Македонскиот јазол |
dejan |
EVE GO PRVIOT DEL, ZA TIE KOJ NEMOZAT DA JA KUPAT KNIGATA
Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (1)
Династичките врски на Грција во Европа
'Утрински весник" во неколку продолженија Ќе објави делови од книгата 'Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (1878 - 1914)" од Ханс-Лотар штепан, првиот германски амбасадор во Македонија. Станува збор за необјавени документи, главно од Архивот на Министерството за надвореШни работи на Германија, кои говорат за геостратегиската и геополитичката положба на Македонија во преодот од деветнаесеттиот кон дваесеттиот век
[img]http://217.16.70.245/izdanija/1756/23602.jpg[/img]
Картата на Балканот за време на руско-турската војна во 1877 и по Берлинискиот конгрес 1878 година
Ханс-Лотар Штепан
Дали (грчкиот) крал Георг воопшто имал - или дали членовите на неговата фамилија имале - можност да манипулираат со роднинските врски?
Тоа ќе биде допрва испитано.
Телефони сў уште немало. Во писмата, чија размена, впрочем, во тие времиња многу се негуваше, сепак, се губи оној тон на човечкиот глас кој треба да ги искаже емоциите. Значи, останал директниот разговор. За тоа потенцијалните партнери во разговорот морале лично да преземат честопати неудобни патувања. Погодна околност било тоа што и грчкиот крал, кој потекнувал од Данска, и кралицата Олга, која потекнувала од Русија, многу си ги сакале своите татковини. Па, така редовно биле организирани патувања. Редовно значи: секоја година, - под услов, поради неповолни околности, да не морало да бидат откажани.
Дури и првиот приложен извештај од големата збирка на списи само за кралското семејство во Грција, тука открива многу. Подоцна, во 1876 година, Георг искористи едно патување во татковината за да направи и мал излез во Лондон, Санкт Петербург, Берлин и Виена. И бидејќи редовно неговиот пат од Атина најпрво го водеше на бања во Е-ле-Бан, (што не беше случај во 1876 година, но инаку многу често) Париз стана дел од патувачката програма. Само по себе е јасно дека зетот на престолонаследникот имаше лесен, ако не и сигурно а приори непречен пристап до членовите на руската влада.
Исто така од Санкт Петербург приложен е и еден извештај на амбасадорот Фон Швајниц кој во август по должност се распрашал во Дворот за целта и успехот на посетата. Неговиот извештај фрла карактеристично светло на доследноста на кралот:
"Речиси со истите зборови како пред девет години, за време на востанието на Кандиотите, Неговото Величество, царот Александар сега и мене ми го пренесе своето мислење околу Грција; тој на младиот крал му ја повторил и овојпат старата аксиома дека Русија не може да дозволи Грчко кралство во Византија°.
Внимание!
Значи Георг не губел време и за првпат пред девет години, т.е. практично непосредно по (ако не дури и за време на) склучувањето на брак со великата кнегиња, му ги изложил на царот Александар ИИ, вујкото на неговата сопруга Олга, сега не толку скромните желби на Грците. Притоа, секако, дека и тој како крал (во тоа време веќе четири години бил на оваа позиција) морал да знае дека не само Русија, туку и другите реномирани држави во Европа, како Велика Британија и Австро-Унгарија и секако Италија, наследникот на Венеција, понатаму и несаканите словенски балкански држави Србија и Бугарија се стремеле да го освојат Константинопол. (На крајот на краиштата морало да има причина, зошто сите тие нужно морале да се задоволат со тоа што ќе го остават Султанот со неговите Османлии на Златниот рог - дури и по Првата светска војна). Но, Георг очигледно тргнал од правилото: мора да побараш многу, за на крајот да добиеш барем нешто.
И во следните децении стануваше збор за ова "нешто°, кое на крај стана премногу.
Без оглед на тоа што недостасуваа роднински врски со царскиот и кралски двор во Австро-Унгарија (што како последица на невообичаено отстапување на Хабзбурзите од добро познатата традиција "Војни нека водат другите! Ти, среќна Австријо, мажи се!° изгледа помалку зачудувачки во однос на данско-грчките односи), Георг мошне итро во октомври истата година ја посети и Виена и тоа не само од куртоазија. Станува збор за немирната 1876 година, кога востанијата од Херцеговина и од Црна Гора веќе одамна се беа прелеале во Бугарија и Македонија и кога Србија воен крах. Во таа состојба, на Балканот беа замисливи сите можни комбинации. тогаш кралот Георг, и покрај финансиската и воената ограниченост на Грција, сакаше уште да се замеша, барем вербално.
Германскиот амбасадор во Виена, Карл Граф фон Денхоф извести дека Георг ја конструирал следнава констелација:
"Ако романските трупи ја заземат Бугарија... би се побарало влегување на грчки трупи во грчките провинции на Турција° и (атинската) "влада не би можела да се спротивстави на ова барање°.
Со оваа безлична конструкција кралот, како што произлегува од понатамошниот текст, мислеше на патриотското грчко население кое беше искористувано за вакви акции, - но кое владата претходно мораше да го намами.
Како што може да се види: по посетата на Санкт Петербург, Георг се дистанцирал од своите максимални барања, - но, во никој случај не се откажал.
Може да се помисли дека Георг лично не заминал од земјата за време на Руско-турската војна 1877/78 година, како и за време на Берлинскиот конгрес, кога за Грција беше важно да добие "компензација° за атономијата која Ј беше дозволена на Бугарија (како отштета за повторно одземената Македонија). Успешен потег - како што се виде. Наместо тоа, на пролет принцезата од Велс го посети во Атина својот брат, грчкиот крал.
Но, веќе во 1879 година, во списите повторно се наоѓаат укази за патувањата на Георг во странство. Тој дури за 1880 година, планирал цели пет месеци, меѓу средината на мај и средината на октомври, да ја продолжи неговата очигледно омилена патувачка дипломатија. Имало доволно причини за политички разговори и поплаки во Париз, Лондон и Санкт Петербург, бидејќи Високата порта, по обичај, се обиде да ги избегне нејзините обврски од Берлинскиот договор во врска со изнуденото отстапување на Тесалија и јужен Епир - или барем да ги пролонгира. За да се потенцира грчката потреба, Атина дури и се мобилизира и енергично се закани дека (одново) ќе ги заземе обете провинции. Англиското воено аташе во Константинопол, капетан Свејн кој требаше "да допатува во Македонија, Тесалија и Грција°, "за да собере информации околу состојбата на воените подготовки на грчка и турска страна°, во Грција, всушност, не забележа "никаков ентузијазам во однос на зголемена мобилизација што беше очекувана за проширување на границите°. Следствено на тоа маневарот на Георг за присилување со помош на мобилизирањето не успеа.
Грција на крај ги доби јужен Епир и Тесалија, но, сепак Георг и години подоцна беше лут за предвремено прекинатата англиска поддршка на грчките интереси такашто тој уште во 1886 година, на враќање од својот годишен одмор во Данска го заобиколи Лондон.
Од ова може да се заклучи дека тој како мал крал беше многу умешен да биде неправичен и кон големите владетели.
Откако неговиот гнев кон Англија исчезна - на крајот на краиштата тој остана реалист во 1887 год. Георг заедно со целиот грчки двор отпатува (преку Париз) повторно за Лондон. Таму беше во тек славењето на 50-годишниот јубилеј на владеењето на кралицата Викторија. Секако дека грчкиот крал не можеше да ја испушти оваа прилика. Речиси истовремено можело да се прослави и сребрената свадба на крунисаниот принц Едвард која следела следната година. (Лесно може да се повлечат одредени паралели во сегашноста).
Потоа целата група (преку Германија) се упати кон Копенхаген на 70-тиот роденден на мајката на Георг, данската кралица Луиз. Од тука Георг ја испрати својата сопруга Олга сў до "дома°, до мајка Русија; и на враќање кон Атина Георг повторно направи починка во Виена. Сосема исполнет програм.
Па после некој нека рече дека кралот не водел сметка за грчките работи! Но, за чудо, во Атина тоа го велеа многумина.
"Како поданиците, така и господарот°. Како и неколку години пред него (1883) грчкиот амбасадор во Виена, кнезот Ипсиланти така сега во 1887 год. и кралот лично се пожали во австриското Министерство за надворешни работи, амбасадорот Монтгелас го цитираше:
"Соседите на Балканскот Полуостров во основа се непријателски расположени и сите - Србите, Бугарите и Романците - со иста раздразнетост атакуваа на грчките работи°.
Притоа тој повторно ги потенцираше "честољубивите аспирации (за) некогашното зголемување на елинското калство сў до Хелеспонт итн°.
Но, во тоа време повеќе од Европејците сў уште немаа усогласено мислење за отфрлање на ваквите авантуристички промени на расположението. Затоа австрискиот министер за надворешни работи, грофот Калноки му препорача на Георг,
"неговото внимание да го насочи кон средување на финансиите и воведување на прегледна администрација... а сета негова сила кон внатрешната изградба на државата°. Сепак, австрискиот министер за надворешни работи му рече на германскиот пратеник Фон ден Бринкен дека "на изложените идеи многу често им недостасува потребната логика и јасност..° "Севкупниот впечаток, што грофот Калноки го доби од грчкиот суверен, не е особено поволен°
Сепак, како по обичај, Георг не се уплаши од таквото одбивање
Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (2)
Грчкото поврзување со Германија
„Утрински весник“ во неколку продолженија ќе објави делови од книгата „Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (1878 - 1914)“ од Ханс-Лотар штепан, првиот германски амбасадор во Македонија. Станува збор за необјавени документи, главно од Архивот на Министерството за надворешни работи на Германија, кои говорат за геостратегиската и геополитичката положба на Македонија во преодот од деветнаесеттиот кон дваесеттиот век
[img]http://217.16.70.245/izdanija/1757/23668.jpg[/img]
Грчкото кралско семејство
Ханс-Лотар Штепан
Дури и добрите династички односи се осудени на пропаст, доколку повремено не се освежуваат. Во овој поглед Георг со сигурност стоеше рамо до рамо со класичната австриска брачна политика. Следствено на тоа, тој се грижеше да не пресушат семејните врски, туку да се мултиплицираат и што е можно повеќе да се зацврстуваат.
Како што е познато во 1888 година, беше царската година во Германија. Тоа и за германско-грчките односи се покажа како судбоносно.
Кон крајот на април најстариот син на грчкиот кралски пар, 20-годишниот престолонаследник Константин, се наоѓаше во посета на Берлин. Таму тој се сретна со принцезата Софија од Прусија. Таа не беше само мила, образована и убава, туку беше и трета ќерка на царот Фридрих ИИИ. Со тоа таа беше внука на Вилхелм И и бидејќи нејзиниот татко се оженил со една од ќерките на англиската кралица, таа истовремено беше и внука на кралицата Викторија. Но што беше најважно за Грција, таа беше сестра на Вилхелм ИИ, т.е. на подоцнежниот, всушност наскоро, германски цар. Мора да било љубов на прв поглед, бидејќи веќе на 3 септември се славеше нивната свршувачка. Во моментот на оваа прослава, братот на Софија, Вилхелм веќе три месеци беше на прускиот и германскиот трон.
Не е ни чудо што само четири дена подоцна британскиот "Стандард° го опиша грчкиот крал Георг, свекорот на сестрата на Вилхелм ИИ, како "интимен пријател и роднина на германското царско семејство°. Она што беше клучно во оваа врска: царот беше задоволен од свршувачката на својата сакана сестра.
Големата политика и во овој случај беше многу внимателна. Како што се очекуваше, стапи на сцена железниот канцелар од Фридрихеру. Кнезот Бизмарк повторно изготви општо важечка анализа. Беше прашан дали германската флота ќе може следната година за свадбената свеченост да се закотви во Пиреј. Тој не се сомневаше во тоа, но само затоа што во тоа време флотата и онака крстареше по Средоземното Море и нејзиното појавување пред грчкото или турското крајбрежје во Европа не би довело до погрешна интерпретација! Но, Неговото кнежевство во текстот, што го запишал стенографот (најверојатно, како што било вообичаено, неговиот син, грофот Херберт Бизмарк), го замоли Министерството за надворешни работи при усното излагање да му укаже на царот.
"дека врската... од личен аспект би била многу пријатна, но дека сепак, не би можела да помине без политичка реакција. Грчката политика била настојчива, подвижна и непресметлива и во прв ред била во судир, секако, со Турција. ... Но, во зависност од влијанијата на кои им подлегнувала, грчката политика се судрувала те со руската, те со англиската, а поради измешаните односи во Македонија, повремено и со бугарските и романските агитации, а и со австриските и италијанските планови. Јасното приближување на Германија до грчката политика би ги вознемирило сите велесили, пред сў нашите сегашни сојузници, Австриското Царство и Италија°.
Зарем не му текнало некому дека за побивање на неоснованото тврдење на грчкиот министер за надворешни работи споменато на почетокот на овој труд т.е. дека името Македонија е воведено од Тито дури во 1944 година, може да се повика меѓу другото и на формулацијата на Бизмарк упатена до Министерството за надворешни работи во врска со излагањето кај германскиот цар!?
Ако некому му беше потребен уште еден доказ за тоа колку Македонија била во центарот на општиот интерес, т.е. колку во суштина бил испреплетен "македонскиот јазол°, ете го!
Понатаму во текстот се вели:
"Покрај тоа, моќта на кралот не е одлучувачка во Атина, каде министрите се менуваат без причина и непредвидливо. Оттаму не би било паметно врската, која би се воспоставила со "посватувањето° со Грција, посилно да се потенцира од честа на нашиот кралски двор и интересите на Вашето Кралско Височество, кои ги донесе принцезата°.
