Сектите во Македонија
Сектите во Македонија
cabrini Сведоци сме на еден екстремен подем на разни секти и верски заедници во Македонија. Колку е нивното делување допуштено и кои можат да бидат последиците кон секој од нас доколку падне под нивно влијание?
sardaukar Штом Христос се појавил во тело и штом бил виден од луѓе можи да се претставува со заменливи форми кои имаат исто така строг критериум. Не секоја слика на која е претставен Христос е икона. Таа има точно прецизно одредено како треба да се наслика. Каков нос, какви очи итн. Меѓу тие рамки внатре човекот - сликарот има слобода, но во тие рамки. Многу од новите икони не се водат од тие правила за што православните верници негодуваат и ги отфрлаат. Како што ти реков и Светиот Дух бил виден од луѓе во форма на гулаб. Со тоа тој како таков може да биде отсликан. Оној кој никогаш никој не го видел Тој не може да биде никако отсликан за тоа што не постои заменлива форма, што него би го претставило. пример оганот при егзодусот од Египет, бури итн се само последици, на неговото присуство, а не Самиот Тој. Најдобро тоа се гледа од делот каде пророкот Илија се крие во пештерата, а Господ надвор му се прикажува. Откако ќе поминат бури, огнови Библијата пишува: „Но тоа не беше Тој“. Но кога ќе дојде нешто како тивка длабока музика „И тоа беше тој“. Што зборува за неговата природа но Отецот никој освен Синот не го видел. Почитувањето на Богородица на начинот во Православието е уште од првите векови на Христијанството. 15-16 века никој тоа не го спорел. Можеби само многу мали забегани секти надвор од Црквата (до 1054 единствената Црква). Такви мали секти логично е дека морало да ги има. Се појавувале и се губеле. Објасни ми како дури после 16 века се се појавува помасовно верување дека почитта на Богородица треба да се сведе отфрли. Зарем ќе се повикаш на линијата од тие мали секти. Јасно е дека линијата на верување не смее да биде прекината од Христово време до денес. Како таа линија на протестантското верување ќе ја прикажеш. Зарем ќе се повикаш на тие тогашни секти, кои се знае дека постоеле но немале некоја јасна линија на постоење до денес. Се појавувале се губеле па во друга форма повторно се појавувале итн. Како што знаеш Православната Црква (исто и римокатолицизмот) имаат јасна непрекината линија. Како после 16 века да се појават нови сфаќања на верата за нешта кои веќе биле јасно утврдени со векови пред тоа. Тие верувања (како и почита кон Пресвета Богородица) не се појавиле тогаш во 16 век па некој да ги отфрли веднаш ако се грешни. Постоеле скоро од почетокот од 2-3-4 век. Како денес што се појавуваат уште понови забегувања во сфаќањата на луѓето опишано како во: „Кодот на да Винчи“ Ден Браун така и тогаш. Луѓето кои живееле на тлото од Католичката вера не можеле повеќе да ги трпат забегувањата во догмата на Католичката „црква“ кои го достигнале врвот со индулгенциите, а сепак верувале во Бога и зеле да ги толкуваат работите според своите гледања и така се создале нови верувања и сфаќања во стотици облици сите наречени протестантизам поради протестот против Католицизмот. Протестантизмот е човечки пристап кон Бога, но не и Божји. Кога се разочарале од римокатоличката институција требало да знаат дека Господ ветил дека Црквата нема никогаш да биде покорена и наместо на себеси да се повикаат да ја побарале каде е таа тогаш. Бидејќи Црквата основана од Бога постоела со сите вистински точни Божји учења. Многу лесно ќе ја нашле на исток... И имало такви кои тоа го сториле. Подвизите и посветеноста на луѓе поединци во Православната Црква кон Бога во минатото, а и сега постои. Се работи за дивовски подвизи што мојот и твојот ум (барем додека не ги прочита и слушне) не може ни да замисли дека постојат. Подвизите и аскетизмот не мора да биде апсолутна потврда на љубовта кон Бога но сепак многу многу зборува за љубовта кон Бога. Бидејќи кога боли боли и тогаш се гледа цврстината на верата и љубовта. Нив никој ништо не им може(л) бидејќи ништо не побарувале и ништо од овој свет не им требало Бога. Освен посветеноста на Бога ништо друго не сака(ле) и не им треба(ло). Има јасни сведошта и за луѓе од 20 век. Постојат слики, фотографии, потврдени раскази за нивната прозорливост. Подизите им се ненормални и несфатливи за обичен човек. И јас на таквите луѓе докажани со многу дела и од Бога потврдени со многу чудеса нема да им верувам ќе им верувам на обични грешници кои во ништо не се ограничуваат од овој свет, а само зборуваат за Господ.
sardaukar Прво, во моето лично „испитување на духовите“ немам нешто внатрешно страно кое би ми спорело во мене дека чудесата на иконите се сатански. Но истото бидејќи може да биде лажно, морам да биде догматски потрдено. Една догма во православието е ова: Најпрво ако човек ја утвди која Црква е вистинска, тогаш му е полесно да утврдува кои чудеса се од Бога, а кои не. Бидејќи доколу чудесата помагаат и ја зголемуваат вистинската вера во Бога и во неговата Црква тогаш се од Светиот Дух. Духот на демоните може да прави само чудеса кои ќе ги одвојуваат од Црквата, а не да ја зголемува верата. Затоа треба прво да утврдиме која Црква проповеда вистинско учење за Бога, а потоа многу полесно ќе утврдиме и кои чудеса се од Бога, а кои не.
StormAngel Eve eden dosta interesen tekst.[;)] Фанатичните религиозни групи, кои вообичаено делуваат во тајност, побудуваат големо интересирање кај јавноста, но често истражувањето на нивната работа не се врши темелно, туку морбидно сензационалистички. Во последните 15тина години религиските култови и секти кај нас се претставени како голем проблем на страниците на печатот. Со оваа тематика се занимавал секој: од уважени стручњаци за религија и психологија, па се до членови на редакциите на „Треће Око“ и останатите парановински формати кои можеа да се најдат по нашите киосци. И може да се каже дека оваа тема остана практично лошо обработена и покрај овие обиди. Кога се критички ќе се изанализира се доаѓа до заклучок дека сето ова анатемисање на разните верски заедници (големи и мали) се сведува на борба на верниците. Воглавно, некоја религиозна група би била на „тапет“ (понекогаш навистина се работело за деструктивна секта), а на читателот на крајот експресно би му се објаснило која е вистинската црква и на која би требало да се посвети. Тоа доведе до трагично погрешни сфаќања на некои верски заедници и нетолеранции кон некои нивни членови. Често некои mainstream христијански (во главно протестантски) верски заедници се прогласуваат за секти, и има обид за да се предизвика некој вид акција против нив. Каде тоа се повлекува границата помеѓу „нормална“ црква и секта или култ? Веќе е толку вообичаено црквата која доминира на едно поголемо подрачје да се прокламира за единствената исправна религија, а сите останати религиски групи да ги прогласува за „опасни култови“. Сепак, не може да се порекне дека понекогаш се и во право. Она што со сигурност може да послужи како индикатор на тоталитарноста на некоја верска заедница е степенот на посветеност која се бара од секој член на заедницата. Тука, сепак некои поголеми верски групи се разликауваат од помалите. На пример, од православците или кај католиците не се бара на улица да пресретнуваат луѓе или да упаѓаат кај луѓе по дома обидувајќи се да најдат нови членови за црквата. Верските заедници кои бараат од своите верници целиот свој живот да го подредат на верската група, може да се означат како фанатични и донекаде опасни. Сепак, и тука постои разлика. Верските слободни се со закон загарантирани и секој има апсолутно право да биде посветен (во онаа мерка во која сам ќе си одбере) на што сака, се додека со тоа не повредува некој друг, односно додека не го прекрши законот. Затоа секој обид на насилно одвраќање на некој од неговите верски убедувања (колку и да се невообичаени) се за осуда. Секоја од денешните големи светски религии првобитно изгледала како секта. На самиот почеток тоа била помала група на луѓе посветени на некое учење и со идеја тоа учење да допре до што поголем број на луѓе. Треба да се напомене дека секој став за да се редефинира и согледа од поинаква перспектива скоро стандардно доведувало до расцепкување на групата и настанок на нова, што старата група го означува како секта. Сигурно денес би имале само една светска религија да не биле оние кои со нешто не се согласувале. Христијанството низ својата двемилениумска историја доживеало многу расколи. Првиот голем се случил на релацијата исток-запад и така настанале католичката и православната црква. Од католичката црква подоцна се одвоиле уште неколку и настанува протестантската црква, која понатака се разгранува во многу други. Прахристијанските верски заедници на територијата на Америка се појавиле во 19 век. Многумина тогаш темелно го искористиле правото да исповедаат и проповедаат што сакаат. Сите ја имале истата Библија, но ја читале и толкувале како сакале, на најразличен начин. Колонистите кои се населиле и ја основале сојузната американска држава Јута, имаат своја верзија на христијанството. Основале црква на Исус Христос – Светец на последните денови. Членовите на оваа црква попознати се како „мормони“. Тие веруваат, дека Бог, покрај Библијата и 10те Божји заповеди, оставил и некои други инструкции на луѓето. „Книгата на мормоните“ ја пронел Џозеф Смит, кому ангелот-пророк Морони, му покажал каде да ја најде. Мормоните „ветената земја“ ја нашле на крајбрежјето на Соленото езеро во пустинското срце во САД и таму го градат својот свет верувајќи дека рајот ќе биде остварен на земјата и дека ќе се наоѓа на територијата на САД. Некогаш практицирале и полигамија (некои имале и по десетици жени) но овој вид на изразувања на верата е напуштен бидејќи полигамијата е со закон забранета. Сепак, во чедсените вукојебини на Јута #61514; постојат фундаменталисти кои и понатаму го водат овој начин на живот, исфрлени од општата заедница. Мормони има насекаде низ светот, се среќаваат дури и кај нас, на сопствениот праг или на патувања со воз. Радо ќе ви ја подарат „Книгата на мормоните“ и иницираат разговор за Бог, религија и слични работи.. Јеховините сведоци исто така постојат по светот. Тие се една од најраширените помали (пара)христијански религиозни групи. Ги има скоро во секоја држава, а се проценува дека во светот има околу 6 милиони. Во некои држави делуваат илегално. Не, Бог не направил сообраќаен прекршок па да му треба некој за на суд да го извлече. Нивната мислија е да „сведочат за божјата добра вест и намера“, да сведочат за Јехова (кое според нив е личното име на Бог). Не веруваат во рај и пекол туку сметаат дека Бог, преку Исус ќе се врати на земја и од неа ќе направи рај. Сите кои му биле на Бога угодни #61514; ќе воскреснат со душа и тело и повторно ќе се вратат на земја. Исто така, и сите животни ќе живеат во хармонија со луѓето и со другите животни со кои моментално се хранат. Јеховините сведоци живеат за да пренесуваат вакви пораки. Не се поклонуваат на крст бидејќи сметаат дека Христос умрел на нешто што повеќе личело на столб. Не слават родендени и останати „земски празници“ а што се однесува до Исусовиот роденден, според нив тоа е некаде околу 1 октомври а не во декември/јануар. Јеховините сведоци ги основал Чарлс Тејз расл во 1879 година. Светскиот центар се наоѓа во пенсилванија, САД. Издаваат две главни публикации „Кула на стражарот“ и „Пробудете се“ и уште илјадници книги и брошури кои се делат бесплатно на улица или во походи „од врата на врата“. Изразити се противници на било каква агресивност и заради тоа се лесна мета на фундаменталистите од други религии. Биле жртви на систематскиот прогон и искоренување за време на нацизмот. Најконтроверзно е нивното одбивање на трансфузија на крв, макар и по цена на животот. Како и кај огромното мнозинство на христијанските заедници, сексот за нив е ужасен грев и треба да служи за размножување..... ...продолжува.. Copyright Julls @ www.bagra.org
cabrini Колку пати ви се случило на врата да ви затропаат или на улица да ве запрат Јеховини Сведоци и да почнат да ве убедуваат во некакви си само за нив познати вистини. Можеби сте ги виделе или ве сопреле оние следбеници на Рон Хабард, Саентолози да ви подметнат некоја од своите бљувотини или ви оставиле писменце во сандаче со некаков си тест за интелегенција. Или сте ги виделе во центарот на градот следбениците на една опасна секта Харе Кришна како ги играат своите пагански танци. Сте влегле во книжарница и сте виделе разни книги за Саи Баба, разни бљувотини од типот на Комаја, Астрологија, книги за перење и програмирање на умот.
dejan jehovi svedoci, nemam nisto protiv....ama tuka dovolni ti gi ima, isto ima dovolno makedonci vo taa religija/sekta....isto i drugi balkanci. sum slusnal deka ako so vo jehovite, i ako ke zemes drug covek ili familija da vleze vo jehovi svdoci, togas $2000 ke zemes ti!! ne fala.
Great_Macedonian hehe... neka mi cuknat navrata nosot ke im go puknam. Ednas na vrata od eden moj drugar cuknale... hehe tatkomu gi brkal po ulica (tatkomu e golem pravoslaven vernik-koga ide Petar vo Pert spie kaj niv doma).
noaNoa
quote:
Originally posted by RaGeAnGeL
maco....to so ne saket da davet i da primet krv to si e nivna rabota...da primaat a da ne davaat ondak ima mesto za ljutenje ama vaka ...gla neka krshat[:)]Ne deka jas gi branam ili deka gi sakam ...ama me vadi od tatk nekoj ko ke rece jas sum "vernik" a od druga strana "ke gi kreni na kloci"Ne e tolku strashen faktot so ke ti dojde dete na vrata...postrahsno e so ako i ti imas dete ne ke znae kako da im "vrati" t.s kako da si odbrani svojata vera e to e losoto[;)] cabrini poshto ti ja otvori temava ti objasni koj se i kakvi se Jahovite svedoci[:)]
Za krvta ne mi e jasno, demek kao necisto bilo toa taka, ama da mi umri dete zs ne bilo cisto?!?!?!? Gluposti! A za da bides del od niv davaj 13% od platata, betar od piramidskite igri so koi gi zalazuvat luge ejjjj! A ne za toa sto gi terat decata da ti idat na vrata ne znam ne mi e jasno, pure BRAINWASH!
Great_Macedonian Mislam deka postarite makedonski generacii imaat najmnogu problemi da se soocat so razlicna vera. Koga Boris Trajkovski stana pretsedatel lujgeto skokaa "lele toj e protestant! kako moze toa pretsedatel eden protestant da stane!?!?" sepak, Trajkovski ne bese protestant, tuku Metodist. Katolicite,pravoslavnite,metodistite,protestantite se site hristijani i veruvaat vo gospod i isus, no jerhovinite svedoci se smetaat za nadvor od toj "hristijanski krug" zatoa se narekuvaat sekta, isto kako 'Mormons' vo Utah, U.S.A... tie dve se sekti koj nekoj gi smislil pred nekolku vekovi. Mormons na primer se poznati po toa sto incest go smetaat za normalno nesto.. aj sega kazete deka i toa e ok?
dejan vo avstralija ima dosta mormoni.....mislam vo 18 vek mormon bese izmisleno...mislam vo mormon del od tvoj pari odat na taa sekta ili sto im e neznam, a toa za incest, deka normalno im e, ne sum znael!!!
RaGeAnGeL
quote:
Originally posted by Great_Macedonian
hehe... neka mi cuknat navrata nosot ke im go puknam. Ednas na vrata od eden moj drugar cuknale... hehe tatkomu gi brkal po ulica (tatkomu e golem pravoslaven vernik-koga ide Petar vo Pert spie kaj niv doma).
se gleda kolkav vernik si ti .....ne mi e jasno samo kako ne ti e sram ova da go napisis...tatko mu od drugarot tvoj so tolku mnogu so ispofali ne e nishto pojke od eden devijanten manjak dete...ak sakat i vcrkva cel zivot nek spijat toj e so e...prvo:nemas vrska so znaci to pravoslaven drugo:ne go razbirash zborot "vernik"
V irginia
quote:
Originally posted by dejan sum slusnal deka ako so vo jehovite, i ako ke zemes drug covek ili familija da vleze vo jehovi svdoci, togas $2000 ke zemes ti!! ne fala.
не верувам [;)]
dejan rage, da ne go pratis dame segde kade odi:p i jas ne veruvam! samo sto slusnav:p
noaNoa Mozam samo da kazam za tuka vo Svedska za Jehovite... Koga rabotis plajkas ddv na drzavata od 28 do 32%, posle toa tie sto se "clenovi" u Jehovas plajkat na nivna "crkva" 13% od tvoja plata. + ne smeat da davat ni da primat krv.
Great_Macedonian Quote RageAngel: se gleda kolkav vernik si ti .....ne mi e jasno samo kako ne ti e sram ova da go napisis...tatko mu od drugarot tvoj so tolku mnogu so ispofali ne e nishto pojke od eden devijanten manjak dete...ak sakat i vcrkva cel zivot nek spijat toj e so e...prvo:nemas vrska so znaci to pravoslaven drugo:ne go razbirash zborot "vernik" ------------------------------------------------------------------------ Kako prvo, vo sto se gledat "kolkav vernik sum jas"?? i od sto da mi e stram? stramota e da kazam sto nesakam jerhovi svedoci? zasto go narece eden covek koj ti nego poznavas, manijak? .. i za na kraj nesum znael sto znaci pravoslaven i pojma sum nemal sto znaci vernik?? Jas navistina nemozam da svatam sto ti fali tebe "devojko".
