Христијанството во Македонија |
cabrini |
Колку сме вистински христијани, како секој од нас гледа на христијанството?
Христијанството не само како традиција, туку и како начин на живеење. |
cabrini |
Многупати се удираме во гради за тоа дека сме христијани, влегуваме во разговори за одбрана на МПЦ, се впуштаме во разговор за разни теми како христијани, а многумина од нас се крстени а сепак не ги знаат основите на христијанството, не одат во недела наутро на литурија, не се причестуваат, не постат. Во Црква одат само за Божик и Велигден и верата во Христос ја заменуваат со обично почитување на традицијата, палење оган за коледе или слични обичаи.
Прашањето ми е дека ако сакаме да ја одбраниме нашата МПЦ, ако сакаме да му покажеме на светот дека нашата црква треба да биде афтокефална, дали имаме право тоа да го правиме од нашите фотељи и во нашите декларативни изјави. Мислам дека така неможе и несмее да се брани МПЦ. Ако сите ние секоја недела масовно ги полниме црквите, масовно одиме на литургија, ако го живеем вистински Христијанството, мислам дека ќе нема сила која ќе застане против нашата афтокефалност, нема да имаат зборови оние кои не напаќаат и ни го оспоруваат правото за своја афтокефална црква.
А вака преставувајќи се само декларативно како христијани, а незанејќи кои обврски и должност ни следат со тоа, мислам дека неможеме многу да влијаеме врз решавање на овој спој, значи ред е да си го најдеме и проблемот и во нас самите.
|
RaGeAnGeL |
ej aj ako ne vi e maka objasnete mi koj e jehovive i novovercive i propostantive ...pls |
Teodora |
Jehovinite svedoci "Obshtestvo na strazharskata kula" i novoverci-
te-sabotari "Adventisti na sedmiot den" se totalitarni sekti, od-
nosno psevdoreligiozni komercijalni organizacii, koi se sluzhat so
metodi na verbuvanje i izmama, se razbira, ne za da spasat nechija
dusha, tuku so cel za zbogatuvanje na svoite organizacii i shirenje
na nivnoto uchenje niz svetot.
Shto se odnesuva do uchenjeto na protestantizmot, iako eres, sepak
e religija. Protestantite se inoverci, no ne i sektanti.
Problemot e vo toa shto mnogu sekti se prekrivaat pod imeto na
protestantskata religija, zashto ako go otkrijat svoeto vistinsko
uchenje, nikoj ne bi go sledel.Protestantite veruvaat vo Otecot
Sinot i Svetiot Duh, a sektantite ne veruvaat.
Protestantski denominacii se Anglikanskata i Luteranskata Crkva.
|
cabrini |
Inaku na denot na Pedesetnicata, 50 den od voskresenieto na Nashiot Gospod Isus Hristos, Svetiot Duh slegol vrz apostolite vo vid na plameni jazici. Toj den se smeta za formiranje na Crkvata Bozja.
Podocna Rimokatolicite i Pravoslavnite hristijani poradi odredeni dogmatski razliki se odvojuvaat.
Katolickiot sveshtenik Martin Luter sakajki da izvrshi reforma vo Rimokatolickata crkva sozdava pokret koj se svrtel protiv Rim i go predizvikal protestantizmot. Od protestantizmot podocna proizleguvaat najrazlicni verski zaednici, koi odat do tamu shto pocnuvaat na najrazlicen nacin da go tolkuvaat Svetoto Pismo idejki do tamu da pocnat da gi otfrlaat i najsushtestvenite ucenja na Crkvata. Na primer Jehovinite Svedoci go otfrlaat ucenjeto za Bog kako Trojstvo, Otec, Sin i Sveti Duh, i voveduvaat ushte mnogu eresi so koi Crkvata se borela ushte od najrano vreme.
Golem del od zabludite na sektite se vo toa shto istite se povikuvaat na svoite covecki ubeduvanja i kriteriumi za tolkuvanje na Svetoto Pismo. |
Jakov |
Која е мерката и како се мери вистинскиот Христијанин??? За мене Православното Христијанство претставува традиција и интимно чувство на припадност кон една заедница и нејзината легална институција, а тоа е православната заедница во Македонија и МПЦ. Не одам на редовните служби во Црквата, дури и ако речам ретко одам ни тоа нема да биде вистинскиот одраз. Меѓутоа тоа воопшто не ме прави инфериорен или ми дава помало право да ја сакам и да ја бранам автокефалноста на нашата Црква. Напротив.