Потоа следи еден пасус кој врз основа на германско-грчките односи, особено за време на Првата светска војна, слободно може да се третира како претскажување:
"Поради нејзините европски врски, кралската грчка фамилија ужива многу поголем углед и доверба од грчката нација и нејзината политика. Германскиот Рајх не може да ја следи последнава во нејзините несигурни насоки, кои би можеле да следат ... плановите и иднината на нашата политика кај преостанатите велесили би наишле на различни интерпретации. Оттаму господинот царски канцелар би сакал на Неговото Величество покорно да му препорача да се заштити, бидејќи роднинските врски со грчката кралска фамилија би добиле политичко значење, со што германската политика би можела да биде прерано осудена од другите велесили°.
Толку од Ото фон Бизмарк - речиси еден јасновидец, како што ќе се види понатаму! Но, дали Вилхелм ИИ, сепак, се држел до препораките на Бизмарк?
За разлика од Бизмарк, германскиот печат имаше друга мака која како што ќе се востанови подоцна, го оптоваруваше и царот: можното преминување на принцезата "Софија кон православието. Оттаму на 15.9.1888 година, весникот "Политише Кореспонденц°, веројатно со олеснување, во своите редови го објави следново соопштение: во врска со прашањето на менувањето на верата, весникот го насочи вниманието кон грчкиот устав,
"кој единствено во однос на децата на тогашниот кралски пар ја содржи одредбата дека тие мора да преминат во православието. Наспроти ова, не постои одредба која пропишува било што во врска со верата на новодојдените членови во кралската фамилија при нивните венчавки°.
Оваа информација ги смири наивните души, но, не и кралот. А Софија и без друго го знаеше тоа подобро...
Најбрзата реакција на меѓународниот печат, побрза дури и од онаа од Лондон, од разбирливи причини, дојде од Атина. Само два дена по објавувањето на веридбата, грчкиот печат изјави
"дека во ова гледа знаци на симпатии од Германија, на кои грчката династија и Грција искрено се радуваа°.
Така веќе почнаа самопофалбите!
Единствено францускиот печат се пенеше од лутина и се впушти во напад со зборови полни омраза. Германскиот пратеник во Атина, Ле Метре соопшти еден пример:
"'Месажер д'Атан', тукашен комплетно француски лист, полн со омраза кон Германците, пакосно укажува дека гласините (за повлекување на кралот Георг) биле лансирани од Берлин, каде со нетрпение се очекувало да се види како Нејзиното Величество принцезата Софија се качува на грчкиот кралски трон.°
Друга реакција стигна, секако, од данските родители на свекорот. Настанот "на данскиот двор бил поздравен со искрено задоволство и срдечна радост°. Кралот и кралицата повеќепати му се обратиле на пратеникот Фон ден Бринкен "со несомнено задоволство од бракот, кој ќе му донесе толку почит и среќа на кралскиот внук°.
(Ова во никој случај не се подразбираше, бидејќи од свадбата на нивната ќерка Дагмар со рускиот царски син Александар во 1866 година, нејзината антипатија - всушност, да бидеме реални, посоодветен е терминот "омраза° - кон Германците, поради данскиот пораз во 1864 година, и со свадбата на нејзиниот син Николај со една Германка (1894 година), не се намали, и сето време се обидуваше да му ја пренесе и нему).
Истата симпатија на германскиот амбасадор во Копенхаген му беше искажана и од останатиот двор, данскиот кабинет и од тукашните овластени странски претставници, со еден исклучок: единствено францускиот колега, господинот Томсон, кој "околу одржаната венчавка се изјасни негативно поради тоа што ..., сега е веќе јасно дека Грција, која толку Ј должи на Франција, сака да се оттргне од неа и да Ј се стави на располагање на Германија°. И бидејќи светот во дипломатската служба е навистина мал, тој додаде: "Меѓу другото слушам дека обајцата, и овластениот француски пратеник во Атина, грофот Монтолон, и адмиралот Лежен, долгогодишен пријател на грчката кралска фамилија, не виделе повод да направат воопшто белешки од свршувачката на престолонаследникот, а уште помалку да му честитаат на Неговото Кралско Височество. ... Дури образованите и разумни Французи (може да) се толку заслепени со омразата кон Германците ..., што изгледа речиси и го изгубиле нивното особено чувство за одмереност и добро однесување.° "Речиси?° "Се чини?°
Во текот на следните недели, "најрадосното возбудување° што го предизвика објавата на свршувачката во сите области во Грција, го натера пратеникот Ле Метре да изготви уште еден извештај како дополнение на горе цитираниот. Таму меѓу другото дава слика за грчката политика на интереси, која е поврзана со оваа прилика:
"Фактот дека умилкувачката национална суетност има свое учество во оваа радост, не може да се сокрие. ... Исто така во јавноста брзо се создало мислењето дека оваа врска меѓу фамилиите, доколку е потребно, на Грција ќе Ј овозможи и материјална поддршка, а со извесното проширување на територијата ќе Ј ги исполни и нејзините национални аспирации.°
Бизмарк го предвидел овој товар во иднината! Товарот не ја чинел скапо само Германија, туку и Македонија.
Во меѓувреме пратеникот се потруди да остане правичен кон Грците, и покрај нивните можеби недолични, но сепак не и толку невообичаени очекувања, бидејќи напиша:
"Сепак, не би било во ред да се верува дека единствено егоистичките обѕири и пресметки ги водат чувствата, со кои беше поздравен изборот на наследникот на тронот. Германија, чии интереси не се во судир со грчките желби, токму поради тоа се радува што тука е омилена како поинаква од другите велесили.°
Тој извести дури и за извесна жал за минатото која била регистрирана кај Грците во однос на претходникот на Георг, кралот Ото фон Баерн, кого тие во 1861 година, го протерале:
"Сепак, триесетте години на чело со германски крал, зад себе оставиле одредени спомени и извесен поблизок однос кон Германија. Германската трудољубивост, германската совесност, способност и образование наоѓаат тука, многу повеќе отколку на друго место, признание и уважување. Германското воспитување на децата во добро ситуираните класи на населението носи предност, а и познавањето на германскиот јазик во круговите на општеството е значително проширено. Така германската принцеза е добредојдена и како Германка.° ... "Со тоа идното поврзување ... на Грците им е уште подраго; домашната кнежевска фамилија, која на земјата Ј донесе вакво внимание од најмоќните држави, добива сў поголема популарност ...°.
Како дополнителен пример за благопријатното влијание на кралот Ото, може да се наведе следниов детаљ:
"Ново воздигнатата Елада ги презеде законските книги од Баварија, кои ги изготви правниот научник од Минхен, Георг Лудвиг Маурер, како член на Врховниот совет во времето на Отоните.°
Носталгичната "жал° беше еден сосема нов развој. Бидејќи уште претходната, 1887 година, саксонскиот крал ја оцени како позитивна молбата за воено образување "за основните воени науки, како на пример стратегијата, тактиката, фортификацијата и сл., во еден регимент во гарнизонот во Лајпциг, на вториот син на грчкиот кралски пар, принцот Георг, со следново образложение, дека впрочем "кралот од Грција бил дански принц и кралицата била руска принцеза, дека понатаму земјата ги уживала француските симпатии и француските офицери биле повикувани како учители на грчките трупи, дека оттаму дворот и земјата не можеле да се вбројат во пријателите на Германија°.
Уште многу месеци пред свадбата и пред доаѓањето на принцезата Софија во Атина, беше објавено дека "таа уште сега се занимава со изучување на грчкиот јазик°, што им се допадна на сите.
"Сликите од Нејзиното Височество висат насекаде во излозите, наидуваат на најпозитивно мислење и се добро продавани.°
Но, токму грчките симпатии кон принцезата Софија, а со тоа и кон Германија, на Французите во Атина им беше неподнослив трн во око. Тоа не го почувствува само кралот туку и парламентот. Во неговото обраќање при отворањето на седницата на парламентот во ноември 1888 година, Георг се осмели да го спомене и "врзувањето со една славна и моќна династија°. И покрај нејзиниот чисто протоколарен карактер оваа забелешка во Атина предизвика незадоволство кај француската колонија, гладна за внимание. "Тукашните француски влијанија и подбуцнувања°, така известуваше пратеништвото, принудија еден опозиционерски политичар "за време на дебатата по обраќањето на владата, да побара објаснување за значењето на овој пасус°. На премиерот Трикупис не му преостана ништо друго, туку во едно долго објаснување да го изјасни ставот на грчката влада. Тој рече,
"дека свршувачката на престолонаследникот, дури и да е последица на пристрасност, без сомнение не е лишена од политичко значење°. Оваа алијанса "не значи заземање непријателски став кон било која друга велесила°. "Тој ќе негува пријателски однос кон Германија, но, не на штета на Франција... Во ... обраќањето ... во оваа прилика не се јави повод да се зборува за чувствата на Грција кон Франција. Но, ова не го исклучува нивното постоење.°
|
dejan |
Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (4)
Србија и Балканскиот сојуз
'Утрински весник" во неколку продолженија објавува делови од книгата 'Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (1878 - 1914)" од Ханс-Лотар штепан, првиот германски амбасадор во Македонија, Што неодамна ја издаде 'Аз-буки". Станува збор за необјавени документи, главно од Архивот на Министерството за надвореШни работи на Германија, кои говорат за геостратегиската и геополитичката положба на Македонија во преодот од деветнаесеттиот кон дваесеттиот век
[img]http://217.16.70.245/izdanija/1759/23769.jpg[/img]
Еден од креаторите на балканската политика: германскиот канцелар Ото Фон Бизмарк
Ханс-Лотар Штепан
Задачата на секое претставништво во странство - и тогаш и сега - покрај негата на билатералните односи и грижата за сопствените државјани во земјата домаќин, е и информирањето на татковината по пат на извештаи. Амбицијата на секоја мисија - и тогаш и сега- лежи во тоа преку екстраполација да се направи обид да се даде прогноза за иднината на земјата домаќин, односно регионот, и да се предвиди развојот на настаните. Од оваа гледна точка, еден германски шеф на мисија дава мошне впечатлив пример:
Уште во 1880 година, значи само две години по Берлинскиот конгрес, министерската резиденција на германскиот кајзер во Белград испрати извештај на канцеларот и министерот за надворешни работи, грофот Ото фон Бизмарк. Како што подоцна ќе се дознае, овој извештај однапред ги предвиде случувањата кои ќе се покажат како историски во децениите што следеа.
Со малку зборови, господинот Фон Баир посочува една од клучните точки во проблематиката на Балканот по 8. руско-турска војна од 1877/1888 година, од гледна точка на Србија:
"Кај голем дел водечки државници во Србија ... може да се воочи убедувањето дека Ориенталното прашање не е докрај решено, и дека порано или подоцна, Турција ќе биде натерана сў повеќе да се повлекува од Балканскиот Полуостров°.
Овој заклучок покажува моќ за предвидување и прецизно познавање заради тоа што велесилите исходот во Берлин во никој случај не беа склони да го посматраат како краткотрајно решение, бидејќи се надеваа дека со ова конечно ставиле точка на нивните повеќевековни несогласувања околу морските теснеци и Константинопол. Но ниту Турција не помислуваше исходот од Конгресот да биде конечна пресуда за нејзиното присуство во Европа: никогаш не ја отфрли можноста за враќање во Европа, и по пат на освојување, што, на пример, Србија го почувствува во 1813 година.
Шефот на мисијата отиде и понатаму: иако беше стациониран во Србија, изворот на антагонизмот кон Турција го посочи во Бугарија, и даде предвидување за она што навистина ќе се случи 30 години подоцна:
"Во овој случај, во една моќна Бугарија најпрво се согледува елементот, кој неговите експанзионистички стремежи, со руска и пансловенска подршка, несомнено ќе ги насочи и кон оние провинции, кон кои Србија никогаш не престанала да полага историски права°.
Паѓа во очи тоа што пратеникот во врска со европските поседи на Турција не говори за повторно обединување или повторно освојување, туку за "експанзионистички стремежи°, - што всушност и беа.
Со "оние провинции°, кон кои се насочени експанзионистичките стремежи, секако се мисли на провинциите кои по Берлинскиот конгрес му беа вратени на Османлиското царство: Тракија и Македонија.
Што се однесува пак до "историските права°, големосрпскиот сон се повикува на кусиот период на владеење на царот Стефан ИВ, Душан Силниот, од династијата на Немањиќите, кој владееше од 1331 до 1355 година. Во негово време не само што ги покори Бугарите, Црногорците и Македонија и на 16.4.1346 година во Скопје се круниса за цар, туку освои и голем дел од Грција. Со тоа ги објави своите аспирации за наследник на византискиот цар. Еден кус сон - бидејќи по неговата смрт, големото српско царство од Дунав до заливот Патрас се распадна. По 1389 година, од Мала Азија, на неговата територија навлегоа османлиските туркотатари.
Со ова, помалку од 50-годишно владеење со Македонија во ЏИВ век, Србите наоѓаат оправдување за анексијата на Северна Македонија (Вардарска Македонија), за да нивните денешни претензии барем привидно имаат континуитет, - навистина авантуристичка аргументација.
Но извештајот содржи и други интересни заклучоци:
"Односите помеѓу Србија и Бугарија нудат минимална основа за следење на заедничките интереси, така што не може да стане збор за зближување или пак сојуз меѓу двата соседни народа°.
И оваа оцена по 30 години ќе се покаже точна; - сў до моментот кога двете спротивставени страни, по големите напори и претрпените противудари, немаа друг избор освен да побараат заеднички излез, ако сакаа да остварат барем дел од своите цели - и тоа повторно со помош од страна (читај: од рускиот цар, и уште повеќе од Атантанта). Очигледно дека ниедна балканска држава не можеше сама да ги реализира своите замислени претензии на целосниот поранешен турски посед на европската почва.
Извештајот се покажува особено коректен во однос на следново: поддршката од Русија на новосоздаденото кнежевство Бугарија
"изгледа разбуди претензии, кои не се однесуваа само на областите со бугарско население, туку, како што станува јасно од планираниот закон за натурализација, и на туѓи територии°.