Strelec
quote:
Originally posted by Great_Macedonian
Jas navistina nemozam da svatam sto ti fali tebe "devojko".
Da ne e Rage Jehovka mozhebi shtom ti se nafrli taka!?:)
RaGeAnGeL Aco.....[:D] Vidi coek...tebe znam deka treba da ti se crta da za svatish ama ne znam kako zaborajv na to ko go pisev poston....aj vaka po red ... hehe... neka mi cuknat navrata nosot ke im go puknam..so ova ne pokazvish nishto drugo ,tuku samo golema nekultira i nepoznavanje na svojata religija(a se mavash vgradi lele majko koj sum jas) Ednas na vrata od eden moj drugar cuknale... hehe tatkomu gi brkal po ulica ne znam so NE E manjacki vo ova....valjda normalno e kaj vas vakvi raboti(inace for your information sekade vo svetov bi bilo manjacenje )ilzegol da gi brkat ALE ALE BRAVO ZA NEGO !...I ZA KRAJ....PAZI SO PISIS(tatkomu e golem pravoslaven vernik-koga ide Petar vo Pert spie kaj niv doma)"golem pravoslaven vernik"...pak ke te prasham znajs so znaci "pravoslaven" i ushte povazno znajs so znaci da si VERNIK??? p.s. ne svatvi izvini ako ne ti teshko koj e toj Petar shto ide vo Perth? i edno prashanje za site ....Sho vi smetet be tolku Jehovive svedoci???
Great_Macedonian Ok RageAngel.. jas napisav deka "nosot ke im go puknam" no ne znaci deka bas taka ke postapam, ednostavno sakav da kazam deka nema bas so nasmevka da gi precekam. Za tatkomu na drugar mi.... drugar mi rece deka tatkomu mu se pustil(mozebi ne gi brkal) im vikal da si ja cuvat religijata za sebe itn.. ne znaci deka covekot e manijak. Mnogu lujge cuvstvuvaat nervoza koga nekoj nepoznat ke im tropne na vrata i ke se obide da im go smeni mislenjeto. Za Petar, toj e pop od MPC zadolzen za avstralija i nov zeland... za ona pravoslaven, mislev na pravoslavnata vera... za toa koga rekov deka e golem pravoslaven-vernik, sakav da ukazam deka covekot mnogu povejke si veruva i si ja praktikuva svojata religija nego pogolemiot del od nas. E sega Rage.. odi ti tropni na vrata kaj nekoj albanec vo aracinovo i pretstavise ljubezno "dobar den jas sum taa i taa.. dali znaete za pravoslavnata-hristijanska vera? (smile) dali sakate da ja izucuvate (smile again).. dali sakate da stanete pravoslavni (smile agaaain).. i kazimi kako muslimanot ke ti odgovori. :)
Great_Macedonian zaboraviv da ti odgovoram na toa.. sto ni smetaat jerhovite svedoci? licno mene ic ne mi smetaat onie koj si ja cuvaat religijata vo sebe. Smetaat onie koj ti cuket na vrata sekoja nedela i se obiduvet da ti go smenat mislenjeto.
Strelec
quote:
Originally posted by Great_Macedonian
E sega Rage.. odi ti tropni na vrata kaj nekoj albanec vo aracinovo i pretstavise ljubezno "dobar den jas sum taa i taa.. dali znaete za pravoslavnata-hristijanska vera? (smile) dali sakate da ja izucuvate (smile again).. dali sakate da stanete pravoslavni (smile agaaain).. i kazimi kako muslimanot ke ti odgovori. :)
Jas mislam odma kje izvadi chaj i lokum!:)
Great_Macedonian Da Strelec.. ke ja pokanat na vecera duri ;)
RaGeAnGeL ama ne zabegvi i me mi menvi tema....jehovi svedoci i muslimani AMA NIKAKVA VRSKA NEMAAT! Isto kako go ke precekas ti musliman na vrata taka ke te preceket i tie! [;)] nejse....Ohrid nekolku pati mi dojdoja doma i sekogash se pogodveshe so babami i dedomi kafe ko ke pijav...(pazi dedo mi e partizan i komunista so spijaT so slika od Tito do nego e pa sea ti vidi)...sekogash super muabet si praevme ...NIKOGASH nikoj od niv ne se trudel da ni nametne mislenje nego ednostavno da ni kaze shto e toa vo koe tie veruvaat,fini,kulturni smireni nasmeani...Ko dojdov ovde pak naletav na niv...dojdeni se doma 2 pati....super se za kafe muabet iskreno da ti kazam...edinstvena razlika so ovie od kaj nas e toa sho ovdeshnive se strashno pojke obrazovani...mali se razlikite megu pravoslavni hristijani i jehovi svedoci...samo zavisi so si procital
cabrini E aj RaGeAnGeL kazi shto se razlikate megju pravoslavnite i Jehovinite Svedoci, ti velish deka se mali?
noaNoa
quote:
Originally posted by RaGeAnGeL i edno prashanje za site ....Sho vi smetet be tolku Jehovive svedoci???
Kako sto napisav pogore za toa sto ne smeat ni ne davat krv... Najveke me nervira toa. Imase eden slucaj tuka so edna trudna zena, za da ostane ziva trebase da primi krv no maz i rece NE, zs bile Jehovas i ne primat ni davat krv. I zenata i nerodenoto dete umre. + sto onie sto ti idat doma sto ti cukat na vrata mozat i mali deca da bidat. Pred edno vreme zvoni na vrata i koga otvaram i gledam deca 8 do 10 god najveke i mi velat "mozeme da vlezeme da zboreme za gospod?" Ma ajdeeeeeeeeee!!!!!!!!!
RaGeAnGeL maco....to so ne saket da davet i da primet krv to si e nivna rabota...da primaat a da ne davaat ondak ima mesto za ljutenje ama vaka ...gla neka krshat[:)]Ne deka jas gi branam ili deka gi sakam ...ama me vadi od tatk nekoj ko ke rece jas sum "vernik" a od druga strana "ke gi kreni na kloci"Ne e tolku strashen faktot so ke ti dojde dete na vrata...postrahsno e so ako i ti imas dete ne ke znae kako da im "vrati" t.s kako da si odbrani svojata vera e to e losoto[;)] cabrini poshto ti ja otvori temava ti objasni koj se i kakvi se Jahovite svedoci[:)]
Great_Macedonian RageAngel ti velis deka mali se razlikite mejgu dvete veri? ako gledame taka na rabotite togas mali se razlikite i mejgu hristijanite i muslimanite. Ti za mala razlika go smetas faktot sto jerhovite ne slavat rodened "zas hristos ne slavel rodenden".. mala razlika e sto jerhovite ne slavat nitu bozik nitu veligden..?? sepak ne mi e gajle, koj sto saka ne misli i vo sto saka neka si veruva, sekoj ima pravo na takva sloboda, no nikoj nema pravo da ti tropa na vrata i da ti dosaduva deka treba da se ubedis vo negovoto mislenje.
RaGeAnGeL
quote:
Originally posted by Great_Macedonian
RageAngel ti velis deka mali se razlikite mejgu dvete veri? ako gledame taka na rabotite togas mali se razlikite i mejgu hristijanite i muslimanite. Ti za mala razlika go smetas faktot sto jerhovite ne slavat rodened "zas hristos ne slavel rodenden".. mala razlika e sto jerhovite ne slavat nitu bozik nitu veligden..?? sepak ne mi e gajle, koj sto saka ne misli i vo sto saka neka si veruva, sekoj ima pravo na takva sloboda, no nikoj nema pravo da ti tropa na vrata i da ti dosaduva deka treba da se ubedis vo negovoto mislenje.
e so ako ne slavat....moze se vo pravo??ili ne se??isus slavel??ili ne slavel??? a za veligden i bozik....aj druga tema e to mnogu ke zabegame ak pocnam da spisham[:)] ako ti dojdat na vrata slobodno mojs da im recis "fala ne sum zainteresiran" i reshen porblem[;)]
Great_Macedonian ill take your advise Rage;)
RaGeAnGeL that's my boy[:D][;)]
Jakov Во Македонија, прво по законот секти не постојат. Има верски заедници и има религиозни групи. Јаховините сведоци спаѓаат во делот кој се нарекува верски заедници. Регуларно си се регистрирани и го имаат секое право да работат и егзистираатво РМ. Инаку во светски рамки тие се класифицираат во Протестанти. Да не објаснувам сите верувам знаеме што подразбира поимот Протестант. Јаховините сведоци се исто толку христијани коллку и ние. Разликите не се мали дури се и големи. Она што нив ги прави да “летаат“ на клоци е баш тоа што имаат поразличен став и сфаќање на религијата и верата во Господ. Не почитуваат идоли, симболи и слични работи дури и празниците не ги одбележуваат како ние. Повеќе се посветени на молитвите и посетата на Црквата како нивен Храм. Незнам зашто барем во Скопје се крева прашина околу луќето кои одат поо куќи и делат литература. Кај мене дома редовно поминуваат и никогаш, ама баш никогаш не биле ни нападни ни досадни ни што ја знам. Едноставно ако е лето ако видат дека има некој во двор најучтиво поздравуваат и прашуваат дали сакате литература. Ако не сакате , немора ни да им кажете, само со поглед да им одговорите ќе ве поздрават и ќе си заминат. Нема врска ова го гарантирам за секаде особено во Македонија. Дека иделе незнам терале со сила и дрн дрн. Прво најчесто се тоа постари лица или деца така да и не се во состојба агресивно да малтретираат некого. Од друга страна меѓусебно се поврзани во смисла си се помагаат сите кои се припадници на таа Црква и тоа нормално на нас другите ни смета.????? Освен ова има една друга работа сите оние кои врескаат и урлаат по нив прво што кажуваат е тоа што идат по куќи и станови и делат литература. Најжалното е според мене тоа што ретко кој ја зема и ја чита таа литаратура а сите се бунат. Тие мали брошурки се викаат Кула Стражарска и во нив има толку интересни работи од секојдневниот живот што да не знаете кој ви ги дал на крај памет нема да ви биде дека се од Јеховини сведоци. Последиците од нив во Македонија конкретно се минимални и се позитивни пред се. Еве ќе ви кажам и примери. Еден добар дел од Јеховините сведоци во Скопје се сиромашни Роми(Цигани). На проповедите кои ги посетуваат овие луѓе се советуваат да одат во школо, да работат да не крадат, да не седат на улици како просјаци и слиЧно. Неодамна на работа се сретнав со едно такво дете Ромче кое сакало да го напушти училиштето зашто е премногу сиромашно да оди во школо и мора да работи со 15 години за да преживее. Попусто јас го убедував да не го прави тоа. Единственото нешто што го натера да остане беше тоа дека него во Црквата(тогаш открив дека е ЈС) го советувале и поучиле дека треба да оди вошколо и да не се откажува од тоа зашто тоа е добро и за него и за домашните и за сите други. Девојчето е сега супер и е најредовна. Па сега видете дали се за на клоци или за со стапови бркање. Одете од друга страна во џамија да видите што им кажува оџата на нивните. “Ни школо ни ништо“ Има да се раѓаат деца и толку..... Во бившиот режим овие верници беа најмногу гонети и малтретирани зашто на пример на своите деца не им дозволуваа да стануваат пионери, да носат црвени марами и капи со ѕвезди. Имаат малку чуден однос некогаш тоа е точно не пијат алкохол, не пушат, кафе исто така не(оние пофанатизираните) вегетарјанци се....затоа ни се чудни. А какви па сме им ние нив. Он ти тропа на врата ти му отвораш, со пиво во раце, мрсен од кременадлите по маица и гаќи и го бркаш да го затепаш или со клоци да го потфатиш. За да нема недоразбирања, авторот на текстот е Православен Христијанин.
RaGeAnGeL amor go procita postot od Jakov?ili go skokna?:))) brainwash e sekoja religija ako gledame taka....your life your choice...ako ne sakas da te kritikuvaat ne kritikuvaj i ti....se dodeka licno tebe neso ne ti napravat shto bi ti nashtetilo ili na nekoj tvoj blizok...nema so da se nervirash i da mrazis itn itn...zivotov e premnogu kratok za da mozeme na sebe da gi nosime i tugite grevovi[;)]sekoj po zalsuga[:)]
noaNoa
quote:
Originally posted by RaGeAnGeL
amor go procita postot od Jakov?ili go skokna?:))) brainwash e sekoja religija ako gledame taka....your life your choice...ako ne sakas da te kritikuvaat ne kritikuvaj i ti....se dodeka licno tebe neso ne ti napravat shto bi ti nashtetilo ili na nekoj tvoj blizok...nema so da se nervirash i da mrazis itn itn...zivotov e premnogu kratok za da mozeme na sebe da gi nosime i tugite grevovi[;)]sekoj po zalsuga[:)]
Ne rekov nikade deka gi mrazam, samo nekoi raboti ne mi se jasni. A za toa brainwash mislam za toa sto e extreme, ajde vo red da veruvas, no extreme da e nikad ne e dobro.
sardaukar Чувањето на чистото христијанско учење е од најголема важност. Едно учење е вистинско. Другите се лажни и се антихристијански. Не е важно дали се фини или не... важно е какво Христовото учење проповедаат или како што прочитав во текст од еден паметен човек: „Јас не ти ја оспорувам верата, туку теологијата“. Главната улога на Црквата на земјата е да го чува учењето за светот, вистината, Бога, чисто од сите други учења. Еретизмот се смета за најголем грев. Еден мој пријател вели: „Грешник сум, блудник и се и сешто но еретик не сум“. Оваа реченица земете ја условно бидејќи напомнатите гревови доколку станат хронични полека водат и кон најголемиот еретизмот. Јас верувам во Православната Вера и сите докази од историскиот доказ до духовните докази тоа го потврдуваат и за Православниот верник сите други лажни верувања треба да му бидат мрски (вклучувајќи ги Ј......ите сведоци) независно под каква кожа се облекуваат или во какви обланди го завиткуваат она што го проповедаат. Распнувањето и Христовата жртва ја сметаат за пораз, а не за победа бидејќи забегувајќи не можат духовно да размислуваат и тоа не го сфаќаат. А тоа е суштинска огромна разлика од она што ние веруваме. Проповедаат еден сосема поинаков Христос, и тоа кога, 20 векови после Христос и 20 векови после одредено верување во Крстот, Воскресенито итн. итн. се измислува нешто ново. Теологијата на Ј......ите сведоци е една од позабеганите. Основачот на нивната вера имал повеќе жени. Имал некакви виденија од каде започнува и се засновува нивното верување. На неговите виденија му даваат значење како на самата Библија. Веруваат дека тие се оние 44000 Ј....... сведоци кои се спомнуваат во Откровението и посебно го истакнуваат и (зло)употребуваат апокалиптичниот елемент. Како и сите протестантски вери немаат цврста и разработена систематика на нивното учење (теологија) и сигурно паѓа доколку подлабоко се разработува и споредува со вистината и вистинското учење за Бога. При разговорите мисловно постојано се вртат во круг се исто и исто. Не смеат да излезат и да разговараат од оној утврден круг на размислување бидејќи ќе се соочат со факти.
