Uste kolku Makedonski kukji ke gorat?? |
dejan |
baram se znae koi e kriv za ovoi pozhar. ova e preterano, i ovaka ne se gradi sozhivot.
Изгоре уште една македонска куќа во Арачиново
16.04.2005
Изгоре уште една македонска куќа во скопско Арачиново. Вчера околу 15 часот е опожарена куќата на Драги нНколовски, кој како раселено лице со семејството е сместен во средношколскиот дом „Здравко Цветковски“.
Пожарот избил во една од собите и брзо се проширил кон другите простории и покривот. Мебелот е целосно изгорен, а штетата се проценува на околу 3.000 евра. Сопственикот Николовски вели дека ова не е прв пат некој да се обиде да му го запали имотот. Пред три месеци беше опожарена и куќата на неговите соседи, исто така раселени Македонци.
МВР трага по сторителите. Не се знаат причините, ниту дали пожарот е подметнат. Досега се запалени 14 куќи на раселени Македонци од Арачиново. Покрај убедувањата на полицијата дека во селото е безбедно, околу 200 раселени Македонци се уште се плашат да се вратат во Арачиново.
|
трендафил |
Знае ли некој колку има куќи на Македонци во Арачиново, односно колку проценти се 14 не сметајќи ги изгорените во војната од нивниот вкупен број. Зошто се палат куќи и откако нели правната држава владее во секоја педа од Македонија, односно откако ДУИ и СДСМ прогласија дека во Македонија владее мир и дека и се посветуваат целосно на економијата (со резултат - катастрофален пад на индустријското производство).
|
Great_Macedonian |
imat 200-250 makedonski kuki. |