Лесно се забележува во што се состои несекојдневната важност на овој цитат. За разлика од претходните текстови, овде не се споменуваат "оние° области, туку туѓи области. Оттаму произлегува дека жителите на овие туѓи области, значи Тракија и Македонија, во никој случај не се Срби или Бугари. Се работи за жителите на Тракија, значи Тракијците, и жителите на Македонија, значи Македонците.
Со ова известувачот сосема трезвено укажува на една меѓусебна поврзаност, која - покрај на самите агресори - им е позната само уште на историчарите и експертите за Балканот.
Во изминатите 120 години Србите, Бугарите и Грците создадоа пракса да ги блокираат сите обиди да се покрене прашањето за засебен македонски идентитет. Во тоа време ги следеа своите империјалистички цели во сенката на ова искривоколчување на историјата, а денес не сакаат да бидат потсетувани на анексиите по Балканските војни. За да се спречи ова, погодните аргументи за историјата се отфрлаат со објаснување дека би го загрозиле мирниот соживот на народите на Балканот, - пристап на кој доволно се сеќаваме по повеќедецениската поделба со идеолошките противници на комунистичкиот блок за време на студената војна.
Србија во Берлинскиот конгрес и австриската окупација на Босна имаше право да се чувствува огорчена. Наводното привремено запоседнување постепено ги намалуваше српските надежи за потесно зближување со братскиот народ - сў до моментот кога, 30 години подоцна, се покажа дека тоа биле лажни надежи. Ова до денешен ден ја има затруено политичката атмосфера во регионот.
Веќе обелоденивме дека Австрија беше приморана на ваков чекор но и на останатите балкански држави им олесна што не дојде до обединување на Србија и Босна. Голема Србија несомнено би имала магнетно дејство врз соседните територии од другата страна на границата - како што, речиси сто години подоцна, покажа Слободан Милошевиќ со неговата експанзионистичка програма. (Денес Босна толку се осамостои, што Дојче Веле емитува радио програми на босански јазик!).
На Србија не Ј се допаѓаше концентрацијата на моќта во туѓи раце, и во тие случаи не се двоумеше соодветно да реагира. Така, во 1886 година (истата година од која потекнуваат и следните соодветни извештаи), настана една констелација, која доведе до тоа Србија, иако огорчена на Австрија, да треба дури и да Ј се заблагодари:
Во 1882 година, Србија стана кралство; Милан, со свои 28 години, стана најмладиот крал во Европа. Откако во 1885 година, Бугарија, прекршувајќи го Берлинскиот договор, најави обединување со автономната, но сепак сў уште турска провинција Источна Румелија, српскиот крал Милан во ова најде повод да ја нападне Бугарија, за да тој ја анектира Источна Румелија, иако неговите аспирации не беа ниту историски, ниту етнички, ниту пак правно издржани. Со оваа агресија избувна српско-бугарската војна. По претрпените тешки порази, особено оној кај Сливница (во близина на Софија), само вмешувањето на Австрија можеше да ја спаси Србија од губење на територии во полза на Бугарија - во тоа време се нарекуваа "компензации°. Нормално, овој гест придонесе за проавстриско расположение во Србија - барем привремено.
Подготвеноста на Австрија на ваков чекор всушност беше поради натпреварот помеѓу Виена и Санкт Петербург за тоа кој ќе има најголемо влијание на Балканот; Австрија се надеваше дека со оваа "застапничка војна° на Србија ќе ја вовлече (надевајќи се поразената) Бугарија во австриската сфера на влијание. Австриската помош беше резултат на тајниот договор за пријателство, кој Белград во 1881 година, го потпиша со Виена. Но со оглед на тоа што Бугарија излезе како победник, на Австрија не Ј остана ништо друго освен отворено да застане на страната на Србија.
Оттаму и фактот што Австрија (поддржана од Англија), надевајќи се дека со ова ќе наиде на разбирање во поглед на формирањето на Балкански сојуз, на српскиот крал кон крајот на 1886 година, му предложил вклучување и на Романија, со објаснување дека
"состојбата на ориентот, поточно постапките на Русија, налагаат на ваков чекор°.
Оваа препорака изгледа дека наишла на слични стравувања кај кралот Милан, бидејќи позната е неговата надеж во поглед на југоисточниот сосед на Србија, дека Бугарија би можела да биде во состојба да прогласи и одбрани независност.
"Доколку со руската поддршка дојде до осамостојување, тоа би било почеток на црни денови за Србија°.
Овој постојан кошмар на малите земји претставништвото во Белград (од тогаш па натаму пратеништво) го коментира во извештајот кој следел:
Со формирањето на сојуз "според неговото мислење, кралот во заедничка преданост против Русија го гледал единствениот начин да се спасат од руска, односно пансловенска апсорпција°.
Српскиот крал изгледаше толку импресиониран од руската закана, што изјави дека е спремен да го прифати "формирањето на овој сојуз па дури и на чело со Турција°, - но познавајќи го стариот лисец, оваа изјава со сигурност била само дел од игрите во политиката.
Сепак, изгледа дека и Русите добиле слична претстава за состојбата. Во секој случај, германскиот пратеник од српскиот крал дознал
"дека рускиот премиер ... директно го прашал за гласините кои кружеле околу создавањето на Балканскиот сојуз и добил впечаток дека Русија, со оглед на тоа што Ј оди против интересите, нема да дозволи формирање на ваков сојуз°.
Оваа констелација сепак беше со краток век, бидејќи рускиот и австрискиот став во врска соБалканскиот сојуз набрзо се променија.
Само пет години подоцна, се чинеше дека коалициите, а со нив и фронтовите, се сменија. Воочливо е дека на ред повторно доаѓа срцето на проблемот, не само на Балканскиот сојуз, туку и на севкупниот балкански конфликт: Македонија.
Како што пратеништвото го извести германскиот канцелар- сега пешадискиот генерал Фон Каприви - српскиот претставник во Софија во една пригода си дозволил воодушевено да изјави
"колку на секој Србин му гори во крвта желбата за 'реванш за Сливница', и колку популарна би била една нова војна против Бугарија°.
Пратеникот Фон Ванганхејм веднаш го доставил концизното објаснување за суштината на проблемот:
"Најчувствителната точка е секако Македонското прашање: 'дури и кога не би настанал сојуз помеѓу Србија и Црна Гора и Грција, овие три држави сепак не би дозволиле јакнење на Бугарија со заземање на Македонија, и нивниот одговор на еден ваков чекор би бил објава на војна'°.
Тоа значи дека примарна цел на секоја од четирите горенаведени држави била анектирање на териториите на поранешна Турција; секундарна цел - за да се спречи нарушувањето на рамнотежата на Балканот, на ниедна држава да не Ј се дозволи да го добие целиот плен.
За историски, политички или етнички издржани претензии, поради наведениве причини, не станува збор, - бидејќи такви не постојат. Зошто заинтересираните би се раправале со правни прашања, кога и онака имале намера со сила да ги присвојат туѓите територии?
За сите потенцијални учесници, едно беше јасно. Балканскиот сојуз кој би имал за цел освојување на Македонија, без Бугарија, или пак против неа, не би успеал. Оттаму проектот не беше изведен. Мораше да се чека на поповолни прилики.
И во годините на принудното затишје, балканските држави во никој случај не мируваа. Револуционерните комитети и нивните водачи, кусо именувани Комитаџии, во турските области вршеа подготовки за нивното идно владеење по пат на убедување на тамошното население преку посрбување, побугарчување и погрчување, - бездушен очајнички обид, кој тераше да го принуди населението од териториите кои требаше да бидат анектирани да се преиначат во Срби, Бугари и Грци, бидејќи до тогаш тие не биле ништо друго, туку Македонци. (продолжува)
|
dejan |
Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите
на Балканскиот сојуз (3)
Плановите на кнезот Александар за Македонија
'Утрински весник" во неколку продолженија Ќе објави делови од книгата 'Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (1878 - 1914)" од Ханс-Лотар штепан, првиот германски амбасадор во Македонија. Станува збор за необјавени документи, главно од Архивот на Министерството за надвореШни работи на Германија, кои говорат за геостратегиската и геополитичката положба на Македонија во преодот од деветнаесеттиот кон дваесеттиот век
[img]http://217.16.70.245/izdanija/1758/23755.jpg[/img]
Династијата Сакскобург
Годината 1885 беше клучна во историјата на младата бугарска држава: Таен револуционерен комитет изврши притисок врз владата и ја принуди да го спроведе соединувањето со Источна Румелија. Екс-амбасадорот на Америка Џорџ Ф. Кенан за ова пишува: Премиерот Каравелов
"мора да го беше убедил кнезот Батенберг дека може да го чини тронот, доколку движењето за обединување не се здобие со неговите симпатии° ... "Беше во опасност да биде сменет од Големите сили доколку го подржи востанието (бидејќи со тоа би го прекршил Берлинскиот договор), а од друга страна да биде симнат од престолот од страна на сопствениот народ доколку не го стори тоа.° Неколку страници подоцна, Кенан дополнува "Акцијата во септември 1885 година беше ... спроведена од една група, на која Ј припаѓаа и одреден број Македонци°.
Кенан не ја објаснува причината за учеството на Македонците, но може да се претпостави дека повторно им било ветено дека по успешното обединување на Источна Румелија со Бугарија, ќе им се помогне и ним во стекнувањето автономија, - повторно погрешна проценка. Исход на уште една измама.
Торстен Сцобрис појаснува, цитирајќи го Фикрет Аданир:
"По лесното отстранување на османлиските владејачки структури во Источна Румелија, се чинеше дека привремената автономија е вистински преоден чекор кон анектирањето на Македонија°.
Иако оваа опција не беше исклучена со Берлинскиот конгрес, веднаш се јавија барања за компензации на љубоморните Срби и Грци, иако тие немаа ни најмали права на оваа област. Но познато е дека во тоа време тоа не беше никаква пречка за посакување на туѓа земја. Србија толку сметаше дека е во право, што започна и војна против Бугарија поради Источна Румелија, но кај Сливница беше поразена од Батенберг (кој го имаше своето воено крштевање во руско-турската војна од 1877/78 година), - и само Австрија, поради тајниот договор склучен со Србија, ја спаси од губење територии во полза на Бугарија. Победата на Батенберг, кој и онака не беше омилен на царскиот двор, во Русија наиде на негодување, особено што Александар фон Батенберг го сметаа за "послушен вазал°.
На многу места во стручната литература се сретнува лошиот став на царот кон бугарскиот кнез поради акцијата за обединување. Но, проф. Аданир посочува дека уште во протоколот на "Сојузот на трите кајзери° од 18.06.1881 година, стои дека во принцип "обединувањето на Источна Румелија со Бугарија е прифатливо°. Оваа спогодба не ја исклучува можноста дека царот сметал дека обединувањето е преурането и ја искористил приликата "по овој повод° да го искритикува пројавеното неискуство и дрскост на Батенберг (и покрај можноста за германско-бугарско династичко поврзување), но на крајот на краевите, принципот на обединувањето беше прифатено и од руската страна.
Овој успех изгледа му удри в глава на младиот кнез. При една посета на Букурешт му се испуштија неколку компромитирачки изјави за романскиот крал Карл и неговиот премиер Братиано. Како што амбасадорот д-р Буш чу од последниов, Александар одлучил, по Источна Румелија
"да го прошири унионистичкото движење и кон Македонија°. Понатаму, Александар дал предлог кралот Карл да претседава со "конфедерацијата на балкански и дунавски држави која би требало да се формира.° Кнезот, "доколку успее проширувањето кон Македонија°, ("доколку°!), како отштета на Романија Ј понудил зголемување на Добруџа.
Министерството за надворешни работи во Берлин можеби и ќе преминеше преку она што романскиот премиер на германскиот амбасадор му го опишал како "фалење° и "лекоумност°; но Батенберг, според Братиано, мислел дека може да смета на некој вид одобрување од Германија за своите планови. По итната наредба на Бизмарк упатена на Софија, пратеникот Фон Залдерн побара прием кај кнезот за потоа да извести дека Александар негирал сў. Но дури и неговата ублажена изјава во врска со Македонија ("Сакал, сў додека е можно, да не посегнува по Македонија...°!) беше доволна за Бизмарк да испрати уште една наредба кон амбасадата на Санкт Петербург, со цел царот да не се здобие со погрешна претстава за Германија (познато е дека најмногу стравувал од тоа):
"Со оглед на тоа што кнезот ... објавил дека Германија е запозната со неговите планови за анексија на Македонија ... се чувствувам обврзан јасно да истакнам дека ... патот на германската политика никогаш не би водел кон одобрување на вакви луди и револуционерни комбинации.°
Стравувањата на Бизмарк беа оправдани. Тој го познаваше царот и беше свесен за силната антипатија на неговата свршеница Дагмар (ќерка на данскиот крал Кристијан ИЏ) кон Германија, - антипатија, која во долгите години брак можеби се пренела и врз царот Александар ИИИ.
Романскиот крал и неговиот премиер стравуваа,
"дека Русија, со текот на времето, нема да стои настрана при походите на бугарскиот кнез, и дека тоа може да доведе до воена интервенција во Бугарија, која за Романија како соседна и транзитна земја е крајно непосакувана.°
Всушност, ова беше многу умерено формулирано, бидејќи Романија, служејќи како транзитна земја, многупати страдаше при руските воени походи на Балканот, а последен пат тоа се случи во 8. руско-турска војна поради Бугарија во 1877 година.
Кнезот Александар е цитиран и со уште една изјава, тој мора да ја прогласи Бугарија за независна од Турција. Но оваа цел не успеа лично да ја достигне:
Односите на Александар и Бугарија со Русија беа толку влошени, што на 9.8.1886 година, од проруски офицери беше принуден да се симне од престолот. На претседателот на парламентот, Стамоболов, му појде од рака да го врати на престолот, но еден месец подоцна се откажа поради условувањето од царот Александар ИИИ.
