Strelec |
Почитувани браќа Македонци,
Стартуваме со пирински македонски информативен центар, преку кој ќе се трудиме да ве известуваме за она што се случува со Македонците во Бугарија, да ве информираме за македонските активности, нарушувањата на правата на Македонците, проблемите, желбите и положбата на македонското малцинство во Бугарија.
Испратете ни ги е-маил адресите на сите кои сакате да ги добиваат нашите соопштенија. На овоаа адреса можете да испраќате и Ваши мислења, препораки, ставови, информации за збиднувањата во македонската дијаспора, да побарате контакт со македонските партии ОМО ПИРИН и ОМО Илинден ПИРИН, со друштвото на Помаците (Торбешите), “Сонце”, со весникот “Народна волја” и билтенот “Македонски глас”.
1.
Партијата заштитник на македонското малцинство во Бугарија, ОМО ПИРИН, се обраќа кон сите македонски државни и национални институции, ги повикува сите Македонци да и биде дадена заслужена почит на македонската легенда Васка Илиева. За таа цел партијата е на мислење дека е соодветно:
1. Да се подигне споменик на Васка Илиева;
2. Да се создаде фестивал за народни песни на нејзино име.
Со својот извонреден талент и љубов кон Македонија Васка Илиева направи повеќе за зачувањето на македонската свест и подигање на македонскиот дух кај Македонците надвор од границите на Р. Македонија, од било кој друг. Огромна е нејзината заслуга и за зачувањето и популаризацијата на македонската народна песна. Таа е еден од симболите на македонската нација.
Партијата не е во состојба да направи сама некое од посочените нешта и не смета дека тоа треба да биде дело на само еден политички субјект, туку на целиот македонски народ и пред се на владата на Република Македонија. Но, претседателството на ОМО ПИРИН искрено се надева дека овој предлог ќе наиде на добар прием меѓу македонските патриоти и ќе го сврти вниманието на оние кои би можеле да придонесат за неговото исполнување.
Председателство на ОМО ПИРИН
2.
На 9 март во една од најгледаните бугарски национални телевизии “БТВ”, сопственост на австралијскиот магнат Роберт Мардок, во емисијата “Судир” беше одржана емисија на тема “Дали постојат македонска нација и македонски јазик”во која беа изнакажани многу невистини и навреди кон македонската нација, како дека таа е создадена со многу крв, преку убиството на 200 000 Бугари, дека потекнува од ”најголемиот педер и хермафродит во светот Александар Македонски” по неприроден пат. Македонската заедница во Бугарија како и пријателите на Македонците во оваа земја остро протестираа против навредите и невистините изнакажани во емисијата. Испратени беа протести од претседателството на ОМО ПИРИН, од членовите на истата партија во Софија, од Друштвото за Бугарско-македонско пријателство, од м-р Стојко Стојков и др. Ниту еден од протестите не беше објавен, ниту спомнат или коментиран во медиумите до кои беа изпратени (БТВ, националните дневни весници, “Монитор”, “Стандарт”, “Дневник” и др., како и локалниот в. “Струма”). Единствен “одговор” пристигна како СМС испратен од интернет на мобилниот телефон на м-р Стојков, потпишан од антимакедонското ВМРО и со текст” Умирајте гнасни србомански предавници”
3.
ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНСКА ОПШНОСТ
Партија за интеграција, развој и економски напредокv гр. Благоевград 2700 Еленово бл. 6 Б, ап. 6. п.к. Мечкарови [email protected]
Председателството на ОМО ПИРИН ја има тажната обврска да ја информира македонската јавност дека преговорите за обединување на македонските сили во Бугарија водени на иницијатива на партијата во 2003 и 2004 г. завршија без успех.
