Vodno stana Golo brdo?!!
Vodno stana Golo brdo?!!
Pana
quote:
Ако зеленилото и шумите на Водно се белите дробови на Скопје, тогаш таму во моментов се врши сериозна операција. Пред неколку дена на улицата "Салвадор Аљенде" почна "ампутација" на еден хектар шума, за наскоро на нејзино место да никнат девет семејни куќи. Сите тие се сопственост на "Мала Богородица", чија директорка е Олга Камчева, ќерка на новоизбраниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски. Парцелите, за минимална сума од 5 евра по квадрат, се купени од државата во времето меѓу двата изборни круга од парламентарните избори во 2002 година. Поради сомневања за нелегалност на купопродажбата, договорот беше "замрзнат", а судот реагираше и стави забрана за градба, што траеше до 28 октомври минатата година. Тогаш, Судот ги отфрлил сомневањата и издава ново решение за отворање постапка за градба. Така, инвеститорот, во случајот "Мала Богородица", од Подрачната единица на Министерството за транспорт и врски во Општина Центар во периодот од 7 до 17 март ги добива одобренијата за градба. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека според Деталниот урбанистички план, што е донесен во март 2002 година, на оваа локација се предвидени и зацртани девет маркички за изградба на девет семејни куќи. "Тие парцели се во сопственост на "Мала Богородица", и инвеститорот со оглед на одобренијата може да гради" - велат во ресорното Министерство. Но, за да го расчистат просторот и за да започнат со реализација на градбата, Камчеви од градските власти побарале дозвола за сечење на Парк шумата.
Pocna klanot Kostovski?Do krajot na mandatot na Tripun edno drvce nema da ostane vo Skopje.Neka vi e na zdravje tapoglavci!
dejan Парцелите, за минимална сума од 5 евра по квадрат, се купени од државата во времето меѓу двата изборни круга од парламентарните избори во 2002 година. ova sve vo 2002 bilo napraveno. i ima drug topik za ova.