Kavadarci ke stane turisticki grad! |
dejan |
МАКЕДОНСКО ГРЧКА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА НОВ СКИ ЦЕНТАР
Кожуф - балкански Сент Мориц
Од 20 јуни почнува изградбата на Ски центарот Кожуф. Лоциран е на Кожуф планина, во месноста "Момина Чука" во општина Кавадарци. Градбата на туристичкиот центар, според најавите, ќе трае три години. Вкупната ин
Од 20 јуни почнува изградбата на Ски центарот Кожуф. Лоциран е на Кожуф планина, во месноста "Момина Чука" во општина Кавадарци. Градбата на туристичкиот центар, според најавите, ќе трае три години. Вкупната инвестиција се проценува на 72 милиони евра. Инвеститор е мешовита македонско-грчка фирма "Ски центар Кожуф", со доминантен македонски капитал.
Изградбата на "Кожуф" се најавува неколку години, но, по почетната иницијатива во 2002, проектот чекаше политички амин од локалните моќници, но и од Владата.
Според бизнис планот, откако ќе проработи, ски центарот ќе има годишен промет од 22 милиони евра, девизен прилив од 17 милиони евра и ќе вработи 950 луѓе. Само финансискиот бенефит на државата е планиран на 2,5 милиони евра по основ на ДДВ и исто толку од персоналец и придонеси.
Центарот на Кожуф ќе биде граден по урнек на светските ски центри, и во старт треба да биде подобар од оние во соседните земји и да нуди целогодишна туристичка понуда. Центарот опфаќа површина од 480 хектари, од кои туристичката населба ќе зафаќа 53 хектари. Сместувачкиот капацитет е вкупно 5.500 легла, од кои 700 ќе бидат во хотели со пет и четири sвездички, а преостанатите во апартмани и викенд куќички изградени од дрво и камен. На 5.000 квадратни метри е планирана изградба на чаршија со камени улички, дуќанчиња, ресторани, кафетерии, брза храна...
Системот на жичарници треба да опслужи 13.500 скијачи за еден час, и ќе биде еден од најголемите во Југосточна Европа. Сите скијалишта ќе бидат покриени со инсталации за вештачки снег а ќе се води посебно внимание за еколошките димензии на туризмот. Ски патеки ќе има и за почетници и за рекреативци, но и за добри скијачи, а планирано е вклучување на Центарот во програмата на светските скијачки купови.
Планирана е изградба на 4 ски лифта , три жичарници четвороседи и една - шестосед. Пресметките се правени на 650.000 ноќевања годишно, или околу 100.000 седмични туристи. Над 80 проценти од гостите треба да бидат странци, Грци, Англичани и Американци, бидејќи центарот е одалечен од Солунскиот аеродром седумдесетина километри.
Освен зимските спортови, центарот ќе нуди планинарење, лов, риболов, маунтинбајк, параглајдинг, веслање и кајак, тенис, голф, четири затворени спортски сали, пливање, конгресен туризам. (А.С.)
|
SLaCk |
Ako ne se lazam ova ke bide veke vtor ski-centar na Kozuf.Prviot go veti prethodnata vlast,ama togas SDS vikase deka se rasprodava nacionlnoto bogatsvo a sega oni ke go pravat proektov...mislam prikazki za deca se ova:). |
ozonce |
quote: Originally posted by SLaCk
Ako ne se lazam ova ke bide veke vtor ski-centar na Kozuf.Prviot go veti prethodnata vlast,ama togas SDS vikase deka se rasprodava nacionlnoto bogatsvo a sega oni ke go pravat proektov...mislam prikazki za deca se ova:).
Stanuva zbor za istiot proekt. Bitno e da go napravat, dali VMRO ili SDSM ne e biotno vazno da go imame. |
dejan |
poveke informacii
abre, ova ke bide ludnica![:D]
http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=9504
|
beaver hunter |
alooo negotinci, lafe Kavadarci :) |
ozonce |
:) i simnuvame kapa na kavadarchani za ovie raboti, ama tie se ushte ke idat kaj nas za dobra zabava :)
Inaku toj del koj beshe del od opshtina Konopishte beshe najposetuvaniot del od Tikveshijata, nemaseh praznik ili vikend vo letoto a da ne se odi tamu, prirodata e prekrasna, voda, so ubava moma ke pominesh nezaboravni momenti.
Mesta za poseta, Kaljnevo, Rozden i Boshava :) uzivajte :) |
dejan |
Премиерот Бучковски во посета на идниот скијачки центар “Кожуф“
Скопје, 10:11
Премиерот на Република Македонија Владо Бучковски денеска ќе престојува на планината Кожуф, каде што се планира изградба на еден од најсовремените скијачки центри во Југоисточна Европа.
За таа цел, премиерот ќе присуствува во Гевгелија каде што ќе се одржи промоцијата на проектот “Ски центар Кожуф”, што е поддржан од Владата.
Вредноста на идниот ски центар се проценува на 72 милиони евра, за што веќе е формирана мешовита македонско-грчка компанија “Ски центар Кожуф”.
Според најавите на одговорните лица, изградбата на центарот би требало да започне на 15 јуни годинава, а се планира да заврши за три години. Ски центарот со комерцијална работа ќе почне во сезоната 2006/2007 година. Во Гевгелија е потпишано писмо на намери со австриска компанија за изградба на жичарниците во Скијачкиот центар.
Планирано е Фондот за патишта на Република Македонија да ја изгради патната инфраструктура неопходна за поврзување на идниот туристички центар со Демир Капија и Кавадарци.
Во рамки на населбата што ќе се гради на падините на Кожуф, предвидено е изградба на 750 куќи со површина од 80 до 120 метри квадратни, хотели од висока категорија со 700 легла, 4.000 метри квадратни угостителски, сервисен и продажен простор, мултимедијален центар со површина од 1.200 метри квадратни, систем на жичници со капацитет од 13.500 скијачи на час, како и меѓународен хелиодром, објекти за сервисирање на центарот, централен паркинг и бензиска пумпа.
Според анализите направени од страна на стручни екипи, главната скијачка сезона ќе биде од 15 декември до крајот на март, додека во летниот период од средината на јуни до крајот на август.
Планираните активности за годинава се во вредност од 3,5 милиони евра сопствени средства на македонскиот и грчкиот партнер, а заедно со активностите во 2006 година вкупно ќе се инвестираат 32 милиона евра. Дури 80 проценти од средствата потребни за изградбата ќе бидат од македонски компании, а 20 проценти од средствата ќе се потрошат на опрема што мора да се увезе од странство.
Со изградбата на туристичкиот центар ќе се запази заштитата на животната средина.
http://www.makfax.com.mk/look/agencija/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=1&NrIssue=83&NrSection=10&NrArticle=4048&ST1=tekst&ST_T1=vest&ST_AS1=1&ST_LS1=-1&ST_max=1
|
Strelec |
Slack... go zgreshi forumot!:)
|
SLaCk |
Mhm ne bas:).Go zatvorivte na politics:))) |
intel |
Дејан го згрешил форумот.Токму поради таквите како Слацк местото на оваа тема е на политика. |
dejan |
breeee, pa strelec (kako sto znam) bese toi koi mi go premesti topikot tuka[:p] |