame grebatori. Ako VMRO sakada se vrati na vlast treba da poraboti malku mnoooogu poveke, na pridobivanje na onie 30 % sto apstiniraat poslednive tri izborni ciklusi a ne na ubavoto drustvo na Sakik, Miletik i dr. |
Pana | quote:Mnogu brgu ke se stegneme i ke izvleceme pouka od lokalnive izbori.Definitivno treba da letne nekoja glava i vo SDSM.Osobeno na dokazanite homoseksualci. |
Jakov | quote:Ти повеќе посакуваш отколку што очекуваш... А очекуваниот распад на левицата во Македонија трае веќе деценија и пол. Имај трендафилчо на ум дека евентуалното губење на парламентарните избори од страна на левицата не значи и нејзин распад. Ти текнува ли дека левицата доживеа дебакл во 1998 година и ги загуби тогаш парламентарните избори, но консолидацијата сепак дојде многу брзо. Спротивно на тоа, сегашнава опозиција наместо да се грижи за сопствената консолидација, мислите повеќе им се насочени кон тој посакуван ’распад на левицата’... Што е многу голема грешка!? Vo Kavadarci nema da se sluci toa sto ustvari ke se slucuva vo SKopje. Vo Kavadarci i da dojde do koskanje za funkcii ke se smiri se toa vo ramki na semejstvoto. Vo Skopje se toa ke izleguva na videlina ke ima placki karanici i slicno. Ne samo Sk, sekade kaj sto e opozicijata a ima gradonacalnik nezavisen tip. Raspad na levica......?????? Ova e son sto desnite partii go sonuvaat otkako postoi levica i desnica sekade ne samo vo Makedonija. Levite ne se delat i koga se delat se delat na Crveni-komunisti i socijaldemokratija. Desni koga se delat se delat na mozaik. Primer so francuskata desnica i levica. Ima dve levi i cel kup desni. Od Sirak do LePen do neznam koj se.... Holandija....edna socijaldem. i eden kup desni. Germanija malku e porazlicno ama sepak imaat regionalni partii i edna SPD. Hrvatska....dve levi...desni celo kupce. Slovenija. Edna leva eden del centar i poveke desni. Bugarija....Prvanov na edna strana....na druga strana Kostov, Carot, Nadezda Mihajlova. Srbija milosevik + radikali i DOS so sto partii vo nego/ Mislam deka e dovolno. Vo MKD, uste potesko t.e e nevozmozno da se rasturi i podeli SDSM. Edostavno takva e matricata. TOa nema vrska so nekoja koherentnost i fleksibilnost na partijata. Ednostavno...se sto se slucuva si sedi vo familijata...i se ceka da dojde TATO da resi se.... Popovski u zatvor go lupnaa dve godini ama ne se otkazuva toj od sdsm...nema sansi..... Ednostavno toa e razlikata vo ideoloskata matrica i pogledot na tie i na drugite...kon celata rabota. |
OooOo | quote:Ovaa vlast se pokazha deka neznae da organizira izbori. quote:Na primer? |
bojan81 | quote:Pana se zboruva deka Krsto Sutinovski kandidato na SDSM za Ajrodrom ke se kandidiral vo Kazanl'k za naselbata (kvartalot) V'ozrazdane za gradonacalnik. Tocno li e? |
NARCIS` | quote:http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=9062&whichpage=1 idi tuka ke ti se razjasni se i ke vidis deka ne e od sinoka,znaci nesto imalo sto sum go pisal toa. |
Pana | quote:Tocno e nego kako! Fjodor Dobrohotov ke go kandidirame za gradonacalnik vo Cecenija. Cedo Sazdovski za gradonacalnik vo Secuan-Kina. Onoj od Gorce Petrov (ne mu go znam ni imeto)gradonacalnik na selo Podrzikonj krivopalanecko. E so vakvi kandidati sakvme da gi pobedime onie bednine od opozicijata. Da ne go pobedis Dzordze Arsov koj e retardiran znaci da si poretardiran i od nego!. |
трендафил | quote:Ти повеќе посакуваш отколку што очекуваш... А очекуваниот распад на левицата во Македонија трае веќе деценија и пол. Имај трендафилчо на ум дека евентуалното губење на парламентарните избори од страна на левицата не значи и нејзин распад. Ти текнува ли дека левицата доживеа дебакл во 1998 година и ги загуби тогаш парламентарните избори, но консолидацијата сепак дојде многу брзо. Спротивно на тоа, сегашнава опозиција наместо да се грижи за сопствената консолидација, мислите повеќе им се насочени кон тој посакуван ’распад на левицата’... Што е многу голема грешка!? Такви проблеми се можни секаде. Дури и во Струмица кај што власта доби во првиот круг. Можни се и во Скопје. Левицата во Македонија не се распаѓа, туку само свртува се` повеќе во десно. И ти само посакуваш дека оставката на Ганка ќе доведе до проблеми во опозиционата коалиција, посебно во Скопје. Кога од СДСМ ќе се откачи економската олигархија (директорите на големите општествени фирми на крајот од социјализмот