Од Џорџ Ф. Кенан и Паул Зете знаеме дека оваа историја своите корени ги има во една љубовна романса. Бугарскиот кнез Александар фон Батенберг и седумнаесетгодишната внука на Вилхелм И, Викторија (ќерка на престолоналедничката "Вики°, и оттаму внука на нејзината мајка, кралицата Викторија, и со тоа сестра на Вилхелм ИИ) беа тајни љубовници, а ја имаа и мајкината поддршка (на подоцнежната кралица Фридрих. Германска принцеза од Хоенцолерите на бугарскиот трон? И тоа токму во земјата чие ослободување од османлиско ропство (оправдано наречено "турски јарем°) пред само неколку години Русија скапо го плати со крв - значи, во земјата која, всушност, Русија во прва линија си ја имаше избрано за себе, сепак, само како сопствено поле за игра? Никако!
Следствено, железниот канцелар мораше да го запознае кнезот Александар со неколку основни принципи на германскиот државнички резон:
"Германија нема никакви интереси кон Бугарија, во наш интерес е мир со Русија. Затоа, пред сў, Русија треба да биде убедена дека ние немаме никакви интереси на ориентот°. (За потсетување: Ориент - Балкан) "На денот кога германската принцеза ќе стане бугарска кнегиња, Русија ќе се посомнева и нема да поверува ниту збор од овие гаранции. Но ова нема да го дозволам ...° И понтаму: "Вашето височество ги ужива симпатиите на германските угледни кругови, и јас самиот имам високо мислење за Вас; но јас сум канцелар на 45 милиони Германци, и не можам да ги жртвувам нивните интереси заради еден Германец°.
Со ова беше донесена конечна пресуда против венчавката на која се надеваа. Бизмарк додаде и дека Бугарија ќе стане објект за компензации во спогодбите на Големите сили, - но тука (и покрај искуството и знаењето за структурата на моќта во тогашното време како и начинот на кој балканските држави се третираа како колонии) Бизмарк погреши.
Конечно, епската потрага по лична среќа на двете "кралски деца° беше спречена од законите на високата политика заради избегнување на меѓународна криза. Во "аферата Батенберг°, според Зете, "лутината на царот° младиот кнез "го чинеше престолот на Бугарија°.
Кенан посочува дека претпазливоста и одлучноста на Бизмарк (се закануваше дури и со повлекување) беше залудна. И покрај забраната, благодарение на француските интриги недовербата на царот кон Германија беше толку голема, што и покрај сите убедувања, никако не можеше да биде разубеден дека Германија повеќе не стои зад Батенберг.
Историјата потврдува дека четириесет години подоцна огорчената вдовица Викторија "во незаситената глад за среќа° во Бон (повторно спротивно на советот на нејзиниот брат, кој сега живееше во Дорн) се омажи за младиот авантурист Александар Цубков, додека пак поранешниот бугарски кнез Александар, земајќи го името гроф Фон Хартенау беше среќно оженет со поранешната актерка на дворскиот театар во Дармштат, Лојзингер.
http://217.16.70.245/?pBroj=1758&stID=34511&pR=5 |
dejan |
Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (4)
Константинопол и Мaкедониja точки на крстосување на туЃите интереси
'Утрински весник" во неколку продолженија објавува делови од книгата 'Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (1878 - 1914)" од Ханс- Лотар штепан, првиот германски амбасадор во Македонија, што неодамна ја издаде 'Аз-буки". Станува збор за необјавени документи, главно од Архивот на Министерството за надворешни работи на Германија, кои говорат за геостратегиската и геополитичката положба на Македонија во преодот од деветнаесеттиот кон дваесеттиот век
[img]http://217.16.70.245/izdanija/1760/23826.jpg[/img]
Константинопол
Ханс-Лотар Штепан
Уште првиот релевантен примерок во картите нуди едно изненадување. Од еден доверлив Аиде-Мемоире, којшто царскиот турски амбасадор во Берлин, Саид-паша, го доставил до германското Министерство за надворешни работи за демаршот врз основа на препораката од Константинопол во 1883 година, може да се заклучи дека Високата порта стравувала од офанзивата на една алијанса од балканските држави Грција, Бугарија, Србија и Црна Гора, која би била примарно насочена против Османлиското царство.
Во досегашните поглавја за поединечните земји веќе на многу места беа прикажани документите кои докажуваат дека во текот на триесетгодишниот развиток од Берлинскиот конгрес до Балканските војни повремено се појавуваа и индиции според кои "заверата° на балканските држави против Османлиското царство, со цел да се анектираат неговите последни територии во Европа, па Султанот и на неговата влада, на Високата порта, во никој случај не му беа непознати. Меѓутоа, сепак, изненадувачки е фактот дека веста за офанзивниот сојуз против Турција се беше пробила до Константинопол веќе пет години по Берлинскиот конгрес, тоа значи во мигот, во кој, додуша, навистина, се коваа такви планови, но самиот Балкански сојуз сў уште лежеше во далечната иднина.
Според тоа, треба да се има предвид дека Османлиското царство во никој случај не беше целосно неинформирано, па така тоа ќе можеше благовремено да реагира со противмерки. Од друга страна, можеби Султанот и неговиот кабинет, сеќавајќи се на постојаното турско повлекување во текот на изминатите векови, бездруго беа свесни за силата на ослободителните движења и за тежината на силите коишто стоеја зад нив, додека Турците, во својата фаталистичка пасивност, беспомошно ја посматра својата пропаст. Тие, можеби, токму заради ваквата свест реагираа толку нереално на знаците на времето како и другите империјални и империјалистички сили пред нив и по нив, имено, со тактиката на одлагање, потиснување и слични механизми. Речовито сведоштво за тоа нуди еден извештај на амбасадата на Константинопол, според кој Портата, едноставно, ги игнорирала заканувачките последици:
"Гласините ... за политичкиот договор склучен помеѓу Грција, Бугарија и Црна Гора, којшто, исто така, требаше да се однесува и на заедничкото постапување во случај на војна во која би била вмешана Турција, овде немаат оставено голем впечаток, каде што никој не сака да верува во едно, дури и привремено, обединување на бугарските и грчките интереси°.
Турците, можеби, очајнички се држеа за надежта дека Големите сили, како што толку често беше потврдено, нив нема целосно да ги остават на цедило - што во најкрајната консеквенца, потем, и навистина се потврди.
Сличен став може, исто така, да им биде припишан и на Македонците, коишто, очигледно, не можеа да си замислат дека нив, во нивната праведна борба за слобода против Турците, Европа навистина би ги оставила на цедило.
Многу значаен е еден напис којшто "Норддојче алгемајне цајтунг° го имаше преземено од софискиот "Балкан°, во којшто се констатира:
"Постоењето на Турција веќе со години е едно прашање чиешто разрешување се спречува единствено од силите што се заинтересирани за тоа. На Турција Ј е позната нејзината состојба и таа затоа повеќе не смета за неопходно да се погрижи за внатрешната организација на земјата. Таа е уверена дека нејзиниот опстанок зависи единствено од среќата и од фактот дека во неа се вкрстуваат интересите на Големите сили°.
Со тоа весникот кратко и јасно, но многу точно го резимира најзначајното за преживувањето на Османлиското царство на европската почва. Интересно е што весникот го продолжува своето согледување со тоа што односите на Големите сили во однос на Турција ги споредува со односите на малечките балкански држави во однос на остатокот од Турција, имено, во односот кон Македонија. (Сосема е разбирливо дека бугарскиот весник ги претставува односите на еден таков начин, небаре ниту Србија, ниту Грција не пројавувале желби за Македонија, туку единствено Бугарија.) доколку се занемари ваквото ритуално повторување, во секој случај, изненадувачки е тоа што весникот признава дека патиштата на овие три балкански држави се "вкрстувале во Македонија°.
Не е исклучено дека Македонците - доколку тие воопшто биле запознаени со шпекулациите и интригите на нивните соседи, што треба да се претпостави со оглед на дејноста на бандите од осседните држави - уште на крајот на 19 век се потпирале врз надежта дека антагонистичките интереси на нивните соседи не само што се вкрстуваат во нивната земја, туку дека тие, притоа, со тоа и се неутрализирале. Тоа значи:
Исто онака, како што апетите на европските големи сили меѓусебно се укинуваа во Константинопол (и на мореузите), со што остануваше зачувано постоењето на Османлиското царство, на истиот начин и Македонија би можела да преживее во мирното јадро на бурата којашто ја предизвикаа нејзините осседи. Доколку Македонците по Берлинскиот конгрес негуваа вакви размислувања, тогаш нивните надежи не ќе ги излажеа во текот на целите триесет години - сў до 1912 година.
Калкулацијата на Македонците ќе можеше да опстане, исто така, и подоцна доколку силите на Антантата не ќе беа ги врзале за себе балканските држави со сојузите на штета на Македонија. Да не беше..., да не беа...
За да извлечеме една паралела помеѓу Македонија од 19 век и Република Македонија од 1991 година, може да се покаже дека размислувањата на новоформираната држава навистина одеа во таа насока. Македонскиот претседател Киро Глигоров во многубројните политички разговори со странските политичари укажуваше на предноста на Македонија во тоа што таа се наоѓала во рамнотежа помеѓу желбите на нејзинтие соседи.
Доколку една од соседните држави пред лицето на светската јавност ќе го земеше врз себе срамот да ја нападне беспомошната Република Македонија (како во 1912 година), за да ја распарчи (како во 1913 година), тогаш, навистина, веднаш, повторно, во тоа ќе се вклучеа и другите соседи; од друга страна, меѓународните организации ќе мораа на Македонија да Ј гарантираат заштита според меѓународното право. Одовде потекнуваше првобитното стравување на европските држави и на Америка заради радикализацијата на српката политика под водството на Милошевиќ:
"Српската 'мегали-идеја' со ништо не се разликуваше во нејзината темелна структура од грчката, бугарската и хрватската 'мегали-идеја' и таа, во нејзината суштина, остана неизменета и денес. Совмесно и опортуноста, националистите се повикуваа де на историско-територијалните, де, одновно, на етничко-културните права.°
Заради ваквата констелација во првите години на македонската независност стана честа и вообичаена метафора сликата на Михаел Вајтман за "четирите огнови° околку Македонија, односно споредбата на Штефан Требст со "четирите волци°.
Тоа одеше околу десет години добро. Во меѓувреме, се чини, дека, со оглед на тајфунот од неочекувана страна, се уништуваше надежта за опстанокот на Македонија. Како застапник на останатите три нации, се чини, дека албанското малцинство си има стекнато за себе (да не речеме: си има купено) многу поддршка од западната - како европска така и американска - страна, така што постојат длабоки сомнежи во зачувувањето на погоре опишаната рамнотежа. И покрај еден помалечок недостаток во обликувањето на уставот, за Албанците не постои никаква ниту најмалечка правна основа да смеат да ги спроведуваат експанзионистичките територијални и сецесионистички планови во насока на Големо Косово (или Голема Албанија). Затоа што тие самите знаат дека нема таква основа, тие се обидуваат нивните територијални претстави да ги спроведат со насилство и етничко чистење.
Српскиот крал Милан од 1882 до 1886 година, сметаше дека целосно е можно решението на ориенталното прашање по мирен пат. Балканскиот сојуз, чијашто идеја "сў уште лежела во потполно детство°, не претставувала "опасност за никого°.
"За волја на вистината, апсолутно неопходен (така стои во текстот) предуслов на еден таков сојуз, на чиј врв ќе можеше да застане. Портата, беше таа да се одлучи да ги задоволи националните стремежи на поединечните држави и да прифати да Ј преостане Константинопол и една соодветна територија°.
Дали, пак, беше вина на кралот Милан тоа што Султанот не сакаше да сфати дека тој ќе можеше да го зачува мирот доколку се откажеше од неговите европски врски сў до Константинопол и од едно малечко парче од територијата? (Ова малечко парче, во коешто навистина се состоеше подоцнежното решение, беше Источна Тракија).
При сета флегматичност и сета резигнираност на ориенталците, она што, сепак, кралот Милан во овој концепт му го изложи на германскиот пратеник Фон Брај не беше само едно целосно потценување и погрешна проценка на одбранбената подготвеност на Турците, туку тоа беше, кусо речено, дрскост (и со тоа, можеби, исто така, веќе и еден симптом за општото распаѓање на Османлиското царство). Главната теза на турскиот врв беше претпоставка дека секој Балкански сојуз би бил неминовно насочен против Османлиското царство. Совмесно на тоа, турското учество би имало за задача кога тоа веќе не можеше да ја скрши острицата на овој сојуз, тогаш барем неа да ја свитка од насоченоста на Константинопол во друг правец, и тоа уште многу пред избувнувањето на непријателствата. Постепено беше сигнализирана и согласноста од другите балкански држави, додуша, како што веќе неколку пати беше образложено, само привидно, и тоа како во однос на Големите сили така и во однос на Турција. Имено, во меѓувреме, се беше оформил еден дополнителен мотив: за да се добие на време, како маневар за одлагање, можеше да биде основан било каков сојуз со Турција. Бидејќи имено, програмата на тајниот сојуз на Младотурците од 1889 година, "Единство и напредок° на многу потчинети им даде нова надеж. Таа надеж, навистина, беше разочарана во 1892 година, кога атентатот врз султанот Абдул Хамид, организиран до Младотурците, остана неуспешен и членовите на тајниот сојуз емигрираа во странство (Париз) за да ги избегнат репресалиите. Но пламенот на револуцијата веќе никогаш повеќе не беше целосно згаснат.
Еден извесен период дури и султанот припаѓаше на застапниците на идејата за турско учество во Балканскиот сојуз. Германското претставништво во Букурешт за ова приложува еден податок коешто го дознало од поранешниот романски министер за надворешни работи, Александар Лаховари. Султанот се сретнал во Париз со српскиот (во тоа време поранешен) крал Милан и се заложил за еден сојуз на Србија, Бугарија и Романија, којшто
"во Турција би наишол на искрен заштитник и кој, во дадено време, би можел многу да придонее за зачувувањето на интегритетот на Османлиското царство°.