Jakov Главната улога на Црквата(институцијата) на земјата е..... 1. Да го оправда пред обичниот народ постоењето на автократорската власт на врховниот владетел во една земја. Преку толкувањата за задгробен живот награда таму за она што е пропатено овде итн итн.? 2. Да го зголемува постојано бројот на своите верници,преку нив имотото, што во пари,што во имот(земја, шуми итн итн)? 3. Активно да улествував во политичките и историските настани во државата каде постои Црквата или на поглобално светско ниво.? Чувањето на верата,учењето за Господ, вистината идр....Јас лично верувам во Господ(неможам да го објаснам како) ама верувам без помош од свештените лица кои ја чуваат и знаат вистината....Едноставно во себе некаде имам нешто што ми вели да верувам во Господ..... Еретизам.....10 века Католиците и Православните живееа еден крај друг со фрлени анатеми секој на секого.....и кој е тука еретик кој е добар кој не....истот важи и за Протестантите...кој нам ни го дал правото да судиме дали нивната теологија не е добра. Кој им го дал правото на Католиците да палат на клада во нечие друго Име, зашто некој има поинаква теологија од онаа која тие си ја смислиле за себе. Никаде во Библијата нема нешто што би го оправдало ова....а сите заклучоци и писанија од Црковните собори,папските хроники и незнам што се само дела на човекот, а човекот како суштество знаеме какво е несовршено со многу свои мани и слабости.... Што е тоа забегано кај Јеховините сведоци, а што е нормално во животот на светогорските монаси..?????? Оние што дури ни кокошки не чуваат зашто се женски род?????
sardaukar Нешто за Јаков: Човекот доколку верува во Бога и дека Тој е нешто повеќе од него (човекот) тогаш тргнува од фактот дека без Божјо водење тој не може да знае за Него (Господ). Во спротивно ние би се спасиле и без Христос и би се обожиле самите со свои дела. Човекот може само да ги постави условите, за Господ да му ја открива вистината. Заклучок: Само Бог пред се во лицето на Светиот Дух е тој кој ја чува и кажува вистината за светот. Луѓето говореле но Светиот Дух зборувал преку нив. Такво овластување има само Црквата. Апостолите го добиле од Христос (а Синот од Отецот) тоа овластување да ја чуваат и толкуваат теологијата. Тие тоа овластување го пренесле на епископи, презвитери, ѓакони како што се гледа од „Дела апостолски“ во Новиот Завет. Тие на новите итн до ден денешен. Она пренесено овластување е овластувањето преку кое Светиот Дух ја чува вистината. И назад уште далеку во Стариот како и на места во Новиот Завет е ветено дека таа Вистина ќе биде дочувана до крај. Што значи воспоставената Црква после Христовото доаѓање нема никогаш да биде прекината до самиот крај. Може ќе се намали но никогаш прекината. Светиот Дух кој пребива во Црквата ја чува вечната тајна за човекот, вселената и најважно Бога. Надвор од Црквата самиот човек сам за себе не може да толкува, (ниту Светото писмо, ниту другите пишани верски книги, ниту преданијата) затоа што сигурно ќе западне во т.н. прелест. Православниот и Католичкиот свет се раздвоиле но и двете вери го имаат овластувањето (свештеничкото преемство). Но кај протестантите линијата е прекината. Имено во 15-16 век тие само од себе почнуваат да толкуваат. Божјото и човечкото не е исто. Човечкото разбирање на нештата е ограничено. Штом човекот почне да толкува секој си го толкува на свој начин и тоа е причината зошто се јавуваат илјадници протестантски верувања секое со различен пристап. Евангелисти, англиканци, методисти, калвинисти, сведоци, мормони, пенеткосталци, лутеранци... илјадници. Составени од 5 мина, 10 мина, 1000 мина или од милиони. Всушност како што се вели во правото кај нив има „работоводство без налог“, го немаат овластувањето и Светиот Дух не толкува преку нив, па затоа се појавува толкава исцепканост. Самата појава на толкава исцепканост е доказ за тоа, наспроти догматската цврстина и стабилност на Православието и Римокатолицизмот. Правото за расудување е произлезено од тоа што имаме од Бога добиено способност за тоа. Вистината не се плаши да се соочи со невистината. Имаме право да расудуваме и самото разобличување на лажните учења се смета како добро дело. Јасно се поставува прашањето, а кој од нас е во Црквата, а кој надвор од неа па да може да смета дека како припадник ја има врз себе честа да низ него всушност зборува свест просветлена од Светиот Дух. Јас ваков одговор сум добил: пред се свештениците во Црквата, особено оние кои живеат со побожен и доличен живот, но и секој верник кој се удостојува да се причести. Причест - заедничарење, учество во заедницата со сите, со Црквата, со Бога. А и свештениците го добиваат овластувањето со причестувањето, а не само со самото хиротонисување (пренесување на свештеничкото преемство).
sardaukar Дали е потребно овластување или не може да се потврди од многу места. Христос вели дека тој не работи сам од себе туку е испратен од Отецот. „Испратен“ значи со овластување да ја изврши мисијата на земјата. Кога ги дава овластувањата јасно се гледа, на апостолите им ги дава сите овластувања па и највисокото да разрешуваат гревови. На 70 ученици настрана од апостолите други помали овластувања, а на секој христијанин (на крајот од Евангелието по Матеј) други уште помали овластувања. Дека постои хиерархија (каде што има овластувања има и хиерархија) може да се види и од други места како од Стариот така и од Новиот Завет. Пример со паричката (дајте му го на Царот царевото на Бога Божјото), потоа несомненото постоење на хиерархија во Небесната Црква. Небесниот свет се дели (степенувано) на ангели, архангели, серафими, херувими итн (иако за тој свет се што ќе кажеме ќе кажеме за нешто што не го разбираме). А Земската Црква е одраз на Небесната. Протестантизмот одбива овластувања. Секој има право на се. Толкување, проповедање, причестување на друг, исповедување на друг итн. Се обидуваат да избегнат хиерархиска организација но неможат и сепак постепено се создаваат степени и во одделните нивни „црковни“ организации бидејќи просто таа аморфна организација е неприродна и тешко одржлива. Неприродна - природата е создадена од Бога и во крајна линија произлегува и зборува за Неговата „природа“.
RaGeAnGeL
quote:
Originally posted by sardaukar
Дали е потребно овластување или не може да се потврди од многу места. Христос вели дека тој не работи сам од себе туку е испратен од Отецот. „Испратен“ значи со овластување да ја изврши мисијата на земјата. Кога ги дава овластувањата јасно се гледа, на апостолите им ги дава сите овластувања па и највисокото да разрешуваат гревови. На 70 ученици настрана од апостолите други помали овластувања, а на секој христијанин (на крајот од Евангелието по Матеј) други уште помали овластувања. Дека постои хиерархија (каде што има овластувања има и хиерархија) може да се види и од други места како од Стариот така и од Новиот Завет. Пример со паричката (дајте му го на Царот царевото на Бога Божјото), потоа несомненото постоење на хиерархија во Небесната Црква. Небесниот свет се дели (степенувано) на ангели, архангели, серафими, херувими итн (иако за тој свет се што ќе кажеме ќе кажеме за нешто што не го разбираме). А Земската Црква е одраз на Небесната. Протестантизмот одбива овластувања. Секој има право на се. Толкување, проповедање, причестување на друг, исповедување на друг итн. Се обидуваат да избегнат хиерархиска организација но неможат и сепак постепено се создаваат степени и во одделните нивни „црковни“ организации бидејќи просто таа аморфна организација е неприродна и тешко одржлива. Неприродна - природата е создадена од Бога и во крајна линија произлегува и зборува за Неговата „природа“.
kako moze Bog da bide ispraten od nekogo??ili od neshto??onda kakov Bog e toj?
Jakov Околу теологијата, догмата,верата и се што е поврзано со библиските времиња и настани воопшто неможам да коментирам едноставно се согласувам со твоето“иако за тој свет се што ќе кажеме ќе кажеме за нешто што не го разбираме“. Она зашто јас зборував е делот околу тоа како што велиш од Светиот Дух зборува преку посредниците(свештенството) односно институцијата Црвква. Нејзиното постоење во првите векови беше насочено кон најнискиот и најсиромашниот слој на луѓе.По признавањето за религија Црквата како нели глас на Бога на земјата почнува да станува глас на државата и власта. И тоа не е ништо ново или незнам што непознато. Да се вратиме на денешниве времиња и она што го зборев претходно. Сите кој што сме ја читале Библијата знаеме на што не учи таа. Малку подолу овде има тема за 10те Божји заповеди. Е сега поаѓајќи од тоа правам мала споредба со луѓето(човекот)и нивниот однос кон тоа што го пишува во Светото Писмо. Ватикан и Римокатоличката Црква имаат над милијарда верници, најголем имот, одаи и цркви од злато и што се не. Ризници во кои веројатно ни самите не знаат што се имаат. Наспроти тоа истите тие свештени лица имаат в освоето пастирско стадо милиони кои гладуваат и секојдневно умираат за малку леб и вода. Цела Русија е полна со цркви со златни кубиња, ама преплавена е и со бездомници и сиромаштија. Православните Цркви наоколу на Балканов проповедаат со полни усти братска љубов и нели нас не сматаат за нивни браќа Христијани, ама најсреќни би биле кога би останале сами(без нас нивните браќа). И во Макеонија има еден куп приказни и гласини за нашите свештеници и нивните гревови...Имаат службени џипови од незнам колку илади евра.Невелам дека треба да одат на магариња сеуште ама сепак може со тие пари да се има и возило и пак #189; да останат за помош(не дека не помагаат, но постоењето на загрозени лица говори дека може и треба да се работи многу повеќе. Зборот ми е дека Верата во Господа е едно а Црквата како инструмент е нешто сосема друго. Неверувам дека ваквите и слични работи им се предадени од Бога и од Светиот дух.Ако таа настанала како Божја творба во “времето на чудата“ тоа е едно, ама денес таа е водена од човекот полн со сите свои маани и недостатоци.
sardaukar
quote:
Originally posted by RaGeAnGeL kako moze Bog da bide ispraten od nekogo??ili od neshto??onda kakov Bog e toj?
Господ е Еден но со три лица. Учењето и објаснувањето на Света Троица - Бог е едно од покомплицираните за коментирање. Сепак се е важно. Различните толкувања за нивниот однос: кој од кого происходи итн даваат понатаму сосема поинакви конкретни последици во реалниот пристап и практикување на верата. Всушност колку што знам тоа било и главното прашање на расколот меѓу Источната Православна Црква и Римокатоличкиот Запад (filioque). Уште на почетокот од Библијата има еден чуден краток текст. После првородниот грев и вкусувањето од дрвото на познавањето на доброто и злото Господ изговара „И, ете и тие станаа богови како нас“. Тоа како дете многу ме збунуваше. Немаше никој покрај мене да ми го објасни и јас се чудев зошто во множина „како нас“. Зарем има и други. Бог може да биде само еден. Тоа зборува за трите ликови на единиот Господ. И понатаму низ Стариот Завет од јавувањата на Авраам и слични места се јавуваат три ликови. И од Давидовите псалми може да се види. Уште пред Христовото доаѓање еврејските учени, свештениците насетувале и им било јасно дека тука има нешто. Во Новиот Завет низ Христовите зборови постоењето на трите ликови на единиот Господ е јасно кажано. Отецот е најголем и од него происходат. Синот се отелотворил во Исус Христос. Уф претешко а и незнам баш. Светиот Дух е оној кој работи со нас и со природата. Христос е она Оној преку кого се стварале нештата, словото, зачетокот на светот, (синот). Словото се отелотворило во ликот на Богочовекот Исус Христос. Иако Бог, Синот происходи од Отецот и ја исполнува неговата волја, затоа и е „испратен и ја исполнува волјата на Отецот“. Отецот е дух сеприсутен но никој не го видел освен Синот. Господ е недофатлив и несфатлив, затоа за еднонасочниот ум на човекот сето ова е неразбиливо, но човекот може да ги почувствува Неговите енергии и од таму да го „доживее“ и некако сепак да го знае Бога. За ова пишува Григориј Палама. Секоја реченица е јасна но на крај многу малку останува в глава од едно читање. Сепак на Бога пред се да се размислува како на Еден Господ.
sardaukar
quote:
Originally posted by Jakov
Да се вратиме на денешниве времиња и она што го зборев претходно. Сите кој што сме ја читале Библијата знаеме на што не учи таа. Малку подолу овде има тема за 10те Божји заповеди. Е сега поаѓајќи од тоа правам мала споредба со луѓето(човекот)и нивниот однос кон тоа што го пишува во Светото Писмо. Ватикан и Римокатоличката Црква имаат над милијарда верници, најголем имот, одаи и цркви од злато и што се не. Ризници во кои веројатно ни самите не знаат што се имаат. Наспроти тоа истите тие свештени лица имаат в освоето пастирско стадо милиони кои гладуваат и секојдневно умираат за малку леб и вода. Цела Русија е полна со цркви со златни кубиња, ама преплавена е и со бездомници и сиромаштија. Православните Цркви наоколу на Балканов проповедаат со полни усти братска љубов и нели нас не сматаат за нивни браќа Христијани, ама најсреќни би биле кога би останале сами(без нас нивните браќа). И во Макеонија има еден куп приказни и гласини за нашите свештеници и нивните гревови...Имаат службени џипови од незнам колку илади евра.Невелам дека треба да одат на магариња сеуште ама сепак може со тие пари да се има и возило и пак #189; да останат за помош(не дека не помагаат, но постоењето на загрозени лица говори дека може и треба да се работи многу повеќе. Зборот ми е дека Верата во Господа е едно а Црквата како инструмент е нешто сосема друго. Неверувам дека ваквите и слични работи им се предадени од Бога и од Светиот дух.Ако таа настанала како Божја творба во “времето на чудата“ тоа е едно, ама денес таа е водена од човекот полн со сите свои маани и недостатоци.
За Црквата кога зборуваме секогаш треба да се мисли само на Православната Црква. Меѓусебното анатемисување и текстовите од Светителите јасно зборуваат дека секое нарекување Црква на отпадниците е грешка (грев). Затоа делата на другите деноминации римотакотлици и многуте протестантски не ги земам како репер и одредница за Црквата бидејќи тие се отпадници и не смеат да се наречат Црква. Тоа да им го речеш на епископите кои контактираат со римокатолици и со др. го признаваат, но сепак наместо цврсто да се држат за тоа онака „човечки“ си дозволуваат контакти и кокетирање. Црквата воинствува на земјата. Духовно воинствува. Духовната борба е повеќе и позначајно внатрешна отколку надворешна. Ако се победи внатрешно надворешното е лесно и е логична последица на внатрешната победа. И за она што коментираме за Македонија, ако ние внатре во една организација (тим како што велиш) мислам дека ако успееме меѓу себе да се одржиме и да не се двоиме, надворешно треба само да ги изодиме патиштата. Многу важна кратка реченица во едно послание на апостол Павле во Новиот Завет: „нашата борба не е против власта и плотта (телото) туку против поднебесните духови на злото“ зборува за тоа што е главната и најважната борба која треба да се води. Лошите појави за кои зборуваш се борбата што самата Црква ја води со злото. Наоколу имаш доста гнило, но во сржта на Црквата опстојува светлината на бисерот непоматена. Независно што гнилото како маса може да биде многу поголемо од здравото тоа не ја поматува славата и убавината на она вистинското. Инаку од каде јас и ти ќе ги знаевме овие нешта!? Кој не научил!? Пак Црквата преку книгите од порано или сегашни, нешто од свештеник, нешто од монах, нешто од друг човек верник, па и неверник (но потенцијален верник) кој ете тропал и „кој тропа ќе му се отвори“, „кој бара ќе најде“. Искушенијата се големи и длабоки. Во таа духовна борба нема мир. На едно место еден светител вели: „Дали еден на илјада верници ја има вистинската духовност.“ Лошите појави за кои зборуваш ги имало и порано и пред векови писателите пишуваат за многу лоши нешта, ги има и кај нас и во другите вероисповести. Со текот на времето се повеќе ги има но фала Богу сеуште не се одредница за некаква злобност на Црквата бидејќи не ја преминале границата на правење материјално зло. И никогаш не биле одредница на Православната Црква. За разлика од други „цркви“ Православна Црква не повела инквизиција, ниту убивала научници, ниту пуштала крв на болни, ниту отплатувала гревови за пари (индулгенции), ниту повикувала на верска војна против некоја неправославна земја.
mako "kako nas" = Gospod i Angelite?
mako Interesno e sto silnata verba vo borbata megu dobroto i zloto,, zhivot poslem smrta, pekolot, "knigata na zhivotot", svetosta na brojot 7, kerubi i mnogu drugi nesta, kaj Evreite se pojavuvaat koga tie stanuvaat del od perziskata imperija i imaat se pocesti kontakti so nivnata stara, monoteisticka religija Zoroastrizmot, koja isto propoveduvase za eden Mesias sto ke triumfirat nad smrta i zloto i ke go spasit svetot.
sardaukar
quote:
Originally posted by mako
"kako nas" = Gospod i Angelite?
Не го исфрлај она богови пред „како нас“. богови како нас! Ангелите може да претставуваат симболична замена на Бога како трите ангели кои Авраам ги дочекува. Ангелите никаде не сум сретнал да се означуваат или ословуваат како богови. Како што сум слушнал на предавања “и ете тие станаа богови како нас“ се толкува „како нас“ - Бог Отец, Бог Син и Бог Светиот Дух трите ликови на Еден Господ.
sardaukar
quote:
Originally posted by mako
Interesno e sto silnata verba vo borbata megu dobroto i zloto,, zhivot poslem smrta, pekolot, "knigata na zhivotot", svetosta na brojot 7, kerubi i mnogu drugi nesta, kaj Evreite se pojavuvaat koga tie stanuvaat del od perziskata imperija i imaat se pocesti kontakti so nivnata stara, monoteisticka religija Zoroastrizmot, koja isto propoveduvase za eden Mesias sto ke triumfirat nad smrta i zloto i ke go spasit svetot.
Во почетокот сите народи знаеле за Бога! И го имале истото предание. Но со текот на времето се губеле преданијата, се помешувале, се заборавале, останувале делови. Такви делови има низ целата планета од пигмеи до Велигденски острови, Филипински острови. Посебно се јавува насекаде сличности за потопот. Но Господ избрал еден народ Израелскиот кој ќе го одржува низ вековите вистинското учење се додека не дојде Спасителот. Тој народ го казнувал и го наградувал зависно од одржувањето на вистинското учење. Само кај тој народ испраќал пророци кои го воделе народот и го одржувале чисто преданието кое од Мојсеј до Апостолите е пишано и собрано во Библијата.
mako Genesis 1:26 mozhit i da se tolkuvat kako covekot da se storit vo lika na Boga( i angelite koi veke bile do nego, bozhjite sinovi)
mako Pa gi izbral, a prorocite maka macele da gi drzhat na 'tesniot' pat bidejki od vreme na vreme se vrakale vo starite naviki da se molat na telinja i drugi 'Bogovi'. Preku nivnite proroci i drugi vodaci na Evreite Zoroastriskite 'magi' go shirele znaenjeto za del od ona sto denes go ima vo Judeo-Hristijanstvoto.
mako I edno prashanje: kako se opravduvat pravenje ikoni, bacuvanje ikoni, stavanje pari na ikoni, molenje na ikoni vo Pravoslavieto (i Katolicizmot), imajki vo predvid Bozhjiot zapoved deka ne treba da se pravat sliki od toa sto e na nebo i zemja i da ne im se molime i poklonuvame?
sardaukar
quote:
Originally posted by mako
I edno prashanje: kako se opravduvat pravenje ikoni, bacuvanje ikoni, stavanje pari na ikoni, molenje na ikoni vo Pravoslavieto (i Katolicizmot), imajki vo predvid Bozhjiot zapoved deka ne treba da se pravat sliki od toa sto e na nebo i zemja i da ne im se molime i poklonuvame?