кои сега се нивни газди) што всушност се реформите кои многу споро ги прави Македонија токму поради зависноста на политичарите од нивните пари. За волја на вистината и ВМРО-ДПМНЕ си најде пат до нивните пари, затоа и имаше толкаво лелекање за корупција кога му плаќаа, а сега истите пари ги даваат доброволно. Но сега имаат и поголема полза, затоа што не плаќаат дел од даноците неказнето. Затоа и стално има дефицит во буџетот и покрај големото задолжувањето во странство. Не верувам дека македонските гласачи ќе дозволат толку брзо опоравување на коалицијата ЗА Македонија заедно како во 1998 година. Не после лагите со кои ги добија изборите на 15 септенври. Не верувам и дека опозицијата ќе се однесува исто, ниту пак дека ДУИ и СДСМ повторно ќе успеат да предизвикаат војна затоа што тоа не го сака меѓународната заедница. Први што тешко ќе се реставрираат по губењето на Скопје ќе бидат ЛДП. ДУИ исто така ги загуби симпатиите на меѓународната заедница прекршувајќи ги три пати (во двата круга и прегласувањата) основните демократски принципи и покрај тоа што им беше на тоа свртено внимание. Бучко исто така изгледа не разбира дека Македонија е и во Липково, па изборите ги смета за чесни. Не разбира ни дека ако имало прегласувања на повеќе стотици изборни места поради прекршување на изборните и другите закони, а има само две кривични пријави значи дека власта не превземала скоро ништо против сторителите, односно превемала против помалку од 1% од криминалците. Нема пријава против ниту еден член на изборен одбор, на пример. Ова го пишувам како илустрација дека странците стануваат против целата актуелна власт, а за жал во Македонија нивното согледување на многу гласачи им е поважно од тоа што самите го гледаат. Останува да се надеваме дека меѓународната заедница ќе стекне доверба дека власта може да организира нормални избори. Дел од тоа е и реалното информирање на граѓаните, а не пропагандно какво што е од 1945 наваму (не од 1944 односно пред доаѓањето на власт на тогашната пројугословенска фракцијата на КПМ од која понатаму настана СДСМ). Во спротивно, можеме да очекуваме казни во вид на непримање во НАТО и ЕУ и тивко економско ембарго (со блокирање на аранжманите со ММФ и Светската банка што во моментов се случува) со што би се принудиле граѓаните да соберат храброст за да донесат на власт луѓе што нема да се борат само за себе. За почеток (тоа е и шансата на СДСМ) треба да се почне борба против октоподот на Црвенковски кој го има во сите сегменти на општеството. Дел од октоподот (или можеби паралелен октопод што засега се држи повеќе на левата страна на Скопје) е и ДУИ со Ахмети на чело. За почеток треба да се превземат мерки против Хари Костов и советниците на Црвенковски Бојчевски и Верушевски за монтирањето на случајот Раштански Лозја, со што Бранко би останал изолиран. Ќе напишам уште еднаш дека не би имал ништо против СДСМ доколку би станал вистинска социјалдемократска партија, а не да биде мафија (според Црвенковски октопод) која носи име на политичкото движење што го одбележа минатиот век во Европа. |
Strelec | quote:Да живеев во твојот црно-бел свет, веројатно ќе сакав да е така! Читај овде што напишав за оставката на Ганка: quote:Без јака опозиција, никогаш Македонија нема да биде тоа што треба... Ако јас нешто посакувам во Македонија, тоа се ЈАКА ЛЕВИЦА И ЈАКА ДЕСНИЦА... Во светот се силни само оние држави, каде што има таква ситуација. А кај нас, за жал, и едните и другите во моментов се многу далеку од тоа! |
Jakov | Na makedonskavo politicka scena levica i desnica imame samo vo SObranie. Ednite sedat levo drugite desno i mislat deka e toa toa. Ona sto e poznacajno za MKD, e da se razbie konecno bi polarniot partiski svet vo koj ziveeme veke dobri 10 -15 godini. Treba da se pojavat i etabliraat barem dve centristicki partii koi nema da vlecat mnogu ama ke fakaat barem po 10-15 mesta vo SObranieto. Nedovolno silni sami da vodat ama dovolno silni da ja kontroliraat partijata na vlast, zasto jasno e deka uste dolgo nasite izbori ke bidat ili crveni ili sini...so zolti aplikacii(dali ruzi dali lavovi) seedno. Nesto proba da napravo DA 1998, nesto probuvaat vo LDP so godini ama nema ocigledno nekoj koj ke ja povlece rabotata ama ke znae da ja vlece do kraj. Site za brzo vreme se topat vo sivilot i narodot gi zaborava. Toa mu e majkata za nasava politika inaku vaka ja bila Ganka ja bila Radmila...so pravi razlika, nisto frizurata i tolku. |