(Возможно е дека, како што беше погоре споменато со тоа, Султанот се обидел да го надитри српскиот крал; поинаку, човек би морал неговиот предлог да го смета за катастрофално наивен. Небаре Србија да била некогаш заинтересирана за интегритетот на Османлиското царство!) Во секој случај, Милан се наоѓал во теснец: тој, како поранешен крал, не можел едноставно за својот наследник, дури и тогаш кога тоа беше неговиот син, да ја прифати понудата, но тој од своето срце, исто така, не сакаше да направи разбојничко дувло; значи, тој се обиде
"на великодостојникот да му објасни дека Србија за таа... услуга би морала да добие една компензација°.
Додуша, Султанот потоа веднаш ја сменил темата.
Значи, тој воопшто не бил наивен.
Пред германскиот пратеник во Белград, Фрајхер фон Векер-Готер, Милан немал потреба да изигрува ваква "претпазливост°. Многу повеќе, тој можел непречено да говори, што тој и го сторил кога рекол:
"Никој нема да сака да го оспори фактот дека порано или подоцна од Европа мора да исчезне турското владеење° ... "Турското население во балканските покраини тоа го чувствува инстинктивно зашто, селејќи се, тоа постојано се намалувало°.
Монархот се изразил многу јасно и во однос на идејата за поделбата на Македонија: Големите сили стоеле пред нужноста "да создадат приближна рамнотежа помеѓу малечките балкански држави°. Многу впечатливо!
Кој дел до Македонија би Ј припаднал на Србија, на Милан, очигледно, му било сосема сеедно, сў додека тој дел не би бил помалку од она што би го добиле "нашите конкуренти°. Затоа што оние коишто тој ќе морал да ги интегрира во Србија ќе биле во најголема мера Македонци - како и Бугарите Македонците во Бугарија и Грците во Грција - значајна би била само апсолутната големина на српскиот дел.
Милан сметал дека одговорни за тоа, како највисока инстанца, биле Големите сили, со што тој се наоѓаше многу блиску до вистината:
"Балканските држави... во крајна линија се творбите, децата на Големите сили. Тие, отаде, поседуваат извесни татковски задолженија за нив...°
Во тие задолженија, очигледно, ги беа положиле своите надежи и Македонците... Но, несомнено, Милан својата забелешка многу повеќе ја посматрал како апел до Големите сили упатен на нивната функција на заштитник, а не како гест на потчинетост, зашто Големите сили, навистина, беа неопходни за актот на конечното отцепување на поединечните балкански држави од Османлиското царство, но за единственоста на племињата, што значи, исто и за нивниот интегритет, беа одговорни самите балкански народи.
|
dejan |
Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (5)
Плановите на кнезот Александар во поглед на Македонија
'Утрински весник" во неколку продолженија објавува делови од книгата 'Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (1878 - 1914)" од Ханс- Лотар штепан, првиот германски амбасадор во Македонија, Што неодамна ја издаде 'Аз-буки". Станува збор за необјавени документи, главно од Архивот на Министерството за надвореШни работи на Германија, кои говорат за геостратегиската и геополитичката положба на Македонија во преодот од деветнаесеттиот кон дваесеттиот век
Ханс-Лотар Штепан
1885 година беше клучна во историјата на младата бугарска држава: Таен револуционерен комитет изврши притисок врз владата и ја принуди да го спроведе соединувањето со Источна Румелија. Екс-амбасадорот на Америка Џорџ Ф. Кенан за ова пишува: "Премиерот Каравелов мора да го беше убедил кнезот Батенберг дека може да го чини тронот, доколку движењето за обединување не се здобие со неговите симпатии° ... "Беше во опасност да биде сменет од Големите сили доколку го подржи востанието (бидејќи со тоа би го прекршил Берлинскиот договор), а од друга страна да биде симнат од престолот од страна на сопствениот народ доколку не го стори тоа.° Неколку страници подоцна, Кенан дополнува "Акцијата во септември 1885 година беше ... спроведена од една група, на која Ј припаѓаа и одреден број Македонци°.
Кенан не ја објаснува причината за учеството на Македонците, но може да се претпостави дека повторно им било ветено дека по успешното обединување на Источна Румелија со Бугарија, ќе им се помогне и ним во стекнувањето автономија, - повторно погрешна проценка. Исход на уште една измама.
Торстен Сцобрис појаснува, цитирајќи го Фикрет Аданир:
"По лесното отстранување на османлиските владејачки структури во Источна Румелија, се чинеше дека привремената автономија е вистински преоден чекор кон анектирањето на Македонија°.
Иако оваа опција не беше исклучена со Берлинскиот конгрес, веднаш се јавија барања за компензации на љубоморните Срби и Грци, иако тие немаа ни најмали права на оваа област. Но познато е дека во тоа време тоа не беше никаква пречка за посакување на туѓа земја. Србија толку сметаше дека е во право, што започна и војна против Бугарија поради Источна Румелија, но кај Сливница беше поразена од Батенберг (кој го имаше своето воено крштевање во руско-турската војна од 1877/78 година), - и само Австрија, поради тајниот договор склучен со Србија, ја спаси од губење територии во полза на Бугарија. Победата на Батенберг, кој и онака не беше омилен на царскиот двор, во Русија наиде на негодување, особено што Александар фон Батенберг го сметаа за "послушен вазал°.
На многу места во стручната литература се сретнува лошиот став на царот кон бугарскиот кнез поради акцијата за обединување. Но, проф. Аданир посочува дека уште во протоколот на "Сојузот на трите кајзери° од 18.06.1881 година, стои дека во принцип "обединувањето на Источна Румелија со Бугарија е прифатливо°. Оваа спогодба не ја исклучува можноста дека царот сметал дека обединувањето е преурането и ја искористил приликата "по овој повод° да го искритикува пројавеното неискуство и дрскост на Батенберг (и покрај можноста за германско-бугарско династичко поврзување), но на крајот на краевите, принципот на обединувањето беше прифатено и од руската страна.
Овој успех изгледа му удри в глава на младиот кнез. При една посета на Букурешт му се испуштија неколку компромитирачки изјави за романскиот крал Карл и неговиот премиер Братиано. Како што амбасадорот д-р Буш чу од последниов, Александар одлучил, по Источна Румелија
"да го прошири унионистичкото движење и кон Македонија°. Понатаму, Александар дал предлог кралот Карл да претседава со "конфедерацијата на балкански и дунавски држави која би требало да се формира.° Кнезот, "доколку успее проширувањето кон Македонија°, ("доколку°!), како отштета на Романија Ј понудил зголемување на Добруџа.
Министерството за надворешни работи во Берлин можеби и ќе преминеше преку она што романскиот премиер на германскиот амбасадор му го опишал како "фалење° и "лекоумност°; но Батенберг, според Братиано, мислел дека може да смета на некој вид одобрување од Германија за своите планови. По итната наредба на Бизмарк упатена на Софија, пратеникот Фон Залдерн побара прием кај кнезот за потоа да извести дека Александар негирал сў. Но дури и неговата ублажена изјава во врска со Македонија ("Сакал, сў додека е можно, да не посегнува по Македонија...°!) беше доволна за Бизмарк да испрати уште една наредба кон амбасадата на Санкт Петербург, со цел царот да не се здобие со погрешна претстава за Германија (познато е дека најмногу стравувал од тоа):
"Со оглед на тоа што кнезот ... објавил дека Германија е запозната со неговите планови за анексија на Македонија ... се чувствувам обврзан јасно да истакнам дека ... патот на германската политика никогаш не би водел кон одобрување на вакви луди и револуционерни комбинации.°
Стравувањата на Бизмарк беа оправдани. Тој го познаваше царот и беше свесен за силната антипатија на неговата свршеница Дагмар (ќерка на данскиот крал Кристијан ) кон Германија, - антипатија, која во долгите години брак можеби се пренела и врз царот Александар ИИИ.
Романскиот крал и неговиот премиер стравуваа,
"дека Русија, со текот на времето, нема да стои настрана при походите на бугарскиот кнез, и дека тоа може да доведе до воена интервенција во Бугарија, која за Романија како соседна и транзитна земја е крајно непосакувана.°
Всушност, ова беше многу умерено формулирано, бидејќи Романија, служејќи како транзитна земја, многупати страдаше при руските воени походи на Балканот, а последен пат тоа се случи во 8. руско-турска војна поради Бугарија во 1877 година.
Кнезот Александар е цитиран и со уште една изјава, тој мора да ја прогласи Бугарија за независна од Турција. Но оваа цел не успеа лично да ја достигне:
Односите на Александар и Бугарија со Русија беа толку влошени, што на 9.8.1886 година, од проруски офицери беше принуден да се симне од престолот. На претседателот на парламентот, Стамоболов, му појде од рака да го врати на престолот, но еден месец подоцна се откажа поради условувањето од царот Александар ИИИ.
Од Џорџ Ф. Кенан и Паул Зете знаеме дека оваа историја своите корени ги има во една љубовна романса. Бугарскиот кнез Александар фон Батенберг и седумнаесетгодишната внука на Вилхелм И, Викторија (ќерка на престолоналедничката "Вики°, и оттаму внука на нејзината мајка, кралицата Викторија, и со тоа сестра на Вилхелм ИИ) беа тајни љубовници, а ја имаа и мајкината поддршка (на подоцнежната кралица Фридрих. Германска принцеза од Хоенцолерите на бугарскиот трон? И тоа токму во земјата чие ослободување од османлиско ропство (оправдано наречено "турски јарем°) пред само неколку години Русија скапо го плати со крв - значи, во земјата која, всушност, Русија во прва линија си ја имаше избрано за себе, сепак, само како сопствено поле за игра? Никако!
Следствено, железниот канцелар мораше да го запознае кнезот Александар со неколку основни принципи на германскиот државнички резон:
"Германија нема никакви интереси кон Бугарија, во наш интерес е мир со Русија. Затоа, пред сў, Русија треба да биде убедена дека ние немаме никакви интереси на ориентот°. (За потсетување: Ориент - Балкан) "На денот кога германската принцеза ќе стане бугарска кнегиња, Русија ќе се посомнева и нема да поверува ниту збор од овие гаранции. Но ова нема да го дозволам ...° И понатаму: "Вашето височество ги ужива симпатиите на германските угледни кругови, и јас самиот имам високо мислење за Вас; но јас сум канцелар на 45 милиони Германци, и не можам да ги жртвувам нивните интереси заради еден Германец°.
Со ова беше донесена конечна пресуда против венчавката на која се надеваа. Бизмарк додаде и дека Бугарија ќе стане објект за компензации во спогодбите на Големите сили, - но тука (и покрај искуството и знаењето за структурата на моќта во тогашното време како и начинот на кој балканските држави се третираа како колонии) Бизмарк погреши.
Конечно, епската потрага по лична среќа на двете "кралски деца° беше спречена од законите на високата политика заради избегнување на меѓународна криза. Во "аферата Батенберг°, според Зете, "лутината на царот° младиот кнез "го чинеше престолот на Бугарија°.
Кенан посочува дека претпазливоста и одлучноста на Бизмарк (се закануваше дури и со повлекување) беше залудна. И покрај забраната, благодарение на француските интриги недовербата на царот кон Германија беше толку голема, што и покрај сите убедувања, никако не можеше да биде разубеден дека Германија повеќе не стои зад Батенберг.
Историјата потврдува дека четириесет години подоцна огорчената вдовица Викторија "во незаситената глад за среќа° во Бон (повторно спротивно на советот на нејзиниот брат, кој сега живееше во Дорн) се омажи за младиот авантурист Александар Цубков, додека пак поранешниот бугарски кнез Александар, земајќи го името гроф Фон Хартенау беше среќно оженет со поранешната актерка на дворскиот театар во Дармштат, Лојзингер.
Да се вратиме во Бугарија, во Софија.
Неполна година по повлекувањето кнез Александар на 7.7.1887 година, за наследник на Александар беше избран Фердинанд И, од фамилијата Заксен-Кобург-Гота. И Високата порта не го призна веднаш Фердинанд, туку само го "толерираше°. Дури во март 1896 година, Султанот издаде два фермана за признавањето на Фердинанд за кнез на Бугарија и генерален гувернер на Источна Румелија. (Три години претходно, во 1893 година, Фердинанд се ожени со бурбонската принцеза Марија-Луизе од Парма, и со тоа видно го зголеми меѓународниот углед. И преминувањето на неговиот син Борис во православната вера во 1896 година, придонесе за зголемување на неговиот углед - барем во Русија и на Балканот.
Конечното помирување со рускиот двор стапи исто така во 1896 година, со царот Николај ИИ.
За прогласување на независноста "Кобурговецот° чекаше повеќе од 20 години и тоа го стори - заедно со своето прогласување за крал - дури по младотурската револуција во 1908 година, надевајќи се дека во сета таа мешаница неговиот чекор ќе остане незабележан. Тоа и му успеа.
По помирувањето со Русија и со тоа признавањето на обединетото бугарско кралство од страна на Големите сили и Османлиското царство, во бугарско-руските односи повторно се врати стариот дух на соработка.
Во претходно цитираните интервјуа во весникот "Фигаро° со бугарските (и српските) политичари, кои беа објавени и во "Пестер Лојд° од 14.10.1897 година, премиерот Драган Цанков рече:
"Бугарија мора да се потпира само врз Русија, на која Ј го должи своето постоење, и без која не може да опстане°. Министерот за надворешни работи Греков дополни: "Не ги забораваме услугите кои ни ги направи Русија...°, но додаде, "но не можеме нашите интереси да ги подредиме на нејзините°.
"Интересите°, секако, сў однесуваа на освојување на територии во Македонија. Со помош од Русите еден ден (оваа изјава потекнува од Каравелов) Султанот на Бугарите "ќе им одобри автономија на Македонија°. Слична изјава имаше и советникот на кнезот:
"Баравме автономија за Македонија и нема да се откажеме сў додека не ни биде одобрена°. "Грците и Србите би погрешиле доколку нашите напори околу автономијата на Македонија ги сметаат за штетни°. (Министерот за надворешни работи Греков).