На 17 март годинава во претседателството стигна официјално писмо од ОМО “Илинден” во кое се декларира крајот на преговорите и истовремено се отфрла секаква можна идна соработка, при што дури се настојува акциите на двете организации да не совпаѓаат по место и по време. Како причини за ова неочекувано решение се посочува настојувањето од страна на ОМО ПИРИН обединетата формација да се регистрира и да делува по легален пат. Управниот совет на “Илинден” изјавува дека тие не сакаат да бидат регистрирани додека Бугарија не им ги даде сите права на Македонците, а дотогаш одбиваат да работат по законски пат. Со тоа пропадна втората иницијатива од страна на ОМО ПИРИН за обединување на македонските сили во земјава. Првата од нив: да се создаде заедница на македонските партии и организации по примерот на Македонците во Албанија беше прифатен од ТМО ВМРО (независна), Друштвото “Сонце” и ОМО “Илинден” ПИРИН, но исто така не успеа да се оствари поради категоричниот отказ даден од ОМО “Илинден” во октомври и во декември 2004 г. Не сакајки да создаде Заедница надвор од која би останала дури и најмалата македонска организација во Бугарија, ОМО ПИРИН се одлучи да пристапи кон преговори за целосно обединување со раководителите на “Илинден”, поради искажаната од нив поголема подготвеност за преговарање за оваа варианта, како и затоа што успешното обединување би отстранило единствената пречка и опозиција пред создавањето на македонска заедница во Бугарија. Но и оваа инициатива пропадна со добивањето на спомнатото писмо. Последната варианта на која сметаше ОМО ПИРИН “разделени но во соработка” превентивно е отфрлена во писмото на “Илинден”. Констатирајки дека обединувањето е спречено, партијата застапник за прашањата на Македонците во Бугарија ОМО ПИРИН поминува на варианта на соработка со сите македонски организации кои се согласни со тоа и нивно евентуално прераснување во заедница на македонските сили во земјава.
5.
ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНСКА ОПШНОСТ
Партија за интеграција, развој и економски напредок
гр. Благоевград 2700 Еленово бл. 6 Б, ап. 6. п.к. Мечкарови
[email protected]
До сите македонски патриоти
ПОКАНА
Браќа Македонци,
Секоја година на денот на кој е убиен Јане Сандански Македонците во Бугарија организираат панихида и поклонување на гробот на големиот македонски револуционер крај Роженскиот манастир. Годинава, се навршуваат девеесет години од овој тажен датум, затоа настојуваме одбележувањето да биде на максимално високо ниво. Се обраќаме кон сите Вас со своето учество да помогнете за достоинственото одбележување на годишнината. Поканети се сите што сакаат и можат да присуствуваат на 24 април од 10 и половина часот (бугарско време) во градот Мелник, во Пиринска Македонија, до споменикот на големиот револуционер (бидејќи локалните власти годинава го дадоа традиционалното место за одбележување – ливадата крај гробот на војводата, на антимакедонската бугарска новинарска агенција “Фокус” бевме принудени да го смениме местото). Луѓето што сакаат некако да помогнат нека се пријват на тел. 00359 887 600 071 или на е-маил [email protected].
На истата адреса можете да изпракате и поздрави до македонскиот собор. Програмата предвидува:
1. Панихида и поклонување пред горобот на војводата (до Роженскиот манастир)
2. Официално отворање на соборот во градот Мелник
3. Изведување на народни патриотски ора и песни.
Доколку сакате да земете учество во забавниот дел на програмата, Ве молиме да се пријавите на посочениот телефон и е-маил најдоцна до 15 април.
Организиратори на овојгодишниот собор се:
ОМО ПИРИН, ОМО “Илинден” ПИРИН, ТМО ВМРО (независна),
Друштво “Сонце”.
|
Justinijan |
Стрелец, некако не ти се брза со одговорот...
Дадов збор дека нема да ти ја матам жабокречината, но, ова и онака никој не го чита, па можеш да го есапиш како приватна порака.
Со уредувачкава политика ми личиш како да си бил на училиште кај Руперт Мордох. Ја памтиш војната во Ирак? Имавме “супер балансирано“ известување. На телевизија беше емитувана, непосредно пред почетокот на војната, дури и документарна емисија со сведочење на експертите од контролниот тим на ООН за тоа дека Ирак навистина нема оружја за масовно уништување. Но, на која телевизија и во кое време? Разбира се, на државната телевизија и во 3 часот наутро во вторник. Инаку, на најгледаните комерцијални канали, 99% од времето - лаги дека светот ќе биде уништен доколку не се бомбардира Ирак.
Така, ем волкот сит, ем овците на број. Ем на сите мислења им се дава место (божем слобода на информациите), ем се тера со интензивно перење на мозоци...
Стрелец, јасно ти е дека оваа тема не спаѓа во историја. Јасни ти се и многу други нешта.
Но, ова си е твој форум, го почитувам тоа. Уживај си во сопствената виртуелна реалност, и од мене имаш ветување дека нема да те вознемирувам понатаму. |