Верушевски помладиот пак дивеел со пиштол |
OooOo |
Divi zapad?? Pa divi zapad e premnogu pitom za nas!
Верушевски помладиот пак дивеел со пиштол
Александар Верушевски, проблематичниот син на заменик-директорот на Дирекцијата за контраразузнавање, извадил пиштол во полно кафуле и им се заканувал на гостите дека ќе пука, завчера еден час пред полноќ, соопшти полицијата. Инцидентот се случил во "Хепи-кафе", во скопската населба Аеродром, на улицата Владимир Комаров.
Полицијата вели дека Верушевски помладиот (18) посегнал по пиштолот откако непознато момче го истепало Ј.В. (23), другар на Александар. Верушевски веднаш се обидел да му се спротивстави на напаѓачот, извадил пиштол и го вперил во присутните гости во кафулето. По инцидентот, тој со двајца другари влегле во автомобил и избегале. Верушевски помладиот е во бегство, а полицијата не знае каде се крие и чиј бил пиштолот со кој се заканувал.
Проблематичниот син на Зоран Верушевски и е познат на македонската јавност по серијата инциденти што ги направи во 2003 година.
Тој беше обвинет само за обид за убиство на 19-годишно момче, кое го изрешета со девет куршуми без никаква причина. За претходните два инцидента, кога прободе врсник со нож и прегази пешак, досега не одговарал.
Во почетокот на годинава, четворица револверисти со пиштол го раниле во нозете 17-годишниот Верушевски. Полицијата ги уапси осомничените во овој инцидент, 25-годишните Оливер Петров и Александар Василевски.
Тој инцидент се случи по претходна расправија помеѓу двете рекетарски групи.
Во Скопје се уште се раскажуваат настанот и ѕверското однесување на Верушевски помладиот и на неговата банда, кога пред две години во дворот на градинката "Срничка" во населбата Аеродром, тој испукал два куршума во грбот на В.П. (19).
Иако повреден, В.П. се обидел да му се спротивстави, но насилниците што го придружувале Верушевски го истепале.
Осоколен, Верушевски испукал уште седум куршуми во В.П., кој, за чудо, преживеа. Тогаш МВР го осомничи Александар Верушевски за обид за убиство, а истражен судија му изрече мерка притвор.
Верушевски излезе од притвор откако одлежа само неколку дена. |
SLaCk |
Kakov tatko takov sin.
СВЕДОЧЕЊЕ ЗА "РАШТАНСКИ ЛОЗЈА"
Верушевски ќе го носел Цветков на бесилка
Поранешниот директор на управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, и началникот кој дошол на чело на Петтата управа по заминувањето на Александар Цветков, со закани се обидувале да изнудат изјави за неправилности во работата на сега обвинетиот Цветков, посведочи вчера Јулијана Младеновска на судскиот процес против четворицата обвинети за случајот "Раштански Лозја".
- Од колешка слушнав дека Верушевски се заканувал дека ќе го носи Цветков на бесилка - рече Младеновска, која работела како преведувачка од англиски јазик во Петтата управа.
Vtor slucaj.
СЛУЧАЈ "МИКРОСАМ"
Самаковски тврди дека Верушевски му ја запржил чорбата со Американците
Сопственикот на прилепската фирма "Микросам" Благоја Самакоски не знае каде згрешил при извозот на машина за производство на резервоари во Пакистан, што, според него, е клучниот момент американската влада да го стави на црна листа. Тој го обвини поранешниот прв човек на ДБК Зоран Верушевски за главен виновник.
Самакоски на вчерашната прес-конференција информираше дека фамозната машина ја произведуваат уште дваесетина фирми. Во 95 отсто од нив се користат за цивилно производство, а Микросам има продадено слични машини во Норвешка, Кина и во Германија.
- Ги поседуваме сите документи за извоз на машини пропишани во Македонија. Ставањето на таа листа е некоја бирократска грешка, комбинирана и конструирана од домашни безбедносни структури и други активисти. Тој чин несомнено има домашна политичка заднина. Поради сите тие притисоци, Микросам е оштетен со околу два милиона евра, плус неколку стотици илјади евра поради опструкциите на македонската царина - вели Самакоски.
За него, овие постапки, во најмала рака, се некоректни и се производ на поранешниот прв човек на ДБК Зоран Верушески, кој соработувал со Виктор Маер од американската амбасада во Скопје.
i taka nataka...odlicen kadar na pacinetot Hari Kostov. |
bigppump9 |
concrete ne mi e jasno so se mesas kade sto ne ti e rabota?
gledaj si rabota i neka ne te interesiraat raboti kaj sto ne pripagjas |
Strelec |
[img]http://www.vecer.com.mk/content_images/sudenje-za-verusevski-br-1.jpg[/img]
ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ ВЕРУШЕВСКИ
Носев пиштол "берета 7,65" оти се видов на црниот список на Александар Верушевски, рече вчера во своја одбрана Никола Митровски на судењето што против него и Оливер Петров се води во Основниот суд Скопје 1. Двајцата се обвинети за нанесување на тешка телесна повреда на Александар Верушевски, настан што се случи на 2 јануари, годинава. Пред настанот Митровски бил на кафе со Александар Василевски и со Оливер Петров. Откако Василевски си замина, рече Митровски, ни се приближи автомобил "БМВ", бела боја, што го управуваше Верушевски, а внатре имаше уште три лица. Вратата од возилото се отвори, а возачот пукаше во нас, тврдеше обвинетиот. Тогаш возвратил и Митровски, кој вели дека се приближил на речиси два метри од возилото, а бидејќи вратата била отворена, му пукал на Верушевски во нозете. Потоа, по престрелката, Митровски си заминал дома. Слична изјава за настанот даде и првообвинетиот Петров. Тој тврдеше дека не го познава оштетениот, а дека при престрелката од возилото на Верушевски пукале и останатите. По инцидентот побегнал кај девојката, а неколку дена потоа Зоран Верушевски, таткото на Александар, му се заканувал со ликвидација. За настанот беше сослушан и сведокот Марјан Андреев.