Моето мислење е дека живееме во секуларно општество во кое Црквата и верата е издвоена од државата и е оставена во сферата на личниот избор на луѓето. Значи нивно лично право е дали ќе бидат верници или не.Ако бидат дали ќе бидат верници кои ќе држат до начинот на живот или на сето тоа гледаат само како на традиција, идентитет, култура или нешто друго.
Лично не верувам дека одбраната и добивањето на автокефалноста или опстојувањето на нашата Црква зависи од тоа дали сите ние масовно и во огромен број ќе живееме исклучиво според православните норми на живеење. Со 100% да сме сите верници, нашите вековни непријатели нема да ни ја признаат Црквата и воопшто нема да се потресат од таа ситуација. Дека Црквата и црковните лица треба да се грижат за развојот и растот на Црквата, да но масовноста и нормите незнам???
Сакањето и почитувањето на нашата Црква и религија се доволна појдовна основа за борбата на нашата Црква. Оттука треба да се црпи енергијата и да се гради цврста основа за нејзината упорност и изстрајност во оваа битка. Секој натамошен чекор и поголемиот број на верници и луѓе кои ги прифаќаат нејзините норми е само нареден плус, но не треба на тоа да се гледа како на обврска. Дали луѓето кои живеат или живееа според православните норми и кои беа и се свештеници, а и го свртеа грбот на Мајката Црква имаат поголемо право од нас обичните луѓе да се наречт верници, само зашто јас не одам редовно во Црква непостам или незнам што.?
Околу другите Христијански заедници во РМ, има нешто овде има и две други теми овде.....Едно прашање до сите оние кои продаваат приказни дека Протестантите се секти, вакви такви, одродени и слично. Прво дали тоа значи дека половина Европа и 2/3 од Америка и Канада се неверници и нели цитирам:
psevdoreligiozni komercijalni organizacii, koi se sluzhat so
metodi na verbuvanje i izmama, se razbira, ne za da spasat nechija
dusha, tuku so cel za zbogatuvanje na svoite organizacii i shirenje
na nivnoto uchenje niz svetot.
Второ како е возможно овде меѓу нас да се јавуваат такви мислења и верувања за тој дел од Христијаните во светот, кога ние слични ако не и полоши квалификации(неправедно) добиваме од оние кои ги сметаме за свои православни браќа(Срби, Бугари и др.).
|
sardaukar |
Сите верувања за Бога се разделуваат на прашањето што треба да се направи за да се приближиме до Бога и да го достигнеме послеживотниот мир. Различни се и описите на ликот Божји. Различни се и описите на она што следи после животот на земјата, но одговорот на она првото ги гради различните верски учења.
За едни за приближување до Бога потребно е само да се пее одредена песна (Харе Кришна). За други да ослободувањето од сите желби и посакувања (Будизам)итн
За христијанските верувања спасението и достигнувањето на вечниот живот заедно со Бога е верувањето во Христос дека е Бог кој се отелотворил и со Својата жртва ги отплатил нашите гревови и гревовите на човештвото (прочитајте го Символот на Верата). За оној кој верува во тоа, за него Господ е неговиот отплатител. Внатрешните поделби во христијанството се резултат со понатамошното прецизирање на истото прашање: „Што треба да се направи за приближување до Бога“. Добро одговорот е да се верува до Бога. Но дали само да се верува (протестантите), да се верува и да се има дела (православието) или само делата се важни верувањето малку (католицизмот). Оваа поделба е материјалниот извор на поделбите внатре меѓу христијанските верувања. Од таму се индуктираат другите конкретни разлики. Пример: Зошто протестантите не прифаќаат светители, бидејќи ако треба само да се верува веднаш се станува светител (такво е протестанскиот став). Ако покрај верата потребни се и дела тогаш има градација и степени во верувањето и оние кои постигнале стабилност и сигурност во верата и делата Црквата ги издвојува како пример и ги прогласува за светители (православието и католицизмот).
Јасно е од Библијата дека како што има еден Господ, има еден живот, една Вистина има и една Црква. Не може да ги има 2-3-4 итн. Една е вистинска, а другите се лажни. Можно е да се христијани припадниците на различни деноминации, бидејќи според „Светиот Дух диши каде што сака“, Светиот Дух не е ограничен. Зависи од искреноста на нивното верување. Можни се и чудеса и исцелувања надвор од Вистинската Црква (за мене Православната Црква), тоа не е спротивно на учењето. Можно е поединци да бидат и подобри христијани од нас. Но институцијата Црква е само една, онаа која го проповеда вистинското учење. |
Christian |
Hristijani se samo onie koi sto se novorodeni,drugite mozat sto sakaat da se vikaat ama ne se hristijani. |