Со тоа што Христос дошол на земјата и живеел во тело сме стекнале право да можеме да го претставуваме. И во реалниот Христов лик Богочовекот Христос кој живеел на земјата не е толку битен физичкиот елемент како тој изгледал туку духовноста на физичкиот елемент како тој изгледа. Иконописците кои пред да пристапат на сликањето икона поминувале неколку недели во пост, молитва, исповед и точно одредена духовна состојба пред да пристапат кон сликањето икона. Постојат стриктни правила за тоа. Не може само да се седне и да се слика икона или фреска. За жал во денешново профано време некои самозамислени сликари мислат дека со нивната сликарска техника и знаење може да ја заменат духовноста и повеќето верувам сликаат тукутака без исполнување на тоа строго правило. Има и кои го почитуваат. Па и на иконите го исцртувале духовниот аспект. Кога се гледа во икона не се гледа конкретно во очи, нос, но во она што истите го одразуваат. Исто како и во природата и се што е видливо Божјо. Но ова уште поизразено и уште подуховно бидејќи изразено низ духовното барање на човекот. Истото важи и за Светителите, Богородица. Претставувањето на ангелите се зема како форма, а не за точна претстава за нив. Сигурено знаеш mako дека ангелите според библиските описи се невозможни за претставување. Бидејќи нашиот човечки лик во духовна смисла е според Божјиот нема поприкладно да се претстави замени со човечки лик со крилја каде крилјата се само претстава на возвишеноста на нивната небесна природа. Светиот Дух се претставува само во формата на гулаб, како и што се претставил при Христовото крштение. Ниту една од нив, ниту една од тие не се обидува да го наслика она на небесата тие се заменливи форми а не претстава (слика) за небесното. Богот Отец никаде и никако не се претставува бидејќи не можи ни да се претставува во ништо и со ништо. Има нешто (икони на кои е претставен Отецот) што доаѓа од Русија во периодот на Петар Велики велат дека е под влијание на католицизмот. Може да се најдат такви икони ретко во некоја слика не и фреска во МК, но се сметаат за погрешни. Верниците бараат да бидат отстранети ама од индиферентност или неревност верувам може да се сретне и таква „икона“. Бакнувањето е акт на љубов. Не е нужен, љубовта постои и без актите, но ние физички постоиме и некако со некаков чин љубовта треба да ја оформиме. Ако тоа го правиме за другите тогаш е погрешно. Ако тоа го правиме од чувство на љубов и почит не ја гледам грешноста. Луѓето оставаат пари за да и помогнат на Црквата да живее, да се гради како архитектонски така и проповеднички, евангелски. Тоа што многу повеќе од издвоените пари оди само за исплата на свештениците и овде онде изграден некој објект, а не и градење на верата (вистинската Црква) не го намалува значењето на давањето на верниците за својата Црква. Се сеќаваш на оној кој не сакал да го даде талантот туку го чувал па Господарот (парафразирам) му рекол дали ќе ти се оплодел или не тоа е моја работа. Прашање за тебе mako: Како го објаснуваш огромниот број на тестирања и на докази за „чудната“ сила која ја имаат одредени икони кои од народот се наречени чудотворни. Пример 2 кочани радиоактивна пченка поставени покрај икона и настрана. Едната не се распаѓа, другата да. Солзење на икона со недели. Пример последно што сум видел во Православна Црква во Хрватска тестирано од страна на католички црковни институции. Имам и видео за нешто такво во Русија.
mako Prvo: Tocno zatoa sto Gospod i nekoi Bozhji raboti za nas se nesfatlivi, ne treba nitu da se obidime da gi naslikuvame, bidejki toa e nad nasata covecka percepcija (barem zasega). I zatoa Gospod ni odgovoril: Jas sum toj sto sum! So molenjeto na ikoni, artefakti, Sveta Bogorodica nekomu da mu pomognit itn, nie vnimanijeto go ottrgnuvame od Boga kon nesto drugo i drugi! Stanuvaat vazhni ikonite, Bozhjata majka, raskoshnite gradbi, ritualite (nekoi influirani od paganski naviki) - no kade e Bog vo seto toa? Vtoro: Cudata sto se slucuvaat so ikoni, krusifiksi. Treba da bidime predpazlivi bidejki i gjavolot mozhit da pravit cuda za da gi izlazhit lugeto da veruvaat vo raboti koi sto ne se od Boga. Zatoa Pavle ne upomenuvat da bidime predpazlivi i da ne veruvame vo site duhovi, tuku da gi testirame, bidejki ne se site od Boga! (no ke mozhat da pravat cuda i dobri nesta za da gi zavedat lugeto. Gjavolot ednas bil 'Lucifer' -nosac na svetlo, i toj se razbirat ke se predstavuvat kako takov, a ne kako sto cesto go zamisluvame so rogovi i opaska)
mako I uste nesto vo vrska so ikonite: deka se primenuvaat odredeni rituali pri sozdavanjeto na ikonite sepak ne go smenuvat toa sto Bozhji zapoved zabranuvat da se pravat sliki, figuri od toj vid, i kolku sto mi e poznato nigde ne se spomnuvaat takvi rituali za da toa potoa bidit dozvoleno.
mako Ne pravi idol ili slika od ona sto e gore na neboto,sto e dolu na zemjata.... (kade sto bese Isus privremeno). Denes ima veritabilen kult okolu ikonite, svetcite i Bogorodica. Slavata mu pripagat na Boga i samo na Boga! "Crkvata" ne se hramvoite, ikonite, ritualite, cela ovaa ogromna organizacija koja denes e znaeme kako "crkva". Crkvata se VERNICITE vo Isus Hristos, nash spasitel i Bog, i taa crkva ke opstanit za sekogash! Vladikite sto pretendiraat da bidat pastiri, nemaat nisto zaednicko so apostolite, koi sto sekogash se obiduvaa da bidat primer i da go imaat Isus kako primer. Denesnive "pastiri" zhivejat kako Hollywood zvezdi, se bavat so blud i sitni intrigi i za nisto ne se kaat. Svestenici sto napravile golemi grevovi se zastituvaat bidejki povazhen e imigot na organizacijata od kolku da bidat cisti i pravedni pred Gospod. I uste treba da im se bacit raka? Cuvari se na hramovi, imoti, tradicii i rituali, i veruvaat vo toa, no ne i vo Boga i dobrite dela.
RaGeAnGeL Pavle....toj e krivec za ovie stvari
sardaukar
quote:
Originally posted by mako
Ne pravi idol ili slika od ona sto e gore na neboto,sto e dolu na zemjata.... (kade sto bese Isus privremeno). Denes ima veritabilen kult okolu ikonite, svetcite i Bogorodica. Slavata mu pripagat na Boga i samo na Boga! "Crkvata" ne se hramvoite, ikonite, ritualite, cela ovaa ogromna organizacija koja denes e znaeme kako "crkva". Crkvata se VERNICITE vo Isus Hristos, nash spasitel i Bog, i taa crkva ke opstanit za sekogash! Vladikite sto pretendiraat da bidat pastiri, nemaat nisto zaednicko so apostolite, koi sto sekogash se obiduvaa da bidat primer i da go imaat Isus kako primer. Denesnive "pastiri" zhivejat kako Hollywood zvezdi, se bavat so blud i sitni intrigi i za nisto ne se kaat. Svestenici sto napravile golemi grevovi se zastituvaat bidejki povazhen e imigot na organizacijata od kolku da bidat cisti i pravedni pred Gospod. I uste treba da im se bacit raka? Cuvari se na hramovi, imoti, tradicii i rituali, i veruvaat vo toa, no ne i vo Boga i dobrite dela.
mako јас мислев дека во разговорот разговаравме со аргументи. За погоре напишаните ставови на Православното учење не искоментира ништо. Ти почна да тврдиш без да докажуваш. За она што тврдиш дај догматско теолошко докажување на твоето убедување и верување. За чистите неможеме да судиме кој се чисти, а кои нечисти. Можно е христијани надвор од Православната Црква да ги има. Јасно е од Библијата дека како што има еден Господ, има еден живот, една Вистина има и една Црква. Не може да ги има 2-3-4 итн. Една е вистинска, а другите се лажни. Можно е да се христијани припадниците на различни деноминации, бидејќи според „Светиот Дух диши каде што сака“, Светиот Дух не е ограничен. Зависи од искреноста на нивното верување. Можни се и чудеса и исцелувања надвор од Вистинската Црква (за мене Православната Црква), тоа не е спротивно на учењето. Само повторувам Светиот Дух не прави чудеса ако тие бидат против вистинската Црква и вера. Можно е поединци да бидат и подобри христијани од нас. Но институцијата Црква е само една, онаа која го проповеда вистинското учење. (текстот во италик е од пост на друг тековен топик). И сите појави кои ги набројуваш да се точни (иако има и нешто друго во Црквата) сепак не се доказ за погрешноста на нејзиното учење. Тоа се само појави кои ги има во секоја организација која се нарекува Црква. ВО СЕКОЈА. Дали деноминацијата и верската организација на која ти и припаѓаш нема лоши појави. Можеби не се истите но има други кои јас незнам Господ знае може и да се полоши. Види ги истите пастири во нивните земји, не овде во МК. Овде го гледаш најдоброто од нив. Туку таму какви се!? Како што и Православните свештеници и христијани во земјите каде што се малцинство се најдобрите и стражари на верата така и овдешните мисионери со кои си се сретнал е најдоброто што може да го даде твојата верска организација. Ти ако си ја читал Библијата, а си ја читал знаеш дека животот и во Црквата ќе се расипе. Солта полека ќе ја губи силата (соленоста). Како припадник на единствената Црква мое е како и на секој христијанин да е борам против тоа и да го одложам времето што е можно повеќе. Ако може дури, а зошто да не и да не веруваме. Ако веруваме во силата Божја можно е и да ја вратиме старата ревност. Но намалувањето на силата на верувањето и лошите појави кои ги има не само во Православната Црква туку во секоја верска организација не ја дефинира една Црква за исправна или не. Исправноста произлегува само од точноста на учењето за Христос. Дали го проповеда вистинскиот Христос или некој друг Христос. Дали проповеда и учи на вистинската духовност или на лажна духовност т.е.и недуховност. И покрај тоа што постојат некои појави на религиозност, сепак Православната Црква недвосмислено го чува учењето истото од пред илјадници години. Ние читаме дела напишани од пред 1000, 1200, 1500 години. Тоа што тогаш било напишано истото и денес се проповеда. Значи уште тогаш лажно не учеле и илјадници години лажно се проповеда. А сепак да не се сега оние верувања кои се појавуваат тие кои лажно проповедаат, а тогаш вистинските? Библијата како вели за тоа?
sardaukar
quote:
Originally posted by StormAngel
Eve eden dosta interesen tekst....[;)] Copyright Julls @ www.bagra.org
Текстот не изразува ништо афирмативно. Потребно е да ја изрази својата точка на гледање на нештата за да може да се коментира. Добри се оние кои имаат став и го соочуваат со ставот на другите. Таквите ќе се научат нешто бидејќи во соочувањето ќе се покаже вистината. Вистината не се плаши да се соочи со невистината. За жал лажните тврдења и учења или се критикуваат без објаснување или се прават „широкогради“ и се прифаќаат наместо цврсто да стојат на својот став и да го бранат па да се докаже неговата (не)точност. Напишаниот текст немајќи своја точка на бранење изгледа како текст кој за свој background го има ништоверието. Затоа што во ништо не верува. Иако не мора така да значи, можно е авторот да има свое убедување. Кога се зборува за Бога и за Вистината треба да каже во што верува, за да може да каже зошто во нешто не верува. Ако не каже тогаш значи не верува во ништо, просто само живее и верува во секој момент во различно како ќе му текне, како ќе му се погоди или како ќе му речат. Верувањето на Ј.....ните сведоци е понижување да се коментира. Целата Библија зборува на многу многу места за Рајот и за Небесниот свет. Секој кој еднаш на барем минимално сериозен начин ја прочител Библијата со нормална човечка свест не би можел да тврди дека во Божјото учење не се зборува за Рајот, животот после смртта и Небесниот свет.
sardaukar
quote:
Originally posted by RaGeAnGeL
Pavle....toj e krivec za ovie stvari
RaGeAnGeL ти тоа сериозно..
mako
quote:
Штом Христос се појавил во тело и штом бил виден од луѓе можи да се претставува со заменливи форми кои имаат исто така строг критериум. Не секоја слика на која е претставен Христос е икона. Таа има точно прецизно одредено како треба да се наслика. Каков нос, какви очи итн. Меѓу тие рамки внатре човекот - сликарот има слобода, но во тие рамки. Многу од новите икони не се водат од тие правила за што православните верници негодуваат и ги отфрлаат. Како што ти реков и Светиот Дух бил виден од луѓе во форма на гулаб. Со тоа тој како таков може да биде отсликан. Оној кој никогаш никој не го видел Тој не може да биде никако отсликан за тоа што не постои заменлива форма, што него би го претставило. пример оганот при егзодусот од Египет, бури итн се само последици, на неговото присуство, а не Самиот ТојНајдобро тоа се гледа од делот каде пророкот Илија се крие во пештерата, а Господ надвор му се прикажува. Откако ќе поминат бури, огнови Библијата пишува: „Но тоа не беше Тој“. Но кога ќе дојде нешто како тивка длабока музика „И тоа беше тој“. Што зборува за неговата природа но Отецот никој освен Синот не го видел.
Koj go odredil toa? Kade vo Biblijata stojt deka treba da se naslikuvat Isus, Bogorodica, apostolite? Deka treba da pravime drveni ikoni koi sto ke gi bacuvame, ke im se molime i poklonuvame. Naprotiv se ZABRANUVAT da se pravat takvi otslikuvanja so Bozhji zapoved (2. Moj 23-5, i se osuduvat (5 Moj.27:15 ) Dali Pavle i drugite apostoli bi prifatile nekoj da storit ikoni od niv na koi luge ke im se molat i poklonuvaat, drvenite sliki da se proglasat za "cudotvorni" itn, imajki predvid sto mu velit na Kornelius koga toj sakat da go obozhavat: Stani, I jas sum covek! (10 Ap 25-26. Naprotiv, vo sekoja prilika naglasuvaat deka se greshnici, Pavle velit NAJGOLEM gresnik megu gresnicite, i postojano go velicat Boga, a ne sebesi, bidejki slavata mu pripagat nemu i samo nemu! Ukazhuvaat na opasnosta od verba vo idoli i covecki izmislici. (1 Kor.10:19-20, Kol. 2:8 )
quote:
Почитувањето на Богородица на начинот во Православието е уште од првите векови на Христијанството. 15-16 века никој тоа не го спорел.
Naprotiv, ranite crkovni tatkovci bile protiv takvo molenje i obozhavanje na sliki! Postepeno toa se pretvorat vo nezdrav kult na ikonite, relikite, toa go ima vo Pravoslavna crkva i uste poveke vo Katolickata. Zatoa Gospod ni velit da ne pravime takvi raboti, bidejki vnimanijeto se svrtuvat kon mrtvi nesta a ne kon toj sto treba da bidit velicen i pocituvan.
quote:
Можеби само многу мали забегани секти надвор од Црквата (до 1054 единствената Црква). Такви мали секти логично е дека морало да ги има. Се појавувале и се губеле. Објасни ми како дури после 16 века се се појавува помасовно верување дека почитта на Богородица треба да се сведе отфрли.
Se pojavuvale i bile progonuvani i sepak osptanale do den denes i ke opstanar za sekogash!
quote:
Зарем ќе се повикаш на линијата од тие мали секти. Јасно е дека линијата на верување не смее да биде прекината од Христово време до денес. Како таа линија на протестантското верување ќе ја прикажеш. Зарем ќе се повикаш на тие тогашни секти, кои се знае дека постоеле но немале некоја јасна линија на постоење до денес. Се појавувале се губеле па во друга форма повторно се појавувале итн. Како што знаеш Православната Црква (исто и римокатолицизмот) имаат јасна непрекината линија.
Mali ili golemi - Bozhjiot zbor e eden i negovata crkva ne ucit raboti sto se sprotivni na negovite zapovedi!
quote:
Како после 16 века да се појават нови сфаќања на верата за нешта кои веќе биле јасно утврдени со векови пред тоа. Тие верувања (како и почита кон Пресвета Богородица) не се појавиле тогаш во 16 век па некој да ги отфрли веднаш ако се грешни. Постоеле скоро од почетокот од 2-3-4 век.
