AaaAa |
Tоше го промовираше стрипот Супер Тоше во Скопје, а во Шибеник ќе снима спот со Цетински
[img]http://mmm.com.mk/Sliki/tosesuper.jpg[/img]
Вчера во скопскиот хотел Александар Палас беше промовиран стрипот Супер Тоше, во издание на Дел Рио Филмс, во кој главниот лик го толкува нашиот музички мегастар Тоше Проески. Како што веќе пишувавме, стрипот, кој е комплетно македонски производ со сонценце е дело на Оливер Ромевски, кој го напиша текстуалниот дел, и на Зоран Танев, кој беше задолжен за цртежите. Според планот, стрипот ќе излегува секоја втора среда, а неговата цена ќе изнесува 40 денари. Бидејќи за стрипот Супер Тоше МММ.com.mk веќе опширно ги опиша деталите, во текстот ќе се задржиме само на некои поединости.
Како и во бајките, и во оваа стрип-приказна доброто го победува злото, што значи дека Супер Тоше ќе знае како да се справи со Мистер Пират, како што е насловен првиот број. Во таа борба на Супер Тоше му помага Дијана, која всушност ја толкува улогата која во приватниот живот ја има неговата менаџерка Љиљана Петровиќ. Во рамките на Супер Тоше се наоѓа катче наменето за фановите на нашата музичка ѕвезда, кое има за цел да ги анимира најмладите читатели и тие интерактивно (со своите цртежи, песнички, предлози...), да се вклучат во креирањето на стрипот. Патем, со првиот број на стрипот излезе и првиот дел од постерот на Супер Тоше, кој ќе биде комплетен ако се соберат четири дела...
Што се однесува, пак, до актуелните музички активности на Тоше, тој на 22. април во Шибеник (Хрватска) ќе го снима спотот за дуетската композиција која ја отпеа со Тони Цетински, што значи дека неговите фанови веќе отсега можат да сметаат дека нивниот миленик интензивно се подготвува за жестока пролетна музичка офанзива.
[img]http://www.mmm.com.mk/Sliki/supertose.jpg[/img]
|