Темпирана бомба во Карпош
Темпирана бомба во Карпош
dejan stalno citam za ova, radioaktivni otpadi, petrovec, pa sega skopje! sto se slucuva/??? КАДЕ СЕ ЧУВА РАДИОАКТИВНИОТ ОТПАД Темпирана бомба во Карпош Наспроти Министерството за животна средина кое одбива да даде одговор дали во депото на Илинденска, официјално затворено пред околу 2,5 години, се уште има радиоактивен отпад, наши извори тврдат дека во депо На булевар Илинден, зад салонот за автомобили на "Ми-да моторс", во непосредна близина на Факултетот за драмски уметности и на амбасадата на САД, се уште стои затворената барака на поранешниот Институт за радиоизотопи каде што со години е складиран радиоактивен отпад. Делот од бараката каде што е чуван радиоактивниот отпад е затворен со железна ограда на која стои катанец, а на вратата на депото стои ознаката "радиоактивно - опасно по живот". Депото на Илинденска пред околу 2,5 години официјално е затворено. Надлежните институции одбиваат да дадат одговор дали во објектот, кој е во распаѓање, се уште има радиоактивен отпад или, пак, тој е некаде дислоциран. Наши извори, пак, тврдат дека во оваа барака се уште има радиоактивен отпад и оти тој не е никаде дислоциран, бидејќи во Македонија досега немало соодветна опрема за негово безбедно пренесување. "Тоа таму е темпирана бомба. Не се знае ниту кога ниту какви се последици може да предизвика", велат истите извори, кои се добри познавачи на состојбите. Во Министерството за животна средина за одговор не упатија на Републичкиот завод за здравствена заштита, како надлежен орган за издавање дозволи за вакви објекти. Министерството минатата недела во соопштението до јавноста за изградбата на Централното депо за радиоактивен отпад во Општина Петровец објасни дека се гради вакво депо бидејќи радиоактивниот отпад досега "се складирал во несоодветни складишта во централното градско подрачје". "Не сме рекле дека се несоодветни туку дека се преполни. И складиштето на ЈУГ во Автокоманда и она во Железара се добро обезбедени, но веќе се со преполни капацитети. Не можам да кажам дали во бараката на Илинденска уште има или нема отпад, тоа е работа на Заводот за здравствена заштита. Доколку таму има ваков отпад, тој ќе биде пренесен во новиот централен склад што го градиме во Чојлија", рече Драгољуб Матовски, заменик на министерот за животна средина. Благоја Алексовски, директор на Републичкиот завод за здравствена заштита, вели дека не може да каже ништо за овој случај бидејќи тоа не е нивна надлежност. Не упати назад во Министерството за животна средина. "Точно е дека ние даваме дозволи за вакви објекти, но депонирањето на отпадот и контролата врз објектот се на Министерството за животна средина", додава Алексовски. Скопската "Канал 5" телевизија случајот "Депо на Илинденска" го актуализираше пред околу две години, но се досега јавноста остана без одговор. Според тогашната сторија на "Канал 5", во бараката на Институтот за радиоизотопи биле складирани опасни радиоактивни громобрани. Официјални депоа за складирање на радиоактивен отпад, кои се уште функционираат со потребните дозволи, се складот на ЈУГ - институт за заварување, кој се наоѓа во близина на Автопазарот во скопската населба Автокоманда, и депото во кругот на скопска "Железара". http://www.vest.com.mk/default.asp?id=95598&idg=5&idb=1443&rubrika=Makedonija
ViennaBoy
quote:
Originally posted by dejan
stalno citam za ova, radioaktivni otpadi, petrovec, pa sega skopje! sto se slucuva/???
100% nekoj od DUI go pravi ova
dejan mislis? zosto?
ozonce Na Karposh ke mu go ispratime Atanas delov, maher za spravuvanje so vakvi radioaktivni situacii :)