Edno e da se davat pocit, drugo da se pravat idoli na koi "otecite" gi povikuvaat lugeto da im se molat, poklonuvaat, da im palat sveki, davaat pari i da se tretiraat kako da se zhivi nesta.
quote:
Како денес што се појавуваат уште понови забегувања во сфаќањата на луѓето опишано како во: „Кодот на да Винчи“ Ден Браун така и тогаш. Луѓето кои живееле на тлото од Католичката вера не можеле повеќе да ги трпат забегувањата во догмата на Католичката „црква“ кои го достигнале врвот со индулгенциите, а сепак верувале во Бога и зеле да ги толкуваат работите според своите гледања и така се создале нови верувања и сфаќања во стотици облици сите наречени протестантизам поради протестот против Католицизмот. Протестантизмот е човечки пристап кон Бога, но не и Божји. Кога се разочарале од римокатоличката институција требало да знаат дека Господ ветил дека Црквата нема никогаш да биде покорена и наместо на себеси да се повикаат да ја побарале каде е таа тогаш. [/quote Toa sto se pojavuvaat i poveke zabeguvanja ne gi apsolvirat i opravduvat drugite zabeguvanja. Tradiciite ne se nad zakonot.(Kol. 2.8, Mark 7: 5-13 [quote]Бидејќи Црквата основана од Бога постоела со сите вистински точни Божји учења. Многу лесно ќе ја нашле на исток... И имало такви кои тоа го сториле. Подвизите и посветеноста на луѓе поединци во Православната Црква кон Бога во минатото, а и сега постои. Се работи за дивовски подвизи што мојот и твојот ум (барем додека не ги прочита и слушне) не може ни да замисли дека постојат. Подвизите и аскетизмот не мора да биде апсолутна потврда на љубовта кон Бога но сепак многу многу зборува за љубовта кон Бога. Бидејќи кога боли боли и тогаш се гледа цврстината на верата и љубовта. Нив никој ништо не им може(л) бидејќи ништо не побарувале и ништо од овој свет не им требало Бога. Освен посветеноста на Бога ништо друго не сака(ле) и не им треба(ло). Има јасни сведошта и за луѓе од 20 век. Постојат слики, фотографии, потврдени раскази за нивната прозорливост. Подизите им се ненормални и несфатливи за обичен човек. И јас на таквите луѓе докажани со многу дела и од Бога потврдени со многу чудеса нема да им верувам ќе им верувам на обични грешници кои во ништо не се ограничуваат од овој свет, а само зборуваат за Господ
Zabeguvanjata ne se apsolviraat i stanuvaat opravdani so toa sto ke se pojavat uste poveke zabeguvanja. I 'izbranite' mozhat da bidat zavedeni - i ke zaveduvaat i drugi vo propasta. Zatoa i sme obvrzani da proverime dali toa sto ni se propoveduvat e spored Svetoto Pismo ili ne, pa duri i ako angeli propoveduvaat! ( Gal.1 8-9)
cabrini Генерално протестантските верски заедници се добро финансирани од странство, нудејќи финансиска помош, школување на децата, материјална помош успеваат да придобијат многумина. Инаку ако ги погледнете нивните имиња би можеле лесно да заклучите дека обично се фаќаат за една работа од Библијата и најмногу за неа сакаат да дискутираат и убедуваат. Јеховините Сведоци би сакала најмногу да зборуваат за името Господово, Адвентистите за саботата, и спремни се често да извадат од контекст некој цитат од Библија кој кај неупатените би предизвикал интересирање. Они не се повикуваат на Светото Предание кое го носи Црквата, велејќи дека само Библијата е збор Божји, на тој начин ограничувајќи го поимот за Бога. Во првите векови на христијанството евангелието и Словото Божјо се проповедало без Библијата, многумина биле и неписмени па сепак се крстеле станувале христијани и било доволно упатени во она што им е потребно за спасение. Реформацијата која ја почнал Мартин Лутер отишла дотаму што секој денес може да ја толкува Библијата како што сака и по таа логика секој може да формира христијанска верска заедница, без притоа да го запази вистинското учење. Православната Црква опстојува над 2000 години и го држи вистинското учење, борејќи се со разни ереси кои ја напаѓале успеала да остане недопрена. Секоја протестантска заедница би ви кажала дека она ја проповеда вистината и дека во нејзиното учење треба да веруваме. Кога ќе погледнете што они проповедаат ќе видите дека постои голема разлика меѓу нив во она што го говорат, реформацијата трае и до ден денес и до ден денес никнуваат секти кои наводно ја осознаваат вистината и шират ереси и лаги. Да беше протестантизмот носител на вистинското учење не верувам дека ќе се расцепкаше на толкав број правци. Светото Писмо проповеда за една вера и една Црква, затоа не треба да го шириме христијанство по мерка на човекот во духот на ова време и овој свет, затоа што човекот е паднат, неговата природа е падната и секое произволно толкување на Светото Писмо е опасност да се влезе во ерес и заблуди. Светото Писмо може исклучиво да се толкува во рамките на Црквата која е единствено меродавна за тоа,имајќи во предви дека Црквата не ја носи вистината од 16, 17, 18 век или незнам од кога, туку веќе 2000 години. Инаку православните христијани ги почитуваат светителите, не како идоли туку како личности, како маченици и како луѓе кои го ширеле христијанството. Како што дете ги почитува своите родители и им благодари за секое добро, така и ние им благодариме и ги почитуваме, затоа што они се живи. Понекогашбараме да се молат за нас, поради тоа што се поблиску до Бога, поради тоа што нивните молитви би биле поразумни и појаки,впрочем и треба да се молиме еден за друг.
sardaukar Originally posted by mako Koj go odredil toa? Kade vo Biblijata stojt deka treba da se naslikuvat Isus, Bogorodica, apostolite? Deka treba da pravime drveni ikoni koi sto ke gi bacuvame, ke im se molime i poklonuvame. Naprotiv se ZABRANUVAT da se pravat takvi otslikuvanja so Bozhji zapoved (2. Moj 23-5, i se osuduvat (5 Moj.27:15 ) Dali Pavle i drugite apostoli bi prifatile nekoj da storit ikoni od niv na koi luge ke im se molat i poklonuvaat, drvenite sliki da se proglasat za "cudotvorni" itn, imajki predvid sto mu velit na Kornelius koga toj sakat da go obozhavat: Stani, I jas sum covek! (10 Ap 25-26. Naprotiv, vo sekoja prilika naglasuvaat deka se greshnici, Pavle velit NAJGOLEM gresnik megu gresnicite, i postojano go velicat Boga, a ne sebesi, bidejki slavata mu pripagat nemu i samo nemu! Ukazhuvaat na opasnosta od verba vo idoli i covecki izmislici. (1 Kor.10:19-20, Kol. 2:8 ) Ако се земе текстот на заповедта: „Не прави за себе идол, ниту (било) каква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се клањаш, ниту да им служиш, оти Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител,...“ И ако буквално ја толкуваме заповедта, тогаш значи да не се прави никаква слика, ама баш никаква на она што е на земјата, независно дали се прави идол или не. Значи целата сликарска уметност е погрешна. Ако така се сфати не треба ни да се фотографираме, ниту мапи од земјата, морето или подземјето да правиме. Можеби ти mako кога ќе видиш слика или фото ја вртиш главата или никогаш не гледаш телевизија или не се гледаш ни во огледало!? Сето тоа се слики на она што е на земјата! Ако буквално се толкува како што е човечкото толкување, а не како што е толкувано од многу одамна, така излегува. А и во самата Библија има заменливи форми. Пример описот на кочегот на заветот. На него има исцртано крилја, ангели итн. Дали тоа значи истиот Оној кој забранува сликање на она што е на небото, ја прекршува заповедта. (Господ нека ми прости). Ковчегот на заветот предизвикува(л) голема почит. Па никој не вели дека тој претставува(л) идол. Или можеби гулабот и/или огновите кои го претставуваат Светиот Дух се вистинска слика на Светиот Дух. А како во овој појавен свет невидливите и неописливите личности Божји на Синот и Светиот Дух воопшто можат да се прикажат освен со нешто што најдобро ќе зборува за нивната природа, па во таква форма и се покажале. Тоа значи дека и тогаш се појавувањето во тие облици би било грешка, бидејќи тие форми не се совршени, па ако сакаме да танчиме до бескрај ќе ги најдеме како недостојни и погрешни. Ама за разумните толкувачи несовршеносто и ограниченоста е јасна и очигледна. Или описите на небесниот свет. Каков е описот на ангелите престоли. Очи и само очи. И во текстова форма имаш замена на некоја особина. Тој опис со очите се обидува да каже за некоја тешко опислива особината на тие ангели но не значи дека тие се очи итн итн. А за зборовите на Апостол Павле, пак од буквализам се извлекуваат заклучоци. И значи навистина Апостол Павле е најгрешниот од сите грешници. Сигурно исто мислиме дека бил далеку од тоа кога го рекол тоа! Originally posted by mako Naprotiv, ranite crkovni tatkovci bile protiv takvo molenje i obozhavanje na sliki! Postepeno toa se pretvorat vo nezdrav kult na ikonite, relikite, toa go ima vo Pravoslavna crkva i uste poveke vo Katolickata. Zatoa Gospod ni velit da ne pravime takvi raboti, bidejki vnimanijeto se svrtuvat kon mrtvi nesta a ne kon toj sto treba da bidit velicen i pocituvan. Кажи ги mako кои се тие (име презиме) рани црковни татковци и што се случило со нив? Originally posted by mako Mali ili golemi - Bozhjiot zbor e eden i negovata crkva ne ucit raboti sto se sprotivni na negovite zapovedi! Сигурно сега си спомнувате и се поткрепувате со она што рекол оној пастир или оној брат или сестра, или таму и таму се случило она. Господ на некому му кажал ова и го собирате како искуство. Но кажи ми за такво искуство постаро од 500 години. Ако тоа ми го докажеш тогаш си во право дека имало секогаш Црква и надвор од Православната Црква иако тоа е невозможно. Именувај ги кои се тие мали, како се викале, кога постоеле и каде. Кажи ми точно во што верувале? Кој што кажал? Кажи ми ги имињата на тие луѓе од пред 600 години. Од пред 1000 години, од пред 1500 години. Православната Црква ќе ти ги каже сите од овде до Христос. Целата линија на овластување која Христос и ја дал на Црквата. Надвор од тоа овластување нема Црква, туку човечки измислена ерес. Originally posted by sardaukar Како после 16 века да се појават нови сфаќања на верата за нешта кои веќе биле јасно утврдени со векови пред тоа. Тие верувања (како и почита кон Пресвета Богородица) не се појавиле тогаш во 16 век па некој да ги отфрли веднаш ако се грешни. Постоеле скоро од почетокот од 2-3-4 век. Originally posted by mako Edno e da se davat pocit, drugo da se pravat idoli na koi "otecite" gi povikuvaat lugeto da im se molat, poklonuvaat, da im palat sveki, davaat pari i da se tretiraat kako da se zhivi nesta. Како што е денешната почит истата била и тогаш бидејќи по Божја премудрост токму за да не го тврдат спротивното некои идни лажни верувања била запишана. Истата неизменета му е достапна на секој. Преку Каноните, преданијата, и разни пишани оригинални документи или коментари подоцна. Во целиот 2 милениумски период постои огромна согласност на христијанската догма пишувана од неброено многу писатели. Како тоа, наспроти целосната недефинираност, нестабилност и непринципиелност како догматска, така и организациска на новите протестантски верувања. Originally posted by sardaukar Како денес што се појавуваат уште понови забегувања во сфаќањата на луѓето опишано како во: „Кодот на да Винчи“ Ден Браун така и тогаш. Луѓето кои живееле на тлото од Католичката вера не можеле повеќе да ги трпат забегувањата во догмата на Католичката „црква“ кои го достигнале врвот со индулгенциите, а сепак верувале во Бога и зеле да ги толкуваат работите според своите гледања и така се создале нови верувања и сфаќања во стотици облици сите наречени протестантизам поради протестот против Католицизмот. Протестантизмот е човечки пристап кон Бога, но не и Божји. Кога се разочарале од римокатоличката институција требало да знаат дека Господ ветил дека Црквата нема никогаш да биде покорена и наместо на себеси да се повикаат да ја побарале каде е таа тогаш. Originally posted by mako Toa sto se pojavuvaat i poveke zabeguvanja ne gi apsolvirat i opravduvat drugite zabeguvanja. Tradiciite ne se nad zakonot.(Kol. 2.8, Mark 7: 5-13 Не може сите да се забегани! Ветено е дека вистината ќе опстои до крај! Можеби Христовата Црква ќе се намали, но ќе опстои до крај. Тоа одговара на историската линија на Православната Црква. Значи ќе се намалува. А не веднаш од првиот век да падне во минорно малцинство на кое ти се повикуваш и така 1500 години, па тогаш овде онде да се појават и да растат во се поголема бројка (значи обратно растат, а не се намалуваат). Originally posted by sardaukar Бидејќи Црквата основана од Бога постоела со сите вистински точни Божји учења. Многу лесно ќе ја нашле на исток... И имало такви кои тоа го сториле. Подвизите и посветеноста на луѓе поединци во Православната Црква кон Бога во минатото, а и сега постои. Се работи за дивовски подвизи што мојот и твојот ум (барем додека не ги прочита и слушне) не може ни да замисли дека постојат. Подвизите и аскетизмот не мора да биде апсолутна потврда на љубовта кон Бога но сепак многу многу зборува за љубовта кон Бога. Бидејќи кога боли боли и тогаш се гледа цврстината на верата и љубовта. Нив никој ништо не им може(л) бидејќи ништо не побарувале и ништо од овој свет не им требало Бога. Освен посветеноста на Бога ништо друго не сака(ле) и не им треба(ло). Има јасни сведошта и за луѓе од 20 век. Постојат слики, фотографии, потврдени раскази за нивната прозорливост. Подизите им се ненормални и несфатливи за обичен човек. И јас на таквите луѓе докажани со многу дела и од Бога потврдени со многу чудеса нема да им верувам ќе им верувам на обични грешници кои во ништо не се ограничуваат од овој свет, а само зборуваат за Господ Originally posted by mako Zabeguvanjata ne se apsolviraat i stanuvaat opravdani so toa sto ke se pojavat uste poveke zabeguvanja. I 'izbranite' mozhat da bidat zavedeni - i ke zaveduvaat i drugi vo propasta. Zatoa i sme obvrzani da proverime dali toa sto ni se propoveduvat e spored Svetoto Pismo ili ne, pa duri i ako angeli propoveduvaat! ( Gal.1 8-9) Се сложувам за проверката! Имаш оставено од Бога секакви докази за испит на Православната вера и Црква. Слободно зафати се за проверка! Како што јас сум ја проверувал и Православната и разните протестантски и Католичката вероисповест. Досега имаше погрешни толкувања, а дека избраните можат да бидат заведени е првиот конкретно погрешен цитат. Бидејќи а...христот во последните времиња ќе се обиде да ги заведе дури и избраните. Така стои! Одговорот на последниот пасос е многу краток и не ме задоволува. Тука во quote има многу нешта, а ти не одговараш само поминуваш покрај нив без одговор. Кога поставуваш прашање одговарам опширно, кога јас поставувам прашање одговараш кратко и недиректно.