Strelec | Нови потреси во врвот на ВМРО-ДПМНЕ По оставката на потпретседателката Ганка Самоиловска Цветанова, синоќа Груевски побара и доби оставка од целокупниот состав на Извршниот комитет, највисокиот партиски орган по претседателот. Одлуката за таканареченото самораспушатње на Извршниот комитет е донесена на вчерашната седница на Централниот комитет. /А1 Телевизија/ Чистка во ВМРО-ДПМНЕ за да се вратат старите кадри?! Смена на сите членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, е епилогот од завчерашната седница на ЦК на оваа партија, на која што била констатирана оставката на Ганка Самоиловска - Цветанова на потпретседателското место во ВМРО-ДПМНЕ. Иако Груевски објави победа на локалните избори, дознаваме дека добар дел од партиските членови не се задоволни од остварениот резултат. - Овој резултат воопшто не е победнички. На претседателските избори ние освоивме околу 80.000 гласови повеќе од сега, а сепак бевме поразени - вели висок партиски член, кој е незадоволен од функционирањето на партијата во последните неколку месеци. /Вечер/ |
Jakov | quote:Filtracijata e proces koj se odviva vo fazi od porupno kon positno. Prvo se filtriraat pogolemite "drvca, slamki i bubacinja", pa posle sledi faza positno vo koja se cistat "pofinite" i positnite cesto ne nevidlivi za golo oko "musicki" isl. Na kraj dobivate procistena i korisna(upotrebliva) supstanca koja moze da posluzi za poveke nameni. Sekoja slucajnost so cistkite vo VMRO DPMNE(filtracijata na gruboto NP, i positnoto Ganka, Kedev i dr...) e namerna. Zabeleska. Ne postoi cvrsta garancija deka procistenata supstancija, nema pak da se zamati(odnadvor a najcesto odvnatre). Stari kadri....koi kadri,tie se za vo muzej...ili ke formiraat frakcija vo senka vo DPMNE, moze da se narecat "Novi Fosili2" Kljusev, LJubisa G., D.DImitrov.....pa pa pa... |
трендафил | quote:Без јака опозиција, никогаш Македонија нема да биде тоа што треба... Ако јас нешто посакувам во Македонија, тоа се ЈАКА ЛЕВИЦА И ЈАКА ДЕСНИЦА... Во светот се силни само оние држави, каде што има таква ситуација. А кај нас, за жал, и едните и другите во моментов се многу далеку од тоа! Воопшто не живеам во црно-бел, туку за жал во исклучиво црн свет. А дека сакам бои се гледа од тоа што никој не сака да го коментира, односно од моето мислење дека: Значајно би било да се здружи позицијата со опозицијата за одстранување на најлошиот наш политичар Бранко Црвенковски што има сплетено моќна мрежа тешка за реформирање во сите институции. Тоа тешко може да го изведе во разумен рок ниту СДСМ сам, ниту опозицијата сама. Таа мрежа всушност и ја влече Македонија кон дното. Бидејќи живеам во црн свет ќе додадам дека тоа треба да се стори што побрзо, додека уште имаме воздух во градите. Се согласувам дека Груевски и Самоилова-Цветановска беа добри инструменталисти во оркестарот дирижиран од Георгиевски. Тоа што нема такви министри во СДСМ може да е и вина до диригентите, Црвенковски, Костов и Бучковски. Доколку Груевски стане премиер, ќе видиме колку од тоа што беше добар министер е негова заслуга. Да се надеваме дека ќе ја има таа шанса, доколку во меѓувреме не се појави и друга ѕвезда на македонското политичко небо. Ова го пишувам пред се` затоа што очекувам македонските интелектуалци да се ослободат од политичките стеги во кои се влезени доброволно, поради некои ситни материјални интереси. Во секој случај им е полесно да се ослободат од влијанието на Груевски и Бучковски, отколку од Георгиевски и Црвенковски. Пропагандната машинерија од контролираните медиуми всушност и има доведено до тоа да немаме верба во политичките елити, без надеж, односно со мислење дека кој и да дојде на власт ќе биде ист како претходниците. Не размислуваме дека на пример Бранко, Љубчо, Хари или Владо се лоши, туку нив ги изедначуваме со се`. До сега всушност само еднаш како гласачи самите сме направиле измена (со Георгиевски) и веднаш се вративме назад. Не пробавме со нешто трето, а веќе изгубивме надеж. Некој има полза од тоа, но ние како народ сигурно немаме. А чекаме мирно со филозофијата на логорашите кои мирно чекаат да влезат во гасна комора за да не се пука во нив доколку се обидат да избегаат во слободата. Зошто толку се плашиме од слобода? |
Strelec | quote:Немој така за ВМРО... Не е се’ баш така црно таму! |