silijeski |
ЕУ-парламентот бара од Македонија раскинување на договорот со САД за МКС
Европскиот парламент побара денеска од Македонија да го раскине договорот со САД за изземање на американските војници од јурисдикција на Меѓународниот кривичен суд, јави Дојче Веле, редакција на македонски јазик.Ова барање се наведува заедно со барањето до Еврокомисијата до крајот на годината да и одговори на Македонија во врска со апликацијата за добивање статус кандидат за член во Унијата.
Барањата, како што пренесува Макфакс, се дел од заедничката Резолуција која се однесува на напредокот во интеграцијата на земјите од Западен Балкан.Претходно, европарламентарците не го прифатија амандманот за признавање на Македонија под уставното име, доставен во рамките на Резолуцијата.Амандманот, поддржан од група европратеници од редовите на Зелените, и доставен од Данецот Андерс Самуелсен, бараше од државите-членки на ЕУ да го следат примерот на земјите кои веќе ја признаа Македонија под уставното име.Според истиот извор, образложението на европарламентарците за одбивање на амандманот било дека "станува збор за билатерално прашање меѓу Македонија и Грција". |