На фактот дека партнерите - односно противниците - во никој случај не грешеа се укажа уште во поглавјето за Србија.
Намерата на "Фигаро° беше да открие зошто балканските држави не застанаа на страна на Грците во битката за Крит и Тесалија, која Атина, игнорирајќи ги советите од Големите сили, намерно ја предизвика и од која (поради англискиот отпор) излезе како поразена. На ова прашање, интервјуираните јасно одговорија: Биле спречени од Големите сили; покрај другото, според советникот на кнезот, и затоа што цела Бугарија се спремаше за "продолжување на ослободувањето на Голема Бугарија°. Токму тоа не одговараше на концептот на велесилите.
Но сепак беше скептичен околу сигурните последици од оваа акција:
"Што ќе беше исходот? Бугарската армија ќе ја окупираше Македонија, а Романската армија Бугарија°.
Со ова, советникот точно и јасно ја резимираше проблематиката на соседните земји на Македонија: Целта за освојување на македонските територии беше јасна; она што не беше јасно беше како да се постигне оваа цел, без да се ризикува сопствената држава.
Дали ова беше шанса за преживување на Македонија?
Уредникот на "Фигаро°, господинот Бујон, по завршувањето на интервјуата даде негативен и пакосен коментар за отвореноста и наивноста на бугарските и српските политичари. Ова беше крајно нефер, имајќи предвид дека профитираше од нивната спремност да бидат интервјуирани.
Новите информации околу Балканскиот сојуз и Македонија не беа ништо сензационално. "Минхенер нојстен нахрихтен° половина година претходно го објави текстот на првиот нацрт-план за сојуз помеѓу кралството Србија и кнежевствата Бугарија и Црна Гора (беше преземен од бугарскиот "проруски опозициски весник 'Светлина', орган на Цанков°.)
Текстот е полн со пропусти и стилски непрефинет, како да го составиле неколку новинари надарени со доста фантазија, - но можеше да биде и "пробен балон°, "пуштен° од професионалци. Покрај тоа, член 1 започнува со лага, со оглед на тоа што како цел на сојузот се истакнува "зачувување на интегритетот и независноста° на членките.
Посебно симптоматичен, дури и сензационален е член 4, кој зборува сам за себе
"Со оглед на тоа што земјите членки имаат и неослободени браќа во Турција, како и во Босна и во Херцеговина под австриска власт, се обврзуваат да работат за подобрување на состојбата на овие браќа.°
Тешко дека во тоа време (значи неколку години пред преминот во ЏЏ век - а уште повеќе пред анексијата на Босна) ќе се најде појасна изјава за целта на Балканскиот сојуз, т.е. не само против Турција, туку и против Австро-Унгарија.
Впрочем, навистина е смешно Балканските војни за Македонија и Тракија, предвидени во овој нацрт-план, да се сметаат за "подобрување на состојбата на овие браќа°.
|
dejan |
Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (6)
Младотурците помеЃу Балканскиот и Двојниот сојуз
'Утрински весник" во неколку продолженија објавува делови од книгата 'Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (1878 - 1914)" од Ханс- Лотар штепан, првиот германски амбасадор во Македонија, Што неодамна ја издаде 'Аз-буки". Станува збор за необјавени документи, главно од Архивот на Министерството за надвореШни работи на Германија, кои говорат за геостратегиската и геополитичката положба на Македонија во преодот од деветнаесеттиот кон дваесеттиот век
[img]http://217.16.70.245/izdanija/1762/23935.jpg[/img]
Раководството на Младотурската револуција
Ханс-Лотар Штепан
Би можело да се каже дека помеѓу решавачката 1878 година и Првата балканска војна во 1912 година, со нејзините далекусежни последици, сите останати термини (помеѓу овие два датума) целосно избледнуваат во нивната значајност. Меѓутоа, затоа што историјата никогаш не започнува одново во една определена фиксна точка, туку таа, секогаш, е вкоренета во една предисторија, исто така, и други настани меѓу тие два датума имаа, бездруго, своја тежина и свои влијанија. Да се потсетиме, на пример, на годините
- 1885 со бугарското обединување и српско-бугарската војна,
- 1891, 1894 (во Битлис) и 1895 (во Трапезунт) со масакрите врз Ерменците како и со понатамошната точка на кулминација во август 1896 во Константинопол (големата криза којашто Турција ја преживеа затоа што велесилите повторно не можеа да се согласат, ниту барем за заедничките планови за реформите),
- 1894 и 1896, со новите немири на Крит, понатаму 1897, со тамошната грчка окупација,
- 1895 и 1896, со новите востанија во Македонија кои, додуша, секогаш одново беа задушувани, но коишто, меѓутоа, Големите сили постојано ги потсетуваа на неуспехот во остварувањето на реформите што ги беше ветила Турција,
- 1897, со грчко-турската војна во Тесалија,
- 1898, со колежот на стотиците христијани од страна на фанатичните муслимани на Крит и од
- 1902, потоа, повторно со немирите во Македонија (како и во Албанија), одново поврзани со страотни злосторства и насилства. Кога во декември 1902 година, Големите сили, конечно, побараа од Турција таа, сепак, да се зафати со реалистичните мерки, која беше подготвена за таа цел да задолжи еден способен инспектор, во тој миг предлогот на Хусни Хилми-паша пристигна премногу доцна; зашто во пролетта 1903 година, во Македонија повторно беше распламтено востание коешто нарасна сў до она на 2 август, на празникот на Св. Илија (Илинден) во Крушево.
Овој настан, како што веќе беше споменато во воведот, за Македонија имаше судбинско значење. Тој, делумно, имаше и меѓународни последици: затоа што по Илинденското востание повторно започнаа турските мерки на репресалии, Австрија и Русија беа уверени дека мораат да се вмешаат во полза на Македонците. Затоа тие на 3.10.1903 година, го прогласија таканаречениот Мирцштегски нацрт договор со надеж дека турските реформи во Македонија би можеле, сепак, да бидат поттикнати откако нтиу според плановите за реформа на султаните Селим и Махмуд ниту по писмените задолженија на Турците во мировните договори од Кучук-К. во 1774 година и во Париз 1856 година, ниту по Берлинскиот договор во 1878 година, не можеа да се забележат некакви супстанцијални напредоци во однос на еднаквоста на религиите или пак во администрацијата, но особено во областа на правосудството. Патем, "Мирцштег° не ги попречи Русија и Австрија во тоа на соседите на Македонија, како што веќе претходно споменавме, да им забрани да се вмешаат во македонското востание со цел да им изразат поддршка на востаниците.
Но, зошто ли...?
За програмата на Мирцштег Штефан Требст пишува:
- "Во 1904-1909 година, Големите сили попусто се обидувале да го стабилизираат кризното подрачје во Македонија, коешто беше потресено од востанијата°. На пример, "Големите сили декретираа една реформа на жандармеријата во немирното османлиско подрачје на Македонија, која во годините од 1904 до 1909 беше преобразена на дело до страна на полициските офицери од Италија, Русија, Германија, Франција и Австро-Унгарија - кој притоа не би помислил на меѓународните полициски ангажмани под водство на Западноевропската унија во Мостар, во Босна и Херцеговина во 1994-1995 година, како и во Албанија во 1997 година?°.
Напротив, за целокупниот Балкан, та дури и за цела Европа, настаните на Младотурската револуција од 1908 година, се здобија со еден специјален квалитет. Тоа станува особено јасно кога тој развиток се посматра на заднината на "револуционерната° промена на констелацијата на силите во Централна Европа во врска со британско-француската Ентенте Цордиале од 1904 и, надградувајќи го тој факт, вовлекувањето на Русија во овој сојуз сў до Трипел-Ентенте во 1907 година.
Подоцнежните последици за цела Европа не се замисливи без оние јазли кои беа заплеткани во текот на овие години.
Како причина за Балканот фигурираше револуцијата на Младотурците. За волја на вистината, тие, од своја страна, си дозволиле да бидат поттикнувани да ги забрзаат нивните планови за државниот пресврт, затоа што Султанот на 24 јули 1908 година прогласи избори за пратеничкиот дом, коишто евентуално ќе можеа да ја стабилизираат неговата власт, - а едно такво стабилизирање ќе беше исто толку штетно за целите на Младотурската револуција, колку и за оние на балканските држави. (!) Постои дури и хипотезата дека Младотурците дозволиле да бидат поттикнати да ги забрзаат нивните планови за пресврт како последица на погрешната интерпретација на договорите на англиско-руската средба на монарсите во Ревал на почетокот на јуни 1908 година, (со божемната цел за интензивирање на реформите во Македонија). Малку потоа дојде до избрзани акции, односно реакции на некои држави:
Следеше независноста на Бугарија и австриската анексија на Босна и Херцеговина. Имаше, исто така, и нови обиди на Крит да се прокламира приклучувањето кон Грција, - но кога-тогаш чашата беше преполнета: (Младо)Турците се заглавија токму во овој предмет на конфликтот за тие, по толку многу порази, да не го загубат уште и овој остров.
Шефот на мисијата Фон Вангенхајм подоцна ги резимираше неговите впечатоци за настаните на следниов начин. Причините за турското непријателство морале да произлезат од расположението кое
"ги зафати редовите на Младотурците кога тие, непосредно по настапот на нивното владеење, не беа во состојба да ги спречат познатите отсечувања на турското државно подрачје. Турскиот шовинизам, што беше разбуден со загубата на Босна и Источна Румелија, бараше слободен пат за себе и, природно, тој се сврте кон прашањето на Крит. Крит, сў уште, можеше да се спаси за Турците...°
Тоа што Младотурците продолжија понатаму да маршираат по патеката изодена од Султаните беше едно неочекувано изненадување - и разочарување. Исто така, и многу Турци од нив очекуваа модернизација, уставотворност и, можеби, дури и демократизација, особено откако во јавноста стана позната нивната програма за реформи од Париз (1907). Разбирање и подршка, та дури и непосредна помош при ослободувањето од стариот феудален систем, од нив очекуваа, пред сў, сў уште турските (христијански) подрачја во Европа. Исто така и Македонците, кои своите специјални надежи ги имаа положено во подоцнежниот "татко на Турција°, Кемал Ататурк, којшто беше роден во јадрото на нивната средина, во Солун, и долги години живееше во турскиот гарнизон во Битола и тој таму, исто така, гиразгледуваше плановите за револуција. Но не само тоа:
"Младотурската револуција изби... во Македонија.° "Во настаните на Младотурската револуција беше инволвирано и македонското население. Така, под водството на Јане Сандански, на страна на Младотурците се бореа разни македонски револуционерни групи, како за целите на Младотурците, така и за автономијата на Македонија во рамките на турската држава. Кога Младотурците, потоа, навистина дојдоа на власт, нивните ветувања коишто тие му ги беа дале на Јане Сандански, сепак, не беа исполнети°.
Марк Мацовер на Македонците дури им припишува една многу поактивна улога; имено, тој пишува (исто, стр. 172), при што се повикува на "Бритисх Доцументс он Рореигн Аффаирс°):
"реформистичките офицери на македонската армија, коишто беа огорчени заради османлиската слабост и за непрекинатата западна интервенција, во 1908 година, изведоа едно востание против Високата порта. Кога султанот Абдул Хамид прогласи дека тој повторно ќе го воведе во сила уставот од 1876 година, во покраината се разбранува еден бран на одушевеност и се чинеше дека, можеби, под водство на револуционерите царството ќе биде преобразено во држава на многу народи, со религиозна еднаквост и граѓански права за сите. Во Македонија имаше едден краток миг на радост°.
Тоа мора да бил еден многу краток миг...
Сандански, водачот на (левичарската) Сереска група стана познат со неговите напори да ги подобри шансите за македонската автономија со тоа што се обиде Македонија да ја смести во плановите аз федерација, "за да може да ги спречи спротивставените интереси на конкурирачките балкански држави°. Зашто тој, како и многу други Македонци, во децениите по Берлинскиот конгрес не можеа да ги предвидат нараснувачките струења против македонскиот "стремеж да го докажат не-бугарскиот, не-српскиот и не-грчкиот идентитет на Македонците°.
Иако Македонците во 1909 година можеа да бидат сигурни во поддршката на "македонската емиграција°, во прв план од Швајцарија, а дури и на понекои Младотурци, не можеше да се надмине отпорот на соседните држави кои со железна дисциплина ги следеа нивните империјалистички цели и, во меѓувреме, веќе одамна за тоа ја поседуваа дозволата на Антантата!! Торстен Сцобрис во врска со ова презема една констатација на Фикрет Аданир:
"Становиштето на групата на Сандански за еден "модерен политички процес на формирање на нацијата во Македонија° ... беше ... "осудено на пропаст од тогашниот развиток на политичките сили...
Сў повеќе станува јасно зошто...
Како што извести амбасадоот Фон Метерних од Лондон, водачот на младотурската партија, бегот Ахмед Риза, во едно интервју за агенцијата Ројтер, по налог на комитетот за единство и напредок направил во врска со темата Балкански сојуз забелешка дека една таква алијанса меѓу балканските држави и Турција "била посакувана и возможна врз политичка и економска основа°. Но веќе една недела подоцна ова мислење, кое, впрочем, беше повеќе раководено од желбите, се повлече пред еден реалистичен поглед врз нештата. Турскиот официјален весник "Танин° беше оној што постави една противтежа на оптимизмот на Ахмед Риза:
"Во принцип, замислата била многу хумана и достојна за почит, но нејзиното реализирање, сепак, под сегашните услови мора да остане празна желба; бидејќи недостасувале реалните претпоставки за тоа. Турција би можела да пристапи во еден таков сојуз само под услов доколку нејзе Ј била 'доделена' хегемонијата, приближно онака како што таа во Германија беше спроведувана од Прусија. Турција би била подготвена да ја преземе таа улога... Но при посматрањето на најновите настани (овде: анексијата на Босна) човек би морал многу да се сомнева во тоа дека малечките држави на Турција би сакале да Ј признаат една ваква хегемонија. Бугарија не била во состојба да го тргне погледот од Солун и Цариград (Константинопол), Србија ги спроведува своите панславистички идеи, а Грција ги следела нејзините утописки големохеленски планови. Значи, многу далеку од тоа тие да ја прифатат хегемонијата на Турција, овие држави се стремат кон тоа да основаат сопствена хегемонија. Отаде, Турција не мисли на сојуз и дури и не се осудува да мисли и на некоја Антанта°.
Ова сознание, всушност, не би смеело да биде ново за Портата, зашто уште во 1883 година, тогашниот турски министер за надворешни работи Арифи-паша беше одговорил иронично на прашањето на амбасадорот Фон Радовиц за било каков турско членство во Балканскиот сојуз: "Јеспере ау моинс љуе персонне не ноус југера ассез бетес...°
Од неволја на Турција не Ј преостана ништо друго освен да се обиде да се потпре врз една од европските алијанси. Амбасадорот Фон Маршал прочита во грчкиот весник "Тахидромос° дека тенденцијата во Константинопол се приближува во насока на германско-австрискиот сојуз; тоа уште повеќе, затоа што Младотурците беа уверени во тоа "дека требало да се формира еден Балкански сојуз под протекторат на Русија и Италија. Овој сојуз ќе се борел за принципот "Балканот на балканските народи°. Тоа младотурците го имаа јасно сознаено.
Со тоа беше веќе сега воведено турското решение во однос на Германија кое практично дојде до израз дури во текот на Првата светска војна.
Една речиси идентична процена пристигна во германското Министерство за надворешни работи од Атина. Пратеникот Фон Вангенхајм известува за еден разговор со неговиот турски колега кој имал кажано:
"целта на сојузот може да биде само богатење на другите држави на сметка на Турција.
Како што подоцна се покажа тоа, сепак, беше само надворешниот аспект на Балканскиот сојуз, затоа што Антантата следеше сосема други цели.
Затоа што насекаде беше познато дека зад сојузот стоеше Петербург -како острицата на копјето на Антантата - Наби-бег предвидел
"дека интригите на Исволски (на рускиот министер за надворешни работи) ќе ја натераат Турција во прегратката на Тројната Алијанса°.
Како што подоцна се случи.
|
make |
Na Ханс-Лотар Штепан dejane, sa mu platili ot makedonskoto razuznavane!!!!!!!!!! Shto ne pitash vo madekonskoto vanshno minesterstvo kolko i koi maked. emigranti da se izrasili za da napishe ili po-tochno, da si slozhi imeto pod tozi tekst kojto ot makedonia sa mu go dali gotov napisan i so kartite i so LAZHITE. Jaz (NIE) site civilizovani narodi toa IZPADNAL germanec go znaeme - on taka si pishuva i za drugi balkanski strani oti znae deka nie tuka imame MNOGU da delime i KOJTO mu dade POVEKE za nego pishuva. OTi ot znae i drugo - deka nie na balkanite ne si vervame i i vistinata gledame da ja zaobikaljame, osobeno vie vo makedonsko, sega koga vi treba osnova za novata drzava koja zapochna da sastestvuva edva ot 1991 godina. Krehka vi se vide osnovata i se zaehte da kradete ot sosedite si bilo istoria bilo jazik... Ta germanecot dobro znae deka ako makedonec napishe kniga ili bugar ili grk ili srbin, drugite narodi NE MU VERVAT oti sme sviknale site da se lazime, sekas ne se znaeme koi sme ot deka sme. I kato kazes NEMEc i site balkanski vaprosi ke mu povervat sekas on je neutralen. Neutralen drug pat! KUPEN je od makedonskoto vansno ministerstvo i to za mnogu pare deka vmesto da vi gi dadat na vaze oti ste bedni kako cigani, mu gi dali na nemecot i to mnogu pare da si sere na avtoriteto vo imeto na makedonia. JA kazi neli bese zenen toa nemec za makedonka koja zema [pari od makedonskata drzava? |
dejan |
wtf?? o_O don't post here please. |
make |
Оти, бре Деяне?!... Не си съгласен нещо с мене, виждам. Ами то това е демокрацията - да приемаш и други мнения. |
dejan |
Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (7)
Русија го спроведува проектот на Балканскиот сојуз
'Утрински весник" во неколку продолженија објавува делови од книгата 'Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (1878 - 1914)" од Ханс-Лотар штепан, првиот германски амбасадор во Македонија, Што неодамна ја издаде 'Аз-буки". Станува збор за необјавени документи, главно од Архивот на Министерството за надвореШни работи на Германија, кои говорат за геостратегиската и геополитичката положба на Македонија во преодот од деветнаесеттиот кон дваесеттиот век
[img]http://217.16.70.245/izdanija/1763/23994.jpg[/img]
Потпишувањето на Берлинскиот договор
Ханс-Лотар Штепан
Русија, од разбирливи причини, беше разочарана од исходот на Берлинскиот конгрес: беше пропаднало создавањето на една (големо)-бугарска отскочна штица во насока на Егејот. Наместо тоа Санкт Петербург, иако победник во војната, мораше да ја прифати окупациајта на Босна и Херцеговина. Но, исто така, и резервацијата на Кипар од страна на Англија несомнено го покажа правецот на маршот на овој стратешкии шаховски потег.
Дури и ако Русија повеќе не започна никаква војна, та дури и таа започна да ја прифаќа идејата за статус кво на Балканот, сепак, таа имаше доволно причина за будна недоверба во однос на другите големи сили, кои на Балканот ги застапуваа сопствените интереси. Иако самиот беше причина за германско-австрискиот Двоен сојуз од 1879 година Санкт Петербург го зема тоа за повод Сојузот да го претстави како примерен за развиток на Балканот, оти првобитните руски колебања во однос на Балканскиот сојуз одамна беа отстапиле пред застапувањето за групирање на слабите поединечни сили на балканските држави. Во преден план, божемно, се наоѓаше руската загриженост и потребата да се спречат новите експанзионистички авантури на Австрија.
Ова линија беше разгледувана и од рускиот печат:
"Доколку на Големите сили им е одозволена слободата за определени цели да се поврзат меѓусебно..., така, токму должноста на малечките држави е, тие, исто така меѓусебно да се поврзат за да ја заштитат својата самостојност од Големите сили°. "Сакаат ...ли Јужните Словени да чекаат°, така праша еден руски весник, "додека германските иунгарските рицари дојдат преку Дунав и го спроведат обединувањето, но, притоа, да проголтаат едно словенско кнежество по друго? Австро-Унгарија веќе го премина Дунав и стигна на Балканот°.
Во членот 25 од Берлинскиот договор, Русија само многу против својата волја дозволи да Ј биде изнудена австриската окупација на Босна.
Сега таа се обиде, барем да ја отсети Австрија, на нејзините ветувања дека ќе се повлече. "Ноје цајт° најнапред го претстави Санкт Петербург како блескав пример:
"Бугарија и Источна Румелија имаа добиено, во различни облици, своја национална влада и сопствено управување°... "Австриско-унгарската окупација трае веќе премногу долго...° Потоа весникот апелира до австриската "должност° да го следи истиот пример: како Русите, "така и австриските и унгарските чиновници да го напуштат привремено од нив управуваното подрачје°. "Босанците и Херцеговците мораат, повторно, слободно да дишат°.
Точно е дека Русија нејзините прифатени задоложенија од Берлинхскиот договор ги исполни во точниот рок, притоа, пак не треба да се заборави дека Санкт Петербург, практично, самиот ја започна војната против Османлиското царство, - и тоа, исто така, заради неговите сопствени интереси, - дури и ако тоа беше со согласност на Големите сили.
Веќе беше укажано на тоа дека и Србија веруваше во привремениот карактер на австриската окупација на Босна за формирање на народно претставништво како и на правосудство и функционирачка администрација. опусто.
Руската влада, се чини, докажа дека таа, при изборот на своите средства за подобрување на своето влијание врз малечките балкански држави, на очетокот, немаше среќна рака. Беше стигнало дури до германскиот печат колку многу Русија, на непотребен начин, ги прокоцка нејзините симпатии коишто таа, без сомнение, ги имаше здобиено со поддршка на, практично, сите ослободени народи.
"Јавното мнение во Бугарија сў порешително се свртува против грубите обиди на русификација... масовното пробивање на руските елементи во јавните служби горчливо е доживеано од страна на Бугарите°.
Петнаесет години подоцна, генералниот конзул Фон Рајхенау извести од Софија дека Австрија во Бугарија се здобила со терен, та таа дури и го изведувала меродавното влијание:
"Русија, од ослободувањето на Бугарија сў до денес, не престана кон оваа земја да се однесува како кон малолетно дете, коешто мора да се кара и казнува при секој чекор, за да направи... тоа да почувствува дека кај неа не се работи за самостојноста на Бугарија, туку единствено за проширување на нејзината сопствена власт°.
Бизмарк беше уверен во тоа дека Русија за нејзината помош на јужно-словенските племиња пожнеала само неблагодарност, една мисла која многукратно се појавува во актите, а не само во изјавите на Бизмарк. Седум години по создавањето на автономното кнежевство Бугарија, со посредство на Берлинскиот конгрес, Бизмарк ја извести амбасадата во Санкт Петербург за разговорот со рускиот амбасадор во Берлин, грофот Петар Шувалоф (братот на Паул Шувалов. Тој нему му кажал дека Германија нема "никаква потреба° "да биде против° интересот на Русија да ја зголеми Бугарија (Источна Румелија!),но таа, исто така, не сака да го сокрие своето мислење
"дека Бугарија колку би станувала поголема и посилна, толку повеќе би се развивала антируски°... "Овие горделиви малечки нации, имено, не сакаат да блескаат како планети на руското сонце, туку како самостојни. истата улога на ослободител, Русија, најнапред ја играше во полза на Грција, отоа на Дунавските кнежевства (Молдавија и Влашка), потоа, во полза на Србија и, сега, на Бугарија и во секој поединечен случај развитокот би бил истиот имено, дека ослободеното племе ќе ја покаже својата благодарност со стремежот да се ослободи од влијанието на ослободителот°.
Рускиот амбасадор беше доволно искрен да го изрази своето очекување дека еден голем балканско-словенски сојуз "би (можел) да стане природен непријател на Австрија и пријател на Русија°. Оваа проценка, на почетокот, се оствари само делумно. Една друга проценка, којашто о потврдува судот на Бизмарк, амбасадата во Санкт Петербург достави, речиси, нецела година подоцна, а таа е сў уште под впечатокот на обединувањето на Бугарија со источна Румелија во 1885 година. Имено, со овој чекор Бугарите многу ја имале вознемирено Русија. "Непријатната дилема° во којашто Русија повторно би се нашла, било тоа дека балканските народи со текот на развитокот
"нема да се обидат да се еманципираат само до Русија, туку тие, со нивните тенденции и институции, ќе настапат во директна спротивставеност спрема "Светата Русија°. За волја на вистината, руската влада не сака да врши никаков притисок - а царот уште помалку - "но, од друга страна, исто толку било тешко изводливо и постојаното откажување од илјадагодишните традиции на руската политика кон Ориентот°.
(Тоа треба да значи, дека Бугарите добро сториле со тоа што не ги предизвикувале Русите прекумерно оти, поинаку, очигледно не би можела целосно да се исклучи руската интервенција во Бугарија.)
Да тоа, навистина, не дојде, но огорченоста заради Бугарите на рускиот творец траеше долго. (Спореди ги во врска со ова и излагањата за "аферата Батенберг°)
Подоцнежните руски политичари не мораше да бидат специјално потсетени на реалната позиција на Русија на Балканот. Така, рајх-канцеларот Фон Билов, по еден разговор со рускиот премиер Вите, запишува дека овој не се согласувал со славофилното мечтаење за балканските народи,
"кои руските жртви во врв и пари ги возвратиле со презрива неблагодарност, и тоа без исклучок, имено, Србите порано, Бугарите подоцна, а Грците и Романците во секоја пригода°.
"кои руските жртви во крв и пари ги возвратиле со презрива неблагодарност, и тоа без исклучок, имено, Србите порано, Бугарите подоцна, а Грците и Романците во секоја пригода°.
Во актите веќе повеќепати можат да се најдат докази за претпоставката дека балканските народи, заради нивните идентични цели, речиси, воопшто не би можеле да се обединат во една заедничка алијанса. Како што известува кајзеровиот амбасадор во Рим, грофот Золмс, овој став го делел и италијанскиот премиер Криспи:
"Г-дин Криспи ми рече дека тој не верува во една грчко-српска-црногорска алијанса. Пречката за ваквите балкански алијанси е Македонија, којашто Србија, Бугарија и Грција, во иста мера, ја осматраат како свое наследство°.
Човек секогаш одново се разгневува кога ќе прочита како сите врвни олитичари на Големите сили во тоа време, без исклучок, дозволуваат јасно да се разбере, колку конструирани тие ги сметаат претензиите на соседните држави во однос на Македонија, но ниту еден единствен не ја поседувал величината да се исправи против поројот на "духот на времето° за да ја спречи тешката неправда.
Што се однесува специјално на премиерот Криспи, така, тој многу повеќе се трудеше околу планот, со посредство на една "конфедерација на целокупните балкански држави° да се формира брана против руските тенденции за проширување. Наспроти ова, амбасадорот Золмс изрази сомневање дека, со оглед на сў оголемото руско влијание, една таква конфедерација како последица би можела да има опасно загрозување на Австрија. (Подоцна Италија многу повеќе беше загрижена заради ризикот од една австриска експанзија, отколку заради опасноста од нејзината загрозеност.)
Двата последни цитирани извештаи потекнуваат од 1890 година. Овој датум не може да се занемари и да не се спомене оној прославен германско-руски договор од 1887 година за меѓусебната потврда на "добронамерна неут ралност2, издејствуван од двата државници, Фон Бизмарк и Фон Гиерс. Не само заради трагичните последици на подоцнежното непродолжување на овој договор од страна на Бизмарковиот наследник, рајх-канцеларот Фон Каприви (како ли можеше!), туку, исто така, и заради тоа што договорот за меѓусебни гаранции, нешто што се чини дека одамна западнало во заборав, поседуваше тесна врска со Балканот и со Османлиското царство: Германскиот Рајх, имено, не го признаваше само влијанието на Русија во Бугарија, туку, во еден многу таен дополнителен записник, згора на тоа, го прифати Босфорот како руска сфера на интерес.
Оваа концесија Петербург немаше никогаш да ја добие од Лондон или од Париз! За жал, тоа во долгорочна смисла не беше од полза; Русија, и покрај тоа, потпадна на француските и англиските наговарања и ги исползува германските грешки.
Исто така и печатот, секогаш одново, се зафаќаше со темата на руската политика кон Ориентот (од тогашната перспектива: балканската политика). Така, на пример, амбасадорот Фон Метерних известува за еден извештај на дописникот на лондонскиот "Стандард° од Бугарија, според која, Русија се стремела,
"под закрилата на панславизмот и под основањето на едно огромно словенско царство, да се рашири кон Југот. Опасноста од русифицирање е најголема за Романија и Бугарија°....
Во секој случај, исто и "Стандард° му припишува на Балканскиот сојуз само малку изгледи за успех, уште повеќе, заради тоа што тој би морал да се потпре на некоја голема сила. Но кој доаѓа во прашање? Русија не - заради нејзиниот национален егоизам; Австрија, евентуално- но за тоа би било неопходно повлекувањето од Босна, за што таа никогаш не би изразила подготвенсот; Турција, отшаѓала заради Македонија, за која "имале отворени апетити Грција, Србија и угарија°.
Очигледно, во однос на империјалистичката мисловна фантазија дури ни печатот во ништо не заостану8вал зад владите и крунисаните поглавари, оти исто и во него не се аргументира, барем, со "извесни° претензии на овие земји за туѓите подрачја. Такви заобиколни патишта се сметаат за воопшто непотребни. Многу повеќе, и печатот одлучува пред сега јавност за судбината на цели народи, за што, се чини, дека ним, како основа за барањата, им се доволни "апетитите° на соседните држави.
Денес не е воопшто поинаку: иако Македонија, во меѓувреме го поседува статусот на демократска, легитимирана, суверена република и е призната членка на ОН, соседните држави смеат сосема от ворено да трубат на сите страни за нивните божемни претензии и да го шират во светот сомнежот во меѓународно-правниот квалитет на Македонија, без, притоа, совесните и умерени големи сили или будните организации да преземат решителни мерки против тоа.
Тоа дека тогашниот руски печат, од своја страна, ги поддржуваше обидите на руската влада да создаде еден Балкански сојуз, се чини дека е неминовно, иако, во оваа пригода, треба да се повтори дека весниците во Русија, во секој случај, критички ја посматраа дејноста на владата и на царот, како и подоцна, од 1906 (1905) год., исто и дејноста на "Царската Дума°. Но во споменатиот случај претегна "заедништвото на интересите на Јужните Словени°, како и тврдењето дека тие интереси "биле дијаметрално спротивставени на оние на Австрија°.
|
Jakov |
quote: Originally posted by make
Jaz (NIE) site civilizovani narodi osobeno vie vo makedonsko, sega koga vi treba osnova za novata drzava koja zapochna da sastestvuva edva ot 1991 godina. Krehka vi se vide osnovata i se zaehte da kradete ot sosedite si bilo istoria bilo jazik...
Tebe baba ti i dedo ti ti ne ti raskazuvale kako vie civiliziranite b`lgari kradevte po Makeodnija na dva pati po 3 godini....Koga kradevte luk i jajca do kaj ke stignevte, demek sumkari gonevte. Fatete si tamu patot ...brkaj rabota...Za nas imate izmisleno kradenje...ama aj.... |
mnik |
na bugarite "Stay out of our forum." Ebete si majkata i napikajte si ja vasta bugarstina vo gzot. |
mnik |
I oste nesto na bugarino, procitaj ja knigata "Der Mazedonische Knoten" od germanskiot Aftor Hans Lottar Steppan, da vidis sto rekle Aktite na Germanskoto kralstvo vo vrska so vasata golemobugarska propaganda. natamu nema sto da se kazuva koj od kogo krade. |
make |
Mnik i Jakov da si vidat znameto deka go vejat i da si spomnat so koe zname umiraha bugarite za makedonia - goce, dame i jane sandanski i koe zname WMRO vo Bugaria ima za svoe. Vie ste IAMISLENI (virtual) mozaci, promieni od srbite. Bugarin nikogas ni e kral od makedonia ni vo vojnata ni posle neja ni predi toa. Samo sme vi davali, za da bidete hora oti site imame rodnini vo makedonsko koi stradaat poradi to sto malko lude reshiha da zabogateat kato se nadupat na srbite i prodadat makedonia za pari. I sto stana vie ste prosjaci a politicite vi, makedonisti, sa bogatashi. Ama oni sa malko a vie ste mnogo. |
make |
Makedonistite vas vi kradat ne bugarite. MAkedonistite sa malko a vas deto vi kradat i vi prodavat na srbia ste mnogo. |
make |
quote: Originally posted by mnik
I oste nesto na bugarino, procitaj ja knigata "Der Mazedonische Knoten" od germanskiot Aftor Hans Lottar Steppan, da vidis sto rekle Aktite na Germanskoto kralstvo vo vrska so vasata golemobugarska propaganda. natamu nema sto da se kazuva koj od kogo krade.
http://www.geocities.com/vmro_makedon/Knigi/spomdg06.htm
Citiram:
"Многу селани србомани, кога ќе чуеја за доближувањето на бугарската чета, од страв (често без причини) и од чувството на самозапазување ја известуваа турската власт за четата: потоа од страна на месните органи на Организацијата доаѓа до одмазда. Последниве откако видоа дека српската националистичка пропаганда води кон меѓусебно непријателство и раскол во народот, му го одвлекува вниманието од политичките цели на Организацијата, предизвикува предавство и репресалии од страна на Турците - под влијание на месното општествено мислење (мнозинството се Бугари) се насочија против српската пропаганда"
"Да го земеме како пример случајот со убиствата во с. Кокошине... Убиствата овде беа извршени од бугарската чета поради доносништво, меѓутоа морален виновник за овој однос (поради што минатото лето турската војска ликвидира една цела бугарска чета) беше српскиот архиерејски заменик во Куманово поп Ташко. После тоа во с. Кокошине дојде српска чета и го закла без секаква вина единствениот Бугарин во тоа село"
Но... доколку Србите не ги ограничат своите невозможни амбиции, не прекинат со испраќањето на чети од Кралството, со помошта на кои со насилија, убиства и шпионирање го шират србизмот, тогаш ние тешко ќе можеме да ја спречиме катастрофата. Вие знаете дека е можно општо колење на Србите во Македонија. Во градовите, паланките и големите села бројот на сознателните Бугари е многу поголемо... Ние можеме сосема да ги истребиме Србите, но ниту ние ќе поминеме лесно во тоа безумно и бесмислено вртоломејско убивање. Во секој случај од тоа ќе добијат нашите заеднички непријатели, борбата против кои ја чини нашата цел. Без оглед на тоа, ваквото животинско истребување до крајност го деморализира и развратува народот. Ете затоа јас жарко сакам да не дојде до слична абнормална положба...
Потем, за да не се возбудуваат националните чувства на народот, Србите треба да го ограничат реонот на својата националистичка пропаганда во границите на до Востанието постоечкото status-quo.
-Меѓутоа Србите токму затоа бараат одлагање на автономијата, за да го засилат својот елемент во Македонија.
-Тоа се за нив опасни илузии. Тие во Македонија никогаш нема да добијат повеќе од тоа што веќе го имаат; напротив, во колку продолжат да противдејствуваат побрзо ќе предизвикаат втора вртоломејска катастрофа - тогаш тие апсолутно сe ќе загубат... Јас многу ги почитувам српските државни дејатели и сакам да верувам во нивната политичка мудрост и предвидливост: како нивните, така и нашите непосредни интереси бараат едни на други да си подадеме рака за помирување и да се договориме за заедничка културна и политичка работа таму.
в. Ден бр. 391, Софија 17 јануари 1905, стр. 2
|
make |
Podobro mnik, namesto da chitash nemachki knigi, prochitaj makedonskite! |
mnik |
Apropo gi imam site Makedonski knigi prochitano, ne se slagaat so vashite, i VMRO se vika VMRO zatoa shto e Vnatreshno Makedonska Revolucionerska Organizacija, za da se razlikuva od MRO koja prin beshe Organizirana od Makedonci no potoa isto I Golemo Bugarskite Propagandisti ja imenuvaa nivnata taka(go ukradoa imeto) za da mozat da namestat pred svetot deka Makedoncite imaat Bugarski interesi. Takada sledniot Logichki chekor beshe VMRO, za da se odeli imeto od MRO, koje beshe upotrebeno vo golemobugarski celi. A zo Ilinde imashe eden kup Srbski Grchki i Bugarski Spiuni vmetnuvano, za da mozat da go Prikazat Vostanieto kako nivno, a ne Makedonsko. I Germanskite a i svetskite Ucheni se i tetaka vazni vo vrska so toa shto i kako bilo, toa e neutralno i ne prepraveno. Zatoa ne mi popuvaj shto kako e. Mozesh da si zemesh partalite i da begash od forumov. A od druga strana jas nemam potreba da ti se dokazuvam koj sum i shto sum, niti go baram toa od tebe, ti chisto si kazuvash toa shto od sekogash si bil i tvojite predci isto taka, kako shto na mene mi kazale tochno kako i shto sum jas. i ako mi dojdesh so srbska i jugoslovenska propaganda deka mene mi go izbrishale mozokot, ke ti kazam samo edno, Egejskite Makedonci ne bile pod Srbi niti Pod Bugari, tuku pod grci, zatoa iako nivnite iminja se pogrcheni, tie sepak se mnogu svesni shto se i koj se i koj bile od sekogash. zatoa ako ima nekoj vid na nacionalno brishenje na sekjavanje, tie treba da vikaat deka se grci, nie srbi, a u Pirin Makedonci. no za vo pirin, veke nolgu chesto dovagjaa i dovagjaat Makedonci i kazuvaat kako gi gubat rabotite i nemaat sigurnost za nivnata familija ako javno se iskazat koj se shto se, pa ako idesh tam i pitash shto si, ke ti rechat Bugari, samo za da gi ostavish na mira.
A onaka se gordi po celiot svet da go kazat nivnoto poteklo.
Ako rechesh deka jas ne sum Makedonec, jas ke kazam Ti ne samo sho nesi Bugarin ili Tatar, tuku deka ne si chovek tuku goedo, zatoa shto samo goedo ne moze da chue shto mu jas kazuvam i da razbere deka jas sum toa shto sum MAKEDONEC!!!!!!!!!
|
Jakov |
quote: Originally posted by make
Mnik i Jakov da si vidat znameto deka go vejat i da si spomnat so koe zname umiraha bugarite za makedonia - goce, dame i jane sandanski i koe zname WMRO vo Bugaria ima za svoe. Vie ste IAMISLENI (virtual) mozaci, promieni od srbite. Bugarin nikogas ni e kral od makedonia ni vo vojnata ni posle neja ni predi toa. Samo sme vi davali, za da bidete hora oti site imame rodnini vo makedonsko koi stradaat poradi to sto malko lude reshiha da zabogateat kato se nadupat na srbite i prodadat makedonia za pari. I sto stana vie ste prosjaci a politicite vi, makedonisti, sa bogatashi. Ama oni sa malko a vie ste mnogo.
За колку чрвени лаваш, вака по форумиве. Да не полагаш за прием во ВМРО-СМД па сега се покажуваш а? Јаничарче?[:D][:D][:D] |
BMPO |
jakove ti samo toa li mozha da kazhesh?
JAz te tebe mnik te dobre chuem ama samo LAZHI chuem od tebe. Vo Pirin ni sa tolku bugari kolku tetovchani ili Bitolchani ni sa makedonsci. MAkedonec ni e odelna nacia od bugarskata, razberi go i go priemi, a e ime na oblast od Bugaria zaeta od Srbia. Poveke nama da vi zakacham za bolnoto mesto oti vidam deka vi tezhi poveke od drugoto vistinata. Polozhenieto vo Bugaria e tezhko i za bugari i za makledonci, ama nie vrvim napred i stavame se pobogati, a vie ste si seljani - takiva kato tebe izpolzvat situacijata za da vikaa deka vo BG ni e dobro da se zhivee. I moite btratovchedi vo BitolaTetovo i Skopie kazuvat deka vo makedonia e pozle od Bugaria... NA kogo da veruvam? KAzhi!! |
Jakov |
quote: Originally posted by BMPO
jakove ti samo toa li mozha da kazhesh?
JAz te tebe mnik te dobre chuem ama samo LAZHI chuem od tebe. Vo Pirin ni sa tolku bugari kolku tetovchani ili Bitolchani ni sa makedonsci. MAkedonec ni e odelna nacia od bugarskata, razberi go i go priemi, a e ime na oblast od Bugaria zaeta od Srbia. Poveke nama da vi zakacham za bolnoto mesto oti vidam deka vi tezhi poveke od drugoto vistinata. Polozhenieto vo Bugaria e tezhko i za bugari i za makledonci, ama nie vrvim napred i stavame se pobogati, a vie ste si seljani - takiva kato tebe izpolzvat situacijata za da vikaa deka vo BG ni e dobro da se zhivee. I moite btratovchedi vo BitolaTetovo i Skopie kazuvat deka vo makedonia e pozle od Bugaria... NA kogo da veruvam? KAzhi!!
Бркај работа, мали..глеј те си ја мајка Блгарија и бркај си работа...[;)] |