dejan |
i jas go sakam ova![:(]
Израелци уживаа во сафари со џипови низ Македонија
Петмина Израелци и неколку македонски планинари неделава уживаа во сафари-туризам низ непроодните предели во Македонија.
Израелците патуваа со специјални џипови, а се движеле само по планински и селски патишта. Маршрутата почнала од Скопје, преку Водно, Матка, Љуботен, Маврово, Дебар, Охрид, Галичица, Отешево, Преспа, Пелистер, Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, до Берово.
Еден од македонските учесници на сафарито вели дека гостите се одушевени од природата во Македонија, од можностите за сафари-туризам, но и од гостољубивоста на домаќините.
Групата од Израел ја предводел Моти Брандес од израелската компанија "Поинаков свет", а негов домаќин беше планинарот Дарио Милошевиќ.
Во Израел и во светот сафарито со џипови е еден од најпопуларните начини на туризам. Во компанијата "Поинаков свет" велат дека годинава во земјава планираат да организираат 12 до 15 сафари-тури. Во секоја група ќе има по дваесетина гости-љубители на сафари со џипови. Израелската компанија првпат годинава ја вклучи Македонија во сезонската брошура за сафари-туризам. За идната година се очекува да се реализираат дури 40 вакви тури.
Сафарито го организирал Гидеон Сандел и неговата компанија "Санд трејд", за кого е поведена судска постапка со која се бара тој да биде прогласен за персона нон грата во Македонија. |