|
concrete |
quote: Originally posted by bigppump9
concrete ne mi e jasno so se mesas kade sto ne ti e rabota?
gledaj si rabota i neka ne te interesiraat raboti kaj sto ne pripagjas
ni mene da ti kazam pravo...samo se setiv koga imav 18 godini pa se zagriziv nesto...ama nema veza...brkaj rabota :):):)!!! |
AaaAa |
quote: Originally posted by lav
quote: Originally posted by oximoron
quote: Originally posted by VeGaS
eh sto imam merak da se tepam so takvi ligushi onaka teka-tek :) bez pishtoli i drugi sranja...
we will see who is bad [:D]
Kako be "teka-tek" ?:)))
Погрешно е напишано , инаку од француски преведено значи :
ЛИЦЕ во ЛИЦЕ , односно непосреден контакт.
Od francuskoto tete-a-tete (se cita TET A TET a i pisuva na makedonski)[:)] |
ABC |
Verush sigurno ke go "primi" od Blagoja "Samak",zatoa shto "SAMAKOT" nikomu ne "prostuva",bidete trpelivi i gledajte "seir"! |
¬С¬У¬С¬д¬С¬в |
Џанкерче глупо аздисано, како не се испопукаат со татко му некој ден...до кога ќе претставува закана по животото на луѓето?
Него се чудам како не му пресудил сам досега некој од овие што пропатиле од него! 18 годишно уфилмано детиште, море вилицата би му ја расчеречил! |
concrete |
More jas toa se prasuvam sekogas koga ke slusnam za ovie "avanturi", kakov, takov sin mu e, ako vaka ocigledno intenzivno azdisuva naokolu, koga togas ke naleta na nekoj poerbap od nego, kako tatko mu-majka mu ne se zagrizuvaat ,kako roditeli????
Ili tie si znaat, sekoja planina , svoja tezina!!!! |
¬С¬У¬С¬д¬С¬в |
Како сакам да ми налета мене... |
bigppump9 |
SO KE NAPRAVIS BE MAJMUN EDEN..........PRVO IZLEZI MALCE OD DOMATI PA POSLE KAZUVAJ KLOSAR EDEN.........JAK SI PRED KOMPUTER ZA (edited) JADENJE IZLEZI NA ULICA PA TOGAS DA VIDIME DALI KE GUGNIS (edited) EDEN |
concrete |
Ajde decurlijo OLADI !!!!!
bigpump9 , devetka, duri i kratka... da ne e malku mnogu za tvoi godini, podobro mlati okolu so nekoja kniga od lektirite koja nemas namera da ja procitas!!!! |
dejan |
abre sto mu e na ovoi??? glupak eden, so kopaci da go istepat.
nemoze ni vo zatvor da odi deka tatkomu e nekoi visok ili nesto. |
VeGaS |
eh sto imam merak da se tepam so takvi ligushi onaka teka-tek :) bez pishtoli i drugi sranja...
we will see who is bad [:D] |
dejan |
xixi, jas bi sakal so kopac vo faca! |
concrete |
quote: Originally posted by dejan
xixi, jas bi sakal so kopac vo faca!
Vidi, vidi go ova Dejan na baba , abe krv ne e voda vo nikoj slucaj :):):)!!!! |
nemo |
quote: Originally posted by concrete
quote: Originally posted by dejan
xixi, jas bi sakal so kopac vo faca!
Vidi, vidi go ova Dejan na baba , abe krv ne e voda vo nikoj slucaj :):):)!!!!
Resenie mu e vo ludnica da go pustat pomegu 5-6 porbab navistina psihicki , pa neka e i za 2-3 casa, togas ke mu dojde pametot i ke vidi deka ne edinstven na ovoj svet[:)] |
oximoron |
quote: Originally posted by VeGaS
eh sto imam merak da se tepam so takvi ligushi onaka teka-tek :) bez pishtoli i drugi sranja...
we will see who is bad [:D]
Kako be "teka-tek" ?:))) |
lav |
quote: Originally posted by oximoron
quote: Originally posted by VeGaS
eh sto imam merak da se tepam so takvi ligushi onaka teka-tek :) bez pishtoli i drugi sranja...
we will see who is bad [:D]
Kako be "teka-tek" ?:)))
Погрешно е напишано , инаку од француски преведено значи :
ЛИЦЕ во ЛИЦЕ , односно непосреден контакт. |
nemo |
quote: Originally posted by lav
quote: Originally posted by oximoron
quote: Originally posted by VeGaS
eh sto imam merak da se tepam so takvi ligushi onaka teka-tek :) bez pishtoli i drugi sranja...
we will see who is bad [:D]
Kako be "teka-tek" ?:)))
Погрешно е напишано , инаку од француски преведено значи :
ЛИЦЕ во ЛИЦЕ , односно непосреден контакт.
Odnosno maski na megdan,vo ring ili krug ne kuakvicki[:)] |