StormAngel Da, ama zatoa ima i vtor del :)))) Денешната Христова Пентоксална Црква, каква што делува во сите краеви на светот, некогаш изгледала многу поинаку. Пентакосталците некогаш својата апсолутна посветеност кон Бога ја искажувале под големи патувачки шатори кои повремено свраќале во оддалечените села во американските недојдија. Еден од пречесните „од Бога избран“, проповедник, би ги собрал верниците и со песна и танц ги фрлал во религиозен транс. Тогаш, секој од верниците би добил во раце по една змија отровница, воглавно звечарка. Доколку навистина веруваш во силата на Бога, змијата нема да те касне, а доколку те касне, Бог нема да дозволи да умреш. Ако сепак умреш (за што шансите ти се ооогромни), ќе бидеш во Божји раце. Денес со змиите баратаат само најголемите пентакосални фанатици, кои се издвоиле од остатокот од црквата. Останатите се свртеле кон музика, па од нивните храмови најчесто се слушаат звуци со поп музика. Секој од нас, барем еднаш на ТВ има видено некој „семожен“ свештеник кој повикува некој од публиката и го излекува од сите маки допирајќи го со дланка на чело. Оваа појава не е врзана ексклузивно за пентакосталците. Американските ТВ проповедници денес не се врзуваат за ниедна црква, туку основаат свои. Таканаречените ТВ евангелисти имаат огромен број на следбеници во САД, кои со драго срце им ја отвораат својата душа и новчаник. Тоа е цела добро организирана и режирана индустрија на религиозна забава во која гледачите праќаат пари во замена за вечен живот. Најголемите ТВ евангелисти имаат сопствени студии и ТВ канали на кои 24 часа дневно продаваат спасение. Ова е сериозна стопанска гранка бидејќи има можност да профитира во енормни размери, особено поради фактот дека религијата е неоданочена категорија во САД. Низ историјата на христијанството многумина се прогласувани за слуги на Ѓаволот, и како такви многу лошо поминувале. Сепак, ретко кој за себе зборувал дека работи за Ѓаволот и неговата слава. Човештвото за прв пат ја дочекува искрената сатанистичка религија на 30 Април 1966. Тогаш Антон Шандор Лавеј во Сан Франциско ја оснива Сатанистичката Црква. Таа постои веќе 39 години, и ако си верник на ова црква, тогаш оваа 2005 година, не е годината на постоењето, туку 29 година, и тоа ѓаволска. Главен празник во годината е Валпургиската ноќ, вештичен сабат, кој е воедно и роденден на оваа црква. Се стекнува впечаток дека главната причина за постоењето на оваа црква е контрирањето на христијанските цркви, а особено на Католичката црква. Сите главни заповести и начела но и облици на службата изгледаат како пародија на христијанските. Лавеј никогаш не тврдел дека црквата ја основал поттикнат од некоја натприродна визија. Сатанистичката црква е производ на неговата животна филозофија чија суштина лежи во пораката дека човекот треба да го прави она што го сака и дека не треба да се воздржува од задоволствата и својата животинска природа. Симболот CS е нешто што Лавеи го нарекол Печатот на Бафомет. Се работи за глава на коза во обратен пентаграм околу чии краци е напишано на хебрејскиот збор „левитијан“, што е едно од имињата на Ѓаволот. Во шеесетите години било модерно да се биде чуден и откачен, па Сатанистичката црква набрзо добила голем публицитет, а чудаци од сите страни побрзале да станат следбеници. Првите 15 години од своето постоење на оваа црква скоро и не се симнувала од насловните страни на таблоидите и магазините, а работата на оваа група инспирирало многу филмски создавачи. Филмовите како „Розмариното бебе“ и другите на тема сатанистички култови директно се инспирирани од оваа црква и делата на Лавеј. Начелата на сатанистичката вера Лавеј ги дал во својата Сатанистичка Библија и нејзините додатоци Сатанистичка Вештерка и Сатанистички Ритуали. Кога малку ќе се загледа во тие книги, упаѓаат во очи пред се негациите на христијанството, фасцинацијата со хоророт (и тоа оној палп-стирповскиот но и класичниот) и исчашен авантуризам и хедонизам. Главниот облик на верската служба во Сатанистичката црква е Црната миса, при која над тело на голе жена се чита сатанистичкиот Оче наш (предвидливо: Оче наш, кој си во пеколот...), а црвеното вино го заменува мокрача. Сето тоа со скандирање „Аве Сатана!“. Лавеј умрел во 1997 година но црквата и понатаму делува. Неговата куќа во Сан Франциско, која ја офарбал во црно и која со години била централана CS срушена е пред 4 години, па управата се сели во Њу Јорк. Сатанистичката црква се фали дека нејзините членови се и некои познати личности, како глумицата Џејн Мејнсфилд, комичарот Семи Дејвис Јуниор, рок ѕвездата Рик Диамондом и Мерилин Менсон. Покојниот основач на црквата има три деца. Едната негова ќерка во овој момент ја води Првата Сатанистичка црква и се суди со својата маќеа Бланш Бартон (трета жена на Лавеј-чувар на Лавејовото наследство) за правата за идејата и името на црквата. Со текот на годините од Сатанистичката црква се издвоиле многу подсекти кои по ред тврдат дека се единствени вистински наследници на Сатана: Сатанистичка црква, Сатанистичка црква на САД, Легија на Сатана..и уште веројатно стотици други. Повеќето од нив се ослонуваат на пишувањата на Лавеј и некои „мистични“ автори како Кровлеј и слични. Иако во текот на годините беше во фокусот на интересирањето на јавноста поради својата бизарност, CS ги одрекува сите поврзаности со ритуални самоубиства и убиства и тврди дека по нивното верување „грев е да се одземе живот кој ни е даден од Сатана за уживање“. Сатанистичката црква си има официјален иконописец. Се работи за илустраторот под име Кооп. Тој по нарачка на Антон Лавеј го нацртал званичниот ѓавол CS. Овој ѓавол изгледа како макро и секогаш пуши цигара. Неговите илустрации ги красат многуте ковери на албуми на познати бендови и на нивните плакати за настапите. Еден од најценетите автори во рокенрол дизајнот. Неговите she-devils се најпознати. Работата на тајните култови стана особено интересна за јавноста, благодарејќи на „делото“ на еден човек – „пречесниот“ Џим Џоунс. Името кое ја смрзнува крвта на секој кој е малку познавач на оваа тематика. Се работи за човекот кој е одговорен за најголемото ритуално (само)убиство во поновата историја. Масакрот во Џоунстаун се уште никој не го натфрлил. Секако, многумина се обиделе и се уште се обидуваат. Џим Џоунс од секогаш имал болна желба да владее и да контролира со луѓето. Почнал како проповедник во Црквата на Христовите ученици, но набргу почнал да измислува нови догми и заводливи проповеди со цел да создаде сопствен култ на личноста. Набргу стекнал доволен број на фанови и одлучил да основа своја Црква. Во 1953 година има доволно следбеници, околу 1000, кои редовно ги посетувале неговите проповеди и го следеле насекаде. Од 1967 до 1971, на своите следбеници им проповеда за нуклеарниот холокауст кој следи и од кој мора д асе тргнат. Тогаш ја преместува Црквата од Индијана во Калифорнија (која по се изгледа е Мека за религиозни експерименти) и и дава име Храм на Народот. За вратоломниот успех на „пречесниот“ доволно зборува фактот дека успева да влезе во круговите на самиот политичко-финансиски врв во Калифорнија. Многу бил популарен и влијателен меѓу либералните политичари кои се претркувале да се сликаат со него на неговите проповеди и приредби. Меѓу неговите следбеници доминирале сиромашни слоеви и етнички малцинства, најмногу Афроамериканци. „Пречесниот“ се потрудил оној кој не е сиромашен, набргу тоа и да постане. Многумина ги продаваат своите земјишта и парите ги вложуваат во Храмот на Народот, кој средствата ги користи во своите добронамерни акции. Гувернерот на Калифорнија Џери Браун редовно се појавувал во јавноста со својот пријател Џоунс, и секој кој мислел дека е „некој“ се обидувал да се појавува во јавност со „пречесниот“. Оваа фама почнала да ги интересира новинарите и независните истражувачи, па Џоунс доаѓа под нивната лупа. Тие набргу ги откриваат сите негови лудости и лаги, како и низ финансиски проневери и дупки во општествено-политичкото делување на Храмот на Народот. Гувернерот ги отфла овие обвиненија и сомнежи нарекувајќи го тоа „посрамотување на името на угледниот пречесен Џоунс“. Сепак, недвосмислените и неуништливи докази, ќе го натераат Џоунс да се отсели од земјата. Купува неколку десетици хектари во Гвајана и ги повикува најверните негови 1000 следбеници да го пратат на „божјата мисија“. Го оснива градот Џоунстаун, далеку од очите на јавноста, каде тој е апсолутен господар. Гратчето е опколено со висока ограда и го чувале наоружани стражари. Во 1977 се раѓаат и првите деца, а градот функционира сам за себе, луѓето живеат во комуни, секој има некаква работа, а „пречесниот“ седи на трон и командува. Пролетта 1978 година, роднините на луѓето кои живеат во Џоунстаун, се обидуваат да ја алармираат американската јавност дека долу во џунглата се случуваат разни незаконски работи. Луѓето се изолирани и затворени против своја волја. Му робуваат на Џоунс и живеат во нехумани услови. Конгресот на САД одлучува да испрати инспекција која ја предводи сенаторот Лео Рајан. Заедно со екипи на новинари на 17 Ноември 1978 стигаат во Џоунстаун, каде Џоунс ги повел во обиколка на своето мало царство кое претходно го „нашминкал“ а побунетите ги замолчил. До Рајан сепак успеваат да дојдат повиците на помош и тој одлучува итно да се врати во САД и да ги извести надлежните. Џоунс се обидел да прикаже се дека е недоразбирање и да го убеди сенаторот да го смени мислењето. Кога сето тоа не му успеало, им наредил на своите луѓе да го убијат сенаторот и сите новинари. Било тоа почеток на крајот.. Неколку часа подоцна го собира своето стадо од 1000 жители и им држи проповед дека Бог ги одбрал за својата последна, специјална мисија. Ќе постанат маченици и херои ако со него отидат во „револуционерна смрт“. Прво се усмртени најмладите. На оние кои биле премали за да го испијат сами, отровот им бил вбризгуван со шприцеви и пипети во устата. Останатите пиеле пунч со цијанид. Сигурно е дека повеќето го испиле отровот своеволно, меѓутоа пронајдени се околу 200 тела со смртоносни рани со огнено оружје, па е сосема сигурно дека овие луѓе се убиени. Конечен биланс на масакрот во Џоунстаун: 913 мртви, меѓу кои и „пречесниот“ Џим Џоунс. Слична трагедија се случила и во 1993 година во гратчето Весо, Тексас. Таму сектатата на давидијанците, предводена од „светиот“ Давид Кореш ги одбиле федералците да влезат во нивната комуна. 71 луѓе изгореле во пожарот кој давидијанците го предизвикале кога агентите на АТФ најавиле дефинитивно влегување на фармата. Во 1995 година на Француските Алпи, шеснаесет припадници на Храмот на Сонцето извршиле ритуално (само)запалување. Истрагата утврдила дека сепак се работи за убиство, бидејќи повеќето од телата (вклучувајќи и три мали деца) имале прострелни рани. Храмот на Сонцето е виновен за смртта на околу 60 лица во ритуалните самоубиства во Европа и Канада, извршени од 1994-1997. Од неколку десетици, а можеби и стотици илјади верски групи кои делуваат на оваа планета, има такви кои се издвојуваат првенствено со својот идиотизам и чудесност. Во американската држава Мичиген, делува Црквата на Никола Тесла. Делото на Тесла толку ги одушевил Американците, што тие заклучиле дека тој мора да е испратен од Бога (Cold fusion-a gift from God). Теслијанците тврдат дека следејќи ги пораките на добриот Никола, завладеале со законот на ладната фузија, но горжат во тајност да не би паднал во погрешни, зли раце. Мислите дека последниот човек со мисија од Бога бил Исус Христос? Е па, не е! Така барем тврдат во Првата Прислитеријанска Црква на Елвис. За нив кралот на рокенролот е и божји пратеник. Не тврдат дека умрел за нашите гревови, но сметаат дека добрата Божја волја и те како се чувствува во Елвисовите песни, и затоа тој мора да е еден од синовите Божји. Многу залудени Руси, својот дом и среќа го нашле во една комуна во Сибир како следбеници на Рускиот Исус. Овој Исус не бил како таков од секогаш. Впрочем, поголемиот дел од својот живот бил Сергеј Тороп, сообраќаец. Баш некако во времето на колапсот на СССР, нему му се укажал отецот на небесата и му рекол дека тој е одбран. Ја повел групата следбеници во Сибир, и ден денес тие таму живеат и нешто работат. Црквата на Творецот, до пред неколку години нудела модифициран нацизам како религија. Ја оснивал Том Мецгер во Мичиген. Брзо, околу себе собрала разни фашисти, расисти и екстремни десничари. Во себе споила неколку неможни крајности: христијанство, паганизам (и тоа нордиски) и национал-социјализмот на Адолф Хитлер. Сите оние кои ја сметале оваа за прекрасна идеја, се собрале околу Мегеровиот проект Света Расна Војна. Се пропаднало кога „пречесниот“ Том е прогласен за посредно одговорен за убиството на еден Афроамерикански студент и кога морал да плати на фамилијата на студентот околу 12 милиони долари. Денес, е активен на слични вакви „проекти“. Оваа приказна најдобро е да се заврши со зборови на некој кој се „изгорел“. Една девојка, која со којзнае какво чудо успеала да го преживее масакрот во Џоунстаун, Дебора Лејтон, вели: „Знаете, никој никогаш не се вклучил во секта или култ. Секогаш се работи за добротворни организации, добротворни групи или религиски огранок кој работи за напредок во општеството. Додека сфатиш дека си упаднал во стапица, веќе е доцна и скоро е неможно да најдеш излез.“ Навистина, колку луѓе би привлекол некој со приказната: „Ние сме зли, целта ни е да ве контролираме, искористиме и на крај да ве убиеме или да ве натераме за наша цел да убивате други луѓе“.
sardaukar Критиката е добра! И првиот и вториот дел не се лоши. Само малку нека има и светлина. Ми недостасува каде е светлината или каде мисли авторот дека е светлината? Originally posted by StormAngel Една девојка, која со којзнае какво чудо успеала да го преживее масакрот во Џоунстаун, Дебора Лејтон, вели: „Знаете, никој никогаш не се вклучил во секта или култ. Секогаш се работи за добротворни организации, добротворни групи или религиски огранок кој работи за напредок во општеството. Додека сфатиш дека си упаднал во стапица, веќе е доцна и скоро е неможно да најдеш излез.“ Оваа реченица нешто кажува и се чини дека текстот има сепак поента на крајот.
Angya Sektantstvoto e duhovna chuma, koja podmolno go zarazuva chovech- koto opshtestvo, i dokolku ne se sprechi (izolira) navreme, koga kje gi projavi simptomite mozhe da bide docna, osobeno vo demokra- tskite drzhavni sistemi, kade shto i zarazata ima svoi prava. Sluchajot vo Johnstown e tipichen primer na demokratska toleranci- ja. Najchesto, terorizmot e priozvod na okultna organizacija. Lugjeto koi smetaat deka treba da se tolerantni kon raznite okul- tni veruvanja se neinformirani i vo golema zabluda. Ne e bitno kako sektite se pretstavuvaat, bidejki kako i da se pretstavat, tie ja prekrivaat vistinata. Se razbira, tie se do- brotvorni organizacii, zashto chvekot se mami na "dobri" neshta. Zatoa pak postoi Sektologijata - nauka za sektite i nivnoto dej- stvuvanje, koja ja klasificira i definira sekoja sekta. A onie kako "mako", potrebno e da ja sogledaat razlikata pomegju "idol" i "ikona". "Idol" e pravenje na slika (obraz)na neshto nepoznato i neopishano, dodeka zborot "ikona" znachi:OBRAZ,taa e kako fotografijata vo ponovo vreme, za koja ni e daden konkreten obraz. Ikonata se slika ili crta, ili potochno se pishuva, isto kako shto se pishuvaat bukvite.I kako shto pisatelot ne mozhe da izmisli bukva, taka i ikonosecot ne smee da izmisli obraz. Freskite vo crkvite go prikazhuvaat Evangelieto, onaka kako shto e zapishano, a vo ranite hristijanski vekovi za mnogu nepismeni hristijani edinstvena pretstava za Evangelieto bile ikonite i freskite, a edinstveno znaenje za Boga bilo Sveshtenoto Predanie, koe bilo usno predavano. Pravoslavnite hristijani ne im se molat na ikonite, tuku na Hrista, Bogorodica ili Svetite ugodnici, koi shto se izobrazeni na niv. Nam, ikonite ni se potrebni isto taka, kako shto ni se potrebni fotografii od nashite bliski i vozljubeni lichnosti, osobeno tie shto se telesno odalecheni od nas, za da se sekjavame na nivniot obraz. Tradicijata vo makedonskite i dru- gi balkanski pravoslavni crkvi shto e povrzana so ostavanje na pari vrz ikonite e sosema nepotrebna, bidejki parite se za pomosh na crkvata, a ne da gi valkaat obrazite na svetcite. Vo poslanieto do Galatjanite (3:1), apostolot Pavle gi ukoruva Galatjanite za nivnoto neverie, bidejki pred nivnite ochi bilo izobrazeno raspetieto na Hrista. Dodeka Sveshtenoto predanie govori deka prvata ikona bila nerakotvorna, odnosno Samiot Spasi- tel nam ni go dal Svojot obraz. Umivajki go Svoeto lice, Toj go izbrishal so krpa, na koja chudesno go izobrazil Svojot prechist lik, i mu go ispratil na bolniot knez Avgar, za koj znaeme od istorijata. Koga knezot se pomolil pred nerakotvorniot obraz na Hrista bil iscelen. Prvata ikona na Bogorodica e na- pishana od evangelistot Luka. Spored Sveshtenoto predanie, Bogo- rodica go videla svoeto izobrazenie, i rekla:"Blagodadta na Sinot Moj kje bide so ovaa ikona". Ikonata e sochuvana do deneshno vre- me, i se naogja vo Rusija.
sardaukar Фала Anqya многу нови работи научив! А, и другите постови cabrini, jakov и stormAngel заслужуваат пофалба!
mako
quote:
Ако се земе текстот на заповедта: „Не прави за себе идол, ниту (било) каква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се клањаш, ниту да им служиш, оти Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител,...“ И ако буквално ја толкуваме заповедта, тогаш значи да не се прави никаква слика, ама баш никаква на она што е на земјата, независно дали се прави идол или не. Значи целата сликарска уметност е погрешна. Ако така се сфати не треба ни да се фотографираме, ниту мапи од земјата, морето или подземјето да правиме. Можеби ти mako кога ќе видиш слика или фото ја вртиш главата или никогаш не гледаш телевизија или не се гледаш ни во огледало!? Сето тоа се слики на она што е на земјата! Ако буквално се толкува како што е човечкото толкување, а не како што е толкувано од многу одамна, така излегува.А и во самата Библија има заменливи форми. Пример описот на кочегот на заветот. На него има исцртано крилја, ангели итн. Дали тоа значи истиот Оној кој забранува сликање на она што е на небото, ја прекршува заповедта. (Господ нека ми прости). Ковчегот на заветот предизвикува(л) голема почит. Па никој не вели дека тој претставува(л) идол.
Evreite koristele sliki, pravele ornamenti i figuri. Ne e do pravenjeto sliki, tuku vo odnosot sprema niv. Lugeto da ne im se molat i poklonuvaat, da im davaat pocit na eden nacin sto go svrtuvat vnimanijeto ne kon Gospod, tuku sprema napravenata slika, na koja samata vosebe i se prepishuvaat osobini. Taka ikonite se pretvoraat vo idoli: niv direktno im se oddavat pocit, lugeto se molat na niv, im se poklonuvaat, posebno "sveti" ikoni gi pofakaat, bacuvaat, im nosat pokloni, kako da rezbanoto drvo vo sebe ima nekakvi cudesni sposobnosti. Crkvi kade sto se pojavuvaat "cuda" - ikonite krvarat, placat ili od niv tecat cudni ulja, privlekuvaat golme broj luge koi gi obozhavat i gi molat da im dadat zdravje. Gi molat ikonite, 'cudotvornite' drveni sliki, ne Gospod! Vakov kult okolu ikonite sum ubeden ne e zdravo nesto i crkvata ne treba da go pottiknuvat!
quote:
Или можеби гулабот и/или огновите кои го претставуваат Светиот Дух се вистинска слика на Светиот Дух. А како во овој појавен свет невидливите и неописливите личности Божји на Синот и Светиот Дух воопшто можат да се прикажат освен со нешто што најдобро ќе зборува за нивната природа, па во таква форма и се покажале. Тоа значи дека и тогаш се појавувањето во тие облици би било грешка, бидејќи тие форми не се совршени, па ако сакаме да танчиме до бескрај ќе ги најдеме како недостојни и погрешни. Ама за разумните толкувачи несовршеносто и ограниченоста е јасна и очигледна. Или описите на небесниот свет. Каков е описот на ангелите престоли. Очи и само очи. И во текстова форма имаш замена на некоја особина. Тој опис со очите се обидува да каже за некоја тешко опислива особината на тие ангели но не значи дека тие се очи итн итн.
