Камп за азиланти или за тетовските студенти? |
dejan |
losa vest.
ШТО ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО БЛИЗИНА НА ВИЗБЕГОВО?
Камп за азиланти или за тетовските студенти?
КАМПОТ ТРЕБА ДА БИДЕ НА ПОВРШИНА ОД 12.000 КВАДРАТИ, СО РЕСТОРАН, АПАРТМАНИ И ДВЕ ИГРАЛИШТА И ПОРАДИ ВАКВИОТ "ЛУКСУЗ" СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА ВСУШНОСТ ЌЕ БИДЕ ИНТЕРНАТ ЗА ТЕТОВСКИТЕ СТУДЕНТИ БИДЕЈЌИ ДЕЛ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ЌЕ СЕ ПРЕСЕЛИ ВО СКОПЈЕ
Кампот за азиланти, што треба да се гради во близина на скопската населба Визбегово и чиј почеток на изграба веќе четири пати досега беше блокиран, се повеќе ги подгрева шпекулациите меѓу околното население дека всушност ќе има други намени. Односно, дека ќе биде интернат и ќе служи за сместување на студентите од Тетовскиот универзитет, од кој дел, како што и веќе беше најавено, треба да се пресели во Скопје. Универзитетот, кој влезе во државниот високообразовен систем, како што се зборува, сака долгорочно да си го реши проблемот со сместување, бидејќи од зградата на Монополот во Тетово, која беше бесправно запоседната, и која е во приватна сопственост на акционерите од "Македонија табак", кога-тогаш ќе треба да се иселат. Освен тоа, има многу студенти од Скопје кои секој ден патуваат за Тетово, а згора на тоа, Визбегово е поблиску и за оние кои доаѓаат од Косово. Изградбата на кампот ја финансира Европската агенција за реконструкција, чие седиште е во Приштина и која за оваа намена издвојува дури 1,2 милиони евра, а инвестицијата кај нас оди преку Министерството за труд и социјала. Кампот треба да биде на површина од 12.000 квадратни метри, ограден со метална ограда, со сообраќајници и зеленило. Во него, во првата фаза, треба да се градат три објекти, од кои првиот ќе бил на приземје и во него ќе биле сместени дирекцијата и ресторан, а во другите два, кои ќе биле на по два ката, ќе имало апартмани со капацитет за 150 лица. Во втората фаза на проектот би требале да се изградат уште толку сместувачки капацитети. Згора на тоа, во кругот на кампот е предвидено да има и спортски терени - еден за кошарка и еден за мал фудбал! Факултетите, пак, според шпекулациите, ќе биле сместени во еден, за населението "фантомски" објект лоциран отспротива. Иако е со огромни димензии, населението вели дека не знае во чија сопственост е и за кои цели е изграден. Истовремено се зборува дека е дивоградба, меѓутоа неговото уривање било стопирано уште во времето кога министер за транспорт и врски бил Агрон Буџаку. Токму големината на целиот камп и содржините кои ќе ги има одат во прилог на шпекулациите дека Кампот за азиланти всушност нема да биде тоа. Според податоците од МВР, годинава во Македонија имало 8 азиланти, лани шеесетина, а од осамостојувањето до денес вкупно - 2.400.
|
ABC |
Seushte e rano da ja pocustvuvame "toplinata",ama po sonceto se gleda deka e mozno nabrzo da stigne i ovde! |
dejan |
za sto toplo??? |
concrete |
quote: Originally posted by dejan
za sto toplo???
A be Dejan , si igral li ti bre krienka: koga se priblizuvas do celta ti vikaat toplo...potoplo...vruko, a koga se odalecuvas : ladno...poladno..sto detstvo be toa vo Avstralija imate ????? |
dejan |
da znam!:D |
SLaCk |
Vizbegovo im preci bidejki mnozinstvoto se Makedonci a se naoga na patot megu Skopje i Kosovo... |
dejan |
neznam slack! sum slusnal deka vo posebno vreme, albanci kupivat placi tamu...ama da makedoncite se mnozinstvo. neznam zosto go izgradile toa! nekolku pati imase blokadi na toi pat, protesti! |
SLaCk |
najinteresno e toa sto takvi azilantski kampovi gi predviduvaat vo podracja so mnozinsko mkedonsko naselenie.Prvo treba kraj Gjorce Petrov da go gradat,pa kaj Dracevo a sega kaj Vizbegovo |
dejan |
zasto taka do go gradat?
inace ako stvarno ne e kamp za azilanti, ako e stvarno za tie studenti, loso e toa? jas mislam e ako se studenti od kosovo koi pravat problemi. |
concrete |
Ne nesto sosema treto....ama da ne me kara Strelec , ke ostavam vremeto da vi pokaze!!!!!
|
dejan |
gRRR! |
ABC |
Znaci taka treba da im se gRRRci na "ONA"J koj ke bide smesten vo kampot? |
dejan |
neznam za sto ke sluzhi taa zgrada......ama kako sto znam, tolku blisku do selo da se gradi, ili naselba .....ama ne e dobro da se gradi nesto takvo, 'blisku do kosovo' sto sega site kriminali ke uzhivat vo vizbegovo??? |
ABC |
Evropa maka "maci" da go vrati "slajmot" od svoite drzavi.Ako se zeme vo predvid deka samo vo Germanija ima okulu 300 000 Albanci,togash mora da znaete kolku koshta eden den vo EU bez dogovor za "repatrijacija" koj Makedonija go potpisha da zeme nekoe evro "investicii" za kampovi od vakov tip,koj po potreba mozat da prerasnat vo "internati"! |
concrete |
[quote]Originally posted by ABC
Toplo ABC toplo, skoro nakaj vruko........ |