За амбасадор ќе треба повеќе од српски и албански
За амбасадор ќе треба повеќе од српски и албански
dejan ovaka treba. МНР ГО ПОДГОТВИ ЗАКОНОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ За амбасадор ќе треба повеќе од српски и албански јазик Идните македонски амбасадори ќе мора да имаат универзитетско образование и да знаат два странски јазика, од кои едниот светски. Во светските јазици нема да се вбројуваат македонски, албански, турски, бошњачки, српски, влашки и ромски. Тие треба да бидат дипломати од Министерството за надворешни работи или јавни личности афирмирани во општеството, се предвидува со новиот закон за надворешни работи. Според подготвениот закон, дипломатско-конзуларните службеници исто така ќе мора да знаат два странски јазика од кои едниот светски според стандардите на ОН. Во нив се вбројуваат англиски, француски, шпански, руски, арапски и мандаринската верзија на кинескиот јазик. Овие службеници ќе мора да се вработени во МНР. Законот предвидува тие прво да бидат две години приправници, по што ќе полагаат дипломатски испит, за на крај да се вработат на неодредено време. Но, нема да можат да сметаат на поправен, туку дипломатскиот испит ќе може да го полагаат само еднаш. Со законот кој се уште е во работна верзија, се предвидува две третини од амбасадорите да бидат професионални дипломати од МНР, а една третина ќе бидат таканаречени политички амбасадори. Според процедурата, професионалците пред нивното повторно испраќање во некое дипломатско-конзуларно претставништво, мора да поминат две години во МНР. Но, МНР нема обврска по враќањето да ги вработува политичките амбасадори. Новина во постапката на нивното именување е што доколку нема согласност меѓу МНР, Владата и претседателот, шефот на државата ќе може во рок од 30 дена да ја прекине постапката за да не се случи одолжување од неколку месеци. Секој дипломат, според законот, ќе мора да биде државјанин на Македонија, но и да има сертификат за класифицирани информации, што значи да не бил осудуван, но и да не соработува со странска служба. Со новиот закон направена е систематизација на дипломатските звања во МНР, но и спојување на звањата со функциите. Со него е регулирано и поднесувањето годишен извештај од министерот за надворешни работи пред Собранието, потоа формирањето визен центар во МНР за издавање македонски визи на странски државјани и политичка контрола на интегрираното гранично обезбедување, како и соработката на МНР со граѓанското општество.
lav
quote:
Originally posted by dejan
ovaka treba. МНР ГО ПОДГОТВИ ЗАКОНОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ За амбасадор ќе треба повеќе од српски и албански јазик Идните македонски амбасадори ќе мора да имаат универзитетско образование и да знаат два странски јазика, од кои едниот светски. Во светските јазици нема да се вбројуваат македонски, албански, турски, бошњачки, српски, влашки и ромски. Тие треба да бидат дипломати од Министерството за надворешни работи или јавни личности афирмирани во општеството, се предвидува со новиот закон за надворешни работи. Според подготвениот закон, дипломатско-конзуларните службеници исто така ќе мора да знаат два странски јазика од кои едниот светски според стандардите на ОН. Во нив се вбројуваат англиски, француски, шпански, руски, арапски и мандаринската верзија на кинескиот јазик. Овие службеници ќе мора да се вработени во МНР. Законот предвидува тие прво да бидат две години приправници, по што ќе полагаат дипломатски испит, за на крај да се вработат на неодредено време. Но, нема да можат да сметаат на поправен, туку дипломатскиот испит ќе може да го полагаат само еднаш. Со законот кој се уште е во работна верзија, се предвидува две третини од амбасадорите да бидат професионални дипломати од МНР, а една третина ќе бидат таканаречени политички амбасадори. Според процедурата, професионалците пред нивното повторно испраќање во некое дипломатско-конзуларно претставништво, мора да поминат две години во МНР. Но, МНР нема обврска по враќањето да ги вработува политичките амбасадори. Новина во постапката на нивното именување е што доколку нема согласност меѓу МНР, Владата и претседателот, шефот на државата ќе може во рок од 30 дена да ја прекине постапката за да не се случи одолжување од неколку месеци. Секој дипломат, според законот, ќе мора да биде државјанин на Македонија, но и да има сертификат за класифицирани информации, што значи да не бил осудуван, но и да не соработува со странска служба. Со новиот закон направена е систематизација на дипломатските звања во МНР, но и спојување на звањата со функциите. Со него е регулирано и поднесувањето годишен извештај од министерот за надворешни работи пред Собранието, потоа формирањето визен центар во МНР за издавање македонски визи на странски државјани и политичка контрола на интегрираното гранично обезбедување, како и соработката на МНР со граѓанското општество.
Секкао дека треба и поради овие позајмени констатации од некој друг форумџија. "Nema prijateli, samo interesi!" Posebno ne ni se prijatli sosednite drzavi koi se drzat krajno neprijatelski po sekoj osnov! Evropskata Unija ni e neprijatel zaradi svoite interesi da gi podrzuva gorenavedenite sosedi, iako vo nea Holandija i mozebi Danska ni se ponakloneti. Rusija i Amerika i ponatamu si igraat na Balkanot sprema svoite interesi. Posebno ne bi im veruval na anglosaksonskite drza i kako Kanada, Avstralija i slicni. Turcija ni beshe prijatel, no SDSM ja ukaka rabotata so Turrcija, a posebno LjuBco koj se prodade na Grcija. Kina bi mozela da ni bide prijatel, iako ja zasravme rabotata so Tajvan, no sepak Kina e mnogu daleku. Od golemite sili bi mozela i Japonija, no i tamu sranje nevideno od makedonskite "diplomati" - puleni na Kiro Gligorov.
mako Wow - poslem 14 godini ke imame zakon koj ke odredit nekakvi minimum standardi za diplomatijata! Kako im tekna volku brzo??