dejan |
barem vo nekoja druga zemja politicarite da im pomognat so makedonsko iskustvo kon EU:p
zosto sega kejot se prodava??? hoteli da se gradat tamU! NE
ВО ОБИД ДА ПРИВЛЕЧЕ ИНВЕСТИТОРИ
Владата ќе го продава кејот на Вардар
Владата го задолжила Министерството за транспорт да најде атрактивни локации за продажба на кејот на Вардар во Скопје и низ целата држава, каде што во иднина ќе се градат луксузни хотели и објекти, дознава "Дневник". Државното земјиште ќе се продава на тендер, откако Министерството во согласност со деталните урбанистички планови ќе го достави списокот на парцели, со кои располага државата.
Според наши извори, Владата дошла на идеја да го продава земјиштето покрај кејот на Вардар бидејќи повеќе странски инвеститори пројавиле интерес да градат хотелски објекти во земјава, како што е случајот со познатиот светски синџир хотели "Радисон САС", кој сака локација на плоштадот Македонија. Овие активности биле дел и од економската офанзива на Владата, што ја најави премиерот Владо Бучковски за привлекување странски инвеститори.
Сашо Чолаковски, портпаролот на Владата, вчера потврди дека на последната владина седница се дискутирало за продажба на атрактивно градежно земјиште низ земјава.
- Владата сака да види со какви парцели за продажба располага државата. Откако падна одлука за продажба на локацијата спроти Народна банка, Владата заклучи дека треба да се откријат сите атрактивни локации за кои може да се привлечат странски инвеститори. Не е поставен рок до кога Министерството за транспорт треба да ја подготви информацијата, но извесно е дека ќе се објави тендер за продажба - изјави Чолаковски.
Продажба на државно градежно земјиште на јавна лицитација имаше и пред две години, кога тогашниот премиер Бранко Црвенковски најави инвестициски бум. Меѓутоа планот на Владата со продажба на атрактивни локации да привлече странски инвеститори не успеа бидејќи за поголем дел од земјиштето парите не беа уплатени. |