dejan |
vo avstralija[;)]
ВЕЧЕРВА директна аудио линиЈа хаг-МЕЛБУРН
Љубе во живо со нашите во Австралија
Македонското патриотско друштво "Брат Љубе Бошковски - македонски војвода" вечерва од Мелбурн ќе воспостави директна телефонска линија со Љубе Бошковски во Хаг. За таа цел, во 19 часот во големата сала "Саншајн" ќе се одржи големо народно собрание на кое се очекува да присуствуваат неколку илјади Македонци од цела Австралија.
Телефонскиот разговор со Љубе Бошковски е закажан во 20 часот, кога тој директно ќе им се обрати на македонските иселеници. Тие ќе имаат можност да му поставуваат прашања и да го охрабрат, соопшти за "Дневник" Никола Ставревски, координатор на акцијата "За поддршка на Брат Љубе Бошковски" во Австралија.
Гласот на Љубе ќе го слушаат сите присутни во салата, а додека трае разговорот на видеобим ќе бидат емитувани снимки од активностите на Бошковски од времето кога ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи и од неговите средби со иселениците.
- Брат Љубе од Македонците во Австралија е прогласен за војвода, херој и за еден од најголемите синови на татковината. Правдата ќе победи. Тој нема да остане во Хаг, бидејќи неговото место е во врвот на македонската држава, а не во хашката ќелија- изјави вчера Ставревски во име на македонското патриотско движење на петтиот континент.
|