Se slagam za zamenite. Bidejki nemozhime da go opishime neopishlivoto, posegnuvame kon nesta sto veke ni se poznati i mozhat da bidat referensa, licese na, bese ko....Taka koga na Jovan mu se prikazhuvaat nestata sto ke bidat, toj barajki zborovi i nacin da im objansit na lugeto sto videl, pishuvat: ko orli, lavovi, ezero od kristal, vinozhito i smaragdi! No vo otkrovenije 7:11-13 i se spomnuvat kako site angelite mu se poklonuvaat na Boga i go blagoslovat! Ne razbiram oti nie treba da im se molime na angelite ko npr. arxangelot Mihail, sto se zabranuvat(?) Kol.2:18) namesto direktno kon Boga?
quote:
Кажи ги mako кои се тие (име презиме) рани црковни татковци и што се случило со нив?
Samite apostoli, ne im gi znaam preziminjata, verojatno pocnuvale so Ben-
quote:
Сигурно сега си спомнувате и се поткрепувате со она што рекол оној пастир или оној брат или сестра, или таму и таму се случило она. Господ на некому му кажал ова и го собирате како искуство. Но кажи ми за такво искуство постаро од 500 години. Ако тоа ми го докажеш тогаш си во право дека имало секогаш Црква и надвор од Православната Црква иако тоа е невозможно.
Koi sme "nie" sto si spomnuvame i se podkrepuvame?. Predpsotavuvam aludiras na toa deka sum Protestant? Sum, protestiram protiv ona za sto diskutirame. Inace sum krsten vo Makedonskata Pravoslavna Crkva. No ne odam v crkva. Nitu sum priklucen na nekoja druga crkva, Protestantska ili poinakva. Kako sto spomnav imam rodnini Protestanti i vo JS.
quote:
Именувај ги кои се тие мали, како се викале, кога постоеле и каде. Кажи ми точно во што верувале? Кој што кажал? Кажи ми ги имињата на тие луѓе од пред 600 години. Од пред 1000 години, од пред 1500 години. Православната Црква ќе ти ги каже сите од овде до Христос. Целата линија на овластување која Христос и ја дал на Црквата. Надвор од тоа овластување нема Црква, туку човечки измислена ерес.
Veruvale vo Isus Hristos, nas spasitel i Bog. Svojata vera ne ja premestile kon drveni nesta.
quote:
Originally posted by sardaukar Како после 16 века да се појават нови сфаќања на верата за нешта кои веќе биле јасно утврдени со векови пред тоа. Тие верувања (како и почита кон Пресвета Богородица) не се појавиле тогаш во 16 век па некој да ги отфрли веднаш ако се грешни. Постоеле скоро од почетокот од 2-3-4 век.
Ranite Hristijani kako simbol ja upotreubvale ribata. Poslem se pojavuvaat i odslikuvanja, cesto inspirirani od paganski modeli. Potoa i ikoni, toa prerasnuvat vo veritabilen kult. Taka da 700 poslem Hrista za edno vreme tie duri i se zabranuvaat. No taa praktika e veke tolku vkoreneta, sto na kraj 783(?), vo Nicea se odlucuvat deka tie se sostaven del od (togash)katolickata crkva. I taka kultot konecno stanuvat dogma i se proglasuvat za del od ' svetata tradicijata'
quote:
Originally posted by mako Edno e da se davat pocit, drugo da se pravat idoli na koi "otecite" gi povikuvaat lugeto da im se molat, poklonuvaat, da im palat sveki, davaat pari i da se tretiraat kako da se zhivi nesta. Како што е денешната почит истата била и тогаш бидејќи по Божја премудрост токму за да не го тврдат спротивното некои идни лажни верувања била запишана. Истата неизменета му е достапна на секој.
Ne bila ista pocita! Postepeno se pretovrat vo kult okolu drveni ikoni i stari koski. A obidot da se prekinit taa navika neuspevat.
quote:
Преку Каноните, преданијата, и разни пишани оригинални документи или коментари подоцна. Во целиот 2 милениумски период постои огромна согласност на христијанската догма пишувана од неброено многу писатели. Како тоа, наспроти целосната недефинираност, нестабилност и непринципиелност како догматска, така и организациска на новите протестантски верувања.
Ako vistina bese taka, denes ke imase edna crkva, a ne Pravoslavna so nekolku frakcii, monophisiti i dr., Rimokatolickata, raznoraznite Protestantski crkvi i mnogu drugi.
quote:
Originally posted by mako Toa sto se pojavuvaat i poveke zabeguvanja ne gi apsolvirat i opravduvat drugite zabeguvanja. Tradiciite ne se nad zakonot.(Kol. 2.8, Mark 7: 5-13 Не може сите да се забегани! Ветено е дека вистината ќе опстои до крај! Можеби Христовата Црква ќе се намали, но ќе опстои до крај.
Da, no ne veruvam da 'vistinata' e vo toa sto nekoj treba da se krstit tri pati, da im se molit na ikoni itn.
quote:
Тоа одговара на историската линија на Православната Црква. Значи ќе се намалува. А не веднаш од првиот век да падне во минорно малцинство на кое ти се повикуваш и така 1500 години, па тогаш овде онде да се појават и да растат во се поголема бројка (значи обратно растат, а не се намалуваат).
Napishav golemo ili malo - koj mozhit da go znae brojot na tie sto ke bidat spaseni?
quote:
Zabeguvanjata ne se apsolviraat i stanuvaat opravdani so toa sto ke se pojavat uste poveke zabeguvanja. I 'izbranite' mozhat da bidat zavedeni - i ke zaveduvaat i drugi vo propasta. Zatoa i sme obvrzani da proverime dali toa sto ni se propoveduvat e spored Svetoto Pismo ili ne, pa duri i ako angeli propoveduvaat! ( Gal.1 8-9) Се сложувам за проверката! Имаш оставено од Бога секакви докази за испит на Православната вера и Црква. Слободно зафати се за проверка! Како што јас сум ја проверувал и Православната и разните протестантски и Католичката вероисповест. Досега имаше погрешни толкувања, а дека избраните можат да бидат заведени е првиот конкретно погрешен цитат. Бидејќи а...христот во последните времиња ќе се обиде да ги заведе дури и избраните. Така стои! Одговорот на последниот пасос е многу краток и не ме задоволува. Тука во quote има многу нешта, а ти не одговараш само поминуваш покрај нив без одговор. Кога поставуваш прашање одговарам опширно, кога јас поставувам прашање одговараш кратко и недиректно.
Vo pravo si, i se izvinuvam za greskata! Pishuvav od pamet i uspejav da gi smesham stihovi od 2 Pet.2-5 so Galatite Vo vrska so proverkata, veruvam vo Boga, no ne sum spremen da im se molam i poklonuvam, da bacuvam i na drugi nacini obozhavam ikoni od angeli, apostolite, svetci, Bogorodica i dr. Veruvam deka toa ne e od Boga. Bidejki tie se sostaven del od Pravoslavieto, zaklucuvam deka ne sum Pravoslaven.
mako
quote:
Како денес што се појавуваат уште понови забегувања во сфаќањата на луѓето опишано како во: „Кодот на да Винчи“ Ден Браун така и тогаш. Луѓето кои живееле на тлото од Католичката вера не можеле повеќе да ги трпат забегувањата во догмата на Католичката „црква“ кои го достигнале врвот со индулгенциите, а сепак верувале во Бога и зеле да ги толкуваат работите според своите гледања и така се создале нови верувања и сфаќања во стотици облици сите наречени протестантизам поради протестот против Католицизмот. Протестантизмот е човечки пристап кон Бога, но не и Божји. Кога се разочарале од римокатоличката институција требало да знаат дека Господ ветил дека Црквата нема никогаш да биде покорена и наместо на себеси да се повикаат да ја побарале каде е таа тогаш. Бидејќи Црквата основана од Бога постоела со сите вистински точни Божји учења. Многу лесно ќе ја нашле на исток... И имало такви кои тоа го сториле. Подвизите и посветеноста на луѓе поединци во Православната Црква кон Бога во минатото, а и сега постои. Се работи за дивовски подвизи што мојот и твојот ум (барем додека не ги прочита и слушне) не може ни да замисли дека постојат. Подвизите и аскетизмот не мора да биде апсолутна потврда на љубовта кон Бога но сепак многу многу зборува за љубовта кон Бога. Бидејќи кога боли боли и тогаш се гледа цврстината на верата и љубовта. Нив никој ништо не им може(л) бидејќи ништо не побарувале и ништо од овој свет не им требало Бога. Освен посветеноста на Бога ништо друго не сака(ле) и не им треба(ло). Има јасни сведошта и за луѓе од 20 век. Постојат слики, фотографии, потврдени раскази за нивната прозорливост. Подизите им се ненормални и несфатливи за обичен човек. И јас на таквите луѓе докажани со многу дела и од Бога потврдени со многу чудеса нема да им верувам ќе им верувам на обични грешници кои во ништо не се ограничуваат од овој свет, а само зборуваат за Господ
Prvin nekolku doobjasnuvanja: za tie lugeto na fotografii od 20-tiot vek itn, mislis na monahi i kalujgerki, ili nekakvi 'svetci'? I sto znacat podvlecenite zborovi?
Angya Mako, Jas ti objasniv deka nie - pravoslavnite hristijani ne se molime i poklonuvame na ikonite, a na svetiite, koi se izobrazeni na niv. Izobrazenijata na ikonite se osvetuvaat so sveta voda, a niz toa osvetuvanje na ikonata se soopshtuva blagodatta na Svetiot Duh, i taa se pochituva kako sveta. Ikonite niz koi blagodatta Bozhja se projavuva so chudesa (iscelenie na bolni, mirotechenie i sl.) se narekuvaat chudotvorni ikoni. A tvoeto mislenje za toa shto e zdravo, a shto ne; shto e idol, a shto ikona, ni najmalku ne se sovpagja so REALNOSA, koja pak ne e nechie mislenje, bidejki e POSTOECHKA NEIZMISLENOST! I ti, so tvoeto kvazi-protestantsko mislenje se obiduvash da dokazhuvash deka nebroenite Bozhji chudesa, odnosno silata Bozhja projavena preku blagodatta na chudotvornite ikoni se nekakva izmislica?! TOA E NAVISTINA NEZDRAVO! Bidejki BOG Svojata sila mozhe da ja projavi, kako shto mu godi Nemu, a tie shto neveruvaat vo Bozhjite chudesa, ne veruvaat ni vo silata Bozhja. Togash, kakva e taa vera vo bessilen - mrtov Bog? Imeno, poradi toa protestantskite crkvi se pretvoreni vo humanitarni organizacii, a nivnata sluzhba na Boga e samo simbolichna. Na angelite i na svetcite nie im se molime, ne kako na "bogovi", a kako na "bliski na Boga" - Bozhji poslushnici i ugodnici, koi bidejki sveti, mozhat pred Boga da se pomolat i zastapat za nas. Poradi toa shto "grevot" go razdeluva i odtugjuva chovekot od Boga, Gospod mozhe da ne gi slusha molitvite, koi Mu se neugodni Nemu, no molitvite na svetite pravevednici i angeli, a osobeno tie na angelot hranitel, Gospod po voljata Negova mozhe da gi ispolni. Vo "Kolosjani 2:18", ne se govori za molitvite kon angelite, a za prelesta, samovolieto i bezrasudnosta na chovechkiot um, koj po svojata zamisla mozhe da im sluzhi na "Angeli",koi ne postojat, odnosno na gjavolot, koj misleno mozhe da mu vnushi na choveka deka e toj angel, pa duri i da mu se prikazhe vo angelski obraz. Odnosno, toa se odnesuva na sekoe velichenje na "Angeli" nad velichieto Bozh- je.Takov e sluchajot na Joseph Smith (mormonstvo) i negoviot angel Moronij. Vprochem, mnogu inoverni uchenja, eresi i sekti se proizvod na chovechkata bezrasudnost i prelest, koga nivnite osnovachi veru- vaat deka dobile vazhna informacija od nekoj angel, na koj patem samite mu sluzhele. " I, nachinajki da govori, eden od starcite me prasha:ovie oblecheni vo beli obleki, koi se i od kade doshle? Jas mu rekov nemu:ti znaesh, gospodin. I toj mi reche mene: tie se, koi prijdoa od golema skrb; tie gi izmija oblekite svoi i ja izbelija oblekata svoja so krvta na Agnecot; zatoa tie prebivaat sega pred prestolot na Boga i mu sluzhat Nemu den i nokj vo hramot Negov, i Sednatiot na prestolot kje prebiva vo niv;" (Otkrovenie 7:13,14,15). Shto mislish ti, koi se "tie", koi prebivaat pred prestolot na Boga? Se razbira, ne protestantite, bidej- ki tie neveruvaat deka postojat svetci. Imaj vo obdzir deka ti nemozhesh ednovremeno da bidesh "protestant" i pravoslaven, bidejki pravoslavnite ne se protestanti, i obratno. I lucifer bil nekogash angel Bozhji vo Carstvoto nebesno, koj patem, po sopstvenoto samovolie stanal PRV PROTESTANT, i odtogash go znaeme kako gjavol i satana. Pravoslavnata crkva nema nikakvi "frakcii", TAA E EDNA SVETA, KATOLICHKA (SOBORNA) I APOSTOLSKA CRKVA. Rimokatolichkata crkva ne e frakcija na pravoslavnata Crkva,a taa e sosem oddelna. Vsushtnost, katolichka Crkva e pravoslavnata, dodeka taa na papata e rimokatolichka.Isto taka, protestantskite crkvi ne se ogranoci na pravoslavnata crkva, a tie se oddelni crkvi, koi nemaat nikakov odnos kon pravoslavieto, ta zatoa se narekuvaat protestanti. I ako ne pripagjash na niedna Crkva, potrebno e da znaesh deka eden hristijanin, ne e hristijanin. Nadvor od Crkvata Hristova, hristijanstvoto e nevozmozhno. "Idol" ili "kumir", znachi da se zamisli ili sozdade slika na NESHTO ZA KOE NA CHOVEKOT NE MU E DADENO ZNAENJE, ILI DA SE VOOBRAZI NEKOJ ILI NESHTO, POVEKJE OD TOA SHTO VO SUSHTINA E. Primeri na idolopoklonstvo: veruvanje vo izmisleni bogovi, veruvanje vo vonzemjani, velichenje na pop zvezdi i akteri, sluzhenje na sops- tvenite poroci, t.e IDOLOPKLONSTVOTO SE ODNESUVA NA SE SHTO CHOVEKOT MU PRIDAVA POGOLEMO ZNACHENJE OD VELICHIETO NA BOGA. Nie - pravoslavnite hristijani gi pochituvame ikonite kako sveti, im se molime na svetite ugodnici i angelite, NO NIKOGASH NE GI VELICHAME NAD BOGA. Uchenjeto koe ikonite gi smeta za idoli e ERES. I navistina, nema pogolemo idolopoklonstvo, od toa na chovekot, koj svojot bezrasuden um go velicha nad Slovoto Bozhje, dozvoluvajki si slobodoumni eksperimenti na tolkuvanje, koga samiot ne razbira ni prosti zborovi.
sardaukar
quote:
Originally posted by mako
Evreite koristele sliki, pravele ornamenti i figuri. Ne e do pravenjeto sliki, tuku vo odnosot sprema niv. Lugeto da ne im se molat i poklonuvaat, da im davaat pocit na eden nacin sto go svrtuvat vnimanijeto ne kon Gospod, tuku sprema napravenata slika, na koja samata vosebe i se prepishuvaat osobini. Taka ikonite se pretvoraat vo idoli: niv direktno im se oddavat pocit, lugeto se molat na niv, im se poklonuvaat, posebno "sveti" ikoni gi pofakaat, bacuvaat, im nosat pokloni, kako da rezbanoto drvo vo sebe ima nekakvi cudesni sposobnosti. Crkvi kade sto se pojavuvaat "cuda" - ikonite krvarat, placat ili od niv tecat cudni ulja, privlekuvaat golme broj luge koi gi obozhavat i gi molat da im dadat zdravje. Gi molat ikonite, 'cudotvornite' drveni sliki, ne Gospod! Vakov kult okolu ikonite sum ubeden ne e zdravo nesto i crkvata ne treba da go pottiknuvat!
Добро е! Имаме некаков напредок, бидејќи до скоро не признаваше никаква слика од она што е на небесата, на земјата... дека треба да се прави. Сега излегува не смее сликата да биде „било каква“, а не никаква.
sardaukar
quote:
Originally posted by mako
Se slagam za zamenite. Bidejki nemozhime da go opishime neopishlivoto, posegnuvame kon nesta sto veke ni se poznati i mozhat da bidat referensa, licese na, bese ko....Taka koga na Jovan mu se prikazhuvaat nestata sto ke bidat, toj barajki zborovi i nacin da im objansit na lugeto sto videl, pishuvat: ko orli, lavovi, ezero od kristal, vinozhito i smaragdi! No vo otkrovenije 7:11-13 i se spomnuvat kako site angelite mu se poklonuvaat na Boga i go blagoslovat! Ne razbiram oti nie treba da im se molime na angelite ko npr. arxangelot Mihail, sto se zabranuvat(?) Kol.2:18) namesto direktno kon Boga?
Не знам како тоа молење ти си го замислил. Молитвата кон Светителите или кон Мајката Божја е многу поретка одколку кон Бога. Патем, пробај да ја кажеш „Богородице Дево“ ќе се изненадиш од нејзината благодатност. Најчесто е изразување на почит на достојниот живот кој тие го живееле. И кога би читал и Православна литература би сфатил и тоа каков живот живееле. Кога би прочитал не би спорел со твојот световен (недуховен) ум зошто Господ благоволил да им се оддаде почит. Иако грешни по својата природа, но со сила на нивното покајание достојни за спомен. Ако не ти се верува напишаното тогаш ќе ти раскажам за животот на баба ми. Баба ми која почина минатата година во текот на целиот живот си легнуваше околуо 23.00 часот, а стануваше во 3.00 (и порано). Ако ретко се случеше да стане во 4.00 или многу ретко во 5.00 се туфкаше: „Како можев да се успијам толку“. Иако имаше нормален интелект освен работата многу малку се интересираше за световните работи. Не месец, два, или година две, ами целиот живот... до длабока старост. Селаните велеа: „Кога ќе ја видиш Велика веднаш посакуваш да работиш“. Никој ништо не и можеше, не беше зависна од ништо од овој свет. Го носеше во себе Православниот Дух и кога почина, нејзиното тело имаше прекрасна миризба. А баба ми беше обична жена! Ако тоа го гледав и со години се чудев на нејзината сила на живеење, верувам и дека навистина старецот Силуан спиел само 30 минути дневно, а останатото време го поминувал во непрекината секојдневна 24 часовна молитва (т.н. безмолвие), за што има и живи сведоци. А верувам и за другите за кои нема живи сведоци и кои „како живи камења“ се вградиле во Црквата. Ете тоа е значењето на „како живи камења вградени во Црквата“, а не дипломатско насладување и од Бога и од светското, типично за протестантскиот начин на пристапување кон Бога. И ако му кажеш некому за ваква посветеност кон Бога, ќе ти речат: „Ами Господ не сакал луѓето да се мачат и да се жртвуваат“. Да, не сакал! Но овие луѓе доброволно се жртвувале од љубов! А ако вие не сакате, во ред, но не претендирајте да им се рамните! Туку признајте ја вистината! И јас не живеам како нив!Можеби живеам и полошо од твоите протестанти пријатели! Но ќе ја признаам вистината и ќе покажам со прст онаму и кон оние кои живеат или живееле како што треба и ќе им оддадам почит за тоа во колкава мера во текот на својот живот го поддражавале Христос и заслужуваат да бидат пред нас на оној свет.
sardaukar
quote:
Originally posted by mako [br Кажи ги mako кои се тие (име презиме) рани црковни татковци и што се случило со нив? Samite apostoli, ne im gi znaam preziminjata, verojatno pocnuvale so Ben-
Тие не се рани, туку првите Црковни татковци ако го земеме излевањето на Светиот Дух како почеток на Новозаветната Христовата Црква (како продолжение и дообјаснување на Старозаветната Црква и учење). Се што тие проповедале е во склад со Православната вера и после петстотини и после илјада години до ден денешен. Но ти одговори ми на прашањето кои се тие луѓе кои ја спореле Црковната догма до појавата на протестантизмот? Каде живееле? Како верувале? Како завршиле? Па да знаеме врз каква потврда имаш ти за твоите негирања на Православната Црква? Бидејќи не можеш сам да спориш? Не можеш сам да измислуваш нови ставови?
sardaukar
quote:
Originally posted by mako
Сигурно сега си спомнувате и се поткрепувате со она што рекол оној пастир или оној брат или сестра, или таму и таму се случило она. Господ на некому му кажал ова и го собирате како искуство. Но кажи ми за такво искуство постаро од 500 години. Ако тоа ми го докажеш тогаш си во право дека имало секогаш Црква и надвор од Православната Црква иако тоа е невозможно. Koi sme "nie" sto si spomnuvame i se podkrepuvame?. Predpsotavuvam aludiras na toa deka sum Protestant? Sum, protestiram protiv ona za sto diskutirame. Inace sum krsten vo Makedonskata Pravoslavna Crkva. No ne odam v crkva. Nitu sum priklucen na nekoja druga crkva, Protestantska ili poinakva. Kako sto spomnav imam rodnini Protestanti i vo JS.
Не знам дали да ти верувам, бидејќи во претходните постови не го кажа тоа! На пример како одговор на овој мој пасос:
quote:
И сите појави кои ги набројуваш да се точни (иако има и нешто друго во Црквата) сепак не се доказ за погрешноста на нејзиното учење. Тоа се само појави кои ги има во секоја организација која се нарекува Црква. ВО СЕКОЈА. Дали деноминацијата и верската организација на која ти и припаѓаш нема лоши појави. Можеби не се истите но има други кои јас незнам Господ знае може и да се полоши. Види ги истите пастири во нивните земји, не овде во МК. Овде го гледаш најдоброто од нив. Туку таму какви се!? Како што и Православните свештеници и христијани во земјите каде што се малцинство се најдобрите и стражари на верата така и овдешните мисионери со кои си се сретнал е најдоброто што може да го даде твојата верска организација.
А и се користиш со ознаките на стиховите, што е одлика на добро познавање на еден протестант каде се обрнува внимание на техничкото знаење наместо на смислата и целината. Но ако е точно дека не и припаѓаш на ниедна деноминација, дотолку полошо за тебе. Бидејќи тогаш апсолутно немаш право да мислиш дека е точно она во што веруваш и зборуваш. Според пишуваното од Новиот Завет, секое гранче и член (поединец) што е надвор од лозот/телото (Црквата) ќе се исуши (ќе падне во прелест).
sardaukar
quote:
Originally posted by mako
Преку Каноните, преданијата, и разни пишани оригинални документи или коментари подоцна. Во целиот 2 милениумски период постои огромна согласност на христијанската догма пишувана од неброено многу писатели. Како тоа, наспроти целосната недефинираност, нестабилност и непринципиелност како догматска, така и организациска на новите протестантски верувања. Ako vistina bese taka, denes ke imase edna crkva, a ne Pravoslavna so nekolku frakcii, monophisiti i dr., Rimokatolickata, raznoraznite Protestantski crkvi i mnogu drugi.
Тоа е во согласност со Библијата. Така е предвидено дека ќе биде. Ако не беше така, тогаш значи не сме на земјата каде треба да има искушенија и Библијата ќе беше неточна бидејќи немаше да ги има многуте лажни учења која таа однапред ги навести. Не постојат фракции во Православната Црква! Монотелити, монофизити, копти итн се исто така отпадници од верата и се оддамна официјално одлачени од телото на Црквата. Не постои воопшто тенденција на нивно ширење на тлото на Православното население. Нивниот број е мал и не се зголемува напротив полека се чини ги сфаќаат своите грешки. Тоа уште еднаш ја докажува точноста на Православното Христијанско учење. Не знам зошто и очигледни работи кои и ти ги знаеш почна да ги негираш.
sardaukar
quote:
Originally posted by mako
Тоа одговара на историската линија на Православната Црква. Значи ќе се намалува. А не веднаш од првиот век да падне во минорно малцинство на кое ти се повикуваш и така 1500 години, па тогаш овде онде да се појават и да растат во се поголема бројка (значи обратно растат, а не се намалуваат). Napishav golemo ili malo - koj mozhit da go znae brojot na tie sto ke bidat spaseni?
Ти напиша дека оние „забеганите“ верувања, настрана од Православната Црква биле вистинските иако многу мали во однос на Црквата која била голема. И независно пред Бога нема мали, големи туку правилни и неправилни. Јас се сложувам со тоа, но исто така ти пишувам по втор пат ако се земе пророкуваното дека во последните времиња ќе се намножат лажните верувања и лажните пророци и дека Христовата Црква ќе се намали, но вистинското учење и Црква „Портите на пеколот нема да ја надвладеат“. Како наближуваат последните времиња Црквата ќе се намали. А лажните верувања ќе се зголемат.. Па кажи споредено меѓу протестантизмот и Православието: во овој забеган свет кое верување глобално расти, а кое верување глобално полека се намалува!? Кое е старо, а кое е ново!?
mako
quote:
Mako, Jas ti objasniv deka nie - pravoslavnite hristijani ne se molime i poklonuvame na ikonite, a na svetiite, koi se izobrazeni na niv. Izobrazenijata na ikonite se osvetuvaat so sveta voda, a niz toa osvetuvanje na ikonata se soopshtuva blagodatta na Svetiot Duh, i taa se pochituva kako sveta. Ikonite niz koi blagodatta Bozhja se projavuva so chudesa (iscelenie na bolni, mirotechenie i sl.) se narekuvaat chudotvorni ikoni. A tvoeto mislenje za toa shto e zdravo, a shto ne; shto e idol, a shto ikona, ni najmalku ne se sovpagja so REALNOSA, koja pak ne e nechie mislenje, bidejki e POSTOECHKA NEIZMISLENOST!
Ne pravit samo Gospod cuda, tuku toa i gjavolot mozhit da go pravit za da go ottrgnit vnimanijeto na lugeto od Boga, i da im se molat na drugi nesta namesto na Gospoda.
quote:
I ti, so tvoeto kvazi-protestantsko mislenje se obiduvash da dokazhuvash deka nebroenite Bozhji chudesa, odnosno silata Bozhja projavena preku blagodatta na chudotvornite ikoni se nekakva izmislica?! TOA E NAVISTINA NEZDRAVO,bidejki BOG Svojata sila mozhe da ja projavi, kako shto mu godi Nemu, a tie shto neveruvaat vo Bozhjite chudesa, ne veruvaat ni vo silata Bozhja. Togash, kakva e taa vera vo bessilen - mrtov Bog?
Bog se umejt. No sme upomeneti da gi testirame site nesta i da go zadrzhime toa sto e dobro.
quote:
Imeno, poradi toa protestantskite crkvi se pretvoreni vo humanitarni organizacii, a nivnata sluzhba na Boga e samo simbolichna.
Verojatno smetaat deka e povazhno da bidat megu siromasite, bolnite, marginaliziranite i omrazenite, da go shirat Evangelieto i da pomagaat kolku sto znaat i umejat, od kolku da bidat opsednati so toa dail lugeto se krstat, ako dali toa go prvat ednash ili tri pati, dali im se klanjaat i molat na rezbanite drva. Nisto ne ja sprecuvat Pravoslavnata Crkva da prodajt bar del od raskoshnite vili, zemjisteto, i poaktivno da se angazhirat. Inace drugi ke ja zadovoluvaat duhovnata zhed i ke gi "zaveduvaat" lugeto.
quote:
Na angelite i na svetcite nie im se molime, ne kako na "bogovi", a kako na "bliski na Boga" - Bozhji poslushnici i ugodnici, koi bidejki sveti, mozhat pred Boga da se pomolat i zastapat za nas. Poradi toa shto "grevot" go razdeluva i odtugjuva chovekot od Boga, Gospod mozhe da ne gi slusha molitvite, koi Mu se neugodni Nemu, no molitvite na svetite pravevednici i angeli,a osobeno tie na angelot hranitel, na koi nie im se molime za tie da se zastapat za nas pred Boga, Toj po voljata Negova mozhe da im ugodi na Svoite ugodnici, slushajki ja nivnata molitva.
Isus velit: Jas sum patot, vistinata i zhivotot, nikoj ne stignuvat kaj Otecot osven preku MENE. Ima samo eden posrednik megu nas i Boga, i toa e Isus. I ne ucit da se molime:Oce nash, ti sto si vo neboto... Nikoj angel, pa i arhangel da e, nitu Bozhjata majka nema mok nad Gospoda, za da zboruvat so nego vo nashe ime! Nikoj ne ne znajt i sakat tolku i taka kolku sto ne znajt i sakat Gospod. Mozhime da krijame i da gi lazhime drugite, a i samite sebesi da se lazhime, no pred nego nisto nemozhime da prikrijame.
quote:
Vo "Kolosjani 2:18", ne se govoi za molitvite kon angelite, a za prelesta, samovolieto i bezrasudnosta na chovechkiot um, koj po svojata zamisla mozhe da im sluzhi na "Angeli",koi ne postojat, odnosno na gjavolot, koj misleno mozhe da mu vnushi na choveka deka e toj angel, pa duri i da mu se prikazhe vo angelski obraz. Odnosno, toa se odnesuva na sekoe velichenje na "Angeli" nad velichieto Bozh- je.Takov e sluchajot na Joseph Smith (mormonstvo) i negoviot angel Moronij. Vprochem, mnogu inoverni uchenja, eresi i sekti se proizvod na chovechkata bezrasudnost i prelest, koga nivnite osnovachi veru- vaat deka dobile vazhna informacija od nekoj angel, na koj patem samite mu sluzhele.
Tocno bidejki vo nas ima takov nagon sme i predupreduvani da ne padnime na iskushenijeto i da se molime na drugi osven Boga. Vo otkrov., Jovan, impresioniran i zanesen od toa sto go gledat, dva pati pagat pred angeli i pocnuvat da im se molit. Dva pati e upomenuvan: NEMOJ TAKA! I jas sum Bozhji sluga. Na GOSPOD ke mu se molis! Gospod gi stori i angleite, toj e pocetokot i krajot i slavata mu prigat nemu i samo nemu!
quote:
" I, nachinajki da govori, eden od starcite me prasha:ovie oblecheni vo beli obleki, koi se i od kade doshle? Jas mu rekov nemu:ti znaesh, gospodin. I toj mi reche mene: tie se, koi prijdoa od golema skrb; tie gi izmija oblekite svoi i ja izbelija oblekata svoja so krvta na Agnecot; zatoa tie prebivaat sega pred prestolot na Boga i mu sluzhat Nemu den i nokj vo hramot Negov, i Sednatiot na prestolot kje prebiva vo niv;" (Otkrovenie 7:13,14,15). Shto mislish ti, koi se "tie", koi prebivaat pred prestolot na Boga? Se razbira, ne protestantite, bidej- ki tie neveruvaat deka postojat svetci.
Tie se luge koi ne se otkazhale od Boga i pokraj toa sto bile progonuvani i pominale niz sekakvi iskushenija. Mozhno e i da ima vrska so prethodno spomnatite pleminja na Israel.
quote:
Imaj vo obdzir deka ti nemozhesh ednovremeno da bidesh "protestant" i pravoslaven, bidejki pravoslavnite ne se protestanti, i obratno. I lucifer bil nekogash angel Bozhji vo Carstvoto nebesno, koj patem, po sopstvenoto samovolie stanal PRV PROTESTANT, i odtogash go znaeme kako gjavol i satana.
Tiiiih, kako me procita volku brzo! Taman planirav da ja formiram ultra-heretskata MakOdonska Pravoprotestantska Crkva!! [:)][;)]
quote:
Pravoslavnata crkva nema nikakvi "frakcii", TAA E EDNA SVETA, KATOLICHKA (SOBORNA) I APOSTOLSKA CRKVA. Rimokatolichkata crkva ne e frakcija na pravoslavnata Crkva,a taa e sosem oddelna. Vsushtnost, katolichka Crkva e pravoslavnata, dodeka taa na papata e rimokatolichka.Isto taka, protestantskite crkvi ne se ogranoci na pravoslavnata crkva, a tie se oddelni crkvi, koi nemaat nikakov odnos kon pravoslavieto, ta zatoa se narekuvaat protestanti. I ako ne pripagjash na niedna Crkva, potrebno e da znaesh deka eden hristijanin, ne e hristijanin. Nadvor od Crkvata Hristova, hristijanstvoto e nevozmozhno.
Ke moram da go zemam toj "rizik" bidejki ne sum spremen da im se klanjam na sliki od apostolite, Bogorodica, angeli i dr.
quote:
"Idol" ili "kumir", znachi da se zamisli NESHTO NEPOSTOECHKO, ZA KOE NA CHOVEKOT NE MU E DADENO ZNAENJE, ILI DA SE VOOBRAZI NEKOJ ILI NESHTO, POVEKJE OD TOA SHTO VO SUSHTINA E. Primeri na idolopoklonstvo: veruvanje vo zamisleni bogovi, veru- vanje vo vonzemjani,izmisluvanje na nepostoechki neshta, veliche- nje na pop zvezdi i akteri, sluzhenje na sopstvenite poroci, t.e IDOLOPKLONSTVOTO SE ODNESUVA NA SE SHTO CHOVEKOT MU PRIDAVA POGOLEMO ZNACHENJE OD VELICHIETO NA BOGA. Nie - pravoslavnite hristijani gi pochituvame ikonite kako sveti, im se molime na svetite ugodnici i angelite, NO NIKOGASH NE GI VELICHAME NAD BOGA. Uchenjeto koe ikonite gi smeta za idoli e ERES. I navistina, nema pogolemo idolopoklonstvo, od toa na chovekot, koj svojot bezrasuden um go velicha nad Slovoto Bozhje, dozvoluvajki si slobodoumni eksperimenti na tolkuvanje, koga samiot ne razbira ni prosti zborovi
Ko taka smetajme za "eretik", slavata mu pripagat na Boga i nemu ke mu se molam, na ikoni od angeli i drugi NIKOGASH